За секој што ја посетува темава, нека издвои половина час да го погледне видеово. Нема друг начин човек да се спаси. Само молитва може душата да ја лечи. Се друго е лага.
На филмови не плачам, и онака ретко плачам. Видеово ме расплака. Сум имала слични искуства, женава буквално зборува во името на многу луѓе во слична ситуација. Само не сакам никого да осудувам овде на темава, не го поставив видеово со цел да паметувам и да осудувам некој. Понекогаш човек мора да ја запознае темната страна, за да може да ја согледа и на крај да ја најде светлината. Секој треба да си го изоди својот пат. Најлесно е вака од страна, секој сам си знае што преживува во животот. Се надевам сите овде да си го најдете спасот на вистинското место, секој кој го бара лекот, Бог му го праќа во некоја форма, секој кој бара спас ќе се спаси, макар и да минува низ темнината, на крајот секогаш доаѓа светлина.
Здраво, има некој број од Јулка од битолско село Карамани, жена која чистела направени магии и слично?
Искрено барав одговор од тебе во темата ама не најдов, а баш читав како го фалиш тој Дуле како нешто ти е направено и после 6ти јуни ќе ти помини. Мислам дека заслужуваме одговор сите ние кои сме скептични дали ти помина анксиозноста, мислам дека тоа беше.
Моја фамилија беше таму, не се закажува мислам, одиш многу рано сабајле, се запишуваш во тефтер и си чекаш ред, жената била многу фина
Има некој број од Славица од Штип? Дајте ми број од кој имате кај Душица и Дуле имам вртено, никако да добијам. Имам одено кај Славе а за Митко последно знам дека не гледа повеќе
Се оди понеделник/среда/петок и знам дека не треба да си во менструација, па прилично многу чекале бидејќи имало многу гужва...