Незнам ми кажаа за некој Перо што гледал на бунар, сега дали е од Визбегово или Зелениково незнам ако знае некој нека ми каже подетално.
Мислам дека на тај што се плаши од магии и уроци на тај му се баш тоа дешава, јас мислам дека ништо нема во магиите само бабини деветини верував порано дека нешто демони ама сватив дека тоа го прават само несрекнички кои сакаат да биде некој друг несрекен како нив. Ако не и дадеш моќ на магијата неможе ништо да ти направе на секој може да му се направе магија, ако магиите влијаат сигурно на милионерите и на среќните луѓе од љубомора ке и било се растурено..
Немој да го ставаш тоа на душа никако мене една пред 2 години ми рече ке сум се селела за 2 3 месеци и уште сум си дома хихи ке сум нашла плав а нема врска дечкото ми е смеѓ. Немојте да верувате во вакви будалештини во 21 век.
Многу е лесно да „фрлите магија“ некому. Еве го рецептот: 1. Најдете суеверна личност што верува и има страв од вакви работи. 2. Кажете и дека сте и направиле магија од која нема да може мирно да спие. За подраматичен ефект, можете да извадете некое црно ќесенце во кое претходно сте ставиле на пример сол и тоа да и го фрлите да ја допре личноста. 3. Личноста ќе верува дека „магијата“ паднала врз неа и ќе се разгневи многу. Бегајте пред да ве тресне со нешто 4. Вечерта личноста ќе се плаши и грижи дали магијата ќе делува. 5. Како последица од стравот и грижата, таа нема да може мирно да заспие. 6. Немирниот сон уште толку ќе ја убеди дека „магијата“ навистина „делувала“ и поради таа убеденост следната ноќ уште повеќе нема да може да спие мирно. 7. Следниот ден ќе раскажува и убедува и други дека и било фрлено магија и затоа не спиела добро. Наровучение: Образувајте се за да не паѓате на вакви средновековни психолошки финти.
Да, на мене ако ми каже и некој што не е бајач да ми каже изгледаш ми утепано, и бледо ја со самата помисла ке паднам у несвест ке ми се слоше така да бајачите сакаат да ги играат многу со плашливите и суеверни луѓе и да ги музат од пари. Ако се чуствувате лошо незнам отидите на психолог, доктор, на Острог пример некој други манастири барем нема да ви направи ништо лошо,
Дали кај овај од Зелениково може да се отиде и вака сред недела дали ќе не прими или треба само недела?
Pa taka jas sum primetila ,so I da napravat oni se vo pravo,I zatoa se sto pravi toa e momentalno posle pak isto .
Ова ме потсети на една емисија на Дискавери, Бизарни светски случки опишуваа. Така, во едно африканско село еден човек се испокара жолчно со селскиот врач, и врачов извади една црна прашкаста материја, ја фрли накај селанецот и го проколна да умре во некој даден рок. Човеков, утепан се враќа дома, и ја кажува на жена му случуванката со врачот, и легнува во кревет. Ни јаде ни пие, нема воља за ништо, и така со денови. Чека да умре сиромашкиот.Жена му е очајна, и го носи во болница во најблискиот град, со надеж дека ќе му најдат некое чаре. Докторов што го прима, му ги прави сите испитувања и прегледи, ама не наоѓа никаква физичка причина зошто човеков е во таква лоша состојба. По неколку дена минати во болница, жената на "пациентот" му ја кажува на докторот случката со врачот. И таа е убедена дека клетвата е причина за невидливата болест. Тогаш на докторот му светнува дека клинот со клин се вади. И така, утрото му влета на легнатиов болен, и целиот задишан му раскажува дека само што се вратил од кај врачот-пакосник, и успеал да му го украде противотровот за исколнати комај - умрени луѓе, и гордо му подава некоја течност во шишенце која само треба да се испие за да се симне клетвата. Пациентот пресреќен ја пие течноста, која всушност е средство за предизвикување повраќање. По некоја минута почнува да блуе во едно легенче, а докторов го држи легенчево и во него неприметно фрла едно мало гадно црно жапче, кое му беше во џебот на пантолоните. Радоста на проколнатиот немаше крај кога ја виде жабата (клетвата) надвор од себе, и така оздравен и пресреќен, заедно со жена му си го фатија патот за дома. А на докторов секоја му чест, испадна врач над врачевите.
Јас бев кај Славе од Аеродром и уште сум под шок, човекот е безобразен , не' избрка и мене и другарка ми , а воедно го чекавме и 30 минути за да се јави, почна да ни збори за комшиите што воопшто и не постојат такви имиња само лупаше без врска работи и на крај се изнервира што ниедно име не ни погоди и ни рече ајде станувајте идете си и ние од страф со другаркава да не нема за две секунди , а тоа во зградата ни светло имаше ни лифт работеше, ќе се испотепавме и + недај боже да беше манијак и да не брка по такви услови, кога се јавивме он мислеше дека ни спуштил и збореше таму на некоја НА ШТО ЌЕ ИМ ГЛЕДАМ!!! И се дереше..плус на масата имаше оставено една по 500 и другите сите по 100, плус не ни ни закажа рече дојдете кога сакате , мислам дека тоа НА ШТО ЌЕ ИМ ГЛЕДАМ кажува многу за него.