Од перспектива на страдалникот, сеедно е дали нему некој ќе му бае или ќе му пее молитва. Кога некој пее молитва од молитвеник т.е. само ги чита зборовите без да ги моли со срцето и со правилна вера во Бог, има ист ефект како баењето - плацебо ефект. Со таа разлика што кај бајачот ќе помине со 50-100 денари, а попот ќе му земе 150ден за мала молитва или 300ден за голема молитва. Се согласувам дека бајачот никако не му помага на страдалникот, освен што му дава некаков илузорен мир во вид на плацебо ефект, ама барем не го заведува верникот во идолопоклонство т.е. во дополнително духовно заробеништво за да мора потоа да им служи и да ги обожава покојните верници и нивните слики (икони).
Некако, баш не ми се дискутира напразно околу ова, но накратко ќе ти кажам зошто не се согласувам со тебе. Прво, најголем дел од луѓето што одат по бајачи и гатачи се декларираат како големи верници и приврзаници на Црквата. Тие веќе "обожаваат и служат на мртви верници и нивните икони".Што значи, со самото влегување во црква со желба за решавање на некој проблем кој мислат дека го имаат, тие нема да влезат во "дополнително духовно заробеништво", во кое нели, според тебе, веќе не се. Второ, за да посетиш Литургија во недела, да се исповедаш и причестиш, за да постиш и да се посоветуваш со својот духовник за да те насочи- не плаќаш апсолутно НИШТО. Трето, како што бајач и вражар може да те навлече да трошиш огромни пари кај него за да те "излечи", не може никој. Прочитај погоре, некоја членка слепо одела континуирано 6 месеци кај некој и кој знае колку пари му оставила. Четврто, луѓето одат по линија на најмал отпор, по полесниот пат и онаму каде ќе добијат тапшање по рамо---> кај бајачките. Затоа, кога веќе се приврзаници на некоја религија и се декларираат како верници, нека се посоветуваат на (според мене) посоодветно место.
@EvAngelos Кога ми било тешко,сум разговарала со неколку попови,и сум се исповедала и обичен разговор и ми олеснало. И знаеш што? Никој,ама никој поп не ми зел ниту денар. Остави ова со овие тарифниците. Да бидам искрена и мене по малку ми сметаат овие тарифници кога ги истакнуваат јавно,подобро е да даде секој колку што има (што не значи дека како верник не наплаќам за свеќи,за лепче и сл). Ама да ти разјаснам сликата погоре не е за обична молитва туку за новороденче таа молитва што се прави(мала) кога ќе се роди бебето и (голема) кога ќе направи 6 недели бебето. Затоа те молам не ги залажувај луѓето кои се во мака,дека ако одат во Црква за разговор дека попот како бајачите ќе им наплати.
Приврзаници на православните цркви сестро, на православните. Во католичката црква е драстично помал бројот на верници кои одат по бајачи и гатачи, а во протестантските цркви речиси и нема да најдеш ниту еден верник кој оди по бајачи и гатачи. Зошто е тоа така, стави си прстот на чело и размисли. Не мора да значи. Можеби онака си се суеверни и си имаат некоја икона дома на која и вршат метании, а можеби и немаат. Голема е веројатноста попот да им даде упатство да си набават икона од св. Петка (жената во црно) и да им рече да и се молат на неа за заштита и после тој момент страдалникот да си набави икона од св. Петка (што не е бесплатно офкорс) и секојдневно да и се моли, да и пали кандило и да верува дека таа ќе му/и помогне. Исто попот може да и даде упатство и да си набави бројаница и да ги врти чворчињата и да мантра со неа и да верува дека тоа мантрање ќе му помогне. Да не зборам па за попрскување со „свети води“. А исто може попот да му каже на страдалникот дека одредени лоши нешто му се случуваат затоа што не му е „отпеан“ домот и дека треба да викне поп да му го отпее домот и со тоа нели да избрка зли сили. Секако ова ќе кошта 500-1000 денари со можен бакшиш офкорс. Знам дека посета на литургија е бесплатна, но ајде еве објасни ми на што се однесуваат погоре цените за мала молитва (150ден) и голема молитва (300ден)? Ах гледам еве Рама одговорила, за пеење на бебето
Taksenikot go izmislija novite popovi koi ziveat ko bubreg u loj od parite na narodot.Teshko si na toj sto nema pari za leb pa ke nema ni za ktstevanje ni za molitva ni za zakop. Ako majstorska dnevnica od 8 casa e 1200-1500 denari, koj e toj za 20 min da zema 1200 plus od tatkoto i plus od kumot 2000(ne me fakajte za zbor odamna krstevav).Epa kakva crkva takvi vernici. Vo vreme na komunizmot a vo vreme na nasite dedovci i babi nemase taksenik nego kolku miluvas cedo.
