Koj denovi se zakazuva kaj Dule od Veles sakam da vidam so ke mi kaze mnogu me interesira .... Neka mi pisuva nekoj vo poraka so ima ideno kaj nego kako zakazal i sve to kako e redot .
Дуле закажува само на 30 секој месец ,сабајлечки поранко и многу упорно звониш,и зависно кој број си тогаш идеш ако си мегу првите 10 треба да си тамо у 8 ,ако си 40 по ред таму треба да си накај 12 ,работи од 8-9 саајле до 16 часот ,тарифа нема кој колку сака и има остава ,земи си ливче и пенкало ,ако го закасниш бројот а имаш закажано чекаш на крај да те прими последна ,со срека
Зошто одите кај вакви луѓе? Мислите дека стварно ќе ви помогнат? Мислите дека стварно иднината ја гледаат? Никој не може да ја види иднината, овие се само добри манипулатори и додека зборуваат вас ви се чини дека погодуваат што ќе ви се случи. Го користат името Господово за да се скријат и да бидат поуверливи. Не знам како можете во црква да влезете откако ќе одите кај вакви луѓе.
Толку ли е тешко да сфатите дека има луѓе кои не веруваат во религии? Сум кажала кај мене и поп и оџа да дојдат на врата и да ми речат ќе пееме за нешто јас ги пуштам, ама јас не верувам во нив ни пак во нивните книги... Едноставно е бре луѓе секој треба да живее и да си прави како што си сака! Не мора сите да проповедате си имате службени лица (попови, оџи...) за тоа тие нека си кажуваат што има во книгите.
Муабетот ми е кој и да дојде исто ми е, јас не сум верник и не ви кажувам што да правите исто како што вие немате право да ми кажувате јас што да правам во мојот живот. Срцко, ова е мој живот не е твој. Јас одговарам за моите грешки не ти. Сите се жалите дека некој ви се меша во животот а на сите им кажувате што да прават. Мое право е да правам што сакам со мојот живот се додека не му наштетувам никому. Не знам како не сфаќате. Јас и ти не се познаваме тогаш со кое право ми кажуваш што треба јас да правам во мојот живот? Ако те прашав за совет тогаш е друга работа тогаш ти имаш право да ме подучиш ама вака...
Смири се малку. Кај гледаш дека ти кажувам нешто? Прашувам зошто одите и дали стварно мислите дека ќе ви помогнат такви луѓе. Каде е нешто пишано да не одите и не смеете да одите?
Точно е дека, има луѓе кои не веруваат во гатачи и бајачи, но сепак одат, зошто како само тие си знаат. Мајките не носеле на баење како бебиња за спиење, за мокрење и не знам што ли не... Многумина оделе за да им се каже што лошо им се случува....и каква ќе биде иднината. Никој не може да ја предвиди иднината, но овие гатачите и бајачите ја кажуваат (претпоставувам) сегашноста и минатото и ние мислиме дека има врска со иднината. .... аааааааа имаш некоја црна жена во фамилија, секој ден ви е на кафе дома - и одма си правиш филм или е некоја комшика или е некоја тетка, стринка (а тетки и стрини и вујни имаме сите) .... .....аааааа немој од нејзе кафе да пиеш, ааааааа таа ти мисли лошо..... и тоа е тоа, тој филм кој несвесно потсвесно ни ги наметнуваат..... и оној момент....оди земи вода од таму и таму, пиј три дена, капи се 5 дена, не знам што не знам како... Само еден знае се, Господ и како напишал тој така ќе биде
Прво јас воопшто не сум вознемирена туку ти кажувам дека треба да го промените пристапот на комуникација со други луѓе. Чудна ви е потребата од наметнување на ставови и покажување хумор иако тоа не е во духот на вашите религии кои сите ги проповедате особено што си имате специјално луѓе за таа намена кои очигледно не си ја вршат работата за која дебело си ги плаќате. Ќе прочитате нешо или ќе потчуете нешто и мислите дека имате право за се да коментирате како експерти. Во вашите свети книги си имате напишано за луѓе кои лечеле со својата моќ дадена од Бога и за луѓе кои лечеле со тревки а тие луѓе вие си ги викате бессребреници дека не земале пари за моќта и знаењето кои нели им се дадени од Бога. Кога ги правеле тие работи кажувале и молитви. Е сега кажи ми ти мене кој поп ќе ми помогне за стрина ми да престане да ми фрла глупости по двор? Кој поп ќе ми каже ефективна молитва за стрина ми да престане да ми ја краде и кине облеката? Да ти одговорам директно на прашањето да јас одам кај луѓе затоа што имам мака и мислам дека има луѓе кои можат да ми помогнат не знаем кој може да ми помогне сеуште барам.
