Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Гатање, баење

Дискусија во '„Другата“ наука' започната од kiki-riki, 21 ноември 2009.

  1. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    Имам и јас одено на гатачка.Речиси пола женски од мојот клас се беа собрале и сите отидовме кај една циганка.Ништо не ми погоди.Ама баш ништо.Ми велеше некои документи,мажачка,женачка што ти знам таму.Од тогаш поминаа добри пет години и ништо од тоа што предвиде не се случи.Секој за пари знае да гата ама ретко некој да ти погоди |(
     
  2. NoellePage

    NoellePage Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    910
    Допаѓања:
    1.767
    Само верувајте во Бог, молете да ви го покаже вистинскиот пат и верувајте никој ништо нема да ви може. Доколку се опседните и верувате, е тогаш тешко вас. Света вода, измијте се од гости кога идете како што викаат од очи и со Господ напред. Сите имаме проблеми, колку и да се слични напати , сепак толку различни и со своја тежина. Што ќе ми е да ја знам иднината на пр ако е нешто лошо, а да знам дека нема да можам да сторам ништо? Тогаш тоа би ме убило и би ми ја зело секоја надеж за која ќе можам да се фатам и би живеела во страв дека во секој момент би можело нешто да се случи. Каков живот би бил тој во постајан страв? Подобро се да си сојде во свое време и со верба да се справиме. Што ќе ми е ако ми каже работи што јас веќе ги знам? Промената доаѓа од нас самите. Знам дека е тешко и безизлезно на пати
    ама што можеме ние, толку мали фигури во споредба на она што се очекува од нас? Не се замарајте со бабини деветини, може си има тоа некоја моќ, некоја вистина, ама не сакам ни да помислам од каде доаѓа. Тој е дар за кој не можам ни да замислам колкава тежина им е на оние што го имаат. Не ги осудувам нив, ниту било кој, само Бог нека им пресмета на оние што сипат среќа или оние што бараат убавина со сила. Не верувајте во магии, нема да ви се десат ако сте силни. Колку пати пробале на незнам кои начини да наштетат кај нас, ама не успеале дека не веруваме. Само добра душа и мисла за подобро утре и искрени желби за вистинската насока ви препорачувам и секоја среќа на оние кои се во потрага по неа
     
    На Mila04, Atman и Butterfly3 им се допаѓа ова.
  3. Butterfly3

    Butterfly3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 септември 2011
    Пораки:
    25
    Допаѓања:
    22

    ПОТПОЛНО се сложувам со ОФФСПРИНГ..СЕ ЗНАЕ ПРАВ ВЕРНИК каде бара спас.. Се друго е масло на Ѓаволот..кога ќе завлезете во лавиринти ...во зачаран круг од кој нема назад немој да се чудите ... МОЛЕТЕ се, одете на Литургии СЕКОЈА недела..бидете Чесни, не мислете и не правите лошо на Луѓето и ќе видите како Бог така фино ќе ве исслуша и кога ќе ви го даде -ќе ви го даде нештото како што треба и вистински и целосно!
    Божјата промисла е голема и искрено добра.
    Може да биде забавено , но не и заборавено ;)

    П.С. Убавите работи треба да се заслужат,а лошите,едноставно се случуваат.
    позз
     
    На interesna му/ѝ се допаѓа ова.
  4. ladymici

    ladymici Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2010
    Пораки:
    529
    Допаѓања:
    794
    Пол:
    Женски
    Некогаш маката ќе те натера на се, и на гатачки и на бајачки да појдеш. Но има такви луѓе што постојано одат и цело време се опседнати некој нешто да не им направи. Сега ќе ви кажам еден пример за една комшивка што и се случи :
    Пред десетина години била на на гатање бидеќи братје бил не женет, и и кажала што и кажала , тоа нема врска и комшивкава и рекла кажими и за деца мои кои тогаш биле мали , и гатацкава и рекла дека ќерката ќе и се мажи многу далеку во странство и дека ќе има 3 деца но едното ќе било за господа ке и умрело,,,,,, и сегааа после десетина години ќеркае пред еден месец се сврши со Австралијанец прават документи сега ке си оди ,
    СЕГА КАЖЕТЕ МИ ВИЕ КАКОВ ЖИВОТ КЕ ЖИВЕЕ МАЈКАВА НА ДЕВОЈЦЕВО ЗНАЕКИ СТО КЕ И СЕ ДЕСИ НА ЌЕРКАЕ , мајкае ни да се радува ни да плаче женава е ко избезумена, и нема кажано на ќеркае , мене ми кажа веднаш штом стана сериозна работата со австарлијанецот

