Ве молам за помош совет, одговор. Последно време ништо не ми оди "од рака". Досега не верував ни во магии ни во глупости, ама многу гафови ми се случуваат во последно време. проблеми, отсуство, замаеност, хистерични напади на чешање.... денес во алиштата најдов црно сошиено торбе (како чанте) од црн материјал во еден слој. Дали сум параноична, или некој навистина нешто ми прави?! Ве читам, зборувате за некој ДУле од Велес и некоја жена од Дедебалци. Дајте ми совет, кој можи да ми помогни и дали се работи за магија?! Фала, поздрав
Zdravo sakam da prasam dali nekoj se videl so nego ,dali licno mu ima gledano.I kade se naoga toa mesto.Pozdrav
Јас не сакам да верувам во вакви работи оти се плашам од истите ,некако ми е морничаво да верувам во гатање и магии,ама не велам дека не постојат такви работи посебно кога на некој стварно ништо не му оди и тапка во место. Пред една година имав прилика во ресторант ја сретнав Клеопатра па бев љубопитна ,отидов и се претставив ми кажа некои работи .Ми рече дека некогаш во минатото сум била многу повредена и дека оттогаш сум се разочарала и немам доверба во никого .Рече дека ќе запознаам нов дечко , ќе бидам со него но повторно ќе бидам повредена поради тоа што ќе бидам премногу добра кон него ,рече дека истото од минатото ќе го доживеам повторно ,другарките ќе ми го свртат грбот и повторно ќе останам сама без никој како некогаш .Рече дека повеќето доаѓаат кај мене само тогаш кога имаат потреба од мене и тогаш кога треба да им помогнам ,иако ќе им помогнам и ќе бидам љубезна кон нив тие секогаш ќе ме сметаат за ѓубре и ќе ми се потсмеваат.Рече единственото нешто што ме попречува да успеам е безнадежноста и неверувањето во себе и своите способности. Тогаш кога го кажа ова не поверував и не сакав да верувам ,си реков глупости ,но кога ќе се сетам се што кажа излезе вистина, не знам како ама се таа што ми кажа се случи .
иаку сето оваа ми е многу чудно на светот има луѓе со ваков талент незнам за оние бајачките и гатачките но оваа жената што ја викаме Шинка од струмица незнам кое село мислам дека беше босилово не сум сигурна е неверојатна лани таткоми си го измести рамото неможеше 1кг да дигне беше на доктори на специјалисти на ренгени.... летото си дојдовме во македонија и отидовме кај таа жена 2 минути беа се што и беше потребно го фати за рамото малце го претисна и нешто како да пукна и тоа беше тоа рамото на место таткоми задоволен а жената нема да ти побара ниту 1 денар колку можеш толку ке и дадеш
Да, уште кога бев малечка , бев секојдневно сопната , не знам што ми беше. Ногата навината , па не знам што , па се искриви, жената ме опорави. До ден денес , кога и да ми се јави проблем одам кај неа.
јас верувам во гатање многу мои пријателки биле кај една гатачка и стварно се му погоди дури и некои тајни кои само тие ги знаја
Јас лично за Шинка не верувам дека ниту е гатачка ниту пак бајачка, таа го има тоа талент да ти намести пукнатина или ако си шинат. Таа ниту употребува некои зборови ниту ти ја мести раката/ногата преку карти. Таа дарба и е дадена од Господ. Секоја чест за женава и симнувам капа, многу пати ни има помогнето и мене и на целата наша фамилија. Да и даде Бог уште многу години.
Zdravo sakam da prasam dali nekoj se videl so nego ,dali licno mu ima gledano.I kade se naoga toa mesto.Pozdrav[/quote] moze li broj te molam[/quote] од зоки барате број немојте феминки прочитајте неколку страни понапред ќе видите дека нема врска човекот. Ќе ви дадам еден пример што ми го рече: Ќе си фатиш дечко, велам јас сум во брак, вика да де од скоро, викам ее не баш од скоро. И ми вика добро де од скоро се сакате
Има ли некој слушнато за некој човек од Сушево-Струмичко село? Од иконите побарувал помош и светците му кажувале се. Стварно не ми се веруваше нели викаат дека тоа се сатански работи. Ама пак на многу луѓе помогнал...
