Малку повеќе оф топик од темата но, Ме интересира што мислите вие кога ќе се случи родителот на возрасен човек да чека да дојде покрај него своето дете и така во длабока старост да почине покрај него. Која е таа сила што те држи свесен да си го дочекаш детето и дури потоа да ја пуштиш својата душа, откако кога ќе го видиш до тебе, покрај тебе за последен пат? И тоа да се случи и со двајцата постари родители. Значи нивниот син живее далеку од нив и во двата случаи кога дојдоа таквите моменти и двајцата родители чудно издржаа, го дочекаа своето дете за мирно да починат. Како може да се објасни тоа: научно, психолошки, со постоење голема верба да издржат да си го видат синот и безбедно откако ќе видат дека детето им е добро да си починат тие среќни дека нивната животна цел е постигната. Од кај надоаѓа или извира таа сила кај човекот?
Се срамам да признаам дека ете и јас сум била една од онаа толпа која како муви без глави се буткале и се радувале што дошле на ред да и Гледаат.Ретко кој од нас не го искусил тој пат чии врати водат токму онаму каде што пиша Аеродром.Во самиот пекол. Тој почнува со самото наше одење по тие врати. Ми се случило неколку пати [за што се каам].Не се оправдувам , бев многу млада, неискусна со слаба вера во Бога.Како минуваше времето сватив, дека тоа не ми донесе ништо добро. Напротив ми ги наруши брачните односи, сопствениот мир,ми ја нагриза совеста,ми го зеде сонот... Оправдувања имаме многу,кој од болест,кој од занимција , кој од љубопитност, ама со сигурност е погрешно.Жално е што повеќето од нив тоа го прават божемски се помогнати од самиот Бог. Има луге пратени од Бога да помогнат овде на земјата,но тоа со сигурност не се оние прочуени вражалици кои се збогатија на сметка на нашата неукост,слаба вера.. Место кога ќе се почуствуваме слаби , силата да побараме во Бога,во неговите засолништа (цркви, манастири,да запалиме свеќичка, да се помолиме, да побараме совет од духовно лице)ние го правиме спротивното , трчаме по гаталци,вражалци,бајачи,... На тој начин се оддалечуваме од Бога.
Ќути , па и во црква не издаваат фискални , во Италија на пример во сите дуканчиња во катедралите во кои се продаваат разни верски сувенири се издава фискална Во Србија имаа донесена специјално закон за вражачи, гледачи and sush a things , и таа година ( не се секавам точно која), имаше нешто како рација. Сите кои изработуваа било какви амајлии, па држеа разни предавања за просветлување, чистка! Сега не велам дека се искоренило се до даска, ама...
Во врска со дискусијата за цврсти докази за постоењето на Бог: Како анти докази секако служат многуте злоупотреби на црквата(со векови наназад па се до денешно време) односно основањето на различни видови фондации во името на некоја си вера во Бог, а фактички зад тоа се кријата сосема други работи. Не може да се негира, но не значи дека треба ја губиме верата и да не веруваме во Бог. На следниов линк може да се прочита “нешто“ во тој контекст:http://pravoslavljepzv.wordpress.com/2013/08/03/toni-bler/:Зошто Тони Блер отишол во попови. Извадок: Пацифизам као ратна техника ,, Можемо ми немоћно да се смејемо, али Тони је, како рекосмо, опет присутан на Балкану, тачније на КиМ. Он је сада основао «Тони Блер верску фондацију», која је уствари пацифистичка секуларно-религиозна секта. Блер користи већ постојеће верске форме да би их искористио за имплементирање и проповед његове хуманистичке религије. Почетком августа, ове 2013. најавио је нове активности у Приштини, у сарадњи са сепаратистичком владом А што да се прави, кога човекот едноставно е такво суштество. Навистина човекот се качи на месечината, речиси за 5 минути може да се стигне на било која точка на земјата, мобилни телефони, компјутери, напредна медицина, брзи возови, и се тоа се случува последните 100-тина , а во последниве 50 години многу поинтензивно. Но дали се промени нешто во душата на човекот? И понатаму остануваат иситите негативни карактериситки, кои еве за промена, нема да ги поврзувам со црквата или со било која религија, негативни карактериситки кои се препознаени од психолози и психијатри, па и од автори ( не смеам да цитирам книга , да случајно пак некој ми се закачи ) на книги за успех во деловниот свет, на пример Наполеон Хил. Замислете дури и Наполеон Хил (човек од бизнисот) ги препознава како кочници следниве негативни оденсувања: завист, прељуба, крадење, гнев, убиства, омраза,... долг е списокот. Токму овие негативности во карактерот на човекот, биле присутни и во времето кога живееле оние “простите“ и нецивилизирани народи во времето кога се појавил и Исус, и истите биле “заведени“ затоа што биле прости. Која е разликата од тогашниот човек и денешниот современ човек? Тоа што имаме мобилни, ТВ, автомобили, електрична енергија, развиена медицина,... Јас само таа разлика ја согледувам. Ајде да видиме како се користи науката и дали треба да и веруваме: 1. Оловото е откриено во Кина. Може да се користи за печатење на книги, но некој го користел и за оружје за убивање на луѓе 2. Со ножот може да се пресече леб, но исто така со него може и да се убие 3. Со примена на фисија/фузија може да се произведе енергија, но некој ја искористил и за немилот настан во Јапонија ,Хирошима и Нагасаки, атомската бомба( па колку што знам пилотот на авионот после се самоубил) 4. Незнам дали да и верувам на медицината и да плукам по неа, да ја негирам, затоа што пред 5 години на мајка ми и правеа операција, лекарот не го извадил тоа што треба, отворил и зашил, и после вели ок е. Арно ама мислел дека само тој ке врши надзор над пациентот, односно дека нема да отидеме на друга контрола. Треба ли сега да речам , каква медицина какви бакрачи?! 5. Една жена од Канада доаѓа во МК и оди случајно на ехо кај наш лекар, и тој и кажува дека има песок на жолчка, а жената станува запрепастена и вели дека таа ја извадила пред извесно време со операција во Канада. А лекарот и вели да оди каде сака да провери, жолчката и соти. 6. Се секавате ли на филмот посветен на фармацевстката индустрија со Раде Шербеџија? Химера , мислам така се викаше вирусот кој требаше да го пуштат а после фармацевската компанија ќе излезе со лекот против вирусот. 7. Менѓеле да не го ни спомнуваме! 8. Генетски модифицирани организми! Со Генетиката како наука може многу да се помогне , но истата и се злоупотребува, и за ова нема потреба да се зборува. Уште којзнае колку примери можат да се дадат за “делата“ на цивилизираниот , современ човек! Како што може да се види човекот е склон кон ЗЛОУПОТРЕБА на се! Тој ја злоупотребува науката во истата мера во која ја злоупотребува(л) и црквата, и религијата. * Но исто така, восветот постојат и (сериозни)организирани групи, составени од поединци кои солидно се потковани со различни информации и податоци( не ретко можат и да бидат измислени, посебно ако се однесуваат на локација и дел на светот на кој тешко дека нешто може да провери обичен човек) за активностите на различни верски организации, и ги користат во смисла на Сталинистичкото мото: Религијата е опиум за народот. * Цврст доказ дали Бог постои? *Ако некој ти удри шамар, ќе почувствуваш болка. Но ја гледаш ли болката од шамарот? Секако не! * Да не испадне дека само една книга имам прочитано ке цитирам извадок од “Голем е Бог“ од старец Клеопа. Старец Клеопа се возел во воз и во него влегле воени лица кои почнале да разговор со Старецот во смисла дека Бог не постои. - Вашиот пријател рече дека е голема лудост да се верува во она што не се гледа.Но најнапред, што вели Светиот Дух во Псалтирот, на почетокот на псалмот 13 и 52 кај нас во Светото Писмо: “ Рече безумникот во своето срце: Нема Бог!