Не сум човек што би дала предлог решение бајачка за некаков проблем, ама искуство на многу блиска личност ме има оставено без зборови и не знам што да мислам... Човекот имал брадавици на многу места на телото, многу на број и мајка му како мал го однела на бајачка и таа ги избројала колку се, не го изговорила бројот на глас ама му дала гранчиња или листови од некое растение во ист број како брадавиците да ги стави под перница да преспие. Утредента (да, баш утредента) се разбудил со останата само една на раката, која можно е бајачката да ја пропуштила во броење... Човекот е сам скептик и не знае ова како да го објасни, па верувам дека можеби стварно постојат луѓе со одредени вештини и енергии
Јас сакам да прашам едно се почесто се споменува тука љубовна магија. Навистина верувате дека некој на некого може да му направи да го сака да биде заљубен во него ако другиот едноставно не го сака? Дали верувате навистина во ова?
Да тоа е некој период не за секогаш и је многу скапо тоа да се направи зш на тој начин се врзува за цел живот како пример брак дете потек на време може да дојде до развот аможе цел живот заедно се зависи од тебе пошто знаеш како си го добил а и можеш да го изгубиш се што е слатко еекратко како што си ја врзал личноста требсѕити даебидиш врзан даеоди по кево ништо спротивно од неговиот став за да добијат минимална љјубов
дали знаете некој да помага во Битола? го знам само славе, ама мн има чекање кај него, некој друг/а...?
Сакаме да отидеме ,свештеник да ни отпее молитва .Дали знате дали се наплаќа нешто, треба ли да се пости пред молитвата, во која црква ...Ако има некоја членка што била ,слободно нека ми пише.
Jas imam odeno vo Kapistec Sv Jovan Krstitel i mislam deka ne se naplakja zatoa sto ostaviv 500 den nikoj ne pobara povekje eve ti br mozes da se javis da si prasas
Здраво сакам да прашам дали знаете некои гатачи во Штип од секугаш сум верувала во такви работи и маѓии па би сакала со другарка ми да идеме да видеме што ќе ни предвидат. Ако знаете некои каде живеат точно во Штип или број би ни било од корист. Благодарам!
Здраво. Син ми има 1 год, многу немирно спие и се плаши. Денес го однесов кај бајачка што бае на олово. Дали некој има искуство со тоа оловото. Имам читано, исто некој пар однесол малечко да му баат на олово и од тогаш имале само расправии дома.
Со какво очекување си однела дете од 1 година на бајачка? Што да му прави? Демек сеа нема да се штреца. И нема врска баењето со караниците, нема да се караш со маж ти, штом то е тоа најголемиот страв ама детето не го влечкај по глупости. Олово бе! Бог да чува една година дете да носи по женишта бајачки бе, цц