Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Гатање, баење

Дискусија во '„Другата“ наука' започната од kiki-riki, 21 ноември 2009.

  1. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.420
    Пол:
    Женски
    Toрта грешна да не ми сплетеш сега магија ти, па да се намачам и да плачам тука на форумов?
    Патетични сте луѓе, и да 21 век е не е среден век да одам на бајачка |(
    Од кај да знаеш ти дали јас сум се напатила или не, па сигурно не сум ги барала решнијата кај бајачка или гатачка. И не као не верувам у магија, туку не верувам, тешко е да се свати дека има разумни и интелегентни луѓе знам тешко ви е.

    И баш тука ќе дојдам да плачам на форум, и да решавам животни прашања, да да тоа е здрав разум и зрело размилување 8)

    Сум ја читала бибилијата ама одамна, ни беше задолжително дело во прва година средно и можеби јас не знам како и што и не знам да цитирам еванглија, ама како пример ќе ја земам Серафима, која знае многу поубаво, прочитај и го нејзиниот пост во темата се ќе ти стане јасно, зашто е компетентна да зборува за тоа јас не, и што е нејзиното мислење за овие работи според бибилијата и црквата.

    Оминиа Витас, ќе се исмеавам колку сакам затоа што за исмевање е.
    Кој црни проблеми ќе би ги реши гатачката кои?
    Ќе ви најде работа, ќе ве најде дечко/маж/жена, ќе ве излечи од некоја болест, ќе ве смири со комшиите или со тие што сте скарани? Вие само се залажувате и наместо да најдете соодветно решение за проблемите, вие буквално ги избегнувате и не ги решавате, вие создавате илизуја за решевање на гатачка.

    Верувам само во наука и ништо повеќе од наука.
    Постојат психијатри и психолози кои можат да ти помогнат да совладаш психички проблеми и хобии, да го извлечеш максимумот од твојот потенцијал и да напредуваш во животот.
    Гатачки, гледачки на кафе, гравчиња, ѓон од патика и што уште не, не верувам.
    Тоа се само добри scams, хоштаплери и хоштаплерки кои од маката на народот и нуката профитраат.
    Не знам како е во закон уредено, но според мене тоа треба да биде казнено дело, бајачка што ти бае за 100 евра не може да е ништо друго освен измама.
    Нема да ме убедите, ниту јас вас, јасно ми е тоа, ама смешно ми е како покрај се уште има луѓе што веруваат во тоа.

    Немојте сеа да ми напраите црна магија :sweat: тешко мене :sweat: :doh:
     
    На natasaltd и E...V...I...L им се допаѓа ова.
  2. OmniaVanitas

    OmniaVanitas Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2012
    Пораки:
    1.456
    Допаѓања:
    1.478
    Ти исмевај се колку сакаш. Тоа си е твој избор за тоа што ќе одлучиш да исмеваш, а што не.
    Можеби е до тоа што имаш сосема погрешно мислење за тоа зошто се оди на гатачи и бајачи.
    Не оди никој за бајачот да му најде работа, туку да му укаже и покаже дека не е се до него.
    Имам премногу примери, а ќе кажам еден и најбанален. На девојче кое имаше уплав од грмење и кое беше за жалење и ми беше мака да го гледам кога имаше невреме (и не е важно што се правеше само за да не го слуша, а напоменувам дека имаш мушкања под кревет, викања, пискања и слично и полошо), откако отиде на бајачка си седеше на балкон за време на невреме и повеќе не реагираше на тој начин.

    Уште еден. Познавам човек кој лечи од жолтца. И имаат одено кај него толку тешко случаи за кои дури и докторите велеле дека му нема спас. Во рок од еден месец повторно од далеку дошол таткото и едно момче на кое му помогнал со огромни дарови како благодарност за тоа што му го вратил синот од неповратот од кој му кажале дека оди.
    Можеби тебе ова ти изгледа банално, но на други и те како не им е. Ако тебе ова не ти е оказ, никогаш не ти посакувам да добиеш доказ кој што би те уверил (како што тоа многу погрешно го напиша некој член пред мене).

    И пак, врувај во што сакаш, ама не измевај никој друг. Не знаеш што го натерало да верува во она што верува.
    И на форумов обично бараат бројчиња од луѓе кои навистина помогнале во истерување на што и да е зло направено над нив, бидејќи ти или било кој друг без разлика дали верувале или не, постојат такви работи како што се магии and therefore постојат оние кои ги прават и ги истеруваат. Не пишувам за типот од ву-ду туку од обичен човек кој можеби седи до тебе во автобус.

    И уште нешто бидејќи иста е работава: веруваш на хемикалии и апчиња добиени со секакви преработки и хемиски пат, а не му веруваш на овошјето и зеленчукот кој седи на маса?

    И не се обидуваме да убедиме никого, само пишуваме свои искуства и мислења. Исто како што ти не сакаш да убедуваш некого не убедувај и ти во тоа што ти не веруваш, а останатите го искусиле.
     
  3. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.076
    Допаѓања:
    66.896
    Пол:
    Женски
    Hipster, твоево исмевање воопшто не е убаво, а и не ти личи.
    Прво, се уште си многу млада, не знаеш што се не ќе ти донесе животот.
    Мислиш дека овие луѓе одат по бајачки од што им е убаво? Си имаат мака луѓето. И тебе нешто не дај Боже да те снајде во животот, или што е уште полошо, твоите деца, нема ли да ги превртиш и земјата и небото за да најдеш лек, одговор, или што и да е што би било од помош?
    Во ред е ако не веруваш, ама не е убаво да се исмеваш. Исто како да се исмеваш на нивната болка, на нивната мака и нивното барање чаре. Не можеш да ги знаеш другите приказни какви се.
    Можеби и јас не верувам, ама никогаш не би ги нарекла луѓето патетични, едноставно секој со своите проблеми и решенија за истите.
     
    На tessie и Gordana10 им се допаѓа ова.
  4. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.420
    Пол:
    Женски
    Реин, извини ама не си ти никоја да ми кажуваш дали ми личи или не. Која си ти?
    Можеби претерав со тоа што ги нареков патетични, ама мене не ми е логично во денешно време некој да верува во тоа, и не само тоа да оди на бајачки. Па уште и ќе го рецензирам тука или рекламирам дека ме спасил од не знам што, изивнете ама не можам да верувам и одбивам да верувам со бабини деветени.
    Не за друго, ако го прават тоа од чиста мира зашто земаат пари? Мене тука ми е прашањето, дали е тоа легално и дозволено?
    И ги имам прочитано постовите на Серафима и со неа со согласувам, можеби некој некого прави некоја црна магија или не знам што(иаку ми е навистина како да чита средновеоковни приказни, но океј не сум доживеала не ми дава право да тврдам дека нема), ама за тоа лек е да се помолиш и да веруваш во бог и ништо повеќе.

    А да ме уверуваш дека бог и библијата се за гатачки и бајачки, дајте ве молам.


    Да одговорам на Омина Витас, за девојчето што има фобија, за тоа се носи на разговор со некој психијатар или психолог, кој со своето стручно знаење и диплома, со разговор ќе успее да му помогне на девојчето и да ги реши проблемите.
    Потоа, дечкото болен од жолтица викаш ти бил на лекар, но секогаш има 2ро, трето и 10то мислење, и решение не ми е идење на бајачка. Секогаш постојат и странски лакари и научници кои ќе можат да дадат соодветно или подобро мислење.
    За лековите и овошјето немаат допирна точна и не знам зашто ги спомна во иста конотација.
    Настинка можеш да лечиш и со лимони и со апчиња и во двата случаи ќе ти помине за 7 дена.
    Ај пробај лечи рак само со здрава исхрана?

    Што прават тие бајачки, не им е јасно, натприродни работи, семоќни се?
    И да колку што вие имате право да ги сакате, јас имам право да превртувам очи кога немој ми раскажува чудесната приказна како бајачките ги излекле од уроци.
    Сметајте ме за некултурна колку сакате, али не можете на оваа наука и книги и литература да ми зборите за бајачки.
    Ти Реин може не веруваш и имаш разбирање кон тие што лажат и се излажани, јас немам и нема ни, да имам.
    Не можам да разберам млада образована особа да верува во вакви работи и да ги преферира пред науката, лековите, докторите и не знам кој.
    Да да знам, млада сум немам деца и не знам како животот може да ми се одвива, ама сигурно нема да дозволам да стигнам кај бајачка, затоа што за секој проблем си има друго решение и одоговор кој не е бајачка! Никогаш не вели никогаш, знам ама не можам да одам со нешто што е против мојот разум и верување.
    Што е господ никој не е, и ако некој ми мисли лошо, има друг кој да му врати, а тоа сигурно не е бајачката.
     
  5. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.380
    Допаѓања:
    17.581
    Пол:
    Женски
    Јас би го додала и ова на целиот разговор овде, без намера некој да навредам туку само да насочам:

    Додека одите на бајачи, гатачи, врачеви, оџи итн...кои патем си ја продале душата на ѓаволот и верно му служат, истите "ви помагаат" во животот така што ви земаат дел од вашата душа и ја продаваат на ѓаволот и така ги откупуваат вашите маки. Дел по дел, ќе ви ја земат целата душа и вие од навика ќе продолжите да одите по такви бајачи дури ќе бидете опседнати со тие магични работи, ќе мислите дека целиот свет крои завери против вас, сите ви мислат лошо. Но тоа нема да биде точно, бидејќи вашата душа ќе биде толку ослабната што немате да имате сила за живот, со душа продадена на ѓаволот, нема да ви преостане ништо друго освен да бидете негов слуга.
    Не дека мора сите да верувате дека постои некој кој се нарекува ѓавол, ангел, демон итн.. но барем верувајте дека постои добро и зло, а злото е создадено од доброто кое престанало да се бори во животот и се продало себеси. Продавајќи си ја душата го храните злото.
    Можеби разговорот е бесмислен за некои, но тоа ми е најлогичното мислење за овие работи.
    Никогаш нема да поверувам дека некој би нашол решение за моите проблеми, за 100 или 200 денари, тоа е само маска на вистинското лице на злото.
    Кога одите на бајачки вие оставате таму дел од себе. Кога ќе ослабнете толку душевно, нема да можете никогаш да се пронајдете, но се надевам дека тогаш ќе имате сила да се помолите на својот Господ (во кој верувате) и да побарате сила од него за да си ја повратите еднаш продадената душа.
    Сум имала прилика да видам како делува тоа одење на гатачки или правење магии врз други, навистина тие личности како да ја изгубиле душата и својот живот, живеат опседнати со тие работи а оние кои се занимавале со "правење магии" секогаш завршуваат лошо (и лично но и за нивното семејство).
    Досега сум видела само една бајачка/гатачка, беше толку чудна, морничава, одбивна, бездушна и на некој начин одвратна (не зборувам за физички изглед туку психички), се плашев да и погледнам во очи но и не сакав, во нив немаше ништо добро, немаше душа со која би комуницирала. Се надевам дека тоа ќе биде последна таква личност која ќе излезе на мојот животен пат.

    Со "таксата" за гатање вие си ја продавате душата.

    Гледајте на тоа како трговска размена, бидејќи сосема симболично парата за услугата го отсликува токму тој момент. Тргувате со сопствената душа со оној кој се храни од истата.
     
    На danielka0507, Annath, karenin и 4 други им се допаѓа ова.
  6. OmniaVanitas

    OmniaVanitas Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2012
    Пораки:
    1.456
    Допаѓања:
    1.478
    Eте научници и не знам ти какви психијатари земаат по неброени пари на ден за работата која ја раотат, а овие не земаат ништо за тоа што прават доро некому. Настрана е фактот што (ако не се лажиме) и немам огромни специјализирани луѓе на тема и тоа што баш и немал време и се обратил како последна надеж. Муабетот ти оди дека за инает или дека ептен лошо не сакаш да веруваш што за се би нашла било какво решение само за да не е така. Ете детево за една недела беше одлично, за разлика од психијатарот кој на 3-4 годишно дте кое уште не знае ниту да зборува како шо треба, сигурно ќе го дијагнстицира и ќе го наклука со апчиња. Ако тоа ти е решението (да пиеме апчиња за се' што треба и не треба) во ред, така избираш, но не значи дека тоа е вистинското и подобро решение.

    И во екстремно ретките случаи кога се согласувам со RainBow, како што забележав не мислеше таман ништо лошо за да добие таков одговор имајќи во предвид дека ти ги познава постовите од претходно. И мене ме зачуди твојата бурна одбрана и напаѓање кои не беа потребни.

    P.S. Не се осмелувам да одговорам на постот од ЧНМ бидејќи би следела бесконечна дискусија за која на форумов се бришат мислења иако се на тема. Одам да си ја спуштам накострешената коса од тоа што го прочитав бидејќи сум се изначитала секакви глупости но изгледа ова ја помина денешната граница.
    И така секој избира да верува во нешто па колку тоа и да изгледа смешно.

    Наополнување
    Сум прескокнала една реченица. И мислиш дека хемотерапијата е решението за рак? Само тоа и ништо друго? (Според тоа дека веруваш во наука).
    Има истражувања и на таа тема но премногу ќе се оддалечиме од темата и нема овде да пишувам за тоа.
    И знам дека луѓе повторно умираат и покрај хемотрапијата што не ти е таква гаранција. И знам дека луѓе се имаат излечено од рак со помош на комбинација од билки и нивни напитоци.
     
  7. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.076
    Допаѓања:
    66.896
    Пол:
    Женски
    А која си па ти да ги исмеваш другите луѓе и да ги нарекуваш патетични?
    Патем, јас не мислев ништо лошо, мислев дека не ти личи поради тоа што имав убаво мислење за тебе како личност. :)
    И јас не верувам во вакви работи, ама знам дека ако не дај Боже на моето дете му се случи нешто и сите други работи не би можеле да му помогнат на крајот би се свртела и кон вакви работи. Очајни времиња бараат очајни мерки. И поради тоа што животот е страшно непредвидлив никогаш не би рекла никогаш, затоа се оградувам од секакво осудување и исмејување.
     
    На Gordana10 и VIN.diesel им се допаѓа ова.
  8. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.420
    Пол:
    Женски
    Омина не ми се прави многу паметна и не ми врти муабети сега, никога не реков дека и за тоа што треба и не треба треба да се пие апчиња, баш напротив не мислам така, ама тоа не е тема на дискусија тука.

    На тие психијатри тоа им е професија, за која работат во државни или приватни инстиуции за која учеле факултети и имаат дипломи, и земаат плата и пари од народот за да им помогнат ЛЕГАЛНО, не нелегално, и тие пари одат во државниот буџет а не кај некоја самопрогласена врачарка.
    А тие врачарките која потврда ја имаат дека лечат од уроци или не знам од што не, само од рекла казала?
    Имаат легално документ дека се не знам знам какви моќни лица?

    Океј ме свативте дека ве нападнав, океј, простете ми што бев груба навистина и ако сум ве наредила, имам образ за да извинам кога ќе згрешам, ама јас бев буквално запрепастена кога ја видов темава и тоа колку мислења има.

    А со Реин беше друго работата, ме изиритира начинот на тоа кој она мене се најде да ми попува и да ми кажува како треба или не треба, можеби е модаротор, ама не е дежурен полицаец а мене така ми изгледаше во оваа ситуација.
    Океј Реин имај си ти за мене сега лошо мислење, ама не можеш да ми судиш зашто сум изреагилара бурно, зашто верувам дека има ситуација во која и ти поеднакво грешно си изреагирала.
    Али да не ја заплеткувам работава, си го кажав моето цврсто мислење на темава и нема да полемизирам повеќе за тоа како сум требала а како не да се изразам.

    И јас не им судам, само не ги разбирам ама никако и ме нервира кога шират небулози и невистини.
     
  9. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.190
    Пол:
    Женски
    Јас не верувам во овие работи, од причина што мислам дека не би можел некој друг да знае точно се за животот на другите, колку сака нека бил видовит.Мислам дека човек може да си ги реши сите проблеми во животот, та дури и ако има нерешливи, сигурна сум дека за истото ќе најде чаре, врз основа на своите размислувања, та и литература, па некаква комбинација да си направи, со цел пронаоѓање на соодветно решение за проблемот.Потоа, доаѓа, дополнително ако човек верува во Бог, а ќе потврдам и јас, дека како што е Господ, никој не е.Та, дури и да не верува човек во Бог, сепак мислам дека ќе пронајде решение. Бидејки, некогаш одговорите за проблемите ги наоѓа човек токму тогаш кога му требаат или подоцна, врз основа на настаните во неговиот живот.Само, сметам дека треба добро да ги согледа работите околу себе.Животот не е лесен, тежок е, а треба човек само со сопствени сили да премине низ се во животот, да преброди, со верба во себе си.Да беше лесно во животот, немало човек да се мачи.
    Не ги обвинувам другите кои се определиле за поинако решение за проблемите.Само треба човек да внимава по кој пат оди во животот.Се согласувам со мислењето на Серафима.
    Човек има право на избор, но не секој избор е правилен.
     
    На karenin му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.380
    Допаѓања:
    17.581
    Пол:
    Женски
    Се плашиш да развиеш дискусија па бегаш или во друго е проблемот?
    Јас не те именував тебе кога пишував ниту пак лично се обратив, ама гледам дека упорно сакаш да докажеш нешто на другите, сакаш сите да поверуваат како гатачките се добри, исцелители, враќачи на живот.
    Но ако некој не верува во тие небулози не значи дека пишува глупости. Барем јас тука не ги помешав психолозите, психијатрите, апчињата, сирупчињата бидејќи ова не е тема за истите. Темата е за гатање/баење и секој има право да каже што мисли, а ако тебе тоа ти е глупости, жал ми е што одбиваш да веруваш во тие "глупости" и што гатањето/баењето започнале со влијание врз твоето расудување.
    Не ни прочитав со кој си имала конфликти на темава но тоа не е битно, бидејќи ти се фаќаш за едно мислење од администратор (кое мислење кога би се изземало укажувањето да се воздржи секој член од навреди, а кое мислење многу добро го разбрав, никаде не кажуваше дека да ти си во право другите немаат појма, но ти си помисли токму така). Ако се водеше според тоа мислење на Реинбоу, немаше да напишеш дека тоа што другите имаат да го кажат се глупости, туку ќе постапеше разумно, како што би требало да ти доликува.
    Пред да отиде темава во различен правец, ти посакувам секој проблем да го решиш на начин кој самата ќе го избереш, но внимавај да не се изгубиш попатно, бидејќи проблемите се решаваат и на други поразумни начини а не ѓаволски влијанија. Кога нареден пат ќе се упатиш кон бајачка, запрашај се што е тоа што ете баш таа и одреден број на луѓе ја имаат таа моќ така да му "помогнат" на човек, од Господ сигурно не се пратени и за добро не се дојдени, бидејќи во тој случај не би имале тарифа. Па и на лекар кога би отишла прво самата си испитувам и расудувам колку истиот е стручен и дали би го оставила своето здравје во негови раце.
    Може веќе избега за да ја средиш косата со гелче :D но не би ми пречело ниту да разговарам со тебе на темава, и многу ме интересира што имаш да кажеш ти во врска со моќта на овие луѓе кои јас ги нарекувам слуги на ѓаволот. Не верувам дека би бришеле мислења на темава, доколку не се навредливи и ги сметаат другите за глупости (се надевам знаеш што сакам да кажам)
    И јас отсекогаш сум се прашувала како ја добиваат "моќта" тие поединци/гатачи и на кој начин тие му ја продале својата душа на својот господар.
    p.s. Јас зборувам само за бајачи/гатачи/разни шарлатани и не ги ставам во оваа група треварите, практикувачите на алтернативна медицина, акупунктура и сл. за кои сметам дека ти ги ставаш сите во исти кош
     
  11. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.420
    Пол:
    Женски
    Имам само едно прашање за сите верувачи во овие работи, за кои се работи одат на бајачка и зашто?
    Кога веќе не добив одоговор на другите прашања, а се фативте само за тоа дека сум ви судела, одговорете ми на другите нормални прашања кога веќе сте желни за дискусија и факти, зашто сметате дека бајачките и гатачките не се само обични шарлатани навистина би добар збор и опис за нив соодветсвен за моето мислење.
    Што добивате од нив, и зашто ако тоа го прават за доброто за вас и против тие зли духови зашто наплаќаат пари, и јас не сум сигурна дека земаат само 100 денари, туку во многу повеќе пари.
     
    На danielka0507 и tessie им се допаѓа ова.
  12. OmniaVanitas

    OmniaVanitas Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2012
    Пораки:
    1.456
    Допаѓања:
    1.478
    Ти велиш дека си изреагирала само бурно, а моите ситуации ги нарекуваш дури и грешни? Хм...

    До сега оние кои ми одговарале со првата реченица од постот од тебе
    само останале без солидна поткрепа за она кое навистина мислат дека е така и немаат како поразлично да одговорат освен со напаѓање. А од каде знаеш дека се правам, а не сум навистина така паметна? Зарем постов ти е мерило?

    Од каде најде муабет сега дека ти се направив паметна? Во ниту еден случај не те навредив и од твоја страна е сосема невкусно да напишеш такво нешто додека водиш смирен муабет. Ако забележиш сите напишавме по некој пост и никој никого не навреди (со огромни исклучоци кои се подалеку од овој разговор, а им прогледувам низ прсти заради други причини).
    Нема потреба од вакви препукувања! Можеби не ти е погодена темата но тоа не ти дозволува да навредуваш исто колку што и мене не ми е кога ти би пишала (пример) мода и јас ќе започнам со исмевање на твоето верување дека (повторно пример) суќната подобро стои кога е над колена, а јас поинаку од обратното не признавам и веднаш почнам со напаѓање кон твојот вкус.
    Или пример да почнам да те исмевам дека не знаеш да читаш бидејќи секогаш кога пишуваш ми го имаш погрешено корисничкото име? :?:

    Abeja не, имам попаметна работа од докажување на фрум со некои кои се уверени во нешто и сигурно нема да го сменат мислењето само заради мој пост. Убаво си напишав дека нема да развијам дискусија од причина кога секогаш ќе се дојде до некоја солидна, се бришат мислења и дискусијата оди во неповрат. Си го ценам времето за да не пишувам залудно. Има каде пишувам и луѓе кои навистина се разбираат и пишуваат наместо да „попуваат“ со една прочитана книга која сепак е блетристика, а ја сметаат за книга која зборува вистини.
    Никаде не пишав дека некој нема право исто како што и не напишав дека ние кои пишуваме сме потполно исправни во она што сме го напишале. Секој си има право на избор на се'. И мене и напишаното го вадите од контекст.
    Можеби губам кај тебе, но затоа добивам кај останатите кои го разбираат тоа што го пишувам.
    Не те нападнав лично (и не знам зошто толку трагично си сфаќате ако некој не го дели истото мислење со вашето), туку не се согласувам со тоа што го напиша. И сега ако не се согласувам треба да молчам? Молчењето не е никакво решение иако понекогаш е злато.

    И што му недостига на гелот ако јас така сум избрала? Зошто тоа подбивање? Ако некој работи постојано и времето на фоурм го користи како релаксирање и притоа избира да не се зајадува понатаму, тоа значи дека заминал да ја средува косата?

    Секој си има приоритети.
    Моето мислење е напишано пред неколку месеци. Нема потреба да се повторувам. Тогаш се избришаа неколку страни. Што би било поразлично сега?

    Не напаѓај пред да дознаеш се'. Наместо ниско да ме нападнеш, можеше добро да ме прашаш. Одговорот ќе беше ист.


    А што убаво прекинав да читам низ форумов. Што беља барав да пишувам па уште и мислења....
     
  13. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.420
    Пол:
    Женски
    OmniaVanitas да имаше одговор на било кое од моите прашања, немаше да седнеш и да ми го анализираш секој збор во темата каков ми бил , навредлив или осудувачки, да ја полниш со офф-топици кои се зашто темата не е за тоа како Хипстер мене ми се обрати навредливо, за кое патем ти/ ви се извинив а колку ти после тоа замижуваш е твоја работа.


    Мислењето дека се правиш многу паметна не е навредливо во ни еден случај, туку само факт, зашто јас ти пишав дека во врска за тоа дека нема потреба да се оди на бајачка за жолтица, дека за тоа има лекари кои го лечат а ти ми измеша овошје и лекови и како тоа јас би пиела лекови за се и сешто што ми го извади мислењето од контекст што мене ме изиритира зашто само плеткаш со зборови без да дадеш соодветно објаснување.
    А и убаво ти одговорив со факти, дека за секое ваше оправдување дека потребна или пожелна е гатачка доби мој соодветен одговор каде на друго место човек може да е обрати за помош, не на гатачка. И тоа со парите никaко да до објасниш, бегаш да дадеш објаснување, зашто земаат пари кога се тука да помагаат од добра воља.
    И ти велиш дека ни ги почитуваш мислењата, ама упорно наметнуваш некои твои мислења без образложување, затоа што и го немаш.
    Ти си била на бајачка/гатачка, ти помогнала тебе во некој серизен проблем?

    Убаво ти рече Абеја, не се фокусирирај на постот на Реин кои не се однесуваше на тебе туку на МЕНЕ, и немој да се криеше сега позади тоа здолниште и да ме малтеритраш со тоа како јас сум те навредила.
    НЕ си толку свилена па ни повредена.
    Имаш одговор на било кое наше прашање во врска со гатачките и бајачките?
    10 ти поставив, ама ти сепак сакаш да ми бидеш кадија мене да ми судиш за моето судење.
    Feel the irony...
     
    На Abeja и tessie им се допаѓа ова.
  14. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.639
    Допаѓања:
    22.089
    Пол:
    Женски
    Никогаш патот не ме навел натака. А верувам во лоши работи затоа што сум ги почувствувала на своја кожа. Од блиска личност.

    Сум видела резултат кај луѓе што одат по такви места. Зборам за оние кои се погодиле кај луѓе кај кои ова е многу посериозно и пострашно од чиста превара и мачкање очи. Оние кои као навидум помагаат. Тие помагаат, но и те слабеат. Нешто како психолошки антибиотици му доаѓа. Сум го гледала тоа со свои очи. Секое одење кај нив те прави послаб и побеспомошен а секогаш нешто ги тера повторно да одат кај нив.

    Ориентирајте се кон верата, или пак доколку не верувате, консултирајте се со добар психолог. Тоа ќе ви го зајакне духовниот имунитет. А кога тој е јак, нека врзуваат кончиња и нека палат слики до сабајле.
     
    На danielka0507, Lilit, Annath и 5 други им се допаѓа ова.
  15. OmniaVanitas

    OmniaVanitas Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2012
    Пораки:
    1.456
    Допаѓања:
    1.478
    Ќе ме јадеш што сум испуштила една реченица или да барам друго чаре?

    Ептен и ти вадиш од контекст и сега јас што да правам, да се жалам кај премиерот?

    Ете и делот со парите (нели не ме нападнавте со еден куп работи и е тотално неприфатливо ако испуштам некој дел). Оној кој навистина помага, не бара пари како надомест.

    Знам луѓе кои избираат да останат анонимни токму заради осудувањата од луѓе кои им е важно да се во право, а не дали е навистина така бидејќи дел од нив се на голема позиција.

    Нема да ти одговорам дали сум била бидејќи ако сум била ќе треба да поткрепам со докази, а токму поради реченицата од погоре не можам да ги дадам. А и не сум должна никому да се правдам и оправдувам заради моите мислења и верувања. Тебе ништо нема да ти промени ако јас напишам дека сум била на гатачка бидејќи си напомена дека ќе си останеш на твојот став no matter what. Тогаш зошто бараш одговор токму од мене кога не те увериле страници и страници наназад?
    Feel the irony?

    Повторно ме напаѓаш мене, а не моето мислење и моето напишано.
    И кои мислења ти ги наметнувам и во кој случај не ти дадов доказ? Се правдаш и повторно навредуваш без причина.
     
  16. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.420
    Пол:
    Женски
    Леле Омниа, престани да глумиш жртва и да бараш секаде причина за кавга, зашто не ти личи, мислам не личи на некој кој сака асално да дискутира, а не да се крие позади два навредливи збора, и од нив направи како да да те ранив длабоко во срцето.

    Само заклучив после овој пост дека немаш ни еден факт со кој ќе го собраниш нашето т.е конкретно моето мислење дека гатачките се само џабе фрлени пари и изманици кои зарабоуваат на неукоста на народот кој во нив гледаат семоќни и свети затоа што успеале да ги излечат и избават од злото, рекла каза и бабини деветини.
    Оф и сега да не те навредив :sweat:

    И без да те навредам можам да те побијам дека тоа што упорно трдиш дека е океј е невистина, бесмислица и ќе тврдам додека сум жива.
    Не гледам ама ни една навреда во моите последни 3 поста, ама ти упорно го тврдиш спротивното, зашто освен да ми обесуваш за еден збор, немаш друг факт дека не сум у право да заборам дека не треба луѓето да веруваат и да се осврнуваат на гатачки и бајачки и пророчици и не знам што таму.

    И кажете ми е,ова е дозволено ли со закон вака да се лажат луѓе и да им се зема пари на оџа или на некоја бајачка за да ти бае на слика или гравчиња?
    Јас се мислам дека е забрането, ама не сум сигурна.

    Се фатив за тебе зашто се најде нешто страшно увреѓена и не знам што а кога доаѓа место за права дискусија си ја подвитка опашката. Инаку добредојден е секој од вас кој тврди дека нема ништо чудно да се оди на бајачка или гатачка или пак дека и во библијата така пишувало |( да ми реплицира, одоговори, зашто јас за моево 2 годишно постоење на форумов пред некој ден прв пат ја видов темава и се прекрстив и навистина и денес се крстам на тоа што ги правдате овие работи и на некој начин ги поттикнувате.
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  17. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.639
    Допаѓања:
    22.089
    Пол:
    Женски
    Кога е дозволено да одиш кај тие истите за шејтански ритуали за на комшијата да му се скрши кичмата ...
    А нели сеа скоро на вести имаше дека во Тетово кривично ги гонеле некои од таквите ...

    Иронично е што во голем број случаи може да ти се случи да одиш да бараш чаре баш кај тој кој ти ги замрсил конците по нарачка на некој дебил кој парите си ги дава да ти наштети тебе место да си удоволи нему.

    Од друга страна пак, имаше друга ситуација. Не е битно кај кого, една приjателка отишла и без ништо да ја праша и` рекол што да направи (што не вклучува никакви ритуали, обична животна одлука) и одбил да и` претскажува иднина и да и` земе пари. Откога го послушала и` тргнало по толку години.

    Само ќе речам, да ми даде Господ доволно сила и памет да немам потреба да помислам да барам такво чаре, да ми е доволна молитвата како и досега.

    И аман веќе со Хипстер, ве навредила - се извини и си побара аргументи и одговори ... повеќето лом те праат и не им ни текнува да ти се извинат на форумов. Си има модератор, си ја предупреди, сеа не мора сите као хор „не` навреди“ па „не` навреди“. Интересна и загадочна е темава, да не ја квариме со расправии. ;) :)
     
    На Hipster и Daydream им се допаѓа ова.
  18. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.380
    Допаѓања:
    17.581
    Пол:
    Женски
    Престани со навреди, само се жалиш и бегаш од дискусија. И те молам разграничини го твоето обраќање на форумов кон мене од обраќањето кон други, има разлики.Јас не сум ти побарала да докажеш, туку сум те прашала за твое мислење:
    а ти ова упорно го игнорираш и продолжуваш со навреди како овде немало паметни луѓе за разговор со тебе, туку се воделе од една книга (знам за која мислиш но не, сеуште ја немам прочитано :D ). Се тебе некој те напаѓа па изигруваш жртва па се браниш, па ќе си одела да правиш попаметни работи итн..и избегнуваш контрареплики. Ако разговараме, не значи дека треба да се караме, ако пишуваме не значи дека треба да речеме дека другите се глупави и пишуваат глупости, ако дискутираме не значи дека треба да се фатиме за врат. Јас само те прашав од каде си ти убедена, јас ја искажав мојата логика на нештата и зошто мислам дека е тоа така, а ти прифаќаш дека нешто е така (дека тие прават добро без контрауслуга за доброто) без да изнесеш зошто мислиш дека тие (гатачите)се такви "доброчинители". Значи не мора на никој да му докажуваш, но ете кога веќе велиш дека другите мислења(меѓу кои и моето) биле глупости, објасни зошто го мислиш спротивното (можеби гатачите имаат свој таен универзитет како се оспособуваат вака да прават "добри" дела за сметка на човечката душа, можеби имаат тајни собири, обуки итн.,сигурно не се родиле со таа "дарба"туку морале да ја продадат својата душа за да му служат)

    Не напиша дека нема право но напиша дека пишувал глупости (што не е во ред од твоја страна и никаде не признаваш дека си навредила)

    За какво губење и за какви добивки зборуваш ? |( Зар некој овде ти кажа - ааа ти губиш кај мене зашто веруваш во гатачки? Ако е за тоа ти одбираш да навредиш или да избегаш од дискусија(да молчиш)

    Непозната пријателке, зар заборави дека ова го кажа ти, и ако некој вади нечии зборови од контекст, тоа си ти, еве за потсетување
    Затоа или разговарај без навреди или навистина откажи се од дискусија, нема потреба од повторување на едно исто како ти не си сфатена од другите а уште не си се ни изјаснила како што треба. |(
     
  19. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.472
    Пол:
    Женски
    Тууу ама сте се распишалее... Читам, читам неможам да се изначитам.
    Него денеска бев онака поттикната да напишам нешто во темава и оп гледам веќе се разврзала една дебела дискусија.

    Него друго ми беше муабетот што па толку ако некој пише различно мислење од вашето одма во срце ве погодува? Ете си пишаа девојките дека не веруваат, зошто се обидувате да ги преубедите? OmniaVanitas од каде виде навреди? Освен ако не си и ти некоја од тие надмоќните, семоќните како и да беа па коментариве да те погодуваат лично тебе... Него да не претпоставувам многу, многу..

    Сакав да кажам дека НЕ, јас лично НЕ ВЕРУВАМ. Ајде сега и мене нападнете ме. Не се чувствувам убаво ни на самата помисла, а не па да отидам кај некоја таква. И како што ја читам темава сфаќам дека некои работи си ги умисливате сами. Толку сте опседнати со ова што дома некој и глава еднаш да го заболи одма мислите дека некој ви има направено магија. Како и да е јас лично си сакам проверени работи, сакам сигурност, а не кај некоја си самопрогласена бајачка, демек најдобра била... И убаво си рече Hipster како бе луѓе сите се декларирате како возрасни, образовани личности кои прошетале малце, се дружите со луѓе, читате книги, а уште со бајачки се користите.. Кадеее со тоа? Неможам да поверувам дека некои членки што ги гледам во теми каде што се збори за постдипломски студии, ги гледам и овде како разглабаат муабети за кој, каде, кај кого, зошто отишол и дури броеви си бараат. :x Па колку сакате убедувајте, тоа е чиста измама, чиста кражба, буквална кражба. Или кога ќе речат еве не земаат пари па значи вистина е дека е добра бајачкава, вас не земањето пари ви е доказ дека е се ок? Ви пиша Abeja која е целта на таквите.

    И друга работа, OmniaVanitas неможеш ти да кажуваш кој колку прочитал книги и дали прочитал или дали било веродостојно тоа, секако дека многу поверодостојна е книга која ќе ја земам од црква, отколку да одам по оџи.. инаку ова ми е врвот. И после се чудам зошто толку луѓе, млади луѓе не сакаат да слушнат за црква, не сакаат децата да си ги крстат, не сакаат да се венчаваат итн. Не дека сите тие се по бајачки и вакви врагови туку ете јас мислам дека кај одредени си има и тоа мал удел, него ај да не филозофирам многу тоа си е друга тема..

    Како и да е ова е страшно, сега несакам да излезе дека исмевам ама мене ми е смешно некогаш, толку се прави муабет со внесеност абе мислиш за откривање на лек за ракот збориме. Офф, само се прашувам кога ќе почнеме малце од малце да мрдаме од мртва точка??? :?:
     
    На Hipster му/ѝ се допаѓа ова.
  20. OmniaVanitas

    OmniaVanitas Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2012
    Пораки:
    1.456
    Допаѓања:
    1.478
    Според тебе па и “увреѓена“ сум. :rofl:
    Ти пишав дека се фаќаш за едно па исто и дека нема потреба од толку бурна реакција кога секако не веруваш во нешто.
    И сега ќе општам со тебе? Зошто би го правела тоа кога повтоно и повтроно ти „се уверуваш“ во нешто што јас не го пишувам и ти го ВАДИШ од контест дури и ако не и е напишано. Ама тотално не ме интресира дали ќе ми веруваш и дали моето напишано тебе ќе ти значи нешто. Јас немам корист од твоето веруање во спротивното од тоа што го твдиш, исто како што немам корит од тоа што еруваш во тоа што го тврдиш. Таман ми е сеедно. Се обдов да ти пишам дека можеби постои и нешто друго покрај она во што си ти убедена и ти се распали како нож на врат да сум ти ставила.

    се' имаш објаснето. Ич не верувај ама од пред неколку поста се обибидувам да го одбегнам зборот „прекини“ ама е време да ти пишам да прекинеш постојано мене да ме повикуваш бидејќи не сум единствената со ова мислење. Само сум единствена која се најдов да ти враќам на апсурдните постови од твоја страна.
    И колку и да пишуваш дека „немам факт“ (и факт не може никој да ти даде бидејќи фактички не постои, туку може да ти приложи доказ), повторно нема да напишам дали сум била јас на бајачка. Тотално неважно бидејќи како што пишав и повторно пишувам, нема потреба да се докажувам со некој кој нема намера ниту да го земе во предвид туѓото мислење, а не пак да верува. Ете ти ги купишта постови и теми дека има луѓе со маки кои биле некаде и посетиле некој и добро им се завршува и и покрај тоа ти избираш да не веруваш и одеднаш мојот доказ ти е така страшно релевантен. Бреј...

    И аман со таа Библија. Каде ја споменав таа Библија па во секој пост ми ја принесуваш?

    И сериозно, прочитај подобро. Оние кои навистина помагаат не бараат пари за тоа. Очигледно имаш погрешна слика за бајачите. Ако навистина сака да ти помогне нема да ти побара пари. Тие за кои пиуваш (кои бараат пари и имаат ценовник) го прават тоа заради интерес. Останатите имаат дарба и најчесто избираат да ја пренесат и помогнат со неа и никогаш не ставаат цени за нивната помош!

    Добро е, барем корисничкото име овојпат ми го погоди ако ништо друго ;)

    Надополнување:
    кон мислење од Abeja...
    Не знам која ти е дефиниијаа за жалње ама освен ако не ја копишар Хипстер, не знам како би објаснила во делот кој си го цитирала дека јас таму се жалам. Напишав оптшо кон сите. Не се повикав исклуиво тебе бидејќи секако немав намера. Затоа и не се ограничив сам на твојот напис.

    Околу гуњето - ти го спомена, јас ти одговорив. Или заораваш што напиша пред некој пост?
    Околу гелот - сериозно не си запознаена со стилските фигури при пишувањето во македонскиот јазик и си ме сфатила толку буквално како што е напишано? Silly me, мислев дека барем овојпат нема да морам да се објаснувам... Додека ти за гелот напиша со таква доза на иронија и далеку од тоа што навистина мислев.

    Треба да се цитирам самата и од ново да споменам дека не би сакала понатаму да ја развивам дискусијата и тоа го напишав САМО 2 пати? Само кога веќе сте се намачиле толку да изнапишете сум доволно доблезна да вратам макар тоа не е начинот на кој сака да читате.