Цело време испаѓа дека копираат во темава, Елементал вели ква дека копирала па нешто како да и се понаша во стил бит бастерс а самиот свесно/несвесно копира некои атеисти на кои толку слепо им верува. Тоа се некои "научњаци" што сакаат да се издвојат од толпата и живеат со идеја- "види ме сеа кој сум све ќе побијам од корен и научно и ненаучно" Се решил човекот да му верува на некој атеист кој патем не е меѓу живите веќе, ама тоа си е негов избор, и пробува тука да убеди дека тоа е така како што тврди екс икс мен и дека не смее друг да помисли поинаку за да не биде нула во неговите очи, за да не го направи дека верува во нешто во што верувале диви и неписмени племиња, од кои патем потекнуваме сите а и тој самиот! или е дојден од друга планета? Значи Елементал, контрадикторен си, од една страна велиш дека некој прави копи пејст а свесен дека и ти самиот си копија на туѓи сфаќања за светот и упорно изнесуваш туѓи мисли во кои толку слепо веруваш. Верувај си, никој не ти брани. Па во светот постојат милиони истражувања, докази, верувања, чуда итн. и никој не ти суди што си тргнал по стапките на едно од нив! Но да навредуваш и да речеш дека некој е "плиток", притоа цитирајќи и демек анализирајќи туѓи проучувања па нешто парафразирајќи со твои зборови демек -јас сум цврсто убеден дека икс особата е во право, е далеку под ниво на личност која себеси се смета за нешто надмоќно и подобро/попаметно од другите. Ти не изнесуваш ништо ново туку само раскажуваш туѓи истражувања. Но споменав, на светот постојат многу истражувања но и феномени, чуда, теории на заговори. Со други зборови, светот го "тресат" многу "вистини" И јас читам се и сешто на интернет, кој што направил и рекол, кој што се потрудил да докаже или измисли, но никогаш не сум се обратила на некој што си верува во Господ на начин на кој се обраќаш ти-со исмевање и крајна непочит. Сакајќи на почетокот на дискусијава да се истакнеш како ептен начитан, надначитан од сите останати, ти се изгуби во желбата за себедокажување-одиш кон себичност и омраза кон се. Ти како да мразиш се околу себе, сакаш да побиеш сечие мислење. Некој да ти покаже рака ти ќе речеш-не нога е, само да биде по твое. Ја преплави темава со шаренолики изнесувања за нечии "научни" откритија. Премногу е конфузно и натрупано па мислам дека би требало да отвориш посебни теми за умовите чиј следбеник си и во тие теми да се расправа за нивните "учења" или измишљотини (за кого како) Муабетот нема никакава врска со насловот на темата. Спојлер Во исчекување на следен остар напад, одам да погледам wallpapers со плажи да си ги исплакнам очите и наполнам батериите . p.s. морам да се корегирам во текстот кај што пишува екс икс мен, мислев на тој атеистот што Елементал го цитираше во претходен пост, за да не настане збунка со нашиот член XMaN такозвани икс мен
Работава е што одредени форумски ликови кои што уживаат огромна благонаклоност на овој форум си даваат за право да пишуваат безвезни постови во кои патем рендаат се пред себе без разлика дали станува збор за 15 годишно девојче или 40 годишна жена. Уште прееска продискутиравме со Елементал за еден негов пост од попладнево на темава, кој што сега веќе е избришан во кој баш дрско навредува жена која што може да му биде мајка поради тоа што е наводно проста и жалосна бидејќи не се сложува со неговите ценети мислења. Бев премногу изиритирана и испровоцирана со тој пост иако не се однесуваше директно на мене. И јас знам некогаш да бидам остра и арогантна ама никогаш нема да си дозволам по ниедна цена да навредувам жена со приближни години како оние на мајка ми. Па таа жена дури и да е необразована е нечија мајка, и запрашај се како би се чувствувал ти доколку твојата мајка е така омаловажувана па дури и на форум. Срамота е од навидум така начитан и паметен дечко. Разочарувачки. Во контекст на муабетов иако не се сметам за некој голем верник и делумно можам да се сложам со некои негови постови во темава морам да признаам дека од последните неколку негови мислења се е толку конфузно и збунувачки што мора да сум невидено глупа нели за да не ги сфатам овие негови paste идеологии. Мислам дека толку пробувал да докаже овде нешто за да на крај има сосема спротивен ефект, ако може Елементал објасни ни со твои зборови без да не запознаваш со ликови и дела на тие твои научници, да видиме што си разбрал од копираното и ќе те замолам да се задржиш на темава затоа што обработува една друга тематика а таа не е религија, атеизам или како настанал човекот. И уште нешто, секој начитан, паметен и образован знае да прифати туѓо мислење и да го образложи своето без да се користи со навреди и препукувања.
