PISI MI VO PORAKA OVAA ZENA SO KE TI JA KAZAM MNOGU POMAGA I TREBA DA OTIDES TAMU NE PO TELEFON INAKU ODAT MNOGU LUJGE OD CELA MAKEDONIJA I OD STRANSTVO ZENAVA NE E BAJACKA TKU E SVETICA
Здраво и од мене Исто така сакам да ве замолам да ми испратите број од некоја бајачка што е на добар глас. Би било супер да е од Скопје или околината, но не мора. Сум чула за некоја жена од с.Петровец, на форумов само е спомната, да не знае некој број нејзин, дали се закажува и сл.? Ве молам доколку имате некаква информација пишете ми, потребна ми е помош. Гледам дека поинаку не оди па решив да пробам и на овој начин. Благодарам.
Ако може и мене број да ми испратете од некоја што го прави тој преку телефон бидејќи имам и јас голем проблем,можеби вака ке ми помогне,инаку бев на гатачка и неможев да поверувам какви работи ми кажа...
како можите да се занимавате со такви глупости и како можите да вервате во такви луѓе кои работат за пари и како можи една бајачка или гледачка да ја нареквате светица.....не ги барајте бајачките да ви ги решаваат проблемите туку помогнете си сами вие ..........никој нисто неможи да ви направи ако вервате во бог и само бог а тие со се претставуваат дека работат со светците и дека светците му казваат со да ви кажат вам е лага .....пред да одите по такви глупости одете во црква распрашајте се за таквите луѓе .....поз до сите и извинете ако не го делите моето мислење ама се што е напишано е од искуство кое јас го имам поминато и од тогаш одење по такви работи амин.....позззз
дали има некој број од вики од чаир и дали има некој одено и дали познава нешто и дали помога?? ако мозе одговор и несто повеке за неа позз и дали има тарифа и на сто гледаа???
Здраво, да ви кажам само дека пред некој ден бевме кај онаа баџиката дидара и најискрено таа жена не е нормална. Уште кога седнавме ги извади илјадарките на маса за да видиме колку треба да и оставиме. Зборуваше што зборуваше , 2 работи погоди , 6 не и на крај почна нешто да пишува на ливче , што треба да земе за да направи да имаме среќа дома . кога го зедовме ливчето имаше што да видиме . Бараше 500 ЕВРА за да ги порачала тие работи ??????? Ние се ѕверосавме си го фативме патот и никогаш веќе нема да се појавиме кај неа. Немојте да одите да си ги давате парите , таа е тежок криминалец. Сакав и да прашам нешто . Дали некој има идено кај Драгче? Онаа од патот кон светлината? И ако имате , што кажува? И има ли некој број да ми даде??? Позз
ФЕМИНКИ, ВЕ МОЛАМ ЗА ПОМОШ!!!! Дали некој може да ми даде контакт од Дуле од Велес или Оливера од Дедебалци или било кој друг гатач кој може да „гледа“ и да растура магии? ИТНО МИ Е МНОГУ!!!! БЛАГОДАРАМ!!!
Дали некоја од вас феминки знае каде се наоѓа жената што гледаше на карти од К.Вода, порано живееше до Шампионче, но се пресели, мислам дека Нада се викаше? Имам отидено поодамна кај неа и навистина ми погоди многу, па би сакала да отидам пак.
moze li nekoj da mi kaze bilo kakva informacija za Olivera od Dedebalci ,znam deka nema telefon,no kako ke ja nades vo 2 saat navecer bez adresa broj na kuka i slicno?????
Па, не верувам. Ме носеа на баење како помала дека мокрев во кревет до 4г. кога спиев (ме носеа и по доктори и се`, ама јас за инает мокрев, гаволче ), не памтам мн. ама памтам дека во 5 сабајле требаше да ме будат и коцки шеќер да јадам, ама јас ги чував во уста и си заспивав и долижував кога ќе се разбудев. Инаку прабаба ми баела, па и` ги кажала зборовите на мајка ми пред да умре, ама мајка ми не ми ги кажа мене, а си умре... и така...
Потполно истото ми се случува. Немам ни трошка среќа во љубовта, а се правам за тој што го сакам и на крај без причина ми нанесува болка, значи сум повредена без причина. Инаку во понеделник планирам да одам на гатачка, лугето мн. ја фалаат, се надевам дека ќе ми помогне. Навистина неможам да издржам веќе, од нервози стигнав и до болници..