Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Гатање, баење

Дискусија во '„Другата“ наука' започната од kiki-riki, 21 ноември 2009.

  1. Westlife

    Westlife Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2011
    Пораки:
    642
    Допаѓања:
    617
    Број немам.Живее кај уредот,таму има бензинска макпетрол.Пред бензинската вртиш десно,има право улица и лево(кривина) по нејзе ке фатиш,одиш право,ке излезиш на улица да одиш лево или десно,ти ке фатиш лево.Во една црвена порта после три куки некако ке дојди,малечок двор,3-4скалички има и сива врата.
    Се надевам ти помогнав некако! :)
     
  2. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.277
    Знаете што? Јас долго размислував и дојдов до заклучок дека не верувам во вакви
    сра*а
    со извинување на израз...Ама, ајде малку логички.
    Да постоеше бар еден добар гатач, бајач или што и да е, зарем не мислите дека ќе ни помогнеше, и сите ќе знаевме за него, и сите таму ќе чекавме редици, наместо очајно да се распрашуваме по форуми и да се препуштаме на сечија милост и немилост во врска со овој проблем.
    Не зборувам конкретно за нивното гатање, туку за нивните сеанси и колку ние луѓето сме лековерни и слепо веруваме во тие гранчиња од самовилско дрво, фрлање на предмети во реки, купување и трошење на пари се и сешто непотребно.
    Мислам, зошто? :|
    Очигледно е дека чим една гатачка може да помогне на еден, а на тројца не, не е добар канализатор на енергија.
    Па затоа следниот пат, пред да одите на гатачка и слепо да поверувате во нејзините способности. (Дури и гатањето да е точно) мој совет би ви бил да си ѓи преземете конците во свои раце на секој можен начин и да раководите со својот живот на свој начин.
    Верувајте ми дека ќе се чувствувате подобро, кога нема никому да се молите и кога ќе очекувате да тргнат работите на подобро, а тоа директно ќе зависи од вас. ;)

    Втора работа, неодамна налетав на уште еден податок од другар кој е малку забеган по овие работи, значи типот ѓи знае сите симболи кои ја претставуваат магијата, нивните својства, значење итн.
    Значи бајаги има познавање од оваа област, лично се имам уверено за некои работи, со свои очи.
    И дали е суеверие или не е, јас не знам, неможам да тврдам но, во секој случај ќе ви пренесам што чув од него...
    Луѓето кои ѓи носат своите блиски на гатачи и бајачи и им даваат ,,свети'' води, или им прават било какви ритуали директно примаат негативна енергија. Што значи дека и да помогне да се исцелат, или избават од проблемот, тие духовно и психички ќе бидат дупло повеќе опаднати за разлика од оние кои еве на пример ,,по природен пат'' се бореле со рак и после неколку годишна заложба некако успеале да ѓи пребродат или миниманизраат проблемите од ваков тип.
    Така да внимавајте, размислувајте, дејствувајте на време. Немојте да мислите дека сите тие се нешто повеќе од вас. И вие го можете истото!
    И вие имате биоенергија, развијте ја по природен пат, немојте да се доведувате во ситуација да верувате дека нивните напивки, амајлии или слично ќе ве заштитат од судбинскиот пат кој ви го скроил животот, бидејки верувајте ми дека тоа нема да се случи.

    Поздрав до сите вас. И постот не го напишав за да ве разочарам или слично, туку чисто онака, за да бидете што е можно повеќе информирани околу сето ова и да не се чудите потоа зошто кармата ве стигнала дури после неколку години, па ви се раѓаат болни деца, родителите тешко ви се разболуваат и слично.
    Сепак не велам не, ова може да е и судбински преодредено меѓутоа немора да значи. Но, сепак ако веќе зависи од вас немојте да си ставате уште еден терет и да бидете виновни во очите на судбината, па промената на околностите кои ќе се придвижат по негативна линија да бидат обусловени од вашето дејствување.
    Од мене сега засега на темава толку, останете ми поздравени, и да ве гледам поретко да пишувате на темава, (освен ако не е само за гледање), бидејки тоа ,,помалку се казнува'' барем така ми кажа пријателот. |(
    Што не ми е баш јасно, и немојте веднаш да го земате здраво за готово, но совет плус - колку што може ибегнувајте ѓи овие формалности или како да ѓи наречам не знам.
    Ќе се обидам и јас после сето ова што го чув...
     
