Може ненормална ќе ме направете, ама ај да си прашам јас. Од мака е, не е од арно. Ми го снема мачето, цели два дена го барам како во земја пропадна а тука маалото не е којзнае колку големо, сите бевме многу поврзани со него, ептен е празно без него, на сите ни недостига, се чувствува празнина. Инаку сакав да прашам да појдам кај некоја што гледа вака од околу да ја потпрашам нешто дали ќе ми каже нешто? Освен да залепам некој лист за барање и оваа друг начин не ми паѓа напамет. Тие што сте повеќе запознаени со овие работи ќе ве замолам за одговор.
Мачето отишло да се пари. Ке се врати за некој ден со новост. Ајде па баклава да ни спремаш. Може и некој го земал или го прегазиле. Се надевам дека е првото. Ке се врати немај гајле. А ниеден гатач нема да ти каже кај ти е мачето.
Таа Ленче од Нерези ако е истата од зградите во Порта Влае,врска нема. Ми црташе линија во врмето како гледала и ништо не ми погоди гледано сега по толку време. Сум била кај Маре во Петровец ми кажа истото што го знам. Кај еден позади Скопјанка за џинови нешто ми дрндаше и ништо не ми погоди. Повеќето лажат. Лесна пара е.
За жал, многу си во право. Само низ призма на пари гледаат, а врска немаат (барем кај овие јас каде што досега сум била). . .
1 годинка е, плус машко е... Мислам дека ми го има земено некој. И да луташе цела ноќ надвор, пак се враќаше. Го барав, ама ни трага ни глас. Првите два дена очекував дека ќе се врати ама веќе четврти ден го нема. Мајка му мува не ја лази, се ѝ е полно и рамно, а сестричето негово тагува многу. Само да се врати, па и невеста да ми донесе и две тави баклава ќе дадам. Спојлер: Слика
Идриз растура продавајќи сончоглед низ град,а Перо растура свирејќи по жени.Нема кој нема слушнато за нив.
Сериозни сте за Перо Шуте и Идриз??? Растурале магии? Или се мајтапите, или некој ви дал таква информација за да ве дупчи. Хахаха
Јас бев кај Ленче од Нерези, прво ми го опиша цело минато, го опиша бившиот мој и ми погоди дека ќе имам голема кавга со него која навистина се случи. Инаку бев пред две недели ете и три нека се.
Кога ќе одеш ќе почне да ти кажува по она што те гледа. Во кој Бигорски она е мажена жена има дечиња. И нема тарифа, колку сакаш да оставиш и ако сакаш