Oк, не знаев. Знам дека имаше исто еден гатач, бајач, како и да год се самонарекуваше, со истото име и живееше во Велес, но често доаѓаше во Скопје. Имено, пред неколку години и правев друштво на другарка кај еден од овие преваранти. Да бидам појасна, не верувам во ништо што неможам да го видам, слушнам и опипам, т.е се додека е нешто вон моите сетила за мене е грст прав, ништо. Да се навратам, ликот и баеше за да се смири со бившиот и демек требало неколку сеанси да поминат за да делува магијата, мислам смешно е, ама ајде. Ја наседна да дојде сама кај него и почнал да ја масира демек кај срцето, за да бившиот го осети нејзиното срце и нејзината љубов. Всушност, тој ја испофаќал за гради (стар прч да напоменам) и тоа траело и траело. Згора на се, не ни беше свесна,па уште и му платила, се додека јас не и укажав дека типот само си се задоволувал. Муабетот ми е, ни гатачи, ни бајачи. Постојат општи доктори, постојат психијатри. Сите имаме баксуз денови, и што треба да идеме по бајачки. Туку вербата ваша е магична, мислите дека ќе ви помогнат а реалноста е дека вие сте си помогнале самите на себе. Мене да земеше тој по гради да ме пипа, ќе му ја скршев и другата нога, па нека си бае сам на себе да не куца. Особено ми страв и жал, што тука има деца, малолетни, кои веруваат на вакви работи и се премногу наивни. Guess what?!?! Самите може да си ,,баете" на самите себе, со труд, верба во себе и храброст, можете и Монт Еверест да го освоите. Уште подобро, искористете ги парите што ги фрлате некаде на одмор, прошетка, ќе заборавите на сите проблеми. Така да, мој совет, очи ширум отворени и не бидете наивни. Еве јас не сум одела по бајачи, па секоја желба сум си си ја остварила.
И сега ќе ти пише некој, ха ха ха ѓаволски раб не постојат, ама тоа е кога не се знае теологија, не се криви гатачиве , криви се луѓево што идат по такви работи, па само видете во кои маки умирала Ванѓа поради пророчанство и се е јасно...
Ако верувате во Бог тогаш знаете дека тој вели "Јас сум твој единствен Бог". Со тоа во превод е, се што ви се дешава лошо ило добро е производ на Божја желба. Ако веќе верувате во бајачки, гатачки, ѓаволи, Ванѓи, Нострадамуси тогаш вие сте пагани. А, не христијани. Ниедна бајачка не го спомнува Бог во бајките. @Tea678 основна теологија. Толку и знам.
Еве и јас не верував до денес. Отидов поради маки во фамилија кои траат со години. И нема да ви се верува дека ми ја кажа на ИМЕ жената што направила лошо и каде живее. Се шокирав. Исто ми кажа во какви односи сме со таа жена и од кога. И на крај ми рече дека таа веќе не доаѓа кај нас и најдобро е да не доаѓа. Не знам што да мислам луѓе. Не сакав да верувам ама ете маката се ќе те натера во животот. Исто така да ви кажам дека имаше преку 15 луѓе што чекаа ред. Ми кажа од која црква и точно во кој ден да земам вода. А просторијата таму беше цела полна со икони. И уште поневеројатно ми рече треба операција да се направиш. И точно е имам папочна хернија. Немам зборови.
^^А може овие што одат по бајачи не се верници христијани.Што одма им мешате религија за да се осеќаат виновно?
Си кажав мислење општо, никој не е цитиран. Се надоврзав пошто спомнаа теологија. Не гледам причина некој да е навреден нит ми е целта да правам некој да се осеќа виновно.
И што е чудно? Поточно од сето ова чудно е имиња како си кажуваат, обично го кријат тоа, гатачите се поврзани со ѓаволи, секој еден од нив ја познава истоијата на секој човек од светот и вие кога ќе отидете кај гатачка они немаат гајле за минатото да ви го кажат и која ви била прабаба и тетки , а за иднината може само да нагаѓаат врз основа на тоа како живеете ама често го грешат тоа. * А тоа дали тебе некој ќе ти гледа на олово, икони, на грав, на шоља кафе е све мачкање очи.
И верници и атеисти без разлика сите сме луѓе за никој не е убаво да се иде по вакви работи. Верувајте не ви треба! Ем ве пунат со негативна енергија ем безвезе пари давате. @Tea678 скроз го имам истото мислење.