    На tessie и TortaGreshena им се допаѓа ова.
  3. TortaGreshena

    TortaGreshena Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 март 2012
    Пораки:
    37
    Допаѓања:
    17
    Samo toj sto ne osetil na svoja koza sto e maka ili magija da ja narecam moze da veli sve i oprosteno e , tie sto ja istrgale makata druga pesna peat ,od staro vreme se reklo deka magijata gorata ja vrti i da znaes deka e taka, ima mnogu zlobni luge na ovaj svet, zatoa barame nacin i spas , nie lugeto ne sme site isti i nemame isti sposobnosti ne mozeme da otstranuvame magii ,toa se retki luge koi mozat,da ti napravat loso gi ima vo golem broj ama za da ti otpravat tezok slucaj,koj ne go pocustvuval toa neznae badijala sto ke mu opisuvam....
     
    На Meglenameglena, alexsandraa, Lile_05 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. TortaGreshena

    TortaGreshena Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 март 2012
    Пораки:
    37
    Допаѓања:
    17
    Ti blagodram
     
  5. TortaGreshena

    TortaGreshena Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 март 2012
    Пораки:
    37
    Допаѓања:
    17
    Ti blagodaram
     
  6. samovilamila

    samovilamila Активен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2013
    Пораки:
    87
    Допаѓања:
    19
    врска нема преварант демек лецел бев кај него но не го бива нисто не знае.сите имаме биоенергија така да и ти и ја би биле како него.не се лази
     
  7. samovilamila

    samovilamila Активен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2013
    Пораки:
    87
    Допаѓања:
    19
    секој има право на свое мислење.но науцно е доказано дека постојат магии усте во предходниот век.црна,бела,влашка магија,вуду магија ....
    секој кој има проблем бара лек .провери на гоогле негативни ефекти од црна магија и ке видиш што ке пишува мозе мн тески болести..да се добијат од магии.
    мозе има преваранти но има и такви кои мн знаат и да гледаат како баба ванга,ацо од охрид,атиге од виница,од буково бабата,од старо нагорицане дедото....и кај нив има големи редици за прием.
    мене лицно ми гледале и тоа ништо не сум казала за каков проблем идам исто како да биле со мене и куката каде зивеам и комшии по име ...
    не те убедувам но добро е што постојат вакви форуми секој да си ја исказе маката оти јас знаеш онаа врзи прст барај лек
     
  8. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.639
    Допаѓања:
    22.089
    Пол:
    Женски
    Никој не го спори тоа дека има магии, мислам и најголем скептик да го донесеш да живее у Македонијава ќе поверува, затоа што одма ќе најде врзани кончиња/скршени лончиња и тд. Да не праиме муабет за психичкото расположение што го предизвикуваат и енергијата која ти ја даваат и за видливите ефекти од истите.

    Е сега, блазе им на оние кои имаат јака психа и се отпорни на такви лоши влијанија.
    Не дај Боже патот да те натера на такви места.
    Можеби помагаат но...

    Еднаш присуствував на такво баење за едно дете. Значи имаше некој здравствен проблем.
    Жената навистина му помогна, признавам (не се сеќавам која била и каде се наоѓаше местото, ептен одамна беше). Но никогаш нема да го заборавам чувството што го добив кога влегов во таа куќа. Многу беше страшно и морничаво. Остана со мене тоа чувство подолго време. Многу мои познаници, а и на форумов како што гледам, имале слично психолошко искуство кога оделе на такви места.

    Значи нешто не е како што треба. Значи дека не е потполно безопасно и позитивно.
    За добронамерноста на овие луѓе доволно говори и фактот што земаат пари, па дури и кога земаат „колку оставиш-толку.“ Зошто воопшто да го нагласуваат тоа? Или пак екстремни примери кога те бркале кога не си имал доволно за „тарифата“. Да не зборам за случаи кои зад грб те колнеле затоа што си оставил 50д а не 100. Тоа веќе е претеризам и јасно укажува кај кого одиш да бараш помош. Зарем Исус Христос исцелувал за пари? Зарем им викал „оставете колку имате“? Не, нешто што е од Бога, не може да дојде преку уцени, со нив работи еден друг, кој постојано не` искушува. Не сакам споредби од типот на „ама и лекарите земаат плата“. Тоа се официјални приходи и од нив, тие плаќаат данок на државата.

    Не барајте прибежиште од загреана тава во отворен оган. За тие кои се по верата, нека бараат помош во молитвата, можеби подолго време ќе треба, но лекот е долгорочен и психички исполнува. И за останатите, кои не сакаат да се приклонат кон верата има спас, а има и одлична превентива: психолошки тренинг. Moќта на потсвеста е посочена и мора да ја пофалам како одличен избор во тој процес на психолошка самопомош.
     