“ - Да јас реков! - одговорил едниот од сопатниците. - Па јас ви реков дека никој од вас нема ум. Сите сте луди. Имам потполно право да ве нарекувам луди! - Зошто? - Затоа што јас никогаш не сум видел нечиј ум! Па тогаш, зар не е лудост да верувам дека имате ум ако го немам видено? Па како да верувам дека имате ум, ако јас од кога сум роден не сум видел ничиј ум? Ниту кај вас, ниту кај себе си: каков е ? Бел, црн, црвен или зелен? Со каков облик? Квадратен, правоаголен, шестоаголен? Господа, со каков облик и боја? Дали е опиплив или не? Ако ми ги кажете тие особености на умот, тогаш ќе ви кажам дека имате ум, ако пак не- тогаш немате воопшто! Освен тоа, дали целиот свет на оваа земјина топка верува дека луѓето имаат ум? Веруваат ама на невидено. Ете го аргументот дека целиот свет верува дека има памет. И вие верувате и јас, но умот не го гледаме. - Имате ли вие фантаззија? - Да. - Дали некогаш сте ја виделе? Не . Имате ли гнев? Дали некогаш сте го виделе? Имате ли размислување, мислење? Дали некогаш сте го виделе? Имате ли страст? Имате, бидејки тие се СИЛИТЕ НА ДУШАТА - ГНЕВНА И СТРАСНА! ГНЕВНА И СТРАСНА ЧОВЕЧКАТА ДУША - била пред 2000 години и уште е таква а можеби и полоша! И покрај мобилните телефони, и покрај ел. енергија, и покрај суперсонични авиони, автомобили.
Извини Кво, ама ако ти мислиш дека со овие цитати успеа да докажеш нешто, ако мислиш дека со такви апстрактни примери и цитирани дијалози од свети книги за невидливи појави, ти имаш разочарувачки низок праг за квалитет на докази. Да, токму тоа ќе ти го кажам. Да ти го преведам твојот главен аргумент за постоењето на Господ. Ако не го гледаш, не значи дека не постои, затоа нема логична причина да не веруваш во невидливото. По таа основа јас можам да верувам во самовили, леприкони, Зевс, Атина, Аполон и бидејќи сум голем фан на пливање, Посејдон. Дури и кога сум изморен и во длабоки води каде што можам да се удавам, чувствувам како Посејдон ми вдахнува сила и внатрешен мир за да го пребродам тоа патешествие и да ги совладам сите пречки. Или бидејќи не ги гледам, а нема причина да не се верува во невидливото, бидејќи не можеш да видиш ни болка од шлаканица или ум, а тие се реални (аргумент на новиот милениум), тогаш јас можам сеуште да верувам во една од еден куп древни религии кои се скоро идентични со Христијанството. Ми мириса на листа... Хорус Спојлер Роден од девица, Исис. Син единец на богот Осирис. Раѓањето најавено од утринската ѕвезда Сириус. Нема никакви информации ни за неговиот живот меѓу 12-та и 30-та година. На 30 години е крстен, и неговиот крстител е обезглавен. Чекорел по вода, бркал демони од луѓето, ги лечел болните, им го враќал видот на слепите, бил распнат и после три дена воскреснал. Атис од Пригиа Спојлер Роден на 25 Декември од девица Нана. Бил сметан за спасителот кој го дал својот живот за да ги искупи гревовите на човештвото. Неговите следбеници го јаделе лебот како симболика на неговото тело. Бил истовремено и Небесниот Син и Отецот. На "Црн Петок" бил распнат на дрво и се верувало дека неговата света крв капела на земјата за да ги измие гревовите на човештвото. Умира и после три дена Атис воскреснува. Зороастер Спојлер Се верува дека оваа религија го бележи своето потекло во древна Персија, денешен Иран. Зороастер бил роден од девица која "забременила со зрак на божествена волја", крстен во река, а во неговата младост тој ги воодушевил мудреците со неговата лична мудрост. Почнал со неговите проповеди на 30-годишна возраст крстејќи луѓе со вода, оган и "свет ветер", бркал демони од човечките души и на слеп човек му го вратил видот. Проповедал за рајот и пеколот, откривал мистерии и воскреснување, судниот ден и крајот на светот. Бил убиен, бил сметан за "Божјата појава преточена во зборови", неговите следбеници очекувале второ доаѓање во 2341 година. И тој почнал со своите проповеди на 30-годишна возраст. Дионис Спојлер Дионис е роден од мајка девица на 25 Декември и бил ставен на вакво столче со сено, како се вика... Спојлер бил сметан за свето дете, патувал и правел чуда и за него се велело дека "триумфално јавал на магаре" Тој бил убиен и изеден во ритуал на прочистување после што воскреснал. Тој бил Бог на виното и претворал вода во вино. Бил нарекуван Крал на Кралевите и Бог на Боговите, бил сметан за "Единствениот син на Бог", "Спасителот", "Искупувачот" и "Носителот на Гревовите", "Избраниот" и "Алфа и Омега". Неговиот жртвен назив или опис кој е "Младиот човек на дрвото" сугестира дека можеби бил обесен или распнат на дрво. Има уште примери за ова, но постов би се развлекол многу. Уште една последица на таа твоја логика дека само затоа што нешто е невидливо не значи дека не треба да не веруваме во него, или дека не постои е таа за материјалниот свет. Замисли како може ова да се примени во видливиот свет. Па можеме да веруваме во пеперутки, нив ги ги гледаме и ги чувствуваме. За нивното постоење има купишта докази, тие не се одговорни за ниту една човечка смрт, а со нивните елегантни движења и често преубави шари и дизајни навистина знаат да ја смират душата и да донесат внатрешен мир, а и насмевка кај луѓето. Ам? Па замисли колку докази има за делфините, некои од нај најпрекрасните суштества на планетава. Тие се неверојатно интелигентни, сакаат да се играат, комуницираат, во многу регистрирани случаеви спасувале човечки животи и немаат фашистички закани дека ќе гориме ако не сме на нивна страна. Зарем тоа не е најчистата форма на љубов? Без услови и закани! Твојот доказ дека постои Бог е базиран на книга која опишува дијалог во воз во кој не само што не постои аргумент туку баш спротивното, бара од другата страна да докаже дека НЕ постои. Уште еден случај каде што религијата ги прави сите грандиозни тврдења за рај и пекол, грев и искупување, спасување на душата, второто доаѓање кое никако да се случи и крај на светот, а притоа се изолира од товарот на доказ. Твојот аргумент сам се потопи. Сам се сруши врз себе бидејќи е еквивалент на тоа јас да ти кажам дека мојот компјутер е божество, а ти откако си ме прашала што ти е бе на тебе што зборуваш, јас само да ти кажам ПА ДОКАЖИ ДЕКА НЕ Е. Од денес моето божество е гравитацијата. Таа е божица која ме држи на Земјата, ме чува да не одлетам и да се повредам. Јас неа не ја гледам, ни ја допирам. Но имам докази дека предметите се привлекувани и нејзините закони функционираат. И факт е дека луѓето позади науката правеле и тешки зла кон човештвото, но севкупно гледано, науката преку своите гранки неспоредливо повеќе придонела за подобрување на човечките животи и придонела повеќе за интелектуалната и физичката благосостојба на човештвото. И спасила повеќе животи од болести на кои религијата ќе ти каже само да имаш верба и да се помолиш. Не ти посакувам да има следен пат, но ако има следен пат некој твој близок да се разболи, одјеби ја медицината. Оди запали свеќа и чекај одговор од Севишниот и види што се случува. Кој и да ви го започнал Христијанството, не бил многу креативен. АЈјттттт
kva А да приложеше цврст доказ, без цитати од книги ? Види, ја и така сум по пишување и без проблем ке напишам некоја приказна за тоа што верувам. ФАКТ ке се најдат некои што ке поверуваат у моја измислица .... Дај ти докази твои лични дека си го видела, дека сте си направиле муабет па нз што ... За извадоци еден куп ке ти најдам извадоци од книги па и за грчките, египетските и римските богови ... Ако имаш цврст конкретен доказ, без рекла казала муабеи без свети книги, повели сподели, све до тогаш ни самата не си сигурна дека има нешто .
