Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Гатање, баење

Дискусија во '„Другата“ наука' започната од kiki-riki, 21 ноември 2009.

  1. Lady-Sweet

    Lady-Sweet Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2010
    Пораки:
    206
    Допаѓања:
    90
    Јас имам одено на гатач, човекот нема тарифа но знам дека се што кажа, горе доле беше точно.
    Ми забаа некако и верувајте од мене како да излезе некоја мрачна сила, во моментот се препотив и ми олесна некако.
    Ми кажуваше дека многу сум била урочувана, тоа не ме чуди воопшто и баш му верувам.
    Кај нас во Прилеп, живее чуден народ,сето портари,секој гледа да каже некоја невистина за некого,секој гледа да се плетка во туѓи животи, секој го познава секого и верувајте многу клет народ има кај нас...Чудо некое е како може некој да води *грижа* за животот на другите, секој гледа да ти наштети, да ти се исмее. ретки се тие што не ги интересира.

    Верувам во урочување, во колнење, верувам во тарот, во баење,во кафе гледање во се што постои...
    Ми има исто така едно момче гледано на тарот, и се ми погоди.Многу сакам пак да ми гледа на тарот но неможам да стапам во контакт со него. Сеуште го чувам тоа што ми го кажа во мобилниот бидејќи го снимив, и се ми се оствари.

    Има и такви гатачи што лажат, на пример некоја ѓупка Перса кај нас, за 50 денари на кафе гледала...немам појдено но сите мои другарки одеа од забава и глупости им кажувала - имаш стапалка, црн те носи на срце, имаш 6ка (секс или шема) :lol: :lol:
     
    На Евгениј на, Pufcedijanasteve, Соња12 и 2 други им се допаѓа ова.
  2. Oluska

    Oluska Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2010
    Пораки:
    320
    Допаѓања:
    24
    Верувам и во гатање и во баење.Верувам дека постојат личности кои имаат таква дарба но се многу ретки.До сега фала богу не сум имала потреба да одам за баење.А за гатање мислам дека нема ни да отидам затоа што не би сакала некој да ми ја предвди иднината.Што треба да биде ќе биде.Не сакам пред време да знам шо ќе ми се случи.Иначе од што другиве (лаици) доминираат човек веќе не верува во никого и во ништо.А за кај Дуле гледачот има отидено моја блиска роднина и искрено не беше нешто многу задоволна.
     
  3. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.004
    Најголемиот грев што можеш да го направиш! Се служат со икони и зборови од библијата, а впрочем врска нема баењето со Господови работи. Тоа се Ѓаволски работи. Кој има читано и се има интересирано малку повеќе јасно ќе му стане. Имав една комшика кажуваше како син и го носела на баење како мал. НИКОГАШ тоа нема да го направам! Ако нешто му се случува на моето дете нема да тропнам на вратите на некој бајач. Постои црква, во која се наоѓа спасот за се! Бајачите МИСЛАТ дека таа дарба им е од Бог дарена, и дека незнам ти која светица на сон им се појавила за да бајат ама реков, кој има читано повеќе ќе мустане јасно. Веќе имам прочитано една вистинска приказна за човек кој мислел дека баењето му е дарено од бога. Баел, спасувал луѓе и со тек на времето се полошо му се случувало. Почнал да го губи здравјето и да нема среќа во животот. Посетил некој манастир и таму дознал дека впрочем не му се појавила светица на сон за да бае, туку тоа бил самиот Ѓавол! Не е ни чудо што назад им оди на сите бајачи што ги познавам. На баба ми колешка од времето бае, затоа секоја година рака кршеше, затоа син и нема среќа во семејството и оди по други. Една комшика имав бајачка, се парализира и со маки умре.
    Кога одите на баење си ја продавате Душата на Ѓаволот за вашето тело да не страда. А за моите главоболки баба ми ми викаше ќе те носам да ти забајат. И реков не! Почнав да ја читам библијата и главоболките потполно ги снема.
    Не се лажете девојки, ниту текстов не ми го земајте на сеир, го пишувам ова затоа што го знам и се имам доста интересирано за тие работи.
     
