Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Гатање, баење

Дискусија во '„Другата“ наука' започната од kiki-riki, 21 ноември 2009.

  1. IvanaMkd

    IvanaMkd Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2012
    Пораки:
    4.184
    Допаѓања:
    3.051
    Нит ги сака, нит им верувам.
    А и одењето по бајачки и гатачки е против верата!
     
    На Serafima и priti им се допаѓа ова.
  2. babyblond

    babyblond Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    1.168
    Допаѓања:
    1.548
    Пол:
    Женски
    дали познавате некоја добра гатачка-бајачка , во последно време постојано ме бие малер, навистина морам да одам кај некоја. ако познавате некоја добра плс пишете ми во лп.
    слушнав дека имало некоја добра во карпош и на една моја пријателка се што и кажала се исе остварило, само никако од тогаш не успеа да стапи со неа во контакт.
     
  3. SexyLady

    SexyLady Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2010
    Пораки:
    2.800
    Допаѓања:
    3.270
    Пол:
    Женски
    Една другарка ми кажа бројче од некој човек во години од Македонија што гатал преку телефон. Требало да му кажеш име и презиме и ти кажувал се’ точно. И на другаркава и рекол од Скопје си? (а он не бил од СК) и и рекол кога ќе дојдам во Ск ќе се видиме лично подобро да ти кажам. :o
    Јас не верувам во вакви „гатачи“ дури ме заплашуваат.
    Вие што мислите?
     
  4. Takaa

    Takaa Активен член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2012
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    1
     
  5. Takaa

    Takaa Активен член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2012
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    1
    Kako mozam da ja najdam baba Ilinka od Gjorce..?? Nekoj broj da mi dade :))
     
    На babyblond му/ѝ се допаѓа ова.
  6. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.152
    Допаѓања:
    5.710
    Пол:
    Женски
    Бев еднаш за Скопје да и павам друштво на една братучетка да оди на бајачка и успат и јас. И ми збореше нешто, и рече едно време, дека сум дала некоја книга на некоја “другарка“ и таа ми правела магии преку неа за да не ми оди во животот. И навистина ситуацијата во семејството а и со мене навистина беше напнато. И јас се мислев цела година која книга е можно да сум ја дала и кому. Разгледав по дома и гледам дека ми ја нема книгата од бившиот Тајните на Супермоделите која ми ја подари за 8 Март. И не ми текнуваше за жива глава кому ја дадов. Барав по луге кај никој ја немаше. Тоа беше пред 4 години. И дури лани една другарка која воедно ми е и колешка ми ја донесе и вели одамна е кај мене и заборавам да ти ја вратам. Мене ми се споија коцките и ми текна на муабетот на гатачката. Кога си дојдов дома веднаш ја запалив книгата и и реков на мајка ми се. Веднаш одкога ја дадов книгата, раскинав и со бившиот. А и поради истава “другарка“ догодина ке треба да презапишам 2 предмета на факултет. Знам каква ми е ситуацијата со неа и само и правам лице уште овој семестар додека да завршам, а после тоа кога веке нема да имам потреба со неа ке и кажам се. |( И јас не верував во бајачки и гатачки ама после ова случка, мислам дека има нешто. :)
     
  7. WildCherry

    WildCherry Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    1.193
    Допаѓања:
    1.172
    Црешичке не мора да значи дека она правела нешто на книгата конретно па да ти се дешавале глупости.

    Мислам и верувам дека е доволна самата енергија, така да, ако ја тебе те знам и сум имала допирна точка со тебе, можам да се набилдам, да извежбам и д анаучам како да ти пренесам негативна енергија. И веруј ми дека е доволно. не мора да е секад муабет за магија. Некад луѓето несвесно прават и префрлуваат негативни енергии на другите, ама ја тоа што го викам нивното лице.

    Така да би ти препорачала само да не се избламираш у стил знам што си ми правела и слично со магиите ;)
     
  8. kiki-riki

    kiki-riki Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2009
    Пораки:
    228
    Допаѓања:
    117
    јас магијата и ја сваќам како енергија (негативна насочена), а бајачот (оној што навистина е надарен) ја неутрализира истата, (оние само наречените за пари само повеќе прават проблем и ви прават замерки со блиските затоа добро треба да се размисли каде да се појде и во што да се верува),
     
  9. WildCherry

    WildCherry Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    1.193
    Допаѓања:
    1.172
    Абе да и тоа е , ама луѓево доста мислат дека тоа се тие кои едноставно си имаат некакви предмети за истата да ја префрлат ... Ко незнам води некакви напивки и слични ствари, во такво нешто не верувам и тоа за мене не е магија ами чиста глупост ...

    A бајачите за пари си зависи, има некои кои можат да се кажат дека с ена исто ниво со тој шо ја направил магијата за да ја отргне , ами ако бајачот е со слаб капацитет за отргнување на истата од овој другиот ке наиде на неуспех.

    Сепак верувам дека таа магија сама по себе може да се оттргне.
     