Јас ќе се вратам на темата , нема да дискутирам дали постои Бог или не , за мене постои и тоа е длабоко лично убедување и интимна одлука .. Не сум религиозен фанатик и не ја цитирам Библијата кога сакам да се докажувам , нити па сакам на некому да му докажам , постоењето на Бог не можеш да го докажеш , или имаш верба во него или не ... Мене ми е интересен фактот дека еден од аргументите против бајачките е дека тие се слуги на ѓаволот и дека нивнота моќ потекнува од ѓаволот , јас пак ни во тоа не верувам нити пак им придавам посебни моќи , за мене бајачки гатачки се од времето на неписменост и неспособноста човекот да си објасни и излечи некои од болестите , ќе ви дадам вистински пример за една бајачка ... 1900 и некоја година , село во Македонија , лекарот доага во обиколка на селото 2-3 пати годишно , како луѓето да се лекуваат и како да си ги ублажат маките ? Скоро сите се неписмени , а децата редовно ги фаќаат болести .. Во селото има позната бајачка која е еден вид надрилекар , во склоп на кажувањата пагански песнички за време на бааењето се служат со народни лекови , собираат чаеви , тревки и така се лечеле ...Таа и самата верувала дека зборовите кои ги кажува за време на баењето помагаат , бидејки за повеќе не знаеле , човекот од секогаш си наоѓал начин да си ја ублажи маката ... Понекогаш бајката се фаќала , некогаш не .. Но бајачката била најпозната за лечење на пликови од алергии народно наречени сугреби .. Како успевала ? Слушнала од баби дека треба да запали конопље ( мислам дека така се викаше не ме фаќајте за збор ) и кога ќе го запалела растението кажувала специфично баање , таа верувала дека тие зборови го лечат детето а всушност тоа растение кога гори ослободува антихистамини кои лекуваат алергии .. Ете тоа била тајната А луѓе од различни села доаѓале да се лечат , и ја славеле позната бајачка .. Не би ги обвинила ни луѓето ни бајачката , толку имале капацитет и можности .. А богами во тоа време кога не им биле достапни ни лекари ни лекови , тие бајачки со помош на народни мудрости и народни лекови пренесувани од колено на колено , си помагале еден на друг ... А бајачката дали била слуга на ѓаволот ? И со посебни моќи плус Важела за многу добра жена , на тој начин си ги лечела многуте деца , и тоа што била поинтелегентна од своите соселани и пољубопитна па се распрашувала за растенија и учела бајачки , бидејки во маката само тоа им останувало .. Не ни земале пари , често селаните ќе оставеле шеќер , сол , млеко, за здравје .. А бајачката имала соседка која била вдовица со 4 деца па ги замолувала пациентите , да ги оставаат даровите на нејзината комшивка .. Значи во тоа време луѓето живееле во примитивни заедници , се држеле еден со друг и си изнаоѓале начин да си помогнат еден со друг .. Бајачите всушност биле народни лекари ... Ама во вакво време да веруваш во нив е смешно и навредливо за вашата интелегенција .. Ама тој култ што се одржувал од тоа време се пренел и денес ,па се јавиле гатачи ,бајачи, магионичари само денес тие ја користат неукоста и лековерноста на денешните луѓе .. Тогашните луѓе ги разбирам , ама денес кога оди некој на бајачка не го разбирам ..
mimiiiii , потполно си во право за оној пример кој го наведе. Навистина низ минатото, многу луѓе, особено оние кои имале и малку познавање на тревките и нивната лековита моќ, факт е дека и така лекувале и баеле. Но, она баење за кое зборувам/е е сосем нешто друго и е во преголема врска со верата, особено во најблизок контакт со оние мрачни сили. Моето искуство беше следно. Една бабичка ми баеше со босилок од уроци . Секогаш бараше босилок со три гранчиња и со него баеше. За едни верно, за други не, босилокот се деформираше. Некое гранче се свиткуваше околу другото како змија, другото можеше да се наведне надолу како овенато (а знаеме дека сувиот босилок, особено гранчето е дрвенесто и нема шанси да го наведнеш надолу, освен да го скршиш), другото гранче се случуваше само од себе да крцка, да се рони, а без да го допреше таа или некој друг... Еднаш се случи дури и водата во еден сад да започне да жубори да се заматува, како да врие. Значи водата не беше топла, врела, тогаш зовриена, немаше ставено ништо, туку тогаш пред наши очи го наполни садот со вода од чешмата во кујната (од која претходно пиев вода), а таа вода кога започна да бае, таа започна да жубори. Сакам да кажам, дека во овој случај се работи за нешто сосем друго. Да е некој трик како оние што ги гледаме не телевизија со познатите магеоничари, искрено не е. Туку овде се работи за нешто далеку повеќе од трик, за нешто далеку повеќе од игра и манипулација. Тоа е она што е во тесна поврзаност со верата, со невидливото и она што не се објаснува, особено со она негативното. Зашто не се работи за нешто само човек да каже и да излаже, тие личности кои вистински се од таа страна, тие не кажуваат лага, туку кажуваат вистина. Ти кажуваат што се случи вчера, што пред некој ден, што по „можност и претпоставка„ може да ти се случи утре. Но ни еден човек досега, особено бајач, гатач, не може да ти ја прочита мислата. Знам, дека веднаш некој ќе рече, постојат и такви личности, да, можеби постојат, но поинаку функционираат. Гарантирам дека ако човек отиде на бајач и ако во мислите започне да се моли, гарантирам дека ни еден бајач нема да му бае. Тогаш самиот тој ќе се оправдува, дека не му е денот за баење, дека не може да се концентрира. Од срце ве советувам, ако не верувате, пробајте. Ќе го видите и сами исходот (од искуство). Суштината е друга на овој вид гатање и баење. На тие личности им се отворени духовните очи. Тие можат да видат нешто што ние не можеме. Особено го гледаат тој свет, со кој склучиле сојуз и соработка. Но, тој свет не се прикажува како нешто лошо и негативно, туку сосем е друг. На некој што бае на икони, не му се покажува