Можеби тоа е невестински пакет, Клеопатра "гледа", Дадар шминка , а ноктите кој ли ги прави, можеби Иван исцелител го викаат. А 9000 е пакетот ако сакаш и оџа да ти викнат да ти подзабае и жива да ти извади, ако е успешна операцијата можеби и солна киселина ќе извади
ах бре маки човечки,али вчера кај што сум била што ми вадеа жива,мислам дека никој друг не ја вади така ,ми извадија жива од ушето ми кажа човекот од што и како дошла до мене ,и ми кажа дека ова само го направил за мене да било некој друг дека нема шанси да ја извади а зошто така незнам,прво ми го испука вратот и почна да ме пече (инаку многу ми зуеше увото на мене) ме праша дали ме пече вратот ми кажав да многу и ми кажа дека тоа е така затоа што имам жива,одкога ми ја извади живата од ушето не престанува да ме чеша,викам лелееее колку ме чеша ушето како никогаш до сега ,и само ми кажа дека енос ќе ме чеша и енос ќе видам чешање,инаку за пари човекот не ми кажа ништо му оставив само 100 ден и тоа беше се,и за живата ми кажа дека ми е од јадење благо ,понапред јадев многу благо а сега никако ,вика затоа и неможеш да јадеш сега благо дури ти горче велам да така е,еве сега седам и постојано си го чешкам увцето
Ова не е прв пат што слушам за "вадење жива", тоа е чиста лага и ретардација. Јас сум запрепастена што еден млад, образован човек може да даде 6000 денари за какво и да било надрилекарство, па и за некакво си вадење жива. Страшно. Јас мислам дека воопшто нема потреба да се дискутира за ова, ама очигледно е дека прават трикови да изгледа дека навистина вадат нешто, после ќе поставам видео како го прават тоа. Ама најмногу ме изиритира тоа со жива во матката. Не постои такво нешто. Имам една познаничка на мајка ми, така ѝ било речено дека има жива во матката, таа не можеше да има деца и одеше по вакви глупости, бајачи, гледачи. И овој ѝ рекол да се соблече по долна облека и ја допирал кај интимните места, ѝ станало непријатно и си отишла. Ова го имаше и на телевизии пред десетина години. Мажот ѝ се изнервирал и сакал да оди да го тепа, ама за среќа само го пријавиле, не знам што се случи понатаму. Ама како и да е, нема логика како ќе вади жива, што мислите раката му влегува под кожата? А пошто ја спомнавте Клеопатра, дали знаете дека била машко? Не сакам да навлегувам во нејзиниот приватен живот, како и зошто го променила полот, ама побарајте го видеото, напишете клеопатра машко на гугл и ќе видите дека има нешто чудно во целата приказна.
Офф што нема да слушнеш и видиш ти очигледно си немала мака па и затоа не веруваш но тоа е твој проблем ... Да знам дека е машко слушнав .... Но оваа тема е отворена за да го споделиме нашето искуство околу ова а не да плукаме по некој што имал проблем па тргнал по вакви работи ... Позз
оф бре од мака човек сегде ке појде и гледаш вади жива од тебе, празно стакленце има, те стиска на местото те здоболува пецнува и оп живата ете ја на стакленцето каква финта е тоа? како може да изведе таква финта стар човек стварно не ми е јасно , да има објаснување супер би било али нема изгледа
@bokace О, и тоа како сум имала мака, и сум ги одела тие патишта, добро можеби не одевме толку кај вакви гатачи, ама одевме по алтернативни терапии, кај други енергетичари и слично. А и плус прабаба ми беше позната како бајачка и кога бев мала памтам дека често ни доаѓаа дома луѓе да им бае и да им растура магии. Но тоа не е поентата, проблемите не се решаваат магично со баење, гледање на карти, кафе, дланки, натални карти, вадење непостоечка жива, и најразлични други магични третмани и исцелувања, туку со наоѓање на проблемот, соочување со него и изнаоѓање решенија, дали самостојно, дали заедно со некој стручњак. Овие лажови постојат затоа што се потпираат на проблемите на луѓето, ја искористуваат нивната слабост и потреба од решение. Не се сите чисти лажови за пари, некои се чисто заблудени дека имаат некоја