    ЈА БИ ВИ РЕКЛА АКО ИМАТЕ СКРАЈАДАЕ МАКА, ПОЈДЕТЕ КЕ ВИ КАЖАТ ПОЈДЕТЕ ВО ТОЈ МАНАСТИР , ВАМУ ТАМУ , ИЗМИЈТЕСЕ СО ТАА ВОДА И КРААААЈ , А ДА ВИ КАЖУВААТ ИДНИНА ШТО ЌЕ ВИ СЕ ДЕСИ ТОА СТВАРНО ЌЕ ВИ ГО ПОРЕМЕТИ ЦЕЛ ЖИВОТ,
    НЕМА ДА ИМАТЕ МИР , НЕМА ДА ИМАТЕ ВЕРБА, НЕМА ДА СЕ ТРУДИТЕ ДА ГО ЖИВЕЕТЕ ЖИВОТОТ ТУКУ ЌЕ ЧЕКАТЕ ЖИВОТОТ ДА ВИ СЕ СЛУЧИ
     
  5. K.Mari4ka

    K.Mari4ka Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2011
    Пораки:
    1.457
    Допаѓања:
    1.559
    Пол:
    Женски

    Хахахахаах се сеќавам на Милена, еднаш како помала отидов со другарки, блага везе нема женава, ништо не ми погоди ама сосема спротивното ми го кажа ама кога ја видов ми беше многу страшна иначе и верувам и не верувам, несакам да верувам ама имам многу работи од блиски разбрано за тие работи за случаеви и се молам само да не успадне нешто за да морам да отидам на гатачка
     
  6. donna.17

    donna.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    1.718
    Допаѓања:
    5.011
    Пол:
    Женски
    Здраво девојки. Дали некоја слушнала за некој гледач од селото Кравари близу до Битола ?! Човеков е многу популарен, гледал на икони. Ако знае некоја нешто повеќе за него нека ми пише бројче ЛП. Фала :)
     
  7. BlackSwan1990

    BlackSwan1990 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2011
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    2
    Ве молам ако може бројот на Вики од Чаир во лична порака.Поздрав.
     
  8. trendafil1

    trendafil1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 септември 2011
    Пораки:
    142
    Допаѓања:
    20
    Дали знаете каде има некој што гледа на карти, кафе, рака.....во Скопје но подобро во ѓорче,влае,каропш?
     
  9. rakce69

    rakce69 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 септември 2011
    Пораки:
    419
    Допаѓања:
    231
    Кај Вики има редица за чекање, а кога ке ви гледа, обавезно ве прака во некој манастир по светена вода да земете или сл, па да и ја донесете, па ке ви ја бае итн... цела процедура е за кај вики.
    Туку ако знаете, некој на кафе што знае да гледа или сл, што погодува со сигурност, чисто онака сакам да отидам, кажете ми :)
    Има луѓе само што ке ве видат, знаат зашто сте отишле и што е проблемот со и кај вас, таков некој барам, што стварно знае, да не е трчи лажи.
     
  10. Butterfly3

    Butterfly3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 септември 2011
    Пораки:
    25
    Допаѓања:
    22
    доста се лазете!!
    мои другарки беа кај Вики - со меееееесеци води носеа ,пиеја ,прскаа..ниедна не е средена ни скрасена- сите се сингл и очај!!! Ако вистина помагала ќе беа среќни оддамна!
    Ги праќав на право место да си се обратат - не ме слушаа.. Јас сум среќна денес мазена и мирна во душата ...затоа што верував...и бев наградена ... А тие? тие лутаат во зачаран круг на бајачи и гатачи од шупло во празно ... по патот на ѓаволот- од кој на крај завршуваш само со духовен немир т.е. модерно казано- депресии .. поздрав!
     
    На TheOtherMe, nena2010 и interesna им се допаѓа ова.
  11. BarbaraMorii

    BarbaraMorii Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    442
    Допаѓања:
    1.651
    Пол:
    Женски
    ми треба телефонски број од Клеопатра за заказување хитноо е ве молааааааам
     
  12. interesna

    interesna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2010
    Пораки:
    1.919
    Допаѓања:
    673

    Браво! Камо среќа сите да те послушаат и да не одат по тие срања, но ги разбирам маката на се ќе ги натера.