@EvAngelos секој си има свои убедувања во кои верува, но оној кој знае дека за него тие убедувања се апсолутна вистина, нема потреба толку жестоко да ги брани. Може да си дискутираме уште долго и секој ќе биде во право во неговата реалност, затоа што реалноста е одраз на нашите убедувања. Нејсе, ако почнам повторно да ти објаснувам што напишав, ќе треба да се повторувам. Темата е гатање и баење и јас дадов совет во тој контекст. Те молам, поштеди ме од твоето просветлување. Да ми треба, знам каде да се обратам. Држи се до протестанството, кое веројатно е твој избор и остави на другите да си се држат до своите избори.
Само да не заборавиме, во заедницата чиј член е @EvAngelos не се плаќаат требите. Но, затоа секој од нив си плаќа десеток од платата. Па така, мајсторот со мајсторска дневница од 1200 денари, без разлика дали му пееле молитва или не, си плаќа 120 денари од секоја дневница, не еднаш, не пет пати, не десет пати во годината или во животот.
Пред година дена во центарот на градот додека сакав да поминам улица една жена почна да вика по мене девојче, девојче се свртев и жената ми рече дојди нешто да ти кажам, отидов до нејзе мислев дека ми паднало нешто или дека и требаат пари. И жената ми вика многу убав живот ќе имаш, многу другарките те љубоморат ама во љубовта немаш многу среќа и јас се насмеав. И реков дека не верувам во гатење, а жената ми рече ќе можеш ли да ми дадеш пари, и дадов 50 денари и реков да си купи нешто за јадење, и повторно и нагласив дека не верувам во гатање и дека црквата тоа не го оправдува, а и реков дека парите и ги давам за нешто да си купи за јадење. Бев изненадена и ме ми се веруваше дека некој може да ме застане на улица и да почне да ми гата. Јас не верувам во такви работи. Што мислите дали добро постапив? можеше да ми побара пари без да ми го каже тоа. Јас верувам во Господ и секогаш кога имам некоја мака пијам од светата вода, и на секој човек му препорачувам доколку има проблем да разговара со поп и својот мир да го бара во црквата и да не верува во гатање и баење.
Jas mislam vaka:ako treba na nekoj da se ispovedam i pomos da pobaram toa e Gospod ,a ne popot .Sto ako se mu se ispovedam on so Gospod li zboruva?Zatoa jas samo na Gospod mu se obrakam i na svetcitete popot e samo kako vraboten vo crkvata .
И јас не верував во баење и гатање, а најмалку дека може лек да се најди. Но кога дома ќе најдиш лушпи од јајце, во салфета, ставени на такво место што се чудиш како им текнало на тие што ги скриле таму. Кога ќе најдеш рано наутро, слама врзана на гранка од дрвото во двор.... прачки слама врзана во јазол....да се чудиш... не ми текнува друго...почнувам да се прашувам дали затоа не ми оди љубовта??
Слично се има случено и со мене. Вражачката ми “погоди“ многу работи, но ми побара цигара, a јас антипушач невиден. Си се зачудив само како ѓаволот што вража преку неа не и` укажал дека сум и антипушач. Со вражачи и бајачи божовен човек не треба ни да разговара, а уште помалку да им обрнува внимание.
Нивната моќ и сила е толкава колку што ти ќе им ја дадеш со твојата верба во тоа што го наоѓаш или гледаш.
Мене утрово ми се случи нешто слично.Излегувам од продавница и ми се залепи една млада ромка.Пред маркетот има кола од наградна игра, и ми вика купи си да ти се падне колата.Не ми паѓаат мене награди и продолжив по пат ,вика чекај ти имаш многу добра душа а многу те мразат,ти имаат правено,кажи дека имаш проблеми.И се свртев и и викам ,а кој денес нема проблеми?секој со своите.А да ми дадеш алишта од децата шо им се мали.Децата не се тука и неам од нив алишта,дада разведена си ,имаш многу маки на злато ти е праено,да ти дојдам дома да ти гледам.Значи неам пари да ти платам во моментов друг пат ,__ама не сакам пари само да ти погодам ,ќе видиш одма ке се омажиш и ке ме частиш.Викам срцка јас имам маж не сум сама,сепак фала морам да одам.Добро ај дај десет денари да се фати лекот и замина.Да ми побара и цигара ,а јас не пушач исто како и погоре феминката шо напиша,ако знаеше шо не виде дека сум непушач. Си одам дома и ме фати језа шо ако нешо направи на парата што и ја дадов,дур мислев у кујна паѓа чаша се одбива од плочки и газарот ми летнува меѓу нозе и таму ја задржав среќа не се исеков.Шо велат да се збие на чашата. Некое шубе ме јаде што ако направи нешто со парата шо и ја дадов,зашо ми текна за некоја жена примила ромка да и гледа ,,и и зела златно ланче а после тоа се им тргнало наопаку.
Sto znaci da najdete malo sise so voda, a na dnoto od siseto nesto kako beli iseceni sitni partalcinja i kako beli konci od maicka valjda ili pojma nemam od sto e , ama na toa mi deluva deka e... Ve molam dali nekoj znae da mi kaze za sto e ova i sto znaci? So koja cel e napraveno ova? Fala vi mnogu odnapred.
Гледаат среда и сабота поручек,одиш не нашминкана,без парфем,со чорапи и никако на маица по рамки или кратки пантолони