натприродна моќ и мислат дека имаат способост да исцелуваат. Но, поуката е дека нема никакво фајде од магични решенија затоа што такви не постојат. Какво искуство си имала ти, и какви проблеми се обидуваш да решиш? @butterflysk Тоа се трикови и лаги. Не сум слушнала дека дупат со стакленца или со нешто друго, тоа е уште полошо, може да ти направат некоја инфекција или нешто слично. Се разбира дека има објаснување, немој да потпаѓаш под нивните лаги. За се има логично објаснување. На пример можеби ја има живата во некое кутивче во раката, или во некое балонче и набрзина ќе ја истури, демек ја извадил од тебе. И што прави после со живата откако ќе ја извади? Ако вади жива од сите луѓе кои ќе отидат, тој слободно може да ја продава и да се збогати. Еве го примерот за кој спомнав погоре. Ова е видео од еден човек како прикажува како прават некои зафати со трикови: http://www.youtube.com/watch?v=u14JFjF9jBg
Имав проблем бидејќи го изгубив бебето во 6тот месец и бев принудена да тргнам по вакви работи. И не е лажно тоа што вадат жива од матка и јас не верував и и се јавив на гиникологот мој .. И кога ми ја вадеше живата мм секогаш бил до мене и гледал со свои очи .. Многу лошо го протолкуваат ова некои луѓе но што да се прави животот и на лошо те учи...
да се надоврзам со муабетот,значи кај што бев човекот ниту стакленца имаше ниту ништо само ми го испука вратот и ме остави 5 мин да виде како ке реагирам,но мене многу ме печеше ме внесе внатре во собата и ми стави крпа на едното рамо и ми ја наведна главата,ми го премачка увото со ракија мислам и шеќерче малкку и ми кажа дека кога ке ми каже да го фатам носот со рака и да издишувам, кога ке ми каже да престанм да престанам ,го направив тоа 2 пати и ми излезе живата ,а увото ми беше жар црвено,ми избило одма,значи буквално цел ден си чешкам го увцето од вчера наваму,ниту ми зуи ниту ми буче,значи има нешто не е без ич,а да чукнам во дрво ниту пак глава ме е заболело,значи кој верува пак ке верува,кој не верува пак нема да верува ,значи на никој ништо неможеш да докажеш,НЕ ПИТАЈ ГАТАЛЕЦ ПИТАЈ ПАТАЛЕЦ ,една стара поговорка за крај од мене
@bokace Многу ми е жал за тоа што ти се случило, разбирам дека е голема тага на толкава напредна бременост, ама немој да се лажеш и да тргнеш по вакви патишта. И смени го гинекологот ако оправдува вакво вадење на жива. Барем денес има напредна медицина која може да каже што навистина се случило, а не да се нагоѓа вака дека било жива. Гинекологот рекол дека треба да одиш на вадење жива? Јас прочитав дека рекол дека е штетна живата, што можеби е точно, ама труењето со жива си има симптоми, тоа нема туку така да предизвика одеднаш на толкава напредна бременост да го изгубиш бебето. Дури и така течна жива не е отровна ако се внесе преку устата, едноставно не се впива преку цревата, па да влезе во матката. Кој ќе ти рече дека влегувало во матката, те лаже. Живата е опасна ако се вдишат испарувањата од чистата жива, тогаш оди во крвта и може да предизивка симптоми кои ќе се видат, како пореметување на сите органи. А тоа дека и сопругот го видел како ја вади живата не е ништо, обичен трик како во видеото. @a.c.k.a Којзнае што направил, ама не можам да поверувам дека туку така предизвикал да излезе жива од твоето тело. Штом те пече увото кој знае што ти ставил, можел да направи триста чуда, ама да извадил жива туку така од увото нема шанса. Дури и можеби тој и ја ставил живата таму и после ја извадил. Што е поверојатно, дека извадил жива или дека направил некој трик да си мислиш дека извадил жива?
За во Куманово ли збориш... ? Јас денес завршив и конечно се исчистив од тие проклети живи и одлично се чувствувам Да се надоврзам на муабетот .. Бидејќи веќе немам и не планирам да одам сакам само да знам зашто и кој го направил тоа од сабајле психата ми се смири и веќе со мм се пуштивме во акција за второ бебче хехе...
