Еј Најубава ама се напна Ти го разбирам ставот и не само што не верувам во такви работи, туку и никогаш не би дозволил мој близок да биде заведен во момент на очај од такви мижи да ти баам прикаски и суеверија. Не се работи за големината на срцето и карактерот, се работи за искреност. На никој нема да му направиме услуга ако молчиме додека тој/таа се впушта во непроверени, недокажани и манипулирачки процеси. Па и се наплаќа. Навредата е комплетна.
Па, ако за тоа треба да го вразумиме, не знам, боље нека рипне. Штом почнавме вака хипотетички, одите на лекар и ви вика имате уште месец дена за живеење. Некој човек ви вика, абе оди кај оној, имаше ист случај како тебе и сега е излечен и жив. Без разлика колку ирационално изгледа дали би го направиле тоа или сепак би умреле?
*Реин па баш Омниа беше таа која викаше дека ние кои не веруваме во бајачки сме глупави т.е. пишуваме глупости а не како она си ја префрла топката некој бил против неа ама она не сака да се осеќа "увреѓена" (барем јас не и реков дека пишува глупости ) *Значи све плагијати по форумов не знае кој од кого оштета да бара веќе. *Daydream не е сигурно ни дали американците стапнале на месечината и во тоа се сомневаат што може да држи вода. * А вчера се измалтретирав со интернетот додека пишувавме на темава, оправдано е да мислам дека и мене ми направија магија.
Многу е едноставно: ако ви се верува - верувајте, ако не ви се верува - не верувајте! Што замарате толку... Ова е фемина форум, место каде секоја феминка може слободно да си каже што сака, се додека не ја навредува друга феминка. Има толку многу теми каде што треба/можете да кажете нешто паметно, а вие се фативте кој во што требало да верува... Ај, смирете хормони и разладете се со водичка.
Се извинувам за долгиот пост, но сите работи се интересни за читање и за оние кои веруваат и за оние кои не веруваат. Има уште интересни статии, кои верувам дека секој ако малку се заинтересира ќе ги пронајде и прочита. за баба Ванѓа и темните сили се повеќе млади веруваат во магии "прачкотерапија"-млатење по газот до заздравување Туку, не знам што да кажам а да не погрешам во врска со оние луѓе кои навидум решаваат здравствени проблеми, како во случајов детето што не можело да зборува. Сметам дека тоа не бил гатач/бајач, можеби бил Божји слуга, но не го излечило детето баење туку вербата на неговите родители во Господ. Ако биле бајачи се надевам дека Гопсод се смилувал и не дозволил поигрување со душата на детето и дека истото ќе нема потреба од понатамошно влијание на бајачи/гатачи/исцелители. И внимавајте на кого му се доверувате и дозволувате да ви гата, ќе набројам неколку примери:
Одат во црква за да им држи клетвата grid.mk/read/news/505100336/3074156/bajach-naplatil-1200-evra-za-lechenje-na-bolna-devojka Ѓаволот е најлукав. Ќе ви даде малку здравје, само да ве лиши од рајот, ќе ви го продолжи малку животот за да ве мачи вечно.
Ама чекајте сега, на темава излезе дека не верувате во бабински суеверија и бајачи а верувате во суеверија проникнати меѓу неписмени прости поробени селани во Палестина во бронзеното време. Јас се евакуирам од темава.
Пред да се евакуираш барем изјасни се што сакаше да кажеш, нели овој простор е секој да си каже зошто не и зошто да, а не само -јас се откажувам, јас бегам, јас ова она. Ако твојот коментар беше за цитатите погоре, за кои е наведен конкретен извор, нормално е да објасниш што сакаше да кажеш со коментарот. Овде е се поврзано а не само гатање и баење, зашто обично гатачите нели растураат магии, лечат од "црвен ветар", "клинови" и којзнае што друго.
Тогаш изземи ги кажувањата на свештените лица и земи ги во предвид само измамите од т.н. бајачи и гатачи врз обичниот народ, кој во мака последниот излез го видел кај нив. Што мислиш ти за нив конкретно, од каде им е моќта, дали не се измамници и дали мислиш дека навистина помагаат. Знам дека нивната моќ наведува кон други области за разговор, и јас не ги почитувам сите попови како Божји слуги, и јас имам поинакво мислење за религиите што го поврзувам со политика, но за тоа на друго место. Но сигурна сум дека постои добро и зло, а злото се храни од доброто. Измамниците кои сами се нарекуваат бајачи и гатачи сигурно дека не ги ставам во кошница со доброто и образложив зошто. Тоа е мое мислење, не мора на некој да му се допадне, но барем нека се воздржи од навредување (како во случај твоето со "прости селани поробени во Палестина"-ако не друго, морам да признаам дека имаш бујна фантазија, доста си креативен и речит )
Христијанството токму таму се родило. Меѓу очајно поробена и неписмена толпа на одгледувачи на кози и магариња во бронзеното доба, далеку од големите цивилизации во тогашно време. Дури и големата светица на книгите, библијата е напишано од луѓе стотина години подоцна и надвор од таа книга ниту еден историчар, ниту еден хронолошки запис од тоа време не спомнува ни Исус ни светци ни слепци.Има купишта книги и документарци со докази за ова, додека религијата се повикува на слепа верба и според своите пишувања, осудува на вечни страдања сите тие што бараат докази. Одличен систем на самозачувување. Страв, вина, измачувања, закани. Еве зошто ги ставам во иста кошница со хокус покус бабичките. Навреда е за секој еден капацитет на човечкото битие. Каква фантазија спомнуваш?