Дали ти се верва дека во моја потесна фамилија освен една баба, апсолутно никој не верва и чекај .... Чуднио дел ... Нема одено на бајач!!! Дури ни јас немам одено, пари за глупости не давам, ама ако ти сакаш оди си и убо помини си. Постојано пишиш немало некој кој не оди, а зошто така пишиш ... Утеха, комплекс, префрлање топка...? Не знам јас. Ти имаш зацртано во глата дека ако ти одиш - сите оделе. Или така се тешиш или шо е работата не знам.
Мајкати те нема носено на бајачка ако си имала уплав? Како што слушам од други мајки околу мене, вадење црвчина од уше за кое лично мајката видела,кај друга било од настинка болка во уше, некои ги носеле за клинчина на нозете и немој жити се да проповедате глупости тука како вие не ве однесле и не сте отишле! И да.. Можеби не сте отишле , но сигурно сте биле носени, така да ова е форум и како што имав кажано и оддамна тука сите пишуваат и се покажуваат во поинакво светло , богами многу си зедовте право да се смеете на луѓето, едноставно ако не верувате што воопшто пишувате тука??????? И да напоменам си се оградувам од секакви "исмевачки и демек паметни коментари каде што само вие сте во право и безгрешни, како постот од битер дека луѓето што веруваат по тие раб биле полни грев! Попроста и поглупа раб немам прочитано и фала богу си избриша коментар а и сите ком беа избришани од администратор, и не само тоа и кој се подржува највеќе од тие? Оние со иста вредност на паметот знаешНа кој му е дојдено да се замара на форумот? тие што немаат обврска во денот, и ова ти пишувам ми забоди очи бидејќи се правите мн верници , а всушност не знаете ни молитва за здравје, ни за секој поединечно од иконите светците и нивните приказни зошто е тој одреден светец" И кога веќе не верувате во тие работи, не ни пишувајте тука да наметнувате мислења со сила
Не, не сум носена, и мајка ми не е носена. Чисто зошто никој не верва, ама воопшто во то, сем како шо реков една баба од страна на татко ми и толку. Кога велам нешто сум сигурна со тоа зошто имам зборано со мајка ми поќе од еднаш. И да, јас читам апсолутно сите теми и не коментирам ама ако некој тврди дека сите имале напраено нешто зошто она праела, апсурдно е. Така да, и мене ете тоа ми избоди очи за да коментирам, гледаш, слично.
Нашите баби прабаби оделе по бајачки гатанчки од незнаење. Тогаш образованието било на многу ниско ниво, а многу од нив не биле ни писмени, не знаеле ни да пишуваат. Плус и Библијата не била достапна, ниту некој ја читал или поучувал од неа за да дознае кој е христијанскиот став по ова прашање. Исус за таквите би рекол: „Прости им Татко, бидејќи не знаат што прават“ (Исус, ев. Лука: 23:34, Библијата) Но денес ако некој знае дека ова е погрешно и повторно упорно оди против Божјата воља објавена во Библијата, Исус би рекол поинаку. „Да не дојдев и да не им зборував, немаше да имаат грев; но сега немаат изговор за својот грев.“ (Исус, ев. Јован 15:22, Библијата)