dali znae nekoj drug vo makedonija sto vadi ziva od teloto koj znae neka mi pise vo poraka fala odnapred
Живееме во време кое е преисполнето со искушенија, со препреки кои се изнаредиле по нашиот животен пат, но и по патот на нашето спасение. И од сите тие искушенија исполнети со сатанска итроштина и подлост, најитри и најподли се искушенијата поврзани со суеверието. Затоа што многумина духовно непросветени и неразбудени луѓе кон суеверието тргнуваат како кон нешто Божјо, духовно, свето, неразбирајќи дека тргнале во сосем спротивна насока. Денес многу често ќе сретнете луѓе кои за себе велат дека се христијани, и тоа православни - ортодоксни, а посетуваат разни јасновидци, оџи, бајачи, курсеви по космичка енергија, медитираат на ликовите на разни самопрогласени гуру -божества, извршуваат безумни наредби по христијанските цркви и манастири од разни гатачи (запали пет свеќи наопаку, земи од оваа вода, стави го ова под она, обиколи со јагне околу храмот . .) Да! Трагично. Но тоа се случува кога некој е во мака, а не го познава вистинскиот излез и пат. Мора да се признае дека за сета оваа трагична состојба имаат вина и преставниците на служебното свештенство - епископите, презвитерите и ѓаконите. Недоволната духовна просвета на верниците и нивно неупатување во содржината на Светото Писмо, но и невоведување во спасоносната смисла на Светите Тајни на Црквата (крштевање, миропомазание, причест, исповед, брак, свештенство, маслосвет) овозможуваат да се развиваат лажните, нездрави инеспасителни духовни состојби и правци. Методите на баењето вклучуваат во себерелигиозно поклонение и служење (со молитва и жртвопринесување) на демоните. Сите тие религиозни дејствија (користењето на специјална сатанска симболика, молитви, клетви, жртвопринесувања) им се неопходни на бајачите, за уште еднаш да ја потврдат верноста на својот избор меѓу Бог и Сатаната, во полза на последниот. Тоа им дава можност на демоните да стапат во „врска“ т.е водиректен контакт со човекот. А на човекот – можност да ги решава своите животни проблеми, и тоа од најдолен карактер (да јазадоволува жедта за одмазда, власт, сексуални потреби, богатство и т.н.) – со помош на ангелите кои отпаднале од Бога, кои после својот пад се именуваат со демони, бесови и сл. Така луѓето кои се обраќаат на бајачките методи, покажуваат дека како цел на својот земен живот тие го избрале задоволувањето на страстите, ограничени со нивниот краток земен живот. И тоа, тие се готови да ги добијат тие задоволства без оглед на тоа што задругите луѓе тие може да завршат со страдање, солзи, болест, па дури и смрт. Суштината на таквата сатанска филозофија била јасноизложена од познатиот маг Алистер Кроули во неговата „Книга на Законот“, која била напишана од него во состојба на транс, поддиктирање на дух по име Ајвас. Нејзинатаглавна формула звучи вака: „Прави го она, што ти го кажува твојата волја, и тоа ќе биде сиот Закон“. Сепак, постојат и такви бајачи(магионичари), кои знаат за бесмертноста на душата и се надеваат на тоа, дека земнатаисторија ќе заврши со победа на Сатаната-Луцифер над Христа, а сите соработници на ѓаволот ќе станат елита во вечното царство на Луцифер. Тоа учење е суштината на Кабалата, до кое се придржуваат масоните од високите редови и сите сатанисти. Но сепак, самиот живот покажува дека за задоволствата, особено оние кои им нанесиле штета на други луѓе, порано или подоцна, треба горко да се плати. Демоните привлекувајќи ги луѓето за соработка, се обидуваат најпрвин да создадат кај почетникот бајач илузија, дека му се потчинуваат без збор, исполнувајќи ги неговите барања само заради тоа што правилно ги прочитал магиите или го извршил некој обред. Но, постепено таа илузија се разрушува, затоа што со тек на време,демоните неизоставно покажуваат, дека бајачот воопшто не управува со нив, туку тие со него. Од тој момент, демоните веќе не мудаваат ни минутка спокојство, го принудуваат постојано да прави зло на оние кои го опкружуваат, дури и тогаш, кога самиот бајач тоа не го сака. луѓето кои не ја достигнале прекумногугодишна аскетска борба (со своите гревови), максимално за нас возможната чистота и светост, не можат ни да се надеваат на слободно општење со ангелите или душите на светителите. Како последица на општата гревовност на сиот човечки род, ние луѓето, со своите внатрени квалитети сме поблиску до паднатите духови, т.е., демоните, со кои и само може да комуницираме доста лесно. Во секој случај, тие доста силно се стремат кон тоа, и ако забележат отворена желба во луѓето, соголемо задоволство стапуваат во контакт со нив, постепено и целесно потчинувајќи ја под себе волјата на човекот. Светите духови се оддалечиле од општењето со човекот, како од недостојни за такво општење; паднатите духови, кои нè повлекле и нас во својот пад, се смешале со нас, и за да нè држат уште поудобно во пленот, се трудат да се направат и себеси и своите замки незабележливи. Дури и да се откриваат, тоа го прават за да ја зацврстат својата власт над нас. Сите ние, кои се наоѓаме во роство на гревот, треба да знаеме дека општењето со светите Ангели не ни е својствено, заради нашетооттуѓување од нив преку паѓањето, што пак ни е својствено од истата причина, општењето со одметнатите духови, во кои се вбројуваме и ние со нашите души, – дека духовите кои сетилно им се јавуваат на луѓето кои пребиваат во грев и пад, се демони, а не свети Ангели. Светите Ангели се јавуваат само на свети луѓе, кои го востановиле општењето со Бога и со нив со свет живот. ВНИМАВАЈТЕ ВО ЧИИ РАЦЕ ГО СТАВАТЕ ЖИВОТОТ. Извадок од книгата: За еден древен страв.