Немој толку да ги потценуваш древните цивилизации, тие се имаат сретнато и со вонземјани, на што ти а ни јас уште не може да се пофалиме Ќе мора во друга тема да ги барам твоите ставови со хокус покус бабичките и смислата на животот, овде баш и не ги анализираш многу. Па сексуална, каква друга, кога зборувам за магии и гатачи, на каква друга фантазија би можела да мислам
Кои се тие книги и документарци? А секако конкретно, пример некој временски период во кој не се спомнува Исус, апостоли...Отприлика, ако може да се каже, секако. Она што го напишала Серафима е потполно во право, а и сите религиски книги.Во врска со таа книга која ја споменаа тука, за демони, сосем добро е опишано тоа во Библијата.Конкретно, случката со протерувањето на демоните од глутницата свињи...Во сооднос на тоа, убаво е разјаснето, зошто би требало човек да се осврне кон религијата, во врска со овие работи - гатања.Зборам, во зависност од верувањата на човекот.
The God Delusion од Ричард Докинс. Religion is not Great од Кристофер Хиченс. Почни од овие, барем дискусии на форум и reviews прочитај ако не друго. Ако те интересираат конкретни ликови кои можат да зборуваат на оваа тема, почни од Кристофер Хиченс и луѓето од радио програмата The Atheist Experience (посебо Matt Dillahunty) и слушај колку Христијани можат да одговорат на нивните прашања. http://www.youtube.com/watch?v=1p1mDPQw1Yk http://www.youtube.com/watch?v=XrsQPRk9OOU Луѓево цело време во овие поставуваат легитимни прашања, дури и прашуваат ЗОШТО ТРЕБА ДА ВЕРУВАМ ВО ТВОЈОТ БОГ, и овие не знаат што да кажат. Се е во стил ЌЕ ОДИТЕ ВО ПЕКОЛОТ, ЌЕ СЕ СООЧИТЕ СО ГОСПОД НА СУДНИОТ ДЕН... И во секоја дискусија единствена точка на осврт е библијата. Се е така како што е бидејќи во библијата пишува така. За верниците тоа е доволно. За некој што сака докази, очигледно не е. Едит Патем, гледан ли ти е Zeitgeist серијалот? Тие три документарци прераснаа во нешто слично на азбука на основното информирање на 21 век.
Ок.Благодарам. Ме интересираше, затоа прашав.Наспроти, тоа што такви тешки книги, конкретно ќе го споменам Ватикан, далеку од тоа дека заради религија, туку едноставно што во Ватиканската библиотека има куп книги, стари, дел од нив пренесени во Ватикан, откако изгорела Александриската библиотека.А и не само таму.Толку многу има, што мислам дека сосем доволно го објаснуваат сето ова.А патем, не се религиски.Затоа и не ги обвинувам луѓето кои маката ги тера да одат на гатачки, баења. Во врска, со рај, пекол, зависи како луѓето ја разбираат религијата, во истата е многу добро објаснето дека се е во човекот и нема ништо надвор од него.Затоа некогаш, мислам дека и се непотребни сите тие војни, да речам, меѓу религијата и науката.Ако се разбере дека суштината на двете им е иста, само поинаку кажана. А книга, врз основа, на верување, само, не се пишува, кога станува збор за вакви работи. Само едно е што некои знаат за овие работи, а сосем друго некој не го интересира ова, па решението го бара кај гатачките.Се согласувам и јас со тоа, дека тие лажат, само ги крадат луѓето, како и тоа, не може тие е да им помогнат на луѓето кои си имаат мака.А за закон за ова, кај нас закон во државава не функционира ко што треба, та за гатачки. Значит, напоредно со оние книги, кои велат дека не постоел Исус и сл., би требало да се види за оние кои го тврдат спротивното, не за друго, туку заради тоа што би било појасно во врска со гатачиве, атеизам, религија.А со тоа, доволно за човек да одлучи дали ќе верува или не, во истите.