еве, денес и лично се уверив дека поголемиот дел, 99 % се големи преваранти... се враќам од факултет и одам кон веро во центар што е трговскиот, и до то што е за лесковачка скара, седната една жена, ме вика и ми вели дека јас сум била многу добра личност, ама сум немала среќа оти ми прават магии роднини од страна на татко ми, а биле мајка и ќерка, и демек то било да немам во ништо среќа и да се дебелеам... таа ме виде полничка, а таа не се гледа колкава е дебела, и ми вели иако не јадам, пак се дебелам, оти такви магии ми правеле и ќе сум се направела 320 кила и до 42 години дури да наполнам немало среќа да имам, а дечко ми иако не можел без мене, го терала од мене некоја негативна и лоша сила во мене и дека тој ќе оди по странство и дека го чекал голем испит во ќивотот, и тој ќе имал фирма и ќе имал пари... таа демек била пратена од господ, оти на карши црква од другата страна на реката има, и ми покажува некое тревче, ко некое многу малецко изгорено дрвце ми личеше, и типкава ми вели ова било од света марија, од богородица и дека мене господ многу ме сакал, и дека јас не треба да јадам од то и пред мене гризнува и ми вели, еве јас јадам, не ти и да сум го закопала во саксија со живо цвеќе то тревче или гранче кој знае што е, заедно со три темјанчиња од црква и така 9 дена да стои, и за три месеци демек животот ќе ми се средел, ќе сум ослабела без да држам диети и што била да јадам, па ќе сум имала многу пари и не знам што уште не... и на крај да ми го даде то тревче и и викам шо тарифа има и таа ми вели за гледање 100 денари, ама мене не ми зема, ама за то тревчето испод 1500 денари не било ... и јас и викам: “абе така тебе господ те учи и те праќа да помагаш, и да ги ограбуваш луѓето? па нели тие што навистина помагаат немаат тарифа туку колку што ќе оставиш толку“... таа ко почна да ми се расправа и јас и реков ако беше таа стварно ги имаше тие вештини тогаш нема само што подобро ќе се носеше, туку и ќе беше слаба, а не дебела ко слон, па мене нашла да ми вика дебела и ќе сум се направела 320 кила и дека ако така сум правела името ќе ми го колнела, господ ќе ме колнел, ќе сум се здебелела и ќе сум била несреќна... и на крај и викам, таа е од ѓаволот пратена, а не од господ... ако било преку господ, немало да има тарифи, оти за господ нема цена и господ не одобрува лажење и крадење, а тоа таа го прави... па ми вика тогаш за гледањето да сум и дала, а јас само и викам чао па и бакнеж со раката и пратив, таа си вика, а јас си продолжив по патот
Јас сум неверниот Тома поготово за магии гатаци и останати слицни типови ама..... Пред 15 години тетката на мојт сопруг била кај еден гледац или гатац незнам како да го нарецам да и гледа за неа ама кога влегла ја прашал имаш ли машко дете сега брзо озенето.Таа му одговирила дека има а тој и казал да оди во црква димитрија и да отвори книга за слава да слави и тоа под хитно.Кога теткаму на сопругот ни каза нормално ние неверници не отидовме во црква и не славевме ниедна слава.По неполна година мојот сопру презивеа тешка сообракајка,едвај зив остана.Два месеца беше во болница со тешки повреди.Откако се среди малце отидовме во црква свети димитрија и тоа на празникор свети врац така требало за да отвори книга за слава да славиме.Кога попот му ја даде книгата во раце една голема како сликовница книга мојот сопруг ја отвори и тоа баш денот на сообракајката (голема богородица).Од тогаш па наваму со години ја славиме оваа слава многу повеке отколку роденден на некој од нас.
