Алал да ти е на вообразеноста и неписменоста девојко, ако немаш нешто корисно да кажеш не влегувај на темава, толку!
Vo pravo si, ne deka ne si. No ako e taka ko sto ti velis, deka si tolku mnogu golem vernik, imam edno ednostavno prasanje do tebe. Sto baras da komentiras i citas komentari na ovaa tema ? Ne deka jas veruvam vo cuda ( gataci i bajaci), ne sum osetil takva sila sto moze nesto da smeni so problemot sto go imas, no koga si imas maki kje te natera toa da si go baras spasot, a ne deka toa znaci oti ne veruvas vo boga i nesto slicno..
Ме интересира, еве убаво да си направиме муабет, без иронија, вие што сте биле кај гатач и сте задоволни од неговата работа, зошто сте задоволни? Што направил тој за вас? Дали се чувствувате подобро, посмирено откако сте биле таму? Дали тој ви зборувал за минатото и сегашноста или ви кажувал нешто и за во иднина што ќе ви случи?
Еден е и единствен и те како гледа. А и ова го вели: Кај тебе нека не се најде некој, кој би ги гонел низ оган својот син или својата ќерка; кој би се бавел со гатање, чародејство, вражање и волшебништво; никој кој би баел, кој би повикувал духови и души на предците или кој би се обраќал на покојниците. Зашто му се гади на Господа, секој што прави нешто такво; заради таквите одвратности нив и ги гони пред тебе Господ, твојот Бог. ВтЗакон. (5 Moj.) 18:10-12 Луѓе, ако имате мака, немојте со гатање баење, си навлекувате проклетство! обратете се кај живиот Бог, отворете Свето Писмо, читајте, Господ Исус Христос е жив! Видете што пишува во Новиот завет: Тој Сам во Своето тело ги понесе нашите гревови на дрвото, та ние, умирајќи за гревовите, да живееме за правдата; преку Неговите рани се исцеливте. 1 Петар 2:24
Интересно како вакви креатури не се подложни на никаква санкција од страна на општеството. Во 2021 година од новата ера, цела армија преваранти и лудаци ординираат слободно и заработуваат за живот играјќи на карта на превара на очајни луѓе кои имаат големи проблеми во животот. Тоа предаторство наменето за луѓе кои не гледаат излез на конвенционален начин, таа лажна надеж што е една од најгрозните работи на светот, сето тоа е зло. Единствено што им фали на ваквите лица е едно добро тепање.
Навистина не ве сфаќам тие што цело време висите на темава и зборувате како некој човек во небото ги гонел и мразел сите гатачи/бајачи/што и да е. Или дека се‘ е превара, измама и истите не постојат (шансите се, ако не постојат тие, не постои ни тој горе). Што е поентата на религијата тогаш? И не само нашата, многу други религии. Не е лажна надеж одењето во црква тогаш? Колку молитви остануваат неодговорени? Колку пари ќе дава еден верник во текот на животот за својата религија? Одење на 2-3 гледачки или бајачки нема да смени нешто драстично, и самите гледате дека повеќето бараат толку колку што ќе им оставиш. Не велам дека не е бизнис тоа, исто како и религијата. Не за џабе црковни лица градат палати и возат најнови џипови и го шетаат светот. Не им замерувам ни на едните, ни на другите. Народов ќе дава пари додека има, а понекогаш и кога нема. Поентата ми е, вас ништо не ви менува тоа во животот дали јас денеска ќе отидам во црква (бев вчера), или на гледачка (бев еднаш пред многу години). Секој човек индивидуално си ја гледа спиритуалноста/религијата, или отсуството на истата, но ако вас не ве повредува таа верба во некое божество, во универзумот, во медитација, во кристали, во некој гатач, во Мики Маус, итн., зошто да се мешате? На крајот на денот, токму таа верба може некого да го крене и да му даде мотивација, инспирација, надеж за живот. Видете во какво општество живееме - колку луѓе не можат да си го дозволат лекувањето што им треба (физички, психички, емоционално), животот што им треба, колку луѓе патат, а и колку умираат секој ден. Очигледно не е здраво да си опседнат со одење на гатачки/бајачки или одење во црква, па и одење на доктор, но плацебо ефектот некогаш е многу моќен. Ако успееш да се убедиш дека со нечија помош ќе ти биде животот полесен, или ќе добиеш одговори што потсвесно веќе ги знаеш, но ти требало малку помош да излезат на виделина, прави што сакаш. Да не ти биде гајле што ќе каже Ружа или Малина или Петра или Стојка. Нека си го живеат нивниот живот како што сакаат.
Зборувам (од искуство) за хипохондрици кои сами си создаваат потешкотии и секој ден шетаат по различни доктори и клиники. Сѐ тоа е трошење на пари (особено во приватни клиники) што во повеќето случаи не резултира во ништо продуктивно, поради што е во случајов споредливо со искуството на тие што пишуваат на темава.