Да, мојата иновација е силна личност која не се плаши од магии и не се плаши дека партнерот ќе ја изневери затоа што некој и направил магија, или дека ќе си го остави детето поради магија, или дека утре ќе снема пари поради магија. Поприлично корисна иновација, нели?
Правев муабет со другарка од Мк, татко и правел магии, ми рече цените се движат од 2000 денари па нагоре а потребно е или долен веш или слика од тој на кого сакаш да му далува магијата . Е баш ко ќе дојдам на одмор во Мк здравје Септември месец ќе појдам сама да се уверам барем кај некој од тие гатачи, бајачи , баш ме интересира дали ќе ми погодат.
DAngel Силна личност што некако ја влече баш на оваа тема од форумот..баш чудно јас не ги разгледувам темите кои не ме интересираат
Ограниченоста тоа прави, да го гледаш тоа што те интересира. Мене на пример ме интересира сѐ, а ти си најмалку таа што може да ми каже на која тема да пишувам. Посебно не кога тресеш такви глупости, дека Тесла имал советник вонземјанин.
очигледно не си тоа што се прикажуваш,да те интересираше се ке дојдеше пред мене до тој податок,јас не го измислив го прочитав..и тоа од брошура накоја имаат пишувано научници од НАСА Јас немам што тебе да ти кажувам..колку што гледам на форумов пишуваат луге кои имаат мака бараат контакти и бараат искуства,јас пишав ако си читал претходно искуства.не сум одела од што ми е кеиф...за да помогнам некому да не одат напразно ..зашто сите не се тоа што се прикажуваат ...споделив и туги искуства.не сум тука за да ги исмевам лугето и нивните маки и да ги врегјам...очигледноо имаи такви кои лечат комплекси правејки се неограничени .и сеа мојот мозок е ограничен .. браво за констатацијата...
И да споделиш инфо на темава Некогаш сакам да отидам на гатачка со некој од темава што верува во тие работи , за да им докажам дека сето тоа се лажги со опашки
Justicija ете одете заедно so Herrera и сподели искуства..мислам за тоа беше темава не за препукавање,
Ке одиме Секако дека не е за препукување , сепак секој си има право да си го искаже своето мислење без оглед дали се коси со друго нечие мислење
Тие што прават лошо на другиот и самите им се враќа.Имав една другарка имаше момче и љубов голема беше тоа.Момчево имаше другар и неговата девојка и го пресекла на ќошот од фустанот на нова година славеле кај нив и во гужвата брзински.И другаркава се смени тие не се заедно веќе,но и другарот и девојката којашто го исекла фустанчето не се заедно.Ама тоа сечењето е мало едвај приметно.Потоа таа се мажи за друг и детето им е болно и е со посебни потреби.Секакви луѓе постојат.Господ сите да не чува.Доброто со добро се враќа,а лошото со лошо.Секое добро
Koj.e ovoj.najde li broj od took mite Bil li Nekoj kaj toj mitko baldovci neka mi pise Pisi mi broj od ddrugarkati of koj grad e
Не можам да давам броеви кога и јас лично не сум проверила дали ги бива тие луѓе. Најлесно е некого да ставиш во проблем и да го заебеш, кај мене не важи тоа правило во животот : морам прво јас лично да проверам дали и колку е точно , па потоа со сигурност да те пратам кај таква личност. Во меѓувреме ако сакаш за занимација еве ти страна каде е наведено дека магиите се бесплатни https://www.changeyourlifespells.com/ Пред месец дена си играв на странава и ја испробав passion spell , има еден што не ме приметува ич , па ко за прв пат испробано во рок од 3 дена ме покани дечкото на кафе....Не мора да значи дека магијата фатила, може и почнал да ме приметува и да бил срамежлив да ми пријде. Затоа реков за занимација , ништо сериозно !!!
Не знам зошто мислиш дека се препукуваме на темава, еве конкретно никаде немам спомнато дека не верувам дека постојат магии, бајачи, видовити луѓе.....она што го велам е дека не им верувам на тие луѓе додека сама не се уверам дали знаат нешто , дали би ми погодиле мене нешто. Па и ние кога бевме мали во маало ја правевме добро познатата "магија" - кога си игравме надвор и ако наеднаш почнеше да врне дожд собиравме конци во различни бои и некој од нас ке ги скрие сите конци под некој камен на место каде никој не смее да види , никој од нас и од околината и дождот престануваше да врне за 5 минути. ( ние бевме уверени дека ни успеала магијата , а можеби сето тоа било само облак па секако ќе престане да врне) Сега после 30 години немам доверба во никој бидејки луѓето се станати себични, секој си мисли само на себе да му биде добро, секој за себе гледа да заработи повеќе од другиот, некако мизерни се луѓево така да на секаков начин гледаат да наштетат на други. А да не сум офф топик на темава, ден денес кога ме боли глава пишувам на фејсбук на другарка ми Александра да ми пребае од уроци и за чудо одма ми поминува главата, без да пијам апчиња. Ете можеби таа цврста пријателска врска и доверба што ја имам со неа помага нејзиното баење ефикасно да ми помогне. Штом појдам лично да се уверам во тие видовити луѓе обавезно ќе пишам искуство дали го бива. Сакам да кажам, немој да мислиш дека ти одам контра и дека не ти верувам на твоето искуство. Биди ми поздравена
Не мислев на тебе за препукувањето, ами на моето препукување со ДАнгел,зашто јас ја сватив темава луѓе бараат броеви и искуства,а одма се наоѓа некој кој почнува со навреди кон оние кои бараат помош ...сме биле ограничени у мозок. во овој век у што веруваме...затоа ми беше констатацијата ..;;.да иде со тебе и да сподели искуства ..бидејки од претходно кажаното и Јустиција као не верува во магии....Биди поздравена Herrera и пиши искуства.. П.С. кога врнеше град баба ми секогаш на најмалото дете му даваше да касне зрнце кристалче од градот за да прекине...и прекинуваше....
Престанувало, затоа што врнење град никогаш не трае повеќе од 5-10 минути. Да мислиш дека градот прекинувал затоа што си јадела салата од град е само знак на неукост, на ништо друго. Ако веќе спомнуваш некого, фер е да го означиш. Среќа што магијата ми кажа дека ме оговараш, па дојдов да проверам.
Дали некој знае што е ова или видел нешто вакво слично. Пишувано е од двете страни и беше завиткано како триаголник ставено во целофан и залепено. Незнам што би можело да биде ова пишуваното.
. Обично оџи пишуваат такви "магиски писма" за добробит во некои маки, како молитвеник...А каде го најде!?