И на темава се напраи муабет за се` освен за гатање и баење во последните страници. Не е лошо да се среди и да се напраи трансфер на некои мислења.
Сметав да не се објаснувам, и да ја игнорирам онаа несрекна изјава за copy-paste која ми беше наменета, бидејки мислев дека авторот на истата би требало да знае дека не може да користи соодветно оружје, т.е. клипчиња од интернет, а ваму кога некој друг користи слично оружје да се “буни“ ( јас можам да користам огнено оружје, ама кога друг го користи истото е не може, ти ке се бориш со лак и стрела), иако јас имав и мои коментари за злоупотреба на црквата и науката во иста мерра. Се разбира дека оваквата техника на оденсување многу зборува за личноста која ја употребува, па и затоа решив да не коментирам, но драго ми е што Абеја го забележала тоа и го искоментера. Thanks. Што се однесува до користењето на податоци, информации од книги , научни списанија и сл., и нивно префрлување овде(па и користење на други места) : за многу работи во светов човештвото има поставено солидни основи од страна на предците,како во материјалната наука така и во духовниот свет. Денес во ништо не почнуваме од нула; Колку што мене ми е познато не е ’греда“ ако користиш податоци, информации, цитати и сл, доколку укажеш на изворот. Сите ние доаѓаме од различни деловни па и неделовни култури, но јас овде прв пат сретнав некој да се исмева за користење на цитати или написи во весници и сл., како поткрепа на свој став; Ако се кити човек со туѓи перја и ако се труди да биде попаметен од некои врвни светски стручњаци, а го нема ни тоа школо, ни тааа лабораторија ни таа опрема е тоа веке е ...туку ај да не зборувам за ова. А уште посериозно е во духовниот свет ако не знаеш на што да се потпреш, ако одиш своеглаво, без духовен патеводител со искуство, а на почеток се разбира ти не можеш да имаш искуство туку треба да учиш, па и да читаш книги како и во секоја друга област. * tessie, ми се допагаат многу твои коментари и се сегласувам со многу од нив. Но според мене, темава за гатање и баење сепак е поврзана со прашањето за Бог и не сум изненадена што дојде до овде. Во погорниот (мој) пост има неколку фрагменти за тоа. Мора да се укаже од каде доаѓа од гатањето и баењето. Има шарлатани, но има и сериозни “оператори“ на оваа тема кои делуваат со помош на лукавиот, а кога се споменува лукавиот неминовно доаѓаме до неговиот опозит. Зошто? Бидејки јас лично имам сретнато луѓе кои си веруваат во Бог, одат во црква, дури и постат , а ваму чат -пат си посетуваат некои од овие,... поради незнаење или незнам што. * на к-15 имаше еден убав скеч: Детето го прашува таткото од што настанал човекот, овој му одговара од мајмун. После мајката му вели Бог го создал човекот. Детето е збунето и на крај коментарот на мајката е следен: Па сине ,татко ти кажува за неговата јас за мојата фамилија.
