Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Гатање, баење

Дискусија во '„Другата“ наука' започната од kiki-riki, 21 ноември 2009.

  1. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.380
    Допаѓања:
    17.581
    Пол:
    Женски
    Мој совет-не оди, па сега како сакаш ти, тие гатачи бајачи само ќе ве раскараат со луѓе, ништо добро нема да ви донесат. Зошто да знаете што ќе ви се случи во иднина, па токму тоа е возбудливото во животот, сам да ги откриеш тие моменти. Мислиш ќе ти биде подобро ако ти каже некој дека не дај боже ќе се разболиш или некој близок? Само ќе паднеш во депресија и ќе очекуваш да се случи истото, кое можеби и нема да биде точно и нема да се случи а вие сте се нервирале цело време, сте си изгубиле драгоцен дел од животот во разочарување.
    А ако некој ви прави магии и слични глупости, тоа му се враќа дупло, јас тоа го увидов од некои ситуации. И не ми е гајле кој што прави, зашто за него си прави. Ако сте чисти во душата, ако верувате во својот Господ ако се молите и искрено се надевате, такви магии нема да ве стигнат, туку му се враќаат на тој што ги прави.
    Колку за информација, тој Дуле од Велес што толку го споменувате е поврзан со таа јас кај што бев, демек на него му се сонило она да му помага, да си ги поделат работите де, пошто он има многу клиентала :D
    И викаат пари дека не сакаат, а ако им оставиш ич не се бунат, да беа некои луѓе пратени од Господ ќе им ги враќаа парите на луѓето и пред нивните бајачки ќе речат дека не сакаат пари, а овие ништо не викаат па дури оваа ми рече на земја да сум ги ставела не на маса, демек тоа има некоја врска, ако е за тоа парите не ни постоеле од секогаш и како тоа сега ние да им оставаме пари на такви богохулници, за да им фати подобро магијата? Ма лажговци се сите. И замисли дневно да им доаѓаат по 10-20 ма да мислам им се случува да дојдат и повеќе, и секој од срам нема да остави 10 денари туку ќе остави минимум 50 ден. а некој пре задоволен од гатањето ќе остави може и 100 ден , 200 ден и повеќе, па они заработуваат повеќе од мене бе со лажење и после тие биле од Господ пратени, нека не го валкаат името Господово, не се вредни, ѓубриња!
     
    На Serafima и A-j-a им се допаѓа ова.
  2. cupcake27a

    cupcake27a Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 март 2011
    Пораки:
    105
    Допаѓања:
    21
    Јас во вакви работи баш и не верувам, едната баба моја го носеше братучед ми кога беше помал кај една гатачка у Белинбегово, мислам, сонувал некои работи , себудел навечер плачејќи, и демек му помогна. Инаку и мене од време на време ме фаќаат уроци и другата баба пе измива само со светена вода од црква и веднаш подобро се чувствувам, така да ако имате маки идете во црква, сами помолете се, не кај бајачки. Додуша секој си има свое мислење и се е релативно.... :^) :)
     
    На Serafima му/ѝ се допаѓа ова.
  3. A-j-a

    A-j-a Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    1.793
    Допаѓања:
    2.024
    Abeja многу убаво кажано потполно се согласувам со тебе. Само јака верба во Господ и ништо друго. Никави гатачки и бајачки. Психата на човекот е мач со две острици. Или ќе занеш да ја искористиш во своја полза или ќе дозволиш да те уништи. А ако си слаб и лековерен, тие бајачи и гатачи ќе те докрајчат.

    Луѓе знам дека маката на се ќе ве натера ама од искуство мое и на други луѓе не се лажете по овие работи, само јака и искрена верба и ништо друго не ви треба. Мој совет вооружете се со самодоверба и позитивност, размислувајте и посакувајте само убави и позитивни работи. Животот ќе ви се среди, а вие ќе се препородите. Или ако веќе отидете кај тие бајачи и гатачи не си зимајте здраво за готово се што ќе ви речат. Не дозволувајте самосвесно да си го уништите животот!
     
    На Abeja, Serafima и vitomir им се допаѓа ова.
  4. Tenna

    Tenna Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 октомври 2010
    Пораки:
    305
    Допаѓања:
    332
    Јас денеска бев кај жена која гледа на кафе..Толку бев против тие работи, али ете ми се зеде паметот и од љубопитство отидов. И таа моја љубопитност ќе ме убие ;( Ми погоди не викам не, ама ми кажа и ужасна ствар за смрт во фамилија и јас сега ќе полудам од мисла...Ах, кој памет ме тераше да отидам, кој??????? Како ќе живеам сега, црвот ќе ме изеде. Страшно ми е, ќе пукнам мислам, ми се иде да рикам на цел глас ;( ;( ;(
     
  5. XMaN

    XMaN Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    2.371
    Девојко реласкирај се, диши длабоко, не е крај на свет :) . Си добила една информација која може е точна а може и не е :). Дури и да е точна сметај го за ретка привилегија да знаеш нешто однапред и (ова е најбитно) делумно или комплетно да го измениш :). Можеби и тоа што си добила таква информација е само за да промениш некој твој став кон животот или кон таа личност.

    За повеќе ако те интересира прати ми пп ќе ти објаснам ама сакав да те смирам малку зашто гледам си загрижена.
     
    На MissDior му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.380
    Допаѓања:
    17.581
    Пол:
    Женски
    Сакаш да кажеш дека знаеш да гледаш на кафе и дека погодуваш? :D

    Tenna ете зашто јас сум против гатање, баење и што ако ти гатала сега, кога се осеќаш мизерно и цело време ќе мислиш на тоа. И ај не се секирај, нема врска тоа, сите ќе умреме некој ден, кој порано кој покасно, никој нема да избега од тоа, ама додека сме живи да уживаме во животот и да не си го скратуваме со непотребни нервози. И јас бев кај гатачка, не знам колку си прочитала мои постови за ова па и ден денес се смеам кога ќе ми текне како и одев контра, она на мене да сум викала-да ми се врати среќата која ми е одземена и една магична поговорка - како што не може (не знам што без што беше) така да не можел (тој и тој) без мене. Неам друга работа ќе правам магии пред спиење :lol: Бев по малку љубопитна да ми предвиди нешто ама среќа што бев толку "палава" па не заслужив да ми гледа за иднина. И за тие 50 денари што и ги пуштив каков бест сладолед ќе си излижав бреиииј.
    Не верувај во такви работи, се ќе биде добро.
     
    На Tenna му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Bright

    Bright Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.547
    Допаѓања:
    5.518
    Jaс сум строго против баењата и гатањата бидејќи тоа е спротивно од учењето на Христос.
    Тоа е голема навреда за Него.
    Ете и Tenna убаво објасна...
     
    На Serafima му/ѝ се допаѓа ова.
  8. tweety26

    tweety26 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2010
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    2.279
    Пол:
    Женски
    може ли да ми кажеш поточно каде се наоѓа и кој денови ако можеш прашај ја другарка ти фала ти :)
     
  9. subin

    subin Активен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2011
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    0
    ако знаете ве молам пишете ми адреса или тел број од турската гледарица во виница , велат била многу прочуена па се надевам дека некоја од вас девојки ке знае и ке сака да ми каже поздрав
     
  10. hurgada

    hurgada Активен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2011
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    0
    ima edna zena vo Stip,Pavlina i bogami pogoduva baagi raboti


    srekni praznici :hai:
     
  11. madamstefi

    madamstefi Нов член

    Се зачлени на:
    13 септември 2011
    Пораки:
    68
    Допаѓања:
    15
    не и нема да верувам
     
  12. sweety923

    sweety923 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2011
    Пораки:
    36
    Допаѓања:
    2
    и мене ме интересира за неа ај некој што знае повеќе некаа пише број и сл.
     