  10. Cynthia

    Cynthia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    622
    Допаѓања:
    2.368
    Пол:
    Женски
    Ниту ги сакав ниту верував во нив, се додека после неколку неуспешни операции повторно ми се појавуваше масно ткиво на раката кое буквално го „уништи“ една бабичка кај која одевме на баење.
    Мислам дека олово топеше, потоа го ставаше така жешко во вода и постојано излегуваше форма на Богородица со Исус во раце а таа гледаше во тоа и сите тајни, проблеми, солзи и поводи за радост ми ги предвиде а и ми ги прочита од минатото. По една недела одење кај неа, кога го стави оловото во бокалот со вода тоа пукна, се распарчи, сол се стори.. Бабичката ја исцеди водата и ми кажа да пијам наутро по пет-шест капки и да го мијам лицето и после тоа го снема масното ткиво. Исто така ми даде амајлија и си ја чувам сеуште, ми кажа постојано да е во мене.

    После толку мачење со ракава, операции, стегање со паричка единствено со баење се излечи. Од тогаш верувам :)
     
  11. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.152
    Допаѓања:
    5.710
    Пол:
    Женски

    Јас секако немаше да и замерам и да се изглупирам да и кажам дека ми правела магии итакви глупости бидејки не сум баш убедена дека тоа се случило, сеуште сум скептична, мислев да и кажам дека заради неа презапишав предмети на факултет, а не за “магиите“.
     
  12. Veronika90

    Veronika90 Активен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2012
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    Не најдов соодветна тема за прашањево па решив овде да пишам.
    Пред два дена имавме односи со дечко ми кај мене дома и требаше после тоа се набрзина да исчистам да не приметат моите. И незнаев каде да го фрлам кондомот (полн беше) и го фрлив во оган и го изгорев :worried: И сега некако ме гризе одвнетре зошто го изгорев да не сум му направила нешто случајно. :worried: И тој ме прекоруваше зошто сум му ја горела спермата. :worried:
    ве молам кажете дека не сум направила и друг грев покрај овој првиот.
    П.С. ако не е соодветне темата преместето го мислењето.
     
  13. lola-86

    lola-86 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 мај 2011
    Пораки:
    729
    Допаѓања:
    198
    Не бе нема врска аман,уживај.
    Ако гледаме така ехе кај ни е крајот.Ти не го направи тоа со некоја лоша намера.Опушти се не носи го паметот на такви глупави работи.
     
  14. A-j-a

    A-j-a Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    1.793
    Допаѓања:
    2.024
    Кај ти текнело да го запалиш :lol: Си можела да го завиткаш во тоалетна или опаковка од влошка. А дали си направила нешто не знам, ама не се замарај и следниот пат смисли подобро решение зошто го сваќам и него сепак не е убаво да гледа човекот како му ја палат. :)
     
  15. ena.oh

    ena.oh Активен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2012
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    би сакала да ве замолам ако може, т.е ако знае некоја да ми каже некој кој гледа во Битола, навистина ке ми помогнете :) или ако знаете кога може да се оди кај тој човекот што е во кравари ?
    ви благодарам
     
  16. senjorita.lombardi

    senjorita.lombardi Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2011
    Пораки:
    1.207
    Допаѓања:
    755
    вероника јас после секое чешлање на косата, кога ја чистам четката, таа топката со влакна во огин ја фрлам, значи исто е дел од мене фрлам во оган па фала богу ништо не ми е, тоа се дешава секоа зима оти шпоретот на дрва ми е поблиску од канатата за ѓубре, немај мака за магии знам дека се бае се зборува нешто ти реков ми рече а и не верувам во такви работи, така да врска нема ништо со магии од ова што кажа, позз :)
     
  17. Veronika90

    Veronika90 Активен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2012
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    Уф ви благодарам девојки ми олекна како ги прочитав вашите ставови. Ме гризеше совеста па морав да се убедам дека ништо не сум му направила. :tmi:
    Инаку senjorita.lombardi, не ми беше поентата дали сум направила магија туку да не е грев. Нели во Библијата пишува да не фрла семето наземи, а јас дури го изгорев па ми беше страв немој да ми стане неплодено буцето, или па на мене некако да се одрази :worried:
     
  18. senjorita.lombardi

    senjorita.lombardi Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2011
    Пораки:
    1.207
    Допаѓања:
    755
    бог да чува не ни мисли на такво нешто, според мене е чисто суеверие, ако не се фрла семе во оган, зошто па може да се фрле во шоља каде што се мочаме?!? семето не е губре така ако мислиме и тоа е грешка :) не се замарај се е чисто суеверие.. ;)
     
  19. connie

    connie Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 септември 2011
    Пораки:
    303
    Допаѓања:
    204
    Да, со мојата фамилија и најблиските често ни фрлале магии, и затоа почесто одиме по бајачи и гатачи. Кај мене има 1 баба и таа многу ми помага и не бара пари колку имаш толку.. 10 денари, 50 денари сеедно.
     
  20. soncenceto.matea

    soncenceto.matea Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2012
    Пораки:
    210
    Допаѓања:
    57
    Јас не сакам да верувам во магии и сл.,,ѓаволски работи,, иако често пати пред вратата сме наоѓале разни предмети-домат,клопче со волна,чаша од ракија...ама се трудам да не им придавам значење и велам дека Господ е голем и нека не чува од зло!!!
     
    На Mimi123 му/ѝ се допаѓа ова.