Добро ако и ова не помогне, тогаш следен чекор, прачкотерапија Ама ти добро помина никој ништо не рече за линкот за оваа терапија како научно достигување. Некои велат молчењето значи одобрување
Конечно и јас да се решам да го споделам моето искуство во врска со темава ... На 28 декенври дознав дека сум бремена со дечко ми бевме пресреќни и заедно со нас целото наше семејство почнавме да се спречиме за свадба ... Како што поминуваше времето стомакот се повеке ми растеше дознавме дека машко бебе носам возбудата повеке растеше почнавме ситно да броиме до свадба ииииииии ШОК на 5.5.2013. се порагам и бебето умира "спонтан абортус" Другата недела свадба сите среќни ... заврши се и јас почнувам од болница во болница од врата на врата сите резултати предобри се е во ред .. сите доктори на мојте прашања ми велеа тоа не е причина за "спонтан" јас очајна незнам кај да се обратам имав преголема болка и мака.. Мм ми вели ова вака не оди те носам кај вики од гази баба поточно чаир .. Закажавме и бев зенава чудо од човек.. И јас си ја дознав причината за болката Ми било ставено во кафе жива за да го изгубам бебето и да ми пропадне бракот.... И ЈАС НЕ ВЕРУВАВ ВО ГАТАЧИ И БАЈАЧИ НО МАКАТА МЕ ПРИНУДИ НА ТОА ДА ПОЧНАМ ДА ВЕРУВАМ .. Сватив дека постои црна магија и посетив на најболен начин така да нека не ве чуди се и сешто има по светот и се ке слушнеме и видиме .. МОЖЕ ЧУДНО НО ВИСТИНИТО ЕТЕ ГО МОЕТО ИСКУСТВО ВО ВРСКА СО ТЕМАТА.. Позз
^Прво многу ми е жал за изгубеното бебе меѓутоа ти тука никаков доказ не даде дека да, вистина ми помогна бајачката/гатачката. Си и ја кажала маката, ти ја кажала најстарата лага на светот дека жива ти била ставена (гарант од свекрва, золва или некоја лоша стрина), си и дала паричиња и толку. Каде е живата, кој ја ставил и како ти помогнала да си го "средиш" животот. Твојата приказна е само доказ за тоа колку овие (не)луѓе си играат со маката на народот и дебело си го наплаќаат.
Кога влегов кај вики она само ми побара слики и дадов и прво сто ме праша е тоа за детето .. Ни збор јас не казав ме прати во куманово еве 4 пати до сега пред очите на мм ми вади од матката жива а човеков не зима пари а и вики колку и дадеш толку кога ја прашав за пари ми рече ако сакаш и колку сакам да и оставам ... Да се согласувам со некои од вас дека некои блаѓе везе немаат а бараат многу пари .
Ако има лекар на формов да се разјасни ова прашање со живата во врска со опасностите, што може да предизвика и сл. Навистина ли може да предизвика спонтан...? Можно ли е да се консумира без да се примети во кафе?
Ква, не ти треба лекар за да каже дека живата е отровна, да точно е во големи количини, па живата до неодамна се користеше во речиси сите козметики, како креми за лице, особено за избелување на лице, флеќи, и сл. продукти, ама веќе во повеќе држави не се користи поради можност од предозирање. Како прво живата баш и не се продава, мислам онака идеш у аптека и бараш пола литар жива и во термометрите веќе не ја користат освен во оние старите. Живата е метал така и изгледа само како течност, па претпоставувам има и метален вкус, така да за да некој ти стави нешто во кафе, ако е во мали количини нема да ти биде ништо, а ако е во големи, што чисто се сомневам дека нема да осете некој, толку големи количини за физички да бидеш отруен, ама како прво ке има симптоми во конкретниот случај кај мајката, а спонтан може да биде од милион други причини, ама 99% од овие бајачкиви уште се во 19 ти век и си ја пејат таа песна, свекрвата, золвата, снаата, комшиката ти ставила жива, па оди ти карај се со нив или мрази ги, глупости. И конечно на темата... не, не верувам и никогаш нема да верувам, можеби на луѓето им помага самио факт со они мислат дека треба да им помогне, па со позитивно размисување и се осеќат малку подобро, алудирам на пласибо ефект, а вистинска помош од неколку збора, сол и сл. тешко, а па во гатање уште помалку, не знам ниту една гатачка некој да е кажал да му рекла не ти е направена магија и сл. оди си на доктор сите магии прават
Кога дознав за ова се јавив кај мојот гиниколог и прашав дали е можно тоа и докторката ми кажа да можно е живата е течна супстанца која е во кафе или слично не се применува .. Живата го гризе плодот може да доживееме спонтан или да родиме монструм ... За да можам да родам пак морам да се исчистам од живите...
кај оџата ли во куманово имаш одено? и мене ме пратија кај него,имам одено и јас таму и мене ми вадеше жива од главата,бидејќи јас постојано имав главоболки,за да дознаеш дека некој ти става жива во кафето кога ке ти го пренесат ке си побараш малку шекер и ке го разбркаш убаво,ако има жива ке се познае на лажичката,а инаку на живата ем и се бае кај кој луге да оде значи навечер кога легнеш да спиеш таа лазе по твоето тело и влегува низ уши,нос,уста зависи како,сето ова ми го има кажувано една стара бабичка која знае да вади жива,но малку се тие што веруваат
Да бев таму кај него но никако не можев да најдам жена што вади жива каде се наоѓа таа ке може ли да ми кажеш? Богами никој не верува за ова чудно но вистинито ..
Луге аман не го мешајте Бог со такви надриглупости. Сигурна сум дека постојат, ама строго е забрането мешањето на таквите бабички со Бог. Си имате таму теми за настанокот на човештвото, за науката и религијата, коментирајте си, остајте тука да си пишуваме селски приказни кој какво искуство има од бабичките бајачки Инаку на времето имало повеке ама тоа не го сметам за некоја виша сила, туку ете успеале да се зачуваат знаењата на лугето што се собирале со години. Како што има доста ефикасни бабини лекови така има и бабини финти, е сега не сум видела да летаат на метли уште, ваљда на тие поумешните магеснички црквата одамна им ги изгорела метлите
еве го мобилниот на гатачката Клеопатра-пријателка била со Дадар 075/870-210 го имав уште минатото лето ама го изгубив и пред малку го чув на тв па да ви пишам
Okolu dijagnozata na Viki (ako mislis na Viki od Cair), jas bi bila rezervirana, zatoa sto taa vrska nema od gatanje i baenje tuku samo gi motka lugjeto so nekoi vodi i im zema po sitni pari. So drugi zborovi 50 lugje dnevno po min 50 denari po 20 dena vo mesecot da rabnoti toa ti e ministerska plata, a fajde od nea nula. ke te matka vamu tamu i vo megjuvreme ili drugi pogolemi problemi ke ti se pojavat ili tekovniot problem sam ke se resi.
девојки ќе ве замолам ако сакате да ми пишете број во лична порака од некој гледарец или гледарица , но од која аир сте виделе, некој навистина што помага, ви се молам имам голема мака поздрав
имам идено и ја во куманово и секој пат кога одев ми вика ти ставиле жива во кафе, а кое кафе кога јас кафе не пијам ! А искрено не ни одам по комшии роднини така да освен кај мене дома и кај тетка ми јас на друго место не сум пиела ништо, и не ни кај другарки немам пиено и ми вади он така се и последен пат ми вика имаш живи во матката ама многу се неможат да се извадат треба со заштита а таа заштита кошта 6000 денари замислете и која будала јас од мака ги лупнав 6000 денари и демек ајде ми извади живи и не зимал пари после, и плус по 100 ден оставав секое идење . И не се осекам ништо подобро исто се осекам тоа да напоменам , а и слушнав некои муабети не сакам тука да расправам ама се си мислам како да ги фрлив парите во канта