    Не верувам во гатачи и бајачи нити сум била, добро можеби постојат исклучителни луѓе, надарени од Господ да гледаат во иднина, но нив ги има малку, денес секој будала е видовит, посебно она гатање на тарот, гравчиња и др. е чиста лага и измама.

    Сум поминала низ сито и решето за мои години што се немам видено и преживеано, но никогаш не помислив на бајач и сл, у последно време сакав да отидам кај астролог чисто да видам дали ќе ми погоди, но се откажав, нема потреба да знам што ме чека во иднина што и да ме чека.
     
    На daddys.princess и Serafima им се допаѓа ова.
  13. bona91

    bona91 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2011
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    1
    дечкиии ми треба помош ај некој да ми каже кај живее дуле од велес ми треба таа инфомација итнооо
     
  14. MarchelineAmaru

    MarchelineAmaru Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    2.255
    Допаѓања:
    1.343

    Тие гатачи што велат дека дарбата им е од Бога дадена не се ништо освен богохулници што го користат името Господово за да ќарат некој денар од очајни луѓе.
    Притоа мислам на луѓе од сите вероисповеди ,дали биле оџи ,дали гледале на икони или ред други работи ,неважно ,Бог е против гатање и парадоксално е да им налага на поединци да го прават тоа во негово име.

    Имам лично искуство со таква жена ,Костадинка се вика ,кој е од Прилеп ја знае.
    На женава демек на сон и дошло да гата на икони.
    Убавоооо...
    Мене еден период од животов ми се искомплицираа нештата ,па мајка ми запна да сме оделе кај неа ,оти на икони гледала жената ,немало смисла да лаже.
    Добро.
    Влегувам кај неа и кривам со деснава нога (не дека ми беше нешто ,од сеир) ,седнувам и прво што ми објасни беше како ме болела десната нога ,на кое место бла бла. Без врска.
    Некоја девојка ме потурила со вода од мртовец и затоа ми било така конфузно во животот.Бре ,дарба што ти се вика!
    Па ми пиша едно писменце ,да сум го ставела во вода и да сум пиела од неа. :^)

    Веднаш штом си подов дома го испарталив тоа ливчето и амин кажав на такви работи.
    Па сполај Му ,жива сум ,здрава ,убав ми е животот...
     
