Мајка ми ми кажа дека била на гатачка Сакала да дознае дали ке нашла друга работа , и гатачката и рекла дека за брзо време нема да се вработи , и после два дена откако беше кај гатачка , мајка ми се вработи на друго работно место Морав ова да го споделам
На една колешка од работа, оној Дуле од Велес и рекол дека ќе има три деца и два брака....на жалост, колешката не се омажи ниту еднаш а и влезе во климакс, така да незнам кога ќе раѓа, не едно, не две, туку три деца.. Луда работа. Полуди се овие што одат кај такви лудаци.
Кај тој Дуле исто идеше познаничка(семејството мое им сме кумови) и неа ја лажеше дека ке има деца , но жената сега има 51 година и сеуште нема деца а во брак е 23 години..... Мислам со давањето надеж уште повеке ги привлекуваат гатачиве и затоа одат (а овие ги дерат до гола кожа) , не сакам на вакви случаеви да правиме сеир , бидејки се болни теми ..
Интересно што од еден ист гатач има задоволни и не задоволни..лично не мислам дека гатач ке ти ја предвиди иднината,за минатото велат дека го знаат затоа што демони им ги кажуваат нашите тајни и минато,но демоните не ја знаат нашата иднина,неа ја знае само бог....мене ми се случи бајачка да ми погоди однесов пријателка кај неа ,а таа ми се обрати дека за два месеца ке има голем проблем со работа..така и излезе...фирмата се затвори ваш по два месеци...но не ми помогна да го надминам тоа....можеби луге што можат да помогнат има ,но сиигурно се реткост,а во мк излегоа милион гледачи...што ке ми е мене да ја знам иднината,доколку не може да ми помогне да ги надминам проблемите...
Priznaj deka ova ti e eden vid na mufte reklama za bajackata. Vaka virtuelno ke gi namamisl slabite dusi da ti pisat pp za kontakt od bajacot Pa taka ke si delite procentche
Нигде на никија бајачка реклама не и направив,баш напротив сеуште не сум нашла бајачка која ке помогни да се реши проблемот,ако читаш што напишав,што фајде да знам што ке се случи можда е и чиста случајност..како што реков ретко кој во мк може да помогне...гледачи колку сакаш,нони еден не помага...а иначе форумов лугето бараат чаре,а оние другите споделуваат искуства кај биле што и како..ако читаш овде ке видиш дека претходно ги имам напишано искуствата од кај еден куп бајачи изамисли кој процент го земам....
Ве молам кога некој ви помогнал па дали е гатач,бајач,исцелител или нешто друго споделете и бројче за да ни помогне и на останатите.Поздрав ви благодарам и секое добро,и ве молам без исмејување.
Девојки, дали имате некоја број од жената од Карамани битолско, чинам Јуле се вика? Ве молам итно ми е да ми дадете ако имате. Јас не знам што ми се случува ништо не ми оди во животов, посебно во љубов. Запознавам дечко и ми врти грб заминува до тогаш ок било.
Девојки тој што гледа и погаѓа тој и прави лошо да знаете и не одете по такви работи. Верба само во Бог и ништо повише.
Одкако се укина војската , 90% од нас жените се соочуваат со овој проблем Така да не ти треба гатач или бајач за ова