@bokace Ти посакувам се најдобро, ама гледаш дека те ставил сега во мислење и во една параноја, да си мислиш кој можел да ти стави жива. А всушност немало никаква жива, никој не ти ставил жива, а ниту пак овој извадил жива. Само една лага која може да предизвика да се искараш и да се сомневаш непотребно со луѓе кои не ти мислат ништо лошо. Не знам дали имаш спомнато поназад, ама ако не е тајна, колку плати за вадењето?
се гледа дека не веруваш затоа нема што да ти докажувам нелии? значи јас го споделувам тоа што и како е било ,не е како оџата што вади со стакленце,а да ми стави жива сигурно ќе сум видела затоа што пред мене сработи се ,а и уште кога ме виде човекот минатиот пат знаел дека имам жива,е уште нешто да пишам можеби поуверливо ке ти биде ,ми кажа значи што и да се деси обавезно да ми звонеш,му вртам јас минатата недела и се жалам дека тешко дишам,и тој ми вели ааа плачката ли е тоа велам да да ,и му велам тешко дишам пак,И МИ ВЕЛИ СЕДИШ ДОМА НА КРЕВЕТОТО САМА НА ШАРЕН ЧАРШАВ а јас го слушам и се чудам ,ВИКА ПЛАВО БЕЛО ТИ Е ЧАРШАВОТ велам да уште да го питам од каде знаеш,и МИ ВЕЛИ ВЕДНАШ ДА ГО ТРГНЕШ ТОЈ ЧАРШАВ И ДА СИ ПОСТЕЛИШ ЕДНОБОЕН ,СТАНАВ ГО СМЕНИВ ЧАРШАВОТ И КАКО НИШТО ДА НЕ БИЛО,ОДАМ НЕЌНА И МИ ВЕЛИ ГО ТРГНА ЧАРШАВОТ ВЕЛАМ ДА И КАКО Е СЕГА ВЕЛАМ ДОБРО,жив пример од преска на дедо ми му се слоши ,му вртам пак на човекот и ми вели ,дедоти седи на креветот завртен накај вратата велам да ,ајде вели нека ја стави раката на челото и нека ме слуша ,го уклчив на спикер да слуша и дедо ми ,2пати му пребаја и како нов човекот одма во дуќан на пивце
Искрено 6000 платив но психата ме уби и за да бидам смирена и да знам дека ке родам уште едно бебе не и беше проблем. Кога разбрав за ова со ноќи немав спиено се туфкаат по дома дали да верувам или не но болката во мене ме натера да верувам .. Ти не веруваш се приметува .. Ама стави се на мое место што би направила ...???
@a.c.k.a Е па на ова немам коментар. Ама свака му част на тој оџа, можеби нема натприродни моќи, ама има моќи да убедува. Немој да бидеш убедена дека ќе видиш како го прави трикот, тоа е трик токму затоа што не можеш да видиш како го изведува тоа. А за ова со работите кои ги погодил, можеби едноставно нагаѓал човекот и ти си ги запамтила само работите кои ги погодил? Има многу други објаснувања за ова, не мора да значи дека веднаш е нешто надприродно. @bokace Не те критикувам, едноставно во моментот си мислела дека тоа е најправилен избор, ама ете според мене тоа воопшто не е решение. А и сумата е огромна, веднаш покажува дека парите му се во фокусот. Ако јас се прашувам би направила анализи на лекар, брис на микробилогија или нешто слично. Дали направивте тоа?
значи човекот не е оџа ,македонец е,а како може да погодува кога директно ми кажува??? неможам да сватам,изгледа треба да дојдеш кај мене и да слушаш кога ке збориме по телефон можеби така најубедливо ке ти е ,значи седам 2ч кај човекот и му звони една девојка од друг град и и вели ти си смега,брат ти е црн,има правено сообраќјка,дома сте сега 4ца,имаш уште еден брат тој е во америка значи ни ја знае ни ја познава прв пат му звони девојката и коментар на тоа???? сигурно погодува нели си игра човекот клим плочка