инаку, освен како некој светител, баш ист, со исто лице и облека како што е на некоја икона. Но тоа ни најмалку не е тој светител. Тоа е само привидение и маска. Така се заведуваат личностите на почеток да можат да веруваат. А потоа ако сакаат да престанат, ете тогаш се закануваат, а некои завршуваат доста тешко (телесно и психички). На почеток се е наивно и безопасно. Ќе појави во сон и ќе каже нешто што утре ќе се случи. Пример, ќе дојде П.... на гости и ќе ти донесе кафе. Следниот ден токму тоа и се случува. Навистина доаѓа личноста, баш како што било речено. Наредниот пат ќе му каже нешто слично, а човекот веднаш паѓа во таа стапица и тоа заради таа вистинска случка. Значи тие личности не контактираат сами со себе, тие имаат ментор. Тие толку знаат, а знаат зашто тие се духовни битија и го знаат минатото, секој наш збор кој бил изговорен, но верувајте, не ја знаат мислата, а особено онаа добрата. Оној кој одел по бајачи тоа го знае. Зарем не се запрашал понекогаш: Зошто бајачот или гатачот, многу ретко му кажува нешто добро? Пример, има некои ќе речат, ќе се омажиш, ќе родиш деца толку и толку... но секогаш постои едно но, кое се остава за крај, па ќе рече дека и нешто друго (негативно) ќе се случи. Значи кој си заминал смирен? Кој заминал со мир во душата и срцето од кај некој бајач? Никој. Сите заминуваат со сомнеж кон некој дека им направил нешто, со омраза кон поедини личности. Заминуваат така, зашто во бајачот нема мир, нема ни Б од Божјото, од мирот и топлината. Додека замислете ја другата страна. Човек оди во црква, па и да не се моли или слично, чувствува нешто во себе. Чувствува мир, нешто дека го храни, го успокојува... А така е и со некои личности кои секојдневно ги среќаваме во животот. Некои се толку негативни што не можеш миг да останеш во друштво, а некои се толку топли, пријатни, што мислиш дека секогаш можеш да комуницираш и тоа неограничено. Секој може да верува или да не верува, тоа е лична определба, но нивното постоење е вистина. Тие постојат и нажалост делуваат. А врската помеѓу верата и нив е следна. (Случката ја имам напишано во првиот пост, но ајде ќе се повторам.) Пред извесен период се одржала некоја трибина токму за овие теми ( не ме држете за збор, ама мислам дека беше во Грција). Биле поканети луѓе, верници (од различни религии), атеисти, бајачи, гатачи... Еден излегол и започнал да прави нешто. Имало на масата каде седел чаша за вода која била празна. Во еден миг момчето со поглед, мислено... но чашата започнала да се подигнува во воздухот. Лебдела, се движела и додека така се движела пред неа се отворила (сама од себе) вратата, чашата застанала под чешмата, се пуштила сама од себе чешмата и се наполнила чашата со вода (бидејќи имало помошна кујна во таа просторија). Потоа се вратила лебдејќи во воздухот, вратата повторно се затворила, а чашата завршила во рацете на момчето кое тоа го направило. Изненадени сите, восхитени, сите присутни сега бараат одговор, како тоа се случува? Прашуваат еден, па друг, но никој не наоѓа одговор. На крај се доаѓа до едно решение, да сите ја покажат својата вера, особено ова важело за православните, бидејќи имало и свештеници. Отецот се помолил во себе и излегол пред сите. Вистински не знаел што да направи, но ете Бог му дарил одговор. На тоа момче со чашата му рекол да направи ист потег како со неа. Да му го извади крстот од рацете, тој да лебди во воздухот и потоа повторно да му го врати. Момчето започнало со таа негова сеанса. Во еден миг дури и зборувало гласно како да вика, но крстот не е поместил од дланката на отецот. На крај стигува до еден момент кога момчето вика на цел глас: -Зошто бегаш? Врати се! Земи го крстот! Сите присутни сфаќаат дека нешто се случува. Момчето разговара со некој кој е невидлив за другите. На крај само изговара: -Значи постои Некој поголем од тебе? А јас мислев дека ти си она што барав и што е над се и секој. Пред отецот и сите присутни момчето клекнало на колена, јавно и гласно пред сите кажало за се што му се случувало. Дека неговите од три годишна возраст го испратиле да го учи ова. И на крај дека го достигал највисокот степен, да гледа се што другите не гледаат, а воедно да тој свет му се покорува на сите негови желби. Но дека никогаш не се соочил со вакво нешто, туку секогаш и со сите останати (од различни вери или слично), секогаш се функционирало. На крај се покаил за се и тој отец го крстил. Да појаснам не е ова рекла- кажала муабет, туку вистина. Ќе се потрудам да го најдам вистинскиот извор на интернет и сите да прочитате. На крај ќе останеме само со личната определба. Кој како што сака, така и нека си верува .
А нашите вражари не може да издаваат фискални, зашто тогаш треба да имаат региситрирано правно лице, а немаат. Така да не знам што е проблемот и нејаснотијата. Нелегални се гонат кривично веријатно како измама. За црквите не знам, имаше некој обид да ги фискализираат(тука немам некое крајно оформено мислење) па нема да дискутирам зашто не знам.
НЕ СЕ ГОНАТ, тоа е трагичното, дури и се пропагира дека е као океј да се посетуваат и јавно се фалат од некои си квази баби и гатачки и нивните моќи и тоа ми смета и ме иритира ама не можете да сфатите колку. Знам дека безпотребно ми е замарањето нит ќе можам да им го сменам мислењето нит ќе ги спречам да одат, ама кога прв пат ја прочитав темава пред некој ден останав забезекната на тоа како уште во ова се верува и се оправдуваат. За мене е поеднакво исто како да се правдаат криминалци зашто овие се и тоа, нит плаќаат данок нит помагаат,само лажат народ за не ситни пари. Каква и надеж да даваат таа е лажна надеж и никако вистинска. Ни за мое дете, нит за мој роднина не би го оправдала ова нит одобрувала. Господ да не чува само од лоши работи, мене таа верба и надеж ми е доволна. А науката си го прави останатото.