  13. interesna

    interesna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2010
    Пораки:
    1.919
    Допаѓања:
    673
    Мене едно ме интересира сите вие што сте биле на бајач или гатач, доколку ви утврди дека ви е направена магија, што ве советува да направите за да ја тргнете? :^)
     
  14. Bunny2

    Bunny2 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 декември 2010
    Пораки:
    1.301
    Допаѓања:
    1.639
    Сум била како мала против уроци.Ми помогнало не викам не,ама сметам дека тоа е до психата на луѓето.
     
  15. song

    song Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2012
    Пораки:
    123
    Допаѓања:
    46
    Се изначитав секакви мислења останав ваква :o не дека се ова не ми е познато ама ми се створија уште повеќе прашања во главава..На некој се му погодил и помогнал а на друг па ништо од тоа..и сега не е да веруваш ни па да не веруваш..Јас имам вакво искуство со жената од Маџари Славица мислам се викаше ама нема да коментирам сега за тоа.Имам другарка,таа е јеховин сведок и ми кажуваше што правеле таму и колку што можев да разберам они се водат по библијата т.е. нивното учење е според библијата и сакав да кажам дека ми има кажано дека не е убаво да одам на гатање ,како, не се тие пратени од господ и во библијата така пишувало(јас ја немам читано библијата),ама па од друга страна на некои луѓе им помагаат тие гатачи,бајачи..
    Инаку ако го имате читано некој од 6-те делови на книгата Моќта на потсвеста од Џозеф Марфи ќе сватевте,таму пишува “Господ е и јеховин сведок и будист и муслиман и православен и сите можни вери не ги знам :D работата беше секој на различен начин ја негува вербата кон Господ,битно е да се верува во Бог!“
    Од се ова изгледа се се сведува на она верувај во господ!Како една феминка што го имаше постирано примерот со тој човекот што му се срушила куќата му умреле децата или како беше бил болен и господ се претворил во облак и за 3 дена го излекувал.Што значи без разлика дали работите ви одат назад вие и понатаму верувајте во Господ уставри па и тоа е ние сме жртва на лоши работи(како ете тој во примерот и децата што му умреле) ама и покрај се ако веруваме во Господ ќе се спасиме без разлика што и да е.Па Господ не создал тој и не “управува“ .Јас верувам во Господ!
    Во дилема сум поради еден проблем поврзан со ова,дали да ги земам работите во свои раце и да правам како што ми кажа жената од Маџари (сепак тоа е отварање цркви,и исто како на една феминка што имаше напишано со гробот,гледам се преплашила :lol: ,па да и јас е запрепастив уставри тоа е лежај требало да се лежи на него и што ќе слушнам да не кажувам,исто и со железните пари итн како и да е тоа е се според господ црква е и се е за здравје нели,ама на оваа возраст ова јас да го правам и да се занимавам со вакви работи ми е премногу, или па да верувам во Господ дека тој ќе ме извлече од ова :?: ама па да ги оставам работите сами на себе мислам дека ќе пропаднам! :!: Не би дискутирала за проблемов зашто не сакам некој да ме познае на форумов па да се трача за ова ,ако некој сака нешто повеќе да дознае нека пише ЛП ќе дообјаснам.. :)
     
  16. Heidi

    Heidi Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2010
    Пораки:
    144
    Допаѓања:
    169
    Ве молам ако некој знае да ми каже на кој ден се закажува кај Дуле од Велес и на кој број...
     
  17. Butterfly02

    Butterfly02 Активен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2012
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    8
    Феминки ве молам ако знаете некоја добра гатачка од околината на Скопје која навистина се разбира и решава проблеми како семејни и здравствени да ми ја препорачате. Ве молам затоа што веќе сум очајна и итно ми треба помош!
     
  18. lola-86

    lola-86 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 мај 2011
    Пораки:
    729
    Допаѓања:
    198
    Дедебалци се викало селото,а жената заборавив :) распрашај се многу луѓе ја знаеле.
     
  19. sweety923

    sweety923 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2011
    Пораки:
    36
    Допаѓања:
    2
    Еднаш во месецот на 30 ти! од 8-16 часот :)
     
  20. lola-86

    lola-86 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 мај 2011
    Пораки:
    729
    Допаѓања:
    198
    И мене ме интересира.Нечие искуство Ве молам.И како да се контактира?