Може си ја искакала живата, погрешила у канали жената, не биди цепидлака па и ти. А викаш таа од Кратово делумно добра била а овие другиве што кажуваат други луѓе лажговци биле, тие само краделе? Хммм..јако... Ама упорно ѕвониш кај Дуле, иако и тој е лажго.
Сите што ги рекламираат по форумов се превари, незнам само како да се соберат сите да се дадат во соодветна институција и да им се суди за криминалот што го прават, плус лажат (ај за тарифите ќе замижиме), жалосно што човек што има мака им ја дава својата доверба на нив и му го трошат времето, некогаш и за тешки болести за кои се пробале и ова им е последна надеж пред најлошото. Затоа не барајте овде прав гатач/бајач, овде и мене ме излажаа и ми потрошија време.
Незнам кој е повеќе крив они што лажат или вие што верувате во такви глупости. Сум била еднаш кај Маре во Петровац и ми кажа направено тие дојди пак во вторник и не стапнав веќе.
Ако станува збор за Милка од Радишани, повели број 071 / 935 - 876. Не сум била, незнам ни на што гледа ни ништо, бројот ми го даде пријателка.
И толку ли ти е тешко да споделиш? Ми рече дека едната била од Лисиче, а другата од Ѓорче, едната гледала на кафе, другата на карти. Ми вети дека ќе ми дадеш број (моб) и ај што те снема, но и си ме ставила на блок, да неможам повеќе да ти пишувам. Од такви себични како тебе, многумина од младите немаме среќа. Јас незнам што луѓе ќе бевме. Ќе се испофали каде била, како тоа се и погодиле, а кога ќе и побараш број, како да и бараш пари. Тука сме да споделуваме искуства, мислења и адреси, да си помагаме, а не да се фалиме каде сме биле ние, а останатите нека патат. Ти благодарам Incule уште еднаш што ме проигра.
mislam deka incule ne veke na forumov kratko se zacleni iskomentira na site temi i za kratko ja snema ...
чистев во кујната и метејќи нешто излезе позади фрижидерот, и тоа го земам и гледам- замотано со дебел лепак бел ко хартиен, во ќеса од тоалетна хартија, тоалет возок и малку горено и смрдеше многу. Имавме народ во кучава- смртен случај и не се знаеше кој влегува кој излегува, народ знаете како оди тоа. Но тоа ме збуни,исплаши што го најдов, сега што?
Зависи за што ти треба. Ако ти треба бајачка, Суада од Огњанци ја фалат, топи олово ( за уплав и уроци). А, некој што гледа, зависи на што сакаш. Ќе ти пишам неколку контакт телефони во ЛП, да не испадне реклама.
Како и да е, она ми вети. За мене зборот е збор. Првин фати да се вади дека броевите (мобилни) не биле на нејзиниот мобилен меморирани, туку на мобилниот на мајка и. Па ајде оставивме за утредента да ја прашала мајка и. Ма да што тоа е 5 минути работа. Можела да и се јави и да ја праша. Утредента, таман да и пишам да ја прашам до каде е дојдена работата, ги нашла ли броевите, она ми ставила опција да неможам да и пишам. Имаше само опција заследи.