    На vinozito1, sweet-star, Annath и 2 други им се допаѓа ова.
  9. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.277

    Tessie потполно се согласувам со тебе со сешто напиша.
    Особено за тоа дека кога влегуваш кај нив чувствуваш страв, трепет, се препотуваш. Тоа не се позитивни чувства без оглед на исходот после напуштањето на просторијата и работите кои ќе ги чуеш.
    Секоја чест за постов, се е вистина.

    Само преостанува уште да сфатиме и да престанеме на погрешни места да го бараме спасот од денешницава.
     
    На sweet-star, Serafima и tessie им се допаѓа ова.
  10. Akiii

    Akiii Активен член

    Се зачлени на:
    23 октомври 2012
    Пораки:
    26
    Допаѓања:
    14
    Никој не го спори тоа дека има магии, мислам и најголем скептик да го донесеш да живее у Македонијава ќе поверува, затоа што одма ќе најде врзани кончиња/скршени лончиња и тд. Да не праиме муабет за психичкото расположение што го предизвикуваат и енергијата која ти ја даваат и за видливите ефекти од истите.

    Јас се потполно сложувам со тебе но доколку постојат магии и се прават на луѓето, јас би барал спас од господ,исто така и правда да тој помогне.Помага тоа но секогаш оди споро али помошта е најслатка од него отколку од бајачи.Главна улога исто така игра и психата на човекот ако си ја среди може сам многу да си помогне, тоа ти е кога одиш на бајач и тој ти каже ќе биде подобро ќе се оправиш дрн мрн и ти си добиеш воља охрабрување а дали ќе биде подобро или не времето ќе покаже,важно очекуваш така кажал бајачот :lol: епа наместо од него можете сами да се охрабрите и да си помогнете се е во главата,казна за тие што прават такви лоши работи и правдина за добрите луѓе :clap:
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  11. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.639
    Допаѓања:
    22.089
    Пол:
    Женски
    Ако ми го прочиташ мислењето до крај, ќе видиш дека потполно истата работа ја препорачувам и јас. :)
     
  12. kleopatra11

    kleopatra11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    107
    Допаѓања:
    34
    Пол:
    Женски
    Девојки,знаете ли за некоја бајачка во Скопје што бае од страв,има ли некој што бил кај некоја за страв да сподели искуство?
     
  13. Antebellum

    Antebellum Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2012
    Пораки:
    2.667
    Допаѓања:
    8.259
    Пол:
    Женски
    Дали некој бил кај Каролина во Ѓорче и ако може број или адреса?
     
    На Zenski Svet му/ѝ се допаѓа ова.
  14. candygirl

    candygirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2010
    Пораки:
    242
    Допаѓања:
    99
    некоја гатачка од гостивар освен садет или некој број по телефон кај што гледа?
     
  15. tweety26

    tweety26 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2010
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    2.279
    Пол:
    Женски
    Дали некој го има бројот на Вики од Чаир да ми го каже ми треба.
    И на Драги од Автокоманда ако некој знае.
    Фала ви. :)
     
  16. Angel4eeee

    Angel4eeee Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2013
    Пораки:
    529
    Допаѓања:
    336
    Пол:
    Женски
    Дали некој го знае бројот од Бор4е од Младо Нагори4ане ?? Ја само знам дека се наоѓа кај црквата св. Петка имам еден број ама не е тој ај ако знае некој нека го пише бројот тука.

    Ви благодарам однапред :$
     
    На Acka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. TortaGreshena

    TortaGreshena Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 март 2012
    Пораки:
    37
    Допаѓања:
    17
    Rabotava e poturni me da kinisam :)
     
  18. Jecichka

    Jecichka Активен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2012
    Пораки:
    112
    Допаѓања:
    22
    И двајцата лажат сушат
     
    На butterflysk му/ѝ се допаѓа ова.
  19. SunnyGirl2

    SunnyGirl2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 ноември 2012
    Пораки:
    5.528
    Допаѓања:
    5.887
    Да не знаете кој е тој/таа личност од Велес требало да и се јавиш и да кажеш име и презиме... и погодувала ....нз ни како се вика ни пол..да не имате слушнато случајно?

    и во Штип да не имате број од некоја млада жена Фроса/Фросина накај сењек живеела на тарот гледала и колку пари и оставиш толку?

    И некој во Штип да гледа на тарот да не знаете ? ;)

    Имав другарка оди во Струмица кај некој циган го викале педер и се што и кажа се и се испуни ама баш се после пола год од гледањето на тарот се се исполни...исто било и со таа ос Штип Фроса.Фросина

    поз....
     
  20. meri11

    meri11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    128
    Допаѓања:
    53
    Пол:
    Женски
    Дали некој бил кај Марина, кај електро факултет, дали погодува, посебно за иднина???