Очигледно времето во кое живееме си го направи своето. Немаштијата, невработеноста, се повеќе разводи и се повеќе сингл млади момци и девојки ги наведоа повеќето луѓе од нашата земја, своите пари и време наместо да ги вложат во посета на доктори или консултации со психијатар, утеха да си побараат кај многубројните гатачи и бајачи низ Македонија. Додека одењето кај психијатар или психолог сеуште за жал се смета за ненормална работа, одењето кај „видовити“ лица е најнормална појава кај македонскиот народ. Кај сите видовити лица се чека со часови, денови, а за закажување кај некои се чека и со месеци. Сите се со различна тарифа, па некои луѓе занесени од очајот во кој се наоѓаат и последните пари ги даваат за спас од безизлезната ситуација со која се судираат, токму на овие гатачи и бајачи кои виреат како кокичиња во февруари низ нашата татковина. Економската криза и невработеноста, а често и разочарувањата во љубовта, ги тераат Македонците да помислат дека нивната моментална ситуација се должи на некоја направена магија од љубоморна роднина, сосетка или колешка, а никако проблемите не ги препишуваат на ситуацијата која со години владее во земјава. Еден куп оџи, бајачи, гатачи и надрилекари наплаќаат големи суми на пари за да им помогнат на напатените луѓе кои решиле да им се обратат за помош. Неретко во весниците можеме да прочитаме за тоа колку луѓе биле измаени од лажни гатачи кои им земале и над 500 евра само за да им „го решат проблемот“. Но, освен оние „лажни“ гатачи кои на сето тоа гледаат само како на бизнис, постојат и онакви кои со години важат за „спасители“ на македонскиот народ. Кај познатиот гледач Дуле од Велес, се закажува само секој 30-ти во месецот, а за да го добиеш на телефон треба да си многу упорен. Во еден ден кај него може да има и по 50 луѓе кои трпеливо си го чекаат редот за да слушнат кој каква магија им има направено или пак како да го избават својот близок од тешка болест. Човекот не работи со тарифа, колку ќе му оставиш толку. А веднаш од кога ќе заврши гатачката сеанса кај Дуле, луѓето излегуваат потресени и се обидуваат да се потсетат која е колешката која им направила магија и поради која биле избркани од работното место. Покрај Дуле, позната е и Вики од Чаир која на своите „пациенти“ им препорачува неколку месечни сеанси со света вода и пиење специјално направена течност со темјан и уште некој додаток. Баба Зоре од Лисиче гледа на превртена шоља од кафе, а нејзината тарифа е 300 денари ( со ваше кафе, завиткано во салфетка кое треба да ви биде под перница кога ќе преспиете ноќта пред да одите кај неа). Позната е и Сребра од Драчево, а меѓу најмладите веќе со години најпозната е кафе гледачката Маре кај Малага. По весниците често ја среќаваме и баџиката Дидара од Драчево, а неретки се и баби и дедовци од македонските села како Кравари, Вратница, Младо Нагоричане кои помагаат на неродилки и болни луѓе. Во Козле познат е гледачот Илија кој гледа на икони, а кај средното училиште “Орце Николов“ се наоѓа „канцеларијата“ на видовитата Марина која е сопруга на поп. Македонците кои сакаат да тргнат или да направат некоја магија, најчесто посетуваат оџи, чија што моќна магија се нарекува сахир. Секако најзабавни меѓу народот се тарот гледачката Сабина, Саше Фактор Икс, Дракче која гледа на сонови и Иван Исцелителот кои се актуелни по македонските телевизии, а Клеопатра е најскапата гледачка која за сеанса наплаќа и по 100 евра. Но, не и ни чудно што народот својот спас го бара кај гатачи. И во моето маало сум сведок на луѓе кои