Вакви гатачи, бајачи, надрилекари се дури полоши од фармацевтски компании. Те убедуваат дека имаш нешто што го немаш. Те плашат со секакви мрачни предвидувања, те лажат дека нешто ќе ти се случи ако навечер не изедеш око од лилјак Некои лечат со пареи од тешки метали или ви велат да пиете раствори од отровни соединенија што може да има и фатален исход. За сериозна хронична болест те убедуваат да престанеш да ги пиеш лековите и да се лечиш со (пример) сода, лимон, оцет...Баш прееска читам еден пост дека на дијабетичарите од тип 1 уствари не им требало инсулин него со сода и лимон ќе се опоравеле за една недела. Да не збориме па колку се алчни за пари а баш наивни одат кај нив. Сфаќам дека мака на сѐ ќе те натера ама луѓе бе, стварно не бидете толку наивни.
Не може психијатар да измислува дијагноза може пациент да не сака да ја прифати некако второво поверодостојно ми е. А не пиша Драган што ти кажа?
Докторот увеличува. Ако што е доктор, тој е за на доктор. Врска нема Драги од Автокоманда, и други се жалеа, кого како ќе го закачи. Мене 300 ми зеде, пак добро поминав, момчето со ник Zaluben vo svet 1000 ден му зел. на Acezmija, исто така.
Побарај второ мислење од друг психијатар, барем денес имаш избор. А и за гатачи ако си тргнала по овој пат побарај и друго мислење од друг преварант. Ама да знаеш само ќе остануваш со празен џеб. Тоа сите ти објаснуваме да баталиш вакви работи нема фајде од ова. Тие наоѓаат полековерни особи и ги шурат, ете си пишала тебе 300, друг 1000ка и така оди тоа.
Ми е гајле за парите, не вредат повеќе од мене. Јас ги изгубив очите, па ќе жалам за трепките. Немам потреба од Психијатар, како процени дека сум за таму? Не е во ред со навреди.
Многу конфузна си да знеш Никој не те навредува, претеруваш со клевети и обвинувања и глумење жртва. Инаку ти сама си ја навредуваш интелигенцијата и академската титула штом се поведуваш по гатачи/баачи но ако и ги имаш тие нешта, еве во мисла ме ставаш и буквално ништо веќе не те разбирам
Професијата-титулите со личниот живот, немаат никаква врска. И да, амбициозноста и среќата не одат заедно рака под рака. Мислиш ако се Обвинители дека се среќни? Не се ни труди да ме разбереш. Темата е за гатање, баење, насоки, напатствија, сугестии, апсолутно не ми се потребни. Инаку, да, ти благодарам на советите.
Не знам кажи ми ти нели таму работиш во Институцијата? Ако примениш нешто од советите на сите тука што сме ти пишале прво ќе си бидеш преблагодарана на себеси а после на мене, остај ме мене таму подалеку од баачите на последно место
Како на среќа? Гатачките се поврзани со ѓаволот/ѓаволски работи, тој знае историја за секој човек, кој му е брат, сват, тетка, значи МИНАТОТО на човекот го кажуваат без проблем, зашто иначе гатачките не знаат иднина? Да знаат што не погодат бројки на лото факт е дека без проблем гатачка ќе ти каже што си доживеал пошто се занимаваат со такви работи и не, не е најлошата работа човек да се разболи, најлошата раб е кога ќе те опседнат ѓаволи, кога ќе полудиш, а тие што идат кај гатачки не се далеку од тоа. Ѓаволот точно знае за која личност треба да збори, луѓе страшно е, со еден дечко од една страна почнав да се допишувам и ко на шала кај некоја гатачка само со слика се ми кажа за него, кога прв пат се видовме спомнав гатачката што ми кажа дека нема мајка, зачудено ме праша, од каде знаеш ти дека јас немам мајка?! Ми се испушти дека животот без мајка е тежок...дечково после тоа не ми се ни јави кој знае што помисли за мене замислете некој прв пат го гледате а знаете се за него...
Колку сте испрани мозоци искрено и арно Ви прават вака, гледал на грав, гледал на икони, гледал во небо, сфаќате дека со тоа ве залажуваат? демек гледале, од колку да залажат народ, не бидете прости во 21 век аман -.- богаташи станаа од таквите како Вас.
Ау... ова е кривично дело. Треба да се пријави. Не дај Боже да му се случи нешто на пациент, кој го користи 'леков'... и за убиство може да одговара.
Објасни, зошто верваш во гатачки?! Ние, се оградувме од нив, и те молам немој да не мешате со нив. Како би сакала некој да вели дека ти и твоето верување се дел од врачеви? У Ж А С.
Не ми одговори на прашањето. Објасни, како гатачката знае точно историја за секој човек кој е што е итн
Јас, не вервам во гатачки. Така да ти објасни ми на начин и на кој нема да го црниш Нечестивиот. Срам се за сите, не ни подавај нас се шо не ти се бендисва.
Кој рече дека јас верувам? Јас само кажав со што се тие поврзани, а со човек како тебе што не знае теологија нема да продолжам да дискутирам.