  15. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.380
    Допаѓања:
    17.581
    Пол:
    Женски
    Можеби постојат луѓе кои прават црни магии, можеби постојат такви кои помагаат, но од моето скромно искуство со такви врачарки извлеков заклучок дека со такви ѓаволски работи повеќе не се занимавам, зашто гледањето е ѓаволска работа и така ја предаваш душата на ѓаволот. Повеќе од љубопитност отколку од потреба, но бев кај една таква жена, претходно да ми ја опишуваа така како што ја доживеав немаше да отидам кај неа, не зборувам само за физичкиот изглед туку имаше нешто одбивно кај неа, уште при самиот влез во дворот ме обзеде чудно непријатно чувство, внатре некако нечисто, еден човек маж ли и беше син ли поима немам, се распушил цигара удимил внатре абе хаос,во ходник еден стар шкаф со слика на лепа брена на него а икона никаде не видов.И женава му гледаше прво на тој пред мене што отидов со нив и му вика комшии ти прават лошо, ти љубоморат, па имаш ли таков комшија и чека потврден одговор откако доби продолжи, несреќа имал му правеле лошо требало одма да се ожени за да не му напраеле да се разделат со девојката, циркуси, а цело време додека му гледаше на него јас се држев за бројаницата прекрстив раце иако она ми викаше да не прекрстувам и си ја кажував оче наш. Му гледаше на сол и во текот на церемонијата праеше што праеше и го отвора ливчето со сол и вика види како поруменела солта демек потемнела од магиите и он гледа-ии стварно, она ми вика дојди да видиш, јас идам таму што да видам-бела сол, па викам епа сол де бела гледам и она е не е сеа и како да се поднаљути што не гледав како неа. Некои работи до некаде му ги погоди, ама и покрај тоа се каам што отидов. И во текот на првата интервенција јас зад мене преку прозор видов како се собираат чавки ли гаврани ли не знам што беа на кровот на соседната куќа, почнаа да вриштат и тоа беше многу језиво, се исплашив, траеше само додека му баеше на тој пред мене, не ми изгледа како случајност, после ги снема.А него плус и окото нешто го болеше и му вика те боли окото, што ти е, те удрил некој а немаше врска, требало и со камилица да го премие, тоа го знаеше од нејзините надрилекарски способности :rofl: . Дојдов јас на ред и ми вика некоја роднина ми праела нешто, па ме прашува има ли таков е ако беше видовита требаше она да ми каже а не да ме прашува, а јас ги блокирам мислите и ладно и одговорам со не или си молчам и не и тргна баењето со мене изгледа, во ништо не ја поддржував, ми рече дека ми земале блуза со цвет и три четврт ракави, помислив на една ама по некое време си ја најдов дома. Па после ме притискаше по глава, шеташе со рака по телово демек некоја енергија има и ќе ме ослободи и ми вика осеќаш ли топлина, хммм-не, и па бае бае ме притиска на очи со дланка и ми вика гледаш ли нешто на дланкава и викам не, по трет пат и женава-ти ич не веруваш и ја збунето-па што знам, на кого си кажала дека ќе дојдеш тука-па на дечко ми, кој беше многу против и ми се наљути и со право,е не сум требала да му кажам, јааа бре. После вика негде си пиела кафе и одеднаш како да не сум можела да голтнам, демек магија ми напраиле, кај црна жена слаба, ебати описот божем една е таква, и викам нема такво нешто, не се сеќавам дека ми се случило ништо слично, ооо тешкотии и создавав, ми го даде солот кој според неа беше малку потемнет а според мене не, да сум го ставела под јастук и утре да го запалам.А нема да си простам што дозволив да лизнам сол од нејзини прсти, одвратни црни нечисти и тоа едвај само со врв на јазик и после накај дома убаво се исплукав да се прочистам :D . И ми вика на крај, ти не веруваш, некои треба да доаѓаат два пати ама тебе доста ти е, не требало да јадам ништо наредните 2 саати ама вика ти нема да истрпиш знам, е само за тоа беше видовита бре, не чекав ни пола саат мавнав еден бест сладолед, како добро ми дојде после таква напорна бајачка.
    Ама ако некој стварно верува во баење, гатање, многу лесно ќе биде омамен од гатачот и неговите мисли ќе му ги предаде на него и преку муабет ќе помисли дека овој гатачот знае нешто.Се на нив им се сонува од некој светец да бајат, а нема врска со светци и со господ тоа. На едно девојче му има кажано дека немало да најде работа до крај на годинава па и после тоа не знам до кога и се фрли во депресија поради таква кучка.
    После некое време тука на форумов читав доста работи за магии, гатање и некако се покајав што отидов ама не подлегнав на нејзините манипулации.
     
    На tessie, MarchelineAmaru и Serafima им се допаѓа ова.
  16. ubavi4ka

    ubavi4ka Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јули 2011
    Пораки:
    92
    Допаѓања:
    8
    дали ке може број од дуле и ако може да објаснување каде да се најде таа фатима од гази баба..поз и фала
     
  17. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.276
    Oд каде прочита за неа? Од мене ли? :o (Прашувам пошто имав претходно неколку постови пишувани за неа). А ако не, од каде дозна, може ли да знам? Зошто ме чуди...Кога стана Фата позната?! :x Инаку ние ја најдовме (бог знае како), не уствари чекај...ѓаволот знае како :tmi: и ми кажа ужасни работи кои и ден денес ми се вртат во глава и благодарение на таа жена паднав од летово во тешка депресија од која само господ знае како ќе се извлечам. Јас би те советувала да не одиш бидејки таа незнае да зборува ништо друго освен глупави, страшни и лоши работи кои не само кои ќе те исплашат туку и ќе те остават со таа мисла за цел живот и сешто ќе ти преостане ќе биде - да чекаш да се случат! Страшна работа е, апсолутно! Зборот ми беше, оди кај кој/а сакаш, само кај неа немој жити се. :D
     
  18. MarchelineAmaru

    MarchelineAmaru Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    2.255
    Допаѓања:
    1.343
    Море какво гатање какви бакрачи ,кој си има мака нека си појди во некој религиозен објект ,нека си се помоли ,тие гатачките само за беља ги бидува и црв в мозок да му стават на човек!
     
  19. ubavi4ka

    ubavi4ka Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јули 2011
    Пораки:
    92
    Допаѓања:
    8
    да , тука прочитав, ама нема врска не одам тогаш штом така викаш.него бројот од тој дуле никој не ми го пиша, имам јас еден вртам да закажам,и цело време е зафатено
     
  20. A-j-a

    A-j-a Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    1.793
    Допаѓања:
    2.024
    Тој Дуле мислам дека само еден ден во месецот закажувал не знам дали беше 30, не ме фаќај за збор.