Zdr Dali moze da mi dades brojce od Viki i kade tocno u Cair se naogja? Moze li da slikas tocno mestoto kade se naogja kuca, stan? Ako moze? Fala odnapred i se izvinuvam.
070 893 544. Еве ти го бројчето, со среќа пошто многу тешко крева. Локацијата и е во Чаир, али многу е тешко за објаснување, знам десно се вртеше негде после Бит Пазар, после Ледиком некаде, извини не се сеќавам баш, ептен сум тапа со локации. И ја би се загубила пак да треба да идам. Куќа број 1 е и има висока бордо капија. Прашај некој од мештаните сите ја знаат. Поздрав
Добро бе луѓе, 21 век. Зарем стварно верувате во ова ?! Дај вратете се во реалноста, а потоа почнете да ги решавате проблемите што ги имате. Ако самите не си го решите проблемот, најмалку може бајачката. Никакви бајачки, никакви магии не постојат. Се е психа и се ви мава на психа. Проста е логиката како таквите луѓе работат. Сите имаме слични проблеми, а нивното е по тој основ да претпоставуваат и наводно да погодуваат. Со тоа, ви ја контролираат психата, односно делуваат на истата. Ете решен е проблемот со магијата и вам ви станува веднаш подобро. Или ви е направена магија која треба да се растура и вам веднаш ви станува полошо, или не успевате да ги решите моменталните проблеми, оти некој целосно ве поттикнал да размислувате погрешно и да не се насочите на решавање на проблемите на вистинскиот начин. Има веројатно и такви кои ви предвидуваат и позитивна иднина. И веднаш се остварува, не оти тие знаат, туку затоа што ве насочиле на такво размислување и на тој пат. А тоа всушност, го можете и сами. Сите проблеми можете да си ги решите сами. Ако не, постои и медицинска помош. Се останато, е погрешна перцепција на нештата.
Здраво...прв пат се соочувам со ваква ситуација во животот...до пред 1 година имав долга врска од 9 години,не делеше само листот хартија во општина,куќа и се останато правевме заедно...доживеа собраќајка и доби неизлечлива болест,така да моравме да се разделиме...исто како да бев жив мртовец,ми требаше цела година да се совземам.Минатата година во септември почнав нова врска колку да не сум сама со проф.во средно на мој врсник.Цел град плачеше од него,сите велеа дека сум луда со сум со него...но за три месеци стана најдобриот човек на планетата,стана моја душа мое се.За прв пат отидов на одмор во Ск во февруари годинава,се разделивме само 7 дена.Кога се вратив па се до денеска секој божи ден ми е пеколен...се караме,се вреѓаме до максимум,а и двајцата се сакаме мн и плачеме на крајот....полека ја открив причината ...неговата мајка не им дозволува да бидат со која сакаа,таа требало да одбере,ги уценува и материјално и финансиски...полека од нивни блиски дознавам дека таа им ги расипувала и претходните врски...затоа ве молам за помош да ми пишете бр,име на човек или жена бајачка гатачка гледачка нр знам што да ми помогне да си го задржам момчето,да се смират работите меѓу нас...тој да биде на моја страна,а не на својата мајка која го направи детето да се скара со целиот град....ве молам да ми кажете во најкраток рок да ја стопирам неа,да не наштетува...ме прави мене луда пред сите,а всушност таа е...не и посакувам ништо лошо само да не ми наштети мене...и онака од страна на семејатвото го загубив поголемиот дел не сакам и ова да го загубам...ве молам за помош....
Значи МАГИИ демони постојат!! Се е останато само векот се менува! И никој не може да помогни освен Ален од Србија, има многу јака биоенергија и ја има отворено неговата анџачакра и плуд доктор е и може да ти каже дали имаш демон или не. ,сето тоа го прават демоните! Има секоја вечер во живо на тв хепи во парови гледајте го како вади демон и тоа ја прашува колку стњ во телото на неа и демонот преку неа одговара 3! Цел свет го знае Ален, и нњ бидете смешни со тоа дека магии не постојат и демони ,ако може да постои Господ и Ангели така и се друго постои, не се правете многу современи дека 21век па демек не постои тоа. Сето постои! Ако некој сака да ги гледа видеото од некни кога директно со пренос лечеше една од тие таму пишете ќе го постирам! Секој со Господ напред да се спасите од маките кои ги имате,ние звониме да закажиме два дена веќе е зафатено неговиот секретар неможеме да го добијаме
@Cinderella12 Стави го видеото. Чисто ме интересира. Не ме убедувај што постои што не. Тоа е мое мислење и не можеш да го смениш. Иначе, јас не сум многу сигурна ниту за бог ниту за наводните ангели. Не можам да верувам во нешто, за што не постојат факти, докази и сл.
Тоа што не веруваш не верувај,но остави не нас што веруваме да си продолжиме значи неможеш да убедиш некого, инаку сега видеото момент
Фала за моментот со видеото. Да го гледам па ќе пишам мислење. Никого јас не убедувам. Секој по својата среќа.
И тоа прати ја,се исмева не верува таа,но откако ќе доживее прати ситуација, ова го гледаа многу во живо, на јутубе се постојано во живо па можите да пратите ситуација Секој ќе си верува во што сака
@Cinderella12 Твој избор е дали ќе веруваш или не. Јас во ваква пародија не можам да верувам. И да има нешто вистина околу наводниов егзорцист, тоа секако не се прави на телевизија.
Мене воопшто не ми е гајле дали ќе веруваш или не, човекот го бараа и дојде на тв и тој е познат цел свет го знае. Кој сака може да се обрати кај неговата страница на фб за бројот негов,пари не зема воопшто.а дали е пародија или не ама баш ич не ми егајле, и остави тоа на Господ и неговата божја воља да помага секаде А тоа што е за тебе пародија и тоа што не веруваш тогаш немаш потреба да си во темава, тука пишува тој што му треба помош и што чуствува дека нешто не е во ред, а тоа што тебе ти е сјајно можеш да го споделиш во други теми има многу теми низ форумов а не тука да се исмеваш )
Препорачај и психијатар на идната свекрвата Но зошто ја прекина првата врска? Каква е таа неизвлечлива болест што се добива од сообракајка ?
Тумур на малиот мозок и мултиплекс склероза, нер тригеминус кој не се прави операција на ниво на Македонија