http://preminportal.com.mk/content/view/12665/54/ ЕВОЛУЦИЈАТА НА ЗЕМЈАТА НЕ ТРАЕЛА МИЛИОНИ ГОДИНИ ТУКУ НЕКОЛКУ МИНУТИ Роберт Џентри (Robert Džentri) , водечкиот светски стручњак во областа на радиохемијата и геохемијата дошол до откритие дека гранитните карпи се создадени за неколку минути, а не за неколку години, откритие кое во парчиња ја разурнала теоријата на еволуцијата. Замислете, директор на компанија да му врачи отказ на Никола Тесла. Тоа би била ударна вест во сите светски медиуми. Нешто слично му се случило на д-р Роберт Џентри, водечкиот светски стручњак од областа на радиохемијата и геохемијата. Причина? Откритието кое во парчиња ја разбило теоријата на еволуцијата. Лабораторијата Оук Риџ во Америка е една од најпознатите лаборатории на светот од областа на радиохемијата и геохемијата. Стручњаците на оваа компанија се занимаваат со различни работи, а една од нив е и безбедното складирање на нуклеарниот отпад во основните карпи на земјата – гранитот. Водечки стручњак на оваа компанија до скоро беше д-р Роберт Џентри, кој објави мноштво научни трудови во најпознатите светски научни списанија. Но, еден ден врачен му е отказ. Причина? Неговите неверојатни откритија кои ја оспоруваат теоријата на еволуцијата, за која се осмелил да објавува во најпознатите научни списанија. И не само тоа. На судењето во државата Арканзас, се осмелил да биде сведок кој го бранел воведувањето на библискиот концепт на Создавањето во училишните програми. По исфрлањето од работа д-р Роберт Џентри ја напиша книгата „Мала мистерија на создавањето“ која е објавена во Србија, а неговите два видео материјали се преведени и објавени и кај нас. Заради сето погоре наведено, го замоливме д-р Роберт Џентри за кратко интервју. Д-р Џентри, кажете ни како започна сè во Вашиот случај, кој ја вознемири научната и пошироката јавност? . Роден сум во либерално христијанско семејство во Америка и не се занимавав многу со прашањата за научно докажување на точноста на Библијата, туку бев христијанин по верување и ми беше важно дек Бог постои, но не навлегував во детали во односите меѓу теологијата и науката. Додека студирав физика, забележав дека некои религиозни студенти се бунтуваа кога професорот изнесуваше наводни докази за еволуцијата и за Големиот Прасок. Професорот ги смируваше со зборовите дека „можеби Бог го покренал Големиот Прасок и еволуцијата, а дека деновите на Создавањето всушност се симболично прикажани во милионите години на еволуцијата кои што Бог ги водел“. Што Вас ве поттикна да го промените своето мислење за еволуцијата? - Еден ден ми пријде еден човек кој ме запраша дали верувам дека десетте Божји заповеди се вистински. Одговорив потврдно. Потоа ме праша дали навистина верувам дека деновите на Создавањето се симболични и дека претставуваат милиони години еволуција. Одговорив потврдно. Потоа ме потсети на зборовите на една од Заповедите во која што се кажува дека треба шест дена да работиме, а седмиот да одмараме, зашто Бог за шест дена се` создаде а седмиот, одмараше“. Човекот продолжи: „Ако деновите на Создавањето симболички претставуваат милиони години, тогаш оваа Заповед нема смисла. А, ако таа нема смисла, како можеме да прифатиме дека и останатите Заповеди имаат смисла.“ Бев затекнат и не знаев што да му одговорам. Моето верување во Бога и посветеноста на науката дојдоа до голема криза. Би било повеќе од лицемерно и понатаму на студентите да им предавам нешто во што и самиот повеќе не можев да верувам – дека еволуцијата и библијата се компатибилни. Како го решивте настанатиот проблем ? - Бидејќи повеќе ѝ верував на Библијата отколку на теоријата за еволуција, одлучив да го истражувам прашањето за постанокот на Земјата и нејзината старост. Дојдов до неверојатни откритија и ќе се обидам сега и вам да ви ги приближам на еден интересен начин.Повеќето луѓе слушнале за витаминот Ц. Него го произведуваат растенијата, а од неодамна човекот е во состојба да го направи во форма на шумечки таблети. Ако таблетата од овој вид ја ставиме во чаша вода, таа ќе почне да се распаѓа создавајќи меурчиња во водата. Да претпоставиме дека на таблетата на витамин Ц ѝ е потребна една минута за потполно да се распадне во водата ослободувајќи меурчиња. Што би се случило доколку во чашата со вода би ставиле витамин Ц, а веднаш потоа чашата би ја ставиле во замрзнувач? На замрзнувачот би му било потребно околу петнаесет минути да ја замрзне водата. Дали по 15 минути во замрзнатата вода би пронашле меурчиња настанати од распаѓањето на таблетата? Секако не, зашто процесот на распаѓање на таблетата е многу побрз од процесот на смрзнувањето на водата. Но, кога би ја виделе чашата со смрзната вода во која што се наоѓаат фатени меурчиња од таблетата на витаминот Ц, што би заклучиле? Единствен можен заклучок би бил дека во прашање е некој модел на замрзнувач кој што е во можност да ја замрзне водата побрзо отколку што таблетката на витаминот Ц би се распаднала – побрзо од една минута. Значи, кога би имале пред себе чаша вода со смрзнати меурчиња од таблетата на витаминот Ц, би можеле да извлечеме најмалку два заклучоци: 1. Некој jа уфрлил таблетата на витаминот C во чашата со вода; 2. Водата во чашата замрзнала за помалку од една минута , зашто во водата се наоѓаат фатени меурчиња од таблетата која што се распаднала. Овој пример со чашата вода, таблетата на витаминот Ц и смрзнувањето, ги наведов за подобро да разберете што сум открил. Веќе спомнавме дека во растенијата се одвиваат одредени процеси во кои се создаваат витамините меѓу кои и витаминот Ц. Од друга страна, во карпите се одвиваат процеси каде што одредени хемиски елементи се распаѓаат и на тој начин создаваат одреден тип „меурчиња“ во карпата. На пример, во карпите често пронаоѓаме милиони атоми на нестабилен уран, кои заедно се групирани во микроскопски мала точка и кои се распаѓаат. Во текот на распаѓањето тие исфрлаат мали честички на сите страни. Така создаваат оштетување во цврстата карпа во вид на меурчиња. Некои нестабилни елементи се распаѓаат во повеќе чекори, така што често пронаоѓаме по неколку меурчиња кои се наоѓаат едни во други. Доколку карпата ја пресечеме низ средината на овие меурчиња, на пресекот ќе видиме концентрични кругови. Некои нестабилни хемиски елементи се распаѓаат побрзо, а некои побавно, но своите меурчиња на распаѓање можат да ги остават смо во цврста карпа. Ако е карпата течна, како што е случајот со вжештената лава, тогаш тие не можат да остават меурчиња – на ист начин како што и таблетата на витаминот Ц не може да остави меурчиња на распаѓање во течна, туку само во замрзната вода. А сега да го примениме нашето знаење за „меурчињата“ на прашањето за постанокот на планетата Земја. Познато е дека најголемиот број на нашите континенти ги сочинуваат карпи кои што се викаат гранит. Меѓутоа, долго време не беше познато како постанал гранитот, зашто никаде во природата не може да се посматра неговото создавање, ниту било кога било возможно да се направи во лабораторија. Затоа, многу научници ја прифатиле претпоставката дека основната карпа на нашите континенти - гранитот – настанала со