нема мене што да ми помогнале, не одам јас по гатачи и бајачи, и не познавам ниту на форумов ниту во приватниот живот да бајач му помогнал Инаку овде се рекламираат некои квази гатачи на форумов нема везе
Во ред, не реков дека мора да одиш, ниту терам некого. Целта на мојот пост беше да се покрене малку свест за пораките кои се пишуваат, ако некој бил измамен од квази бајач не значи дека треба да е предмет на потсмев. Ако некој оди на бајач не значи дека будала. Јас сум ЗА луѓето да бидат повнимателни каде одат и со какви луѓе си имаат работа, а ако некој сака да ги предупреди тоа може да го направи на нормален начин. Ако некој е против гатачи бидејќи ,,соработувале" со демони, слободно нека не оди. Видовитоста не демонска работа, видовитоста или clairaudience (јасно слушање), clairvoyance (јасно гледање), claircognizance (јасно знаење), clairsentience (чувствување туѓи емоции) не е ништо страшно ниту против Бог, туку изразена интуиција. Секој човек ја има ама не сите ја користат. Па на крај краева, сите библиски ликови што зборувале со Бог и ангели биле токму со оваа ,,дарба". Не значи дека секој бајач е добар и душа човек, баш напротив има многу што лажат и крадат.
Jas imam odeno,no mnogu odamna,mozhe beshe pred 5-6 godini. Pomaga i pogoduva. Imam izgubeno kontakt od nejze,dokolku najdete broj kje moze da mi pisite?
Не е убаво толку убедливо да зборуваш за вакви работи.... Ве молам луѓе подалеку од вакви коментари каде луѓево си зимаат за право да објаснат видовитост, дарби, демонски работи итн. Против магии и уроци можете да се обратите во црква, и со пост и молитва да се средат овие работи. Да толку е едноставно!
Ама зошто мислите дека сите луѓе МОРА да се христијани? Некои може сакаат само во магии да веруваат?Или што и да е друго? Не знам мене ми е пресмешно кога се пишува не идете кај бајачки, како може да верувате во тоа, а во следната реченица истите луѓе пишуваат за цркви и астролози... не знам дали не приметувате дека сите верувате горе долу во слични работи и многу личи глупо од страна кога се убедувате меѓусебно.
Ок чим треба да потенцирам-Ништо не мора и ништо со сила! Вистинскиот лек постои и сакав да ја споделам добрата вест. И ние не веруваме во слични работи тоа барем е сигурно. Ако ништо друго убаво што те насмеав, знам дека да не поминев низ некои работи и ја би се смеела на вакви коментари. Секое добро
Što treskas gluposti deka magiite i urocite ke se ako se obratis do crkva samata otidi u crkva i pobaran da ti ja otpeat molitva od Sv. Kiprijan pa ke vidis što ke te snajde pa togasveruvaj u popovite deka ke ti pomogna t a veruvam vo ikonite i crkvata no ne i lugjeto što rabotat vo niv so iskluvok na nekoi dobri
Е добро де. Некои може и само во хомеопатија да веруваат, па им викаме одете на доктор и земете антибиотик за бактерија. И овде ги праќаме на доктор, ама ете, покрај телото постоела и душа. Не е толку комплицирано. Или е?
Интересен избор на зборови. Чим за тебе трескам глупости, што повеќе да кажам? Ти посакувам смирение и секое добро
Како што кажа членка погоре, не мора да се сите Христијани, има луѓе се Пагани, Муслимани, Будисти итн. Ништо од тоа не е лошо, секој верува во свое. Дали мене ќе ме прочади поп или бајач ќе ми заврти ќумур околу глава, исто ми е. Знаеш зошто? Затоа што тоа е метод на користење на енергија со најдобра намера. Молитвата, чадењето со темјан во црква, е исто што и други практики кои ги користат другите религии Јас зборувам убедливо затоа што знам што зборувам. Затоа што сум истражувала различни религии и практики. Се' се врти во ист круг, како сакаш кажи, во што сакаш верувај пак се вртиме на темна и светла енергија/демони и ангели/бог и сатаната. Ако подобро ги проучиш видовите на возвишување на богови и други виши сили ќе знаеш за што зборувам. Некогаш и тие демони што се толку зборувани, немаат врска со нивната вистинска природа. Демонологија, на пример, е наука за демоните и цела нивна митологија и е толку опширна, глава боли. На темава се мешаат баби и жаби, како и на секоја друга тема за религија и виши сили. Од рекла-казала муабети се пишуваат глупости . Никого никој не тера со сила да оди или да не оди во црква, џамија, друг духовен храм или пак бајачи. Кој во што си верува таму ќе оди. Не знам што е толку тешко да се прифати дека не секој е член на поголеми религиозни групи. Ти го повикуваш народот да не ги чита моите коментари, зошто? Што е толку лошо што јас ја објаснувам дефиницијата за видовитост? Ти не си почувствувала некогаш дека нешто не е во ред или дека не треба да одиш некаде? Си немала некое чудно чувство во стомакот за одредена ситуација? Ако не, океј ништо страшно, не си искусила, не знаеш. Ако да, обрни повеќе внимание кога се случува тоа и види што сака интуицијата да ти каже. Во ред е ако не веруваш во моите зборови, верувај во она што мислиш дека е правилно, но мора еднаш засекогаш сите да научиме дека секој има право да оди и да бара помош каде сака.