Имам мака со еден дечко, типот неможам да го тргнам од мене, бев кај една жена да ми гледа, и ми кажа дека типот од кога е роден не е добар и дека све може да направи. И ми даде вода и ја платив водата , го намачка по рака со водата само да се одалечи од мене да не ми се заканува, и искрено уште 10 дена и месец ке помини само малце делува. Да не знае некој нешто, ве молам помогнете, пред недела дена бев спремна и на самоубиство од толку што неможам да го трпам, закани, навреди, во страв живеам. Ако знае некој нешто, пишете
Обрати се на духовно лице. Со разговор ќе ти биде полесно. Мој совет е да не одиш по бајачи, прочитај го мојот претходен пост и ќе видиш за што всушност станува збор. Тоа на почеток малце делува но на крај пак се враќа како што било затоа што тоа е магија и не трае вечно. На самоубиство не ни помислувај. Треба да останеш јака и покрај се. Се ќе се среди ќе видиш. Господ нека биде со тебе и нека ти помогне.
Зарем немаш родители, пријатели, комшии..ако треба за помош и професори ке прашаш, психолог, педагог..па и во полиција ќе пријавиш ако треба? Одма помислата ти оди на најлесната работа..а камо борба, камо упорност..па тоа е смислата на животот..да се бориме за подобар и подолг живот.
Јас знам нешто. Оди и пријави си во Полиција, закачи му една тужба и забрана за приближување. Уште ако извадиш и лекарско уверение за страв и стрес, ќе го средиш! Не ти ова за по бајачи, не си го губи времето. Реши го ова најбрзо што можеш.
Наместо во полиција да се обрати или помош да побара од родители (некој поблизок) таа оди по бајачки Божеее Петраааааааа Тури му во пијалокот менструална крв и крило од лилјак...
E уште ова немав прочитано, дека со манијак се справува со помош на гатачки, гледачки и магична вода Девојче, батали тие глупости и обрати се на некој близок повозрасен, и ако навистина до закани и сериозно вознемирување оди тоа како што велиш дека „не може да се тргне од тебе“ - оди пријави во полиција! Аманте бе луѓе, сериозни ли сте во темиве од овој тип Треба посебна категорија „трагикомедија“ да се отвори и да се преместат таму оваа, Дали верувате во магии и сите слични
Он под кожа влезен ти лази, по нерви ти скока... Ти магични води, плискај, стругај . Не бре брате, како вошка. Откин нема. @La.loca *Катанчиња купи три и дојди да ти ја отворам среќата. Пијавицата ќе ти се тргне, кога ќе го фрлиш катанчето со клуче, во река.
Да се потсетиме која година сме... Чисто информативно... Некои во добата на вештерките уште ко да живеат. Замисли ти се доближува некој тип и му викаш: - Еј, уште еднаш ако дојдеш до мене... Кога ќе те испрскам со света вода што ми ја даде Светица гатачкана... Па има девојка да не фатиш со години. Ѓубре...
Во чевли ќе ти ставам вода, ај ќе видиш ти ѓубре низаедно. Има да ти плива ногата. Нова на неа ќе ти порасне. Само ти мене не ме сакај! Ќе земам магично колаче, преку него три пати ќе трепнам дур те гледам. Има да те боли глава цел живот по мене. Мајмуно еднаааа..... Па,па,па.
Престанете со ваквите празноверни работи. Значи до кој степен е стигнато проклетството на народот. Зар треба некого присилно да натераш за да те сака? Секој ден да живееш и да се будиш со тој човек и да знаеш дека е со тебе ради твојата менструација а не затоа што те сака со целото свое срце и душа?!Како е можно да има вакви несовесни суштества на планетава?! Од ова аир нема и никој што практикува нема да види. Пишав општо, не лично за тебе, а тебе ти одговорив затоа што се испостави дека ти знаеш нешто во врска со ова, дали од рекла казала, дали од практикување, тоа не знам и не ме занима.
Човек да се исплаши од темата, што ви е бре крвови ова она психопати ли ќе стануваме, вампири ли што???