постепено ладење на вжештената лава во текот на повеќе милиони години. И многу луѓе, кога помислуваат на настанувањето на планетата Земја, веднаш замислуваат вжештена планета која постепено се лади во текот на долги временски периоди. Меѓутоа, јас открив нешто сосема спротивно. Всушност, на сите континенти по целиот свет во гранитот се пронајдени меури на распаѓање на еден необичен хемиски елемент. Во прашање е полониумот кој се распаѓа само за неколку минути. Toа значи дека гранитот морал да зацврсне за најмногу – неколку минути. Извршени се детални научни испитувања за да се провери ова откритие и првобитните резултати беа потврдени. Така, потврдено е дека нашата планета не била вжештена маса во текот на повеќе милиони години, туку настанала за многу кратко време – максимално за неколку минути! Она што го направи ова откритие уште поневеројатно, е тоа дека типот на полиниумот кој оставил меурчиња во гранитот, не постои самостојно никаде во природата, туку само како дел на некој поголем синџир на распад, како што е тоа синџирот на распад на уранот. Значи, како што витаминот Ц не настанува во природата самоастојно во вид на таблети, така ниту овој тип на полонијум не настанува никаде во природата самостојно, како независен хемиски елемент. Во случајот со замрзнатата вода со меури на таблетата на витаминот Ц можевме да изведеме два заклучоци. На истиот начин и тука, во случајот со гранитот за меурчињата на овој полонијум, можеме да изведеме два јасни заклучоци: 1. Некој го уфрлил овој тип на полониум во гранитот; 2. Гранитот се зацврстил само за неколку минути. Tреба да се истакне дека и покрај бројните обиди, никој до сега не успеал да го оспори ова откритие. Овие заклучоци јасно укажуваат на Оној кој го уфрлил полониумот во гранитот и ни оставил докази за создавањето на планетата Земја за многу кратко време – токму така како што пишува во Неговата книга – Библијата. Затоа овие откритија за гранитот јас ги нарекувам „отпечатоци на Божјите прсти“. Kако овие откритија влијаеја на вашиот проблем на работа? - Долги години работев на складирање на нуклеарниот отпад во гранитот, така што примероците на гранитот можев детално да ги истражувам. Покрај пронаоѓањето на полонијум во гранитот, кој укажува дека нашата планета е создадена за кратко време, открив во гранитот и големи количини на хелиум – гас кој брзо испарува и кој одамна би испарил од гранитот во случај гранитот да е стар милиони и милијарди години. Но, огромните количини на хелиум во најдлабоките слоеви на гранитот укажуваат дека нашата планета е многу млада, само неколку илјади години – токму така како што тврди Библијата. Во тоа време дојде до судски спор во државата Арканзас, зашто таа држава донела одлука, покрај теоријата на еволуцијата, во училишните програми да се воведе и науката за библиското Создавање – позната како „креационизам“. Една многу влијателна невладина организација АКЛУ ја тужела државата Арканзас заради ваквата одлука со образложение дека со таа одлука се крши Уставот на Америка, во кој се вели дека државата и религијата се одвоени. Званичниците на државата Арканзас чуле за моите откритија и ме викнаа да им бидам сведок на одбраната на судењето – да ја бранам државата од АКЛУ. Директорот на лабораторијата Оук Риџ, во која тогаш работев, дискретно ми скрена внимание да не бидам сведок на тоа судење, затоа што ќе ми биде ускратена понатамошната работа во лабораторијата. Јас сепак прифатив да бидам сведок на судењето. Како помина судењето? - Првите седум дена најпознатите еволуционистички научници во Америка, кои ги ангажирал АКЛУ, изнесуваа пред судијата наводни докази за еволуцијата. Сите најпознати светски медиуми, не само американски, туку и европски, известуваа за „блескавите докази на сведоците на тужителот“. По седум дена јас ги изнесов доказите за младата земја и за речиси моментното создавање на нашата планета. Никој од влијателните медиуми за тоа не известуваше – само локалните медиуми напишаа куси статии во своите весници. По моето убедливо излагање, судијата Овертон го повика водечкиот светски еволуционист од областа на геологијата, д-р Брент Делримпл, да се обиде да ги објасни моите откритија. Д-р Делримпл, кревајќи ги рамениците, рече дека сега не е во состојба да ги објасни моите наоди во гранитот и дека во овој момент тоа за него е „мистерија“. Но, додаде уште дека „не треба околу тоа да се возбудуваме, затоа што науката наскоро сигурно ќе успее да ја објасни оваа мала мистерија на создавањето“. Судијата Овертон го прифати ова негово „објаснение“ и АКЛУ на крајот го доби процесот, а државата Арканзас мораше да се откаже од воведувањето на креационизмот во училишните програми. Како Ве дочекаа на работа? - Набрзо ми беше врачен отказ под образложение дека не е потребно со мене да се продолжува договорот за соработка и понатамошна работа. Во која насока понатаму се одвиваа вашиот живот и научната работа? - Според зборовите на д-р Делримпл, за „малата мистерија на создавањето“, ја напишав книгата „Мала мистерија на создавањето“, во која ги објаснив своите докази, а снимив и два видео-материјали за младата Земја и нејзиното брзо настанување. Мило ми е што Центарот за природни студии од Белград ја објави мојата книга и видео–материјалите и што јавноста во вашата земја може да се запознае со овие важни откритија. Кој би бил Вашиот заклучок на крајот? - Можам да порачам дека науката, особено во последниве неколку децении, открила големо мноштво докази кои до детали ја потврдуваат автентичноста на Библијата. Тие откритија имаат голема важност за нас, зашто дополнително нè уверуваат во исправноста на Божјиот концепт, кој укажува дека прашањето за моралот е прашање на среќата, здравјето и животот.
Like! п.с. Јас лично се надевам дека еден ден ке се донесе конкретен закон за овие појави. Според мене не ги гонат, затоа што луѓето сами си одат и доброволно си оставаат прилог, во најголем број случаи, и тука најверојатно нема што да се нарпави, не го “фаќа“ закон. Никој не ги пријавува. Но имаше некои случаи во Велес мислам последен го кажаа на ТВ(јас што имам слушнато) гледачки на злато , демек така најдобро се растурала магијата . Жртвите (на кои требало да им се растури магијата, се освестиле брзо, пријавиле, и во тие случаи ги гонат). А вака ако некој доброволно си оди и си дава пари, 100, 200, 300 денари, што ке му направат, ке рече па јас не барав ми оставија бакшиш. Јас така мислам, што не мора да е точно. Сметам дека е потребна иницијатива, да се донесе специјален Закон, една рација, и чистка.
Здраво, Дали некој од форумов се сеќава на Никола од Охрид што живееше близу автобуската? Човекот дефинитивно имаше некоја надприродна моќ и многу ми помогна пред добри 13-14 години. Но тој почина одамна и ако некој знае човек што може да помогне, како него, нека пише. Тој не беше не е ни бајач, ни гатач, нити тарифи има, нити гледа во кафе, тарот, нити дава води, конци, нити олово топи, ама со тоа што си го збори, успеваше да помогне. Фала
Хихии опасен, за муабет земал пари. Да знаев порано преку Фемина-ва станот ќе си го отплатев ко шо ми се муабети тука.