Ќе бидам кратка. Како бивши спиритуалист и гатач сериозно знам што зборувам. Мојата приказна е долга, но знам што цена треба да се плати доколку почнеш да се знаимаваш со вакви работи. Демонологија да сум изучувала, како и секоја религија на овој свет. Со тарот читање се занимавав сериозно, кажување на минатото, иднината, читање енергии и незз уште што, и го правев тоа бесплатно. Викаш од рекла казала се пишуваат глупости и сакаш да им дадеш простор на луѓево да си направат избор...Јас знам какви луѓе доаѓаа кај мене, знам дека бараа помош, решение, знам колку од нив беа скршени, очајни и бараа излез.... Затоа и толку силно стојам зад ова што го зборувам. (обрни повеќе внимание кога се случува тоа и види што сака интуицијата да ти каже- океј е, тука станува мнг повеќе од интуиција но да не навлегувам во детали) И среќа не сум едиствена што го поминала овој пат и никогаш повеќе не се вратила! Прочепкај по форумов, има книга напишано наша позната бивша бајачка која објаснува се за овој процес и како го напуштила светов на гатање и баење, зошто го направила тоа и како се спасила себеси. И среќа на јутуб можеш да најдеш мнг кои разбрале колку е погрешно гатањево и се спасиле себеси и другите од пропаст. Кога би знаела само во Србија какви бељи имаат направено мнг бројни гатачи, косата ќе ти падне... На крајот од денов секој си носи одлуки, само сериозно препорачувам да размислите 3000 пати пред да донесете одлука да се консултирате со бајач/гатач. Пробајте ги сите опции и знајте дека ќе платите со цена повисока отколку паричниот дел доколку се консл. со гатач.
Во Бог не веруваат, дека има луѓе со моќи да им кажуваат за минато, иднина и да им решаваат проблеми, во тоа веруваат. Океј...
Значи донекаде сме на иста страна Знаеш со што си имала работа и мило ми е што денес си среќна и се чувстуваш безбедно. Јас се' уште си стојам на тоа дека не е страшно да се побара решение надвор од црквата, затоа што црквата сама по себе не решава се'. Бог можеби е голем и моќен ама не може сите луѓе да се пронајдат во него и да развијат духовна врска со него. Затоа постојат различни религии, верувања и најважно многу мнооогу други богови. Затоа имам кажано секој да внимава каде оди и со кој бајач комуницира, ги има различни, некои од нив не се ни бајачи. Знам, се согласувам. Можеме и двете да се согласиме дека гатањето не е плукни залепи. Си имаш работа со секого и сешто, затоа се потребни граници и добра заштита, што повторно ќе потенцирам, не мора таа заштита за сите да е една од главните религиозни групи на светов.
Можат! Тоа е убавината, само треба да пробаат, да дадат максимален напор, еден чекор до Бог тој прави 10 чекори до вас Животот ќе ви се смени, не значи дека сите проблеми ќе се решат и дека црвката има одг за се ама квалитет на живот и на вашето духовно постоење ќе добие сосема нова димензија. Но да не звучам како да проповедам, знам како може да изгледа Да, постојат и други религии на светов, но тука би запрела со мојот коментар. Не се сложувам ова што кажувате, но не ни морам, ве почитувам и ви посакувам сето добро на овој свет respect and be safe
бидејќи неколку членови ми пишаа еве ја книгата за која што зборувам https://pokajanie.mk/wp-content/uploads/2018/07/Od-umot-do-srtseto-M.-Danilovska-Mina.pdf
Ок, ние неупатените во демонологија разбравме дека одење по бајачи не е наивна работa (не дека досега не знаевме ама ајде). Како го замислуваш тоа, да внимаваат кај одат? Цв ли да им бараат? На што да внимаваат?
@srhsejbsk јас сега разбрав дека се занимаваш со гледање тарот и хороскоп. Зошто си се решила да се занимаваш со ова? Гледам дека го третираш како хоби ама претпоставувам дека на инстаграм следиш доста new age и тарот гледачи... Мада незз колку ти е хоби бидејќи го промовираш твојот инста, каде доста опширно зборуваш за картите и нивното значење... Зборуваш и ова -Инаку, универзумот е збор кој што е еквивалентен на Бог, Ангели, Душевни водачи итн. зависно од вашите верувања Типично new age размислување. Те молам доколку сакаш да размениме неколку мислењеа слободно пиши ми приватно... Не сакам да ти се наметнувам