    На buuuce28, MarchelineAmaru, Butterfly3 и 5 други им се допаѓа ова.
  4. lalezzz

    lalezzz Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 април 2010
    Пораки:
    349
    Допаѓања:
    71
    :clap: se soglasuvam so tebe!.....
     
  5. zvezdakoska

    zvezdakoska Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 април 2010
    Пораки:
    777
    Допаѓања:
    60
    Еј, останав без коментар на ова. Вистина? Оти ако е вистина не сакам да одам кај такви бајачки, си верувам во Бога и не сакам никакви Ѓаволи. :x :worried:. Уф, целата се намовнав ;(
     
  6. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.853
    Пол:
    Женски
    Е додуша иако сум верувам-не верувам, ми помогнало, и воопшто не сум ни почуствувала промена, како и да е, едно не ми е јасно-зошто повеќето се кријат зад некоја икона? Сега брзо на реклама по српските тв видов еден видовит демек, Дали, така се викал, ама на сите слики е застанат зад иконата на Св. Петка мислам. Е тоа ако се стварно такави виодвити нека не се кријат зад икона :^) |(
     
    На mira.mira му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.004
    Си прават бизниси служејќи се со Господови работи! Бесполезија паразитски!
    Него и на друго се сетив. Баба ми дека е опседната со такви работи и мисли дека само така може да си помогне и дека само во баење и врачање е лекот пред месец два викнала некоја врачалка дома што ти знам. има среќа што спив ни В од врачалка немаше да се види. ЗАМИСЛЕТЕ, веднаш, другиот ден татко ми го сопреа со колата казна од 500 евра доби! По тој ден, отиде на риболов, колата дефект му останала го влечеа до дома. Ајде и по тоа пари фрлање. И реков на баба ми ако видам дома врач ќе те пратам заедно со него и да не се вратиш више. Веднаш назад тргна се!
     
  8. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.699
    Бајачи, гатачи се се тоа ѓаволски работи. Ѓаволот влегува во вашето тело и потоа пренесува на другите.
    Не верувам во такви глупости.
     
  9. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.004
    Ете тоа сакав да го кажам ама со примери :)
     
  10. tanja6

    tanja6 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    1.570
    Допаѓања:
    568
    Пол:
    Женски
    ne se soglasuvam deka site bajaci gataci,nadrilekari se gaolski luge kao so vikate,i deka site lazat.sekako deka ima i takvi ,sekako deka ima mnogu sto go pravat toa za profit,ama ne mozete da gi stavite vo ist kos site,deka site se takvi,sigurno megu niv ima i bozji luge prateni od boga od svetcite da pomagaat.i samiot nas Bog Isus koga ziveel na zemjata lecel,isceluval,pomagal,Lazara go krenal od mrtvite..a bil praten od Otecot na zemjata..taka da ne mozete da kazete deka site luge so pomagaat i imaat nekoi natprirodni sposobnosti se prateni od crnite sili.
     
    На Cece1987, Abeja и TennisBabe им се допаѓа ова.
  11. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.699
    Тања има и такви луѓе, само за жал ретко кога можеме да ги препознаеме. :) Еве конкретно ќе кажам за Валентино (можеби сте слушнале) баш пред некој ден го гледав на ТВ. Доста образован е, а и на многу луѓе им има помогнато. Тој мислам дека лечи со биоенергија, исто како и Филев.
    Зборевме конкретно за бајачите и гатачите. Библијата и Христијанското учење не оправдуваат гатачи и бајачи и тие се пратени од ѓаволот и тој им помага при нивната “работа“. :)
     
  12. tanja6

    tanja6 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    1.570
    Допаѓања:
    568
    Пол:
    Женски
    tocno.pokraj tolku mnogute sto lazat,tesko e da se prepoznaat onie vistinskite,sto se tuka za da pomognat.
    loso vreme dojde,lugeto ne biraat sredstva za da dojdat do finansii,pa nekoie se odlucuvaat i na toa,da go lazat narodot.
    ama mislam deka site nas ne interesira da bi mozele nekako da zirneme vo idninata neli. ;)
    primer da znaes za kogo ke se omazis pa da ne se nerviras za drugite deckovci so ke ti dojdat uspat a? :rofl:
     
  13. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.699
    Абе не интересира, ама колку ме интересира толку и не сакам. Потоа нема да ми биде интересно без тие што дошле успат :rofl: :rofl: :rofl: .
     