Интересен copy - paste, Кво. Превод на пристрасно, десетици пати побиено истражување на научник кој бил практично од мали нозе воспитуван дека еволуцијата е измислица, а во по екстремни случаеви и дело на Ѓаволот. Бидејќи токму такви работи проповедуваат и со такви зборови се индоктронираат децата во конзервативните христијански фамилии. Еден од неколкуте проблеми се гледаат уште во старт, бидејќи за еден научник да биде кредибилен и сфатен сериозно, пред се треба да доаѓа од неутрална точка. Непристрасност, без предасуди и почетни склоности кон било каков краен резултат или заклучок. Ова ни оддалеку не постои кај Др. Роберт Џентри. Дополнително, за да можат истражувањата и тврдењата на Др. Џентри да бидат прифатени, треба да достават цврсти докази, во овој случај поврзани со повеќе научни дисциплини како што се минерологијата, геологијата, физиката и хемијата, кои нема да бидат побиени или доведени во прашање од постоечките докази за потеклото и староста на планетата, односно ќе ја поништат нивната валидност. Тоа сеуште не се случило. Како врв на се, Роберт Џентри има добиено почесен докторат од Columbia Union College, кој е образовна институција на Адвентистите од Седмиот Ден. Целото приватно минато и CV на овој човек вреска од цврсти религиозни убедувања и пристрасност. Твојот копи-пејст ме стави во мисла и резултираше со истражувања во области во кои ми требаше барем основни лекции за да можам да чекорам со половична самодоверба. Додатно, тешко е да се преведуваат вакви научни откритија, посебно што јас лично и немам преведувачка позадина од вакви области, но затоа во поедноставни зборови ќе објаснам што прочитав за тврдењата на другата страна од науката. Големото мнозинство, меѓу кои и многу креационисти, кое не се согласува со Роберт Џентри. Да, токму така. Дури и луѓе кои веруваат дека Земјата и се на неа е резултат на виша сила, напишале и објавиле статии објаснувајќи зошто истражувањата на овој научник содржат сериозни проблеми во нивната логика, научните методи и интерпретацијата. Да почнеме од тука... Хипотезата на Џентри уште во старт наидува на проблеми кога се соочува со купишта докази од неколку научни дисциплини кои укажуваат на тоа дека земјата е многу постара од 6,000 години. Еден од тие проблематични точки за неговата хипотеза е методот на радиометрично датирање. За да си ја оправда сопствената претпоставка за млада Земја со потврдените информации за староста и потеклото на камењата низ целиот свет, Џентри вели дека периодите на полураспаѓање на радиокативните елементи варирале во минатото. За ова тој не приложил никаков доказ, а ваквата негова претпоставка го става во ситуација да мора да изјави дека брзината на распаѓање токму на неговите избрани полониум изотопи останала константна, додека на бројни други радиоактивни елементи била поголема од 6-10,000 години. Некако, токму неговите избрани радиоактивни изотопи биле дел од исклучокот на законите на радијацијата. Тука се создаваат неколку контрадикции: На многу различни видови камења им е утврдена староста преку неколку техники кои користат изотопи со различни периоди на распаѓање но се добивани неверојатно конзистентни резултати, односни бројка на години. Хипотезата на Џентри налага дека периодите на распаѓање на сите радиоактивни изотопи мора да биле забрзани за неколку пати, ако се земе претпоставката за млада Земја, за да се добие истата старост на камењата во земјата денес. Основната логика вели дека ова оди против секој модерен закон на радијација, физика и термодинамика. СО оглед на тоа дека Џентри не доставил никакви докази за ваква појава, научната заедица го зазема ставот дека со бројните техники на одредување на старост на карпите и камењата и големиот број на радиокативни изотопи кои биле користени, шансите да дошло до забрзано распаѓање на радиоактивните елементи е апсолутна нула. Ме следиш? Уште една последица на ваквата хипотеза на Роберт Џентри, околу забрзаното распаѓање на радиоактивните елементи, за која тој повторно нема одговор е следниот принцип на радијацијата: колку е побрзо времето на распаѓање на еден радиоактивен елемент, толку повеќе енергија ќе се ослободи. Научници од многу области поврзани со овие истражувања тврдат дека, доколку навистина во минатото, радиоактивните изотопи се распаѓале со неколку пати поголема брзина од тоа што го знаеме денес, тогаш ќе била ослободена толку голема енергија, а со тоа пред се и топлина што до денешен ден Земјата ќе била во течна форма. Брзината на распаѓање на радиоактивните изотопи, и емитираната енергија со испуштањето на алфа-честичките зависи од нестабилноста на нуклеусот и е контролирана од силната нуклеарна и поврзувачка енергија на атомите. Било каква промена во овие закони подразбира промена во основните закони на природата и односите меѓу материјата и енергијата. Џентри во своите излагања не нуди одговор како би можело да дојде до тоа, а карактеристично за неговите истражувања и хипотези, според критиките од научната заедница, е суптилното подметнување на божествени интервенции и сили на места каде што тој самиот не може да ги оправда своите излагања. Уште еден проблем со неговото истражувања за создавањето на Земјата е фактот што тој не доставил никаков опис за тоа од каде ги добил, и од кое потекло се камењата и карпите кои ги истражувал. Ова е важно за градење кредибилитет, посебно во геологијата, но тој воопшто не е геолог туку физичар. И покрај сите овие контра-докази и тврдења кои оставаат дупки во хипотезата и истражувачките заклучоци на Др. Роберт Џентри, и покрај многуте неодговорени прашања кои ги поствила научната заедница, на неговиот вебсајт пишува дека децении поминале од неговите револуционерни откритија и никој до сега не успеал да му ги побие истражувањата. Ми требаше некое време утрово да разгледам онлајн што се зборува за човеков, и искрено не е многу тешко да се најдат излагања во кои детал по детал се анализираат неговите тврдења, кои во најголем број случаеви се побиени од децении истражувања, од природни појави за кои има јасно утврдено потекло и процеси на создавање, а за кои Др. Џентри или нема одговор или се повикува на виткање на сите познати закони на природата и енергијата за да се случат по негово сценарио. Кво, ова не се лесни текстови за читање, ама да направеше 40 минути истражување ќе сватеше колкави дупки и недостиг на докази има оваа теорија. Има и дискусии онлајн, има видео клипови на YT каде што луѓе го тврдат ова, а после кога ќе ги прашаат за докази, се губат. Некои од вас тука можеби ме гледаат како дрзок, напнат тип кој навредува туѓи религии и повредува кревки чувства на искрени душички, ама да ви кажам нешто во врска со мене кое сметам дека е релевантно на темава. Кога бев помал често ме носеа на црква. Сум ја вртел со свеќа во раката, со моите родители и тие ми раскажуваа за Исус и како би распнат, мачен и убиен за нашите гревови. И додека сум го слушал ова, и додека сум бакнувал рака на попови, сум палел свеќи и крстел пред икони, и додека сум го гледал филмот Десет Божји заповеди, адреналинот и возбудата, чувството на понизност, самата помисла на нешто над мене што ме заштитува и ме сака ми беше толку обземачко што многу често очите ми се полнеа со солзи. Можеби некое слично чувство вие го поистоветувате со тоа дека го чувствувате Господ како дел од вашето битие, како да допрел до вас. Барем јас мислев дека тоа е тоа, во тие моменти. И тогаш станав љубопитен. Тоа ми се случи. После ми се случи да поставувам прашања на кои никој во мојата средина немаше одговори. И после ми се случи Интернетот. И таму видов дека има многу луѓе кои ги поставуваат истите прашања како мене, и тие немаа одговори. И си помислив Што правам бе јас? Не сум јас форумскиот Луцифер. Јас само поставувам прашања, и никој што доаѓа од таа некоја самопрогласена повисока морална позиција од мене не ми одговорил до сега. Едит. Ова е дел од тоа што го читав http://www.talkorigins.org/faqs/po-halos/gentry.html http://paleo.cc/ce/halos.htm http://www.csun.edu/~vcgeo005/baillieul.pdf http://www.proof-of-evolution.com/robert-gentry.html http://creationsensation.blogspot.com/2 ... obert.html
Заклучивме барем едно.Остана дилемата дали светот настанал со еволуција или се создал за брз временски период.Како што ЕleMental бара видливи докази за постоењето Бога , така и јас една необразована жена прашувам Дали науката е во можност да докаже дека еден мајмун со тек на време може да стане човек? Ама да го видиме тоа, па да поверуваме , нели се се сведе на видливи докази.