очигледно си немаат попаметна работа, па на роднините и соседите постојано им подметнуваат некои „магии“ ( обично некој вид на цвеќе, прсканици со крв, горени пари или лушпи од портокали и што уште не). Магиските обреди се поприсутни од кога и да е. Скоро и да не познавам човек кој дома или во дворот не пронашол некој свој предмет обвиткан со чудни работи (пример, ножеви, конци, јајца под кревет и што уште не). Дефинитивно времето во кое што живееме ги наведува луѓето да прават злобни работи од типот на „магии“ само за да наштетат на некој на кој му завидуваат. Затоа, драги мои, само со позитивни мисли и не обраќајте внимание доколку најдете некоја ваква „реликвија“ бидејќи очигледно некои личности и немаат попаметни работи. И за крај, малку да се посмееме, еве еден Фејсбук статус од најактуелниот Иван Исцелител: sekoj petok vo 22 casot vo zivo emisija so ivan na baranje na gledacite na grad skopje na najgledanata televizija krt od lokalen karakter ja gledaat nad 1 000 000 (eden milion) luge doagaat duri od drugi gradovi da go gledaat ivaan……koj ne veruva neka gleda pa da se uveri samiot zosto emisijata na ivan ja gledaat site i staro i mlado“. Eve vi gi site gledaci niz mkd, objasneti vo tekstov
Koj e toj Zoki? Od kade e, kako gleda? Pogoduva li? Ovoj telefonski broj obichen li e, ili ima posebna tarifa.?
Во баење против уроци донекаде верувам. Во многу наврати сум се уверила дека навистина има нешто. Во гатање не баш. Не велам дека сето тоа се само измислици но сега како што испадна работава секој втор се прави гатач и поштено си ги краде наивните.
Јас досега не сум била ниту на баење ниту на гатање, бидејќи малце ми било страв, а и не сум имала потреба. Како и да е, сега би сакала да отидам, бидејќи се наоѓам во една ситуација во животов во која ми е потребно такво нешто. Се наоѓам на крстопат. Дали знаете некој Александар од Охрид кој гледал на тарот? На моја многу добра пријателка и колешка од факултет и погоди апсолутно се, но таа не знае негов број ниту адреса бидејќи и кога била кај него случајно се решила да и гледа, не била отидена за неа туку како морална поддршка за нејзина другарка. Таа ми кажуваше мене и на останатите наши другарки дека отишла летото пред да почнеме на факс и дека решила да и гледа човекот онака на зезање, не сфаќала сериозно. Како и да е и кажал некои работи поврзани со нејзината фамилија кои никој не ги знаел и ја предупредил дека ќе раскине со тогашниот нејзин дечко со кој беше во врска 4 години. Дури и предложил да му раскине со време, бидејќи што повеќе одложува тоа поболно ќе биде за неа и дека тоа не е вистинскиот човек за неа, туку некој друг кој ќе го запознае за 6-8 месеци. Таа воопшто не му поверувала, ама знаете што? Се што и кажал човекот се така испадна. Дури сега и самата си се чуди. Затоа сакам да отидам кај него, но никако не можам да најдам број и адреса. Ако знае некој кој е тој и каде се наоѓа во Охрид, пишете ве молам.
Malechkata citam sto si napisala i me nasmea barem ako ne drugo koleskata tvoja i drugarkata nejzina letajki po nebo padnaa kaj toj Aleksandar vo kukjata na gledanje kako otidoa tamu ako ne znae a telefon broj ili adresa kade zivee aj ovaa ako ne znaese drugarka e sigurno znae neka ja prasa neka ti dade ako tolku e sigurna deka pogoduva toj Aleksandar , ima i takvi luge ne velam ne sto znaat , no mnogu se retki , a ostanatite se da dojdat do nekoj denar na bilo koji nacin makar i da povredat luge so vistinska maka , jas imam nekolku zborovi za takvi luge ""GOSPOD DA IM PLATI DA IM NADPLATI""