  14. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.601
    Баба ми како мала не носеше мене и братучедите да ни баат од уроци. :lol: Едниот братучед си имаше проблеми со крајници, па демек ќе му поминале од бајачки, поминаа години, и еве уште не му поминале. :(
    Тоа пребајување од урок, па да ти помине глава, па не знам што не можам да го сместам во ѓаволски работи, можеби дека мене ми е смешно, и ми се чисти бабини деветини. Искрено, нека не се наоѓа некој навреден, мене ми е глупост.

    За гатање, си гледаме со другарките на кафе, од навика, од досада, од забава. Не верувам, нормално.
    За тарот карти и натални карти сум помалку скептична, сакам да пробам, но од друга страна и не сакам да знам некои работи.
    За сите други гатачи, предвидувачи како Иван, Борис Чавковски, Сабинче, Клеопатра... :rofl: оф мори мајко... :rofl: под итно на терапија!
    Ама неволјата ќе го натера човекот да чукне на сечија порта. Затоа не го осудувам луѓето кога си бараат помош како знаат и умеат. Прашање на личен избор.
     
    На Sara123 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.004
    константин се вика :D и мислам дека благе безе нема типот. Шознам, од мојот град е и го знам одамна не ми делува искрено. Незнам колку од вас знаат дека беше пејач едно време :D :D
     
    На mira.mira му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.699
    Да бее :rofl: дека Тино го викаат јас па мислев Валентино се вика. :$ :rofl: :rofl: :rofl:
    Абе го слушав на Ексклузив пред некој ден, се што кажа беше според Христијанското учење. Мислам дека има едно ЦД направено, но едно нешто што мене не ми влегува во глава е како доколку тоа е дарба од Бога наплаќа толку многу за третманите ? :?: Иначе вака ми е многу пријатен да го слушам кога зборува, карактеристичен глас има ептен, а и по зборувањето се познава дека е доста учен. :)
     
  17. srculka

    srculka Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2010
    Пораки:
    582
    Допаѓања:
    170
    A што мислите за Клеопатра..има вистина во нејзините гатања..бидејќи кога ја гледав на А1 на многу им погаѓаше??
    Патем еднаш ми гледаше една жена на кафе..нејзе демек и дошло на сон да гата...и кога бев се чувствував исто ко да сум пошла на психијатар за да си ги решам некои проблеми ..ништо посебно..
     
  18. irenna

    irenna Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    3.098
    Допаѓања:
    4.461
    Пол:
    Женски
    Клеопатра се вика Душан. На времето бил маж и е првиот во Југославија што направил промена на полот. Го имало по весници, демек после операцијата прогатал. А писмата сам си ги пишува , човекот е жива превара.
     
    На nanamiss1000, mira.mira и Olgica.bu им се допаѓа ова.
  19. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.699
    Иии на женава ми текнува еднаш коа ја глеав кај Бојан 13 и тоа уште на А1 коа беше, што значи едно 2 ипол, а можда и 3 години. Памтам дека рече за брзо време МК ќе влезе во ЕУ, само предходно ќе мора да го смени името.
    И се се исполни гледам. :rofl: :rofl: :rofl:
    Глупости уште еднаш ќе кажам. ;)
     
    На TrinityNeo и Olgica.bu им се допаѓа ова.
  20. lalezzz

    lalezzz Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 април 2010
    Пораки:
    349
    Допаѓања:
    71
    ne veruvam vo gataci i bajaci!!no eden od site tie koga bi go sretnala raka bi mu pruzila :lol: za site sto veruvate vo takvi raboti vi go preporacuvam MILAN TAROT-leci sve.. :lol: