Кој точно постои: Алах, Буда, Јехова, Отецот, Синот и Светиот Дух? Зевс? Сите тие? Само еден? Меѓусебно се исклучуваат барем според божјите заповести во христијанството. Заборавив е Перун и Јупитер да ги додадам од политеистичките религии. А ги има уште многу други. Амон Ра , Шива и тако даље и тако даље..
Не зборам јас за магии, туку општо за твојот став дека Господ не постои. Кај сите верници е изразен преку : Исус, Алах, Буда... За магиите точно е дека се неспоиви со Христијанството, но во такви моменти луѓето можат да се помолат, ако се верници, од кај знаеш дека нема да им помогне !?
Toa прашав. Кој точно од овие богови постои? Еве според тебе. Сијасет ти наведов. Само твојот постои или и туѓите? Еден те ист е и со различни имиња? Ако е еден ист зошто толку верувањата се разликуваат? Поентата ми е: или постои или не постои. Не може и двете да сме во право.
Ако луѓето се верници (по правило) нема ни да одат по бајачи и гатачи зошто тие работи се строго забранети во сите религии. И поубаво ако веќе веруваат нека си се помолат на Бог, зошто сепак е тоа во склоп на нивната религија, отколку упорно да одат од гатач на гатач и само да им ги земаат парите а да не добиваат никаква помош. А доколку некој не е верник, никој не може да го спречи да оди, ама си кажав во мој погорен пост дека пак не треба да се забегува со одење секој втор ден, туку самите треба да си ги средат животите со текот на времето, понекогаш и со стручна помош. Ова го мислам и за верниците, кои секако не треба да се потпираат слепо само на молитвата.
Најчесто во овие случаи не е ни до молитва равотата. Туку до лекар, психијатар, психолог... Ама кај нас е многу попрофатливо да одиш кај Дуле, Цвета, Весна, Трајко да ти "гледаат" на карти, во карпи и сл одколку недај Боже на психолог да одиш, зошто нели само "лудите" одат.
@Emotional123 Точно така, баш тоа и го кажав дека луѓето самите на себе треба да си помогнат и да посетат стручна помош доколку е потребна. Но, покрај тоа оној што е верник може да си се моли зошто многу добро разбирам од луѓе околу мене дека молитвата им носи смирение, на крај на ден нека биде и тоа пласибо ефект но ако нив тоа дополнително ги смирува, покрај психолог/психијатар мене ми е мило за нив.
Јас верувам дека постои. Како што почитувам моја религија, исто така ги почитувам и другите религии. Не е поентата кој е во право, него општо онака си дискутираме. Ако ти сметаат тие теми одбегни ги, исто како што прават другите, но не наметнувај туѓи мислења и исмејувај. Секое добро
Основата на секоја религија не се разликува. Секоја збори на мир, меѓусебна почит и љубов. Се разликуваат толкувањата, времето и местото кога збиднале. Не се разликуваме ние храстијаните многу од муслиманите. И кај нас има фанатици како и кај нив, што ја испревртуваат религијата и ја носат во ектрима. Религијата е вербата и сплотувањето на луѓето. Не е направена за поделба. Но, можам да кажам дека се во огромни количини не е на арно.
Не ми сметаат тие теми, нема зошто да ги одбегнувам, исто како што ти не го одбегна моето мислење. Не наметнувам туѓо мислење , туку го кажувам СВОЕТО мислење и уверување, исто како и ти. Не исмејувам, туку критикував одење по бајачи, но на крај, секој има право да ги расфрла своите пари како што сака. Такоџе секое добро. Малку парламентарност не ќе е на одмет. Не заслужувате само верниците почит бај д веј . И агностиците и атеистите заслужуваат иста таква.
Се согласувам дека парламентарност и дебатирање не е на одмет, затоа е и самиот форум, но на секоја тема се критикува. Од Хороскоп, оваа тема се до љубов и секс. Има луѓе, различни карактери секој шо сака нека прави, негов живот. Не е во ред во некои од темите ( да не наведувам која ) се тепате од објаснување дека секој може да прави што сака со својот живот и осудувате спротивно мисленици,а тука не важи тоа.
За оваа тема критикувам зашто е тешка злоупотреба на наивноста и маката на лугето. Индустрија цела има која штанца пари од 'гатање'. Ама баш како индустрија, со превари, 0800 телефони, реклами, маркетинг, 'сведоштва' , земања злато во залог за 'ослободување од магија', "лечења" од сите болести и не знам уште што. И брат ми или друг близок да тргни по гатачи , и него исто ќе му речам. Дека го лажат. Ама нема да го 'врзам со синџири'да не оди. Каква им глава, таква им капа. А за организираната религија колку пари испумпува од 'верници' да не зборам. Пример најеклатантен е Скиентологијата. И тие се официјална религија. И организирана превара такоџе. Толку од мене на оваа тема , малку ме прави тажна што луге наседнуваат ама ко што реков, секој има право наивен и излажан да биде ако сака.
А не се за осуда "koj moze da mi gleda i da mi pomogne da me zasaka" "a Petre od stoilovo rastura brakovi?" "Skrsi vrat na kokoska nad glavata na bebeto za deteto da ne ti zajduva""a Dule pravi magii?" Ако не е, тогаш сите сме у грешка
За осуда е и тоа каква.Ниедна религија тоа не го оправдува, а ни разумен човек тоа не го прави. Не сум ги читала уназад мислењата и не знам што точно се пишува и бара, па затоа не навлегувам толку длабоко, можеби за празнициве ќе имам време да ги прочитам. Мислата ми беше конкретно за вербата во Бог ( надвор од тема магии, неа не ја дискутирам напишав и погоре) А, сум за молење како еден вид на помош за било што, без излегување надвор од границите како што наведе ти
Jas iskreno da vi Kazan sum idela kaj Dule od veles dva meseca cekav se vrti posleden den od mesec ja neznam Sto go tolko falat covekot prvo e histericen drugo vrska NEMA dve zborcinja mi kaza sto nema poima od sve.ne se lazete trazete nekoj Sto stvarno znae