Зошто да не ги убедувам дека е добра работа кога ти цело време убедуваш дека не е. Кој доказ го имаш за да ме порекнеш? Оној кој го испишаа куп луѓе наназад низ темиве? Туку се чудам каде ли споменав дека тоа е добра работа бидејќи како што можам да забележам и веќе ако сме реални, никаде не пишав дека тоа е многу добра работа, исклучтелно корисна или нешто слично. Преиспитај се пред да пишуваш глупости. Ако ме цитираш каде сум пишала дека некој е глупав бидејќи верува во нешто, ти давам free pass за да ме навредиш по избор и однапред жалам што нема да ја искористиш...
Сама се уплеткуваш, само не знам која ти е целта, дали со самото тоа што упорно ќе повторуваш самата себе ќе се убедиш дека е вистина? Го отупе стварно.Ти си OmniaVanitas? Цитатов е твој, нели? И кој воопшто тебе те убедува во нешто, ти не сакаш да признаеш дека си напишала нешто а си го напишала а не па да те убедува човек во нешто или пак да дискутира нормално со тебе. Навистина си напорна. А и да ти кажам право, гајле ми е ти во што веруваш, кој сака да разговара си разговара на темава а кој цепидлачи како тебе па му нема крај.
Jaс воопшто не верувам во вакви работи, но би се согласила со Реинбоу дека кога се работи за твое дете или без разлика, за човек кој ти значи, едноставно можеби ти се исклучува онаа светилката во глава и се надеваш на некакво решение иако можеби подоцна кога ќе подразмислиш и јасно со ладна глава ќе ги проследиш работите, би сфатил дека овој начин на изнаоѓање решение, да го наречам, е многу, многу погрешен. Ете на пример, јас како мала бев доста болежливо дете и на 4 годишна возраст ми се појави кафеаво топче со големина на орев некаде кај пазувите и на докторите во мојов град им текнуваа само некои лепршави идеи во врска со мојата состојба, па до толку ги исплашија моите и ја однесоа работата дури до „модерните“ и тогаш уште неиспитани болести. Баравме секакви мислења, ни грчеа мишки секаде и нормално, секој родител би сакал да си го спаси роденото дете и да испита секакви марифети без разлика на цената. Ме однесоа и на бајачка и до ден денешен кога станува збор за муабетот мајка ми вели дека не знае со кој памет се впуштила на такво место, наместо да побара мислење од стручњак или ете, да се обѕрне кон дедо Боже, на пример. Сѐ убаво, бевме што бевме и дури се сеќавам на „терапијата“ која ми ја даде морничавата баба, некои си зборови кои требаше да се кажуваат на млада месечина мислам и демек по не знам колку време, топчето ќе се исуши и ќе падне. Далеку беше од молитва, мене од денешен аспект ме асоцира на пагански стих со кој вражалките породуваат и лечат неук народ, барем од тоа што имам прочитано низ книги. За 4 годишно дете, целиот ритуал беше мачење, не сакав да рецитирам поезија и буквално беше невозможно да се изведуваат тие глупости и не би ја продолжувала приказната. Случајно наидовме на еден прочуен доктор од мојот град кој се нафати да ми го третира случајот и на крај излезе дека ми било реакција од несоодветна терапија која преминала во воспаление, навистина не се сеќавам за што точно стануваше збор. Имав хируршки зафат и бев како нова - ниту млада месечина, ниту велелепните стихови биле решение. И тоа им е ука на моите, за век и векови. Подобро да се побара благослов или помош од свештено лице и утехата да се бара во Бог, отколку на некое друго место. А алтернативната медицина со кои луѓе кои ги познавам успешно се излечиле од рак (покрај редовните терапии под надзор на медицински лица), во никој случај не е за споредување со овие бајачки и гатачки работи. Но, сепак секој си го бира патот по кој ќе оди и чија помош или „помош“ ќе прифати. Реалноста е таа, жално или не и факт е дека имало и уште долго ќе има луѓе кои веруваат во сешто. Секој со сопствениот избор, пак ќе кажам.
кој немал мака нема да верува, на никој не би му ни посакала таква мака, фала богу и јас а мислам и сите одиме по лекари прво, но кога гледаш дека не помагаат лекови лекарот крева раце или ти вели добро си ( резултатите од испитувањата се супер) а ти си болна, епа ке бараме чаре и по бајачки и по се, јас верувам зашто многу ми имаат помогнато ме кренале од постела, и не барале пари оние што помагаат не бараат оставаш за здравје по 50 , 100 кој колку има а и да не оставиш ништо страшно. Кој како сака не ве тера никој со сила да верувате и одите но нема потреба од исмевање на маката на другите луѓе оти верувајте никој од азган не пошол по вакви работи сите имаат мака и тоа голема