На човек со сила може да му се земе, а со сила не може да му се даде. Историјата покажала дека атеистите се добра подлога откако ке поминат некои фази на негирање на постоењето на Бог, а всушност ревносно бараат докази за негово постоење; но немам намера да зборувам за тоа ниту сега, ниту во иднина, секој треба да си го гази сам патот; истражувањето и барањето докази е нормално фаза, а нејзиното времетраење зависи од самиот Него, бидејки Тој се јавува кому сака, кога сака и во кој степен сака. * Во меѓувреме најдов една беседа, со која сакам да укажам на поврзаноста на оваа тема со Бог и црквата. (постојат шарлатани кои не се опасни и кои освен материјална не нанесуваат друга штета, но постојат и волци кои штетата која можат да му ја направат на една човечка душа не може да се поправи со пари) Ќе настапи и време, и веќе е Откако сум поставен овде за Епископ, многу пати сум ве поучувал и опоменувал да го ослободиме и очистиме нашиот црковен живот од разните суеверни и народни обичаи, односно од неправилна вера и од неправилен духовен живот. Да не навлегуваме во детали кои добро ги знаете, извршувањето на ваквите нецрковни обичаи не само што нè оддалечува од благодатта Божја и од вистинската вера, и не само што му остава простор на демонот да ни наштети, туку создава и паралелни непишани ‘правила’ во христијанската заедница и паралелно ‘свештенство’ коешто нив ги извршува; негативни појави кои потоа тешко се искоренуваат. Тоа се случува, на пример, при таканаречениот курбан, кога оној што го коли животното ја презема улогата на ‘свештеник‘ на тој антицрковен и идолопоклонички чин; или, кога некои, обично постари жени, ги поучуваат луѓето во разни ‘правила‘ за време на крштевките, венчавките, погребите итн., а кои не се ништо друго туку утврдување на суеверието и отстапување од вистинската вера. Исполнувањето, пак, на ваквите суеверни правила, секогаш со себе носи страв, збунетост, ропство и демонско влијание во душите на луѓето. Ние сме носители на преданието на светите Отци, а не на некои таму духовно неписмени баби и тетки. Да не пишуваме овде посебно за бајачите и гледачите, за кои на сите ни е јасно дека се слуги на демонот. Запамтете: Нема магиско решавање на нашите проблеми, за сè е потребно личен труд и молитва. Или, пак, видовте вчера што прикажаа на телевизија, некои луѓе биле измачувани од светци на сон, па заради тоа граделе цркви. Може ли светител да измачува човек? Не, тоа е многу позната демонска појава. На истиот начин ги измачува демонот на почеток и бајачите и гледачите, додека да го послушаат и да почнат да им гледаат и предвидуваат на луѓето како и да им одврзуваат или врзуваат магии. Црквата јасно одредила во своите свети канони дека не е дозволено градење на Божји храм врз основа на сон, со цел токму таквото демонско делување да го спречи. Целта не ги оправдува средствата. Црквата, со своите правила, ги имала предвид токму заштитата и ослободувањето на луѓето од демонското влијание, а не својата материјална корист. Не дека сонот не може некогаш да биде од Бог, но тоа се исклучоци. Сонот е најчесто орудие на ѓаволот заради заробеноста на срцето на луѓето од страстите. Сепак, од каде произлегува сонот, ќе каже духовниот отец, а не секој сам да си толкува. Знајте, ако му поверуваме на ѓаволот во малку, потоа ќе нè навлече на многу. Утре на некој од таквите ќе му се јави на сон и ќе побара од него да убива... Ете, како неправилниот духовен живот може да одведе во сосема друг и погрешен правец на духовност т.е. болна духовност или ѓаволска прелест, како и во психичка болест. А и од ова многу страда Црквата Божја, сите ние, затоа што ваквите појави, покрај другото, изгледаат и смешно во очите на секој нормален човек и го одбиваат од црковната заедница. Значи, да внимаваме и да бидеме будни, бидејќи во последните времиња демонот ќе најде човек кој со негова помош ќе се прикажува за Христос, а всушност тоа ќе биде антихристот. Тој ќе прави чудеса и ќе покажува разни знаци за ние да поверуваме дека е он Христос. Сите, пак, христијани што нема да поверуваат и да го прифатат, ќе бидат гонети и убивани. Така што, денеска се случува веќе таа подготовка и преку неправилниот духовен живот. И сè што гледате на TВ екраните поврзано со тие појави, свесно или несвесно, е една од подготовките за доаѓањето на антихристот. Демонот знае дека не може да ја искорени верата од луѓето, затоа што таа е всадена во нив, како создадени според образ и подобие Божјо, но исто така знае дека може да ја искриви. Тоа е неговата најнова тактика како подготовка за доаѓањето на антихристот – сите да станат верници, ама со искривена вера. И старешините на таа искривена вера повторно ќе најдат некого кој ќе Го распне Христос – Црквата Божја. Многу пати во историјата се случило гонење на Христовата Црква, но проблемот е тоа што во последните времиња, како што е пишано во Евангелието, „Синот Човечки, кога ќе дојде, ќе најде ли вера на земјата?“ (Лука 18, . Мисли на вистинска вера, украсена со дела. Тоа е токму заради искривувањето на православната вера и на православниот духовен живот, што е една и иста појава; затоа што Православието значи права слава, правилно да Го славиме Бог, и преку догмите и преку теологијата (сето она што го пишуваме и сето она што го проповедаме) и правилно да Го славиме со дела. Тоа сè заедно е правилно славење на Бог, и нашата вера се вика православна вера. Затоа, чувајте си ја православната вера, не правете компромиси, ниту со други вери, ниту со неправилен духовен живот, ниту со суеверни и народни обичаи – коишто навидум служат за некое развеселување и на некои им изгледаат весели и интересни. По молитвите на Пресвета Богородица и светиот великомаченик Димитриј, Богочовекот Исус Христос да нè помилува и да нè спаси!