На нивниот пристап. Најлесно е бајач да ти каже дека си урочен или дека некој ти фрлил клетва (успат ти кажуваат да фрлиш 500 денари). Многупати, луѓево се лажат дека некој им направил нешто, а всушност сами на себе си прават. Јас предлагам, секој пред да се советува со бајач, пред се да се праша себеси каков проблем навистина има и дали тој проблем е за на доктор или не. Како што имам кажано и претходно, често никој не ни е потребен, потребни сме самите на себе. Толку многу се занемаруваме себеси и се потценуваме себеси што веруваме на некој напознат така наречен ,,гатач што ќе ни ги реши проблемите'' или било која духовна пракса. Ако веќе сака некој да оди на бајач, прво нека истражи малце. Ако одам на бајач против страшни сонови, ќе се запрашам дали сонувам глупости зашто гледам хорор филмови/читам страшни книги или си замислувам страшни сценарија пред да запијам ИЛИ навистина ми треба молитва или баење. Ако одам против уроци, ќе се запрашам дали сум истоштена физички и психички од работа/учење/стрес или навистина некој ме погледал на криво и ми треба духовно прочистување. Ако се решам да одам на бајач ќе се запрашам дали нивната практика се вклопува со моите верувања и пракси. **************************** Отсекогаш ме интересирале работи кои се надвор од типичните учења во кои сум израсната. Во астрологијата и тарот картите се пронаоѓам, сакам да ги изучувам и ми се дополнителна водилка во животот. Инаку ќе ја прочитам книгата што ја постира, баш ме интересира
Тука се пронајдов, се што беше надвор од моето опкружување и што ми се чинеше екслузивно ми беше интересно...И првично таротот го кроистев како водилка во мојот живот и како инспирација за решавање дилеми или некои одлуки... и се пронајдов таму и во астрологија и тоа уште од мали години.... После како да ти кажам, во се што се заплеткав ми се врати 300 пати полошо и со овие мои интереси си создадов окови на рацете на духот... а и други луѓе исто така страдаа... Имав пресврт во животот и се спасив и за се си платив/плаќам уште... Чувај се и знај овие води воопшто не се наивни, се отвараат врати кои после нема да можеш да ги затвориш.
Najčesto koga ke otideme kaj nekogo nikoj ne veli deka nema da pomogne sekoj nesto ke ti kaze od nekade osetis dobro a od drugo mesto i dosta lošo iskustvoto e poinakvu na forumov od nekoe mesto kaj imam loso za mene drugi pak videle dobro i uste davaat preporaka poveketo gi reklamiraat tie što rabotat so gjavolot a ne onie so svetcite
Знам, јасно ми е се'. Никогаш не правам ништо пред да се осигурам дека е правилно или добро. Ти си пробала, си доживеала лош пресврт, си се вратила таму каде што се чувстуваш безбедно и во ред е Сепак ти благодарам на отвореноста и советот
Не, јас те разбирам ама изгледа ти не разбираш дека не сите сакаме да бидеме она што си ти денес. Извини ама сите си имаат различни верувања и начин на ,,работа'', можеби ти тоа што си го практикувала нема врска со моето. Не знам што си правела и од што толку си исплашена, но од астологија и едни тарот карти не можеш да навлечеш проблеми во животот. На некој луѓе тоа им е професија па цел живот здрави прави се без проблеми, затоа те молам да не шириме такви неативни коментари за нешто што нема никаква врска со длабоки и ,,темни'' тематики. А ако си се ,,бавела'' со работи што не треба тогаш тоа е друга приказна. Би било во ред ако оваа дискусија се заврши овде бидејќи темата е за бајачи и гатачи, а ние не сме ни едно ни друго. Ако имаш уште нешто да ми кажеш слободно пиши ми
Претпоставував дека ќе се добие впечаток дека се наметнувам, проповедам и незз што. Ќе бидам кратка бидејќи можам уште мнг да зборам- верувам дека од астрологија и едни тарот катри можеш мнг проблеми да си навлечеш. Имам впечаток дека не си свесна таа професија што им прави на луѓето, но тука не сум за да те убедувам. Верувам дека времето ќе ти ги даде одоговорите... А ако си се ,,бавела'' со работи што не треба тогаш тоа е друга приказна. - Астрологија/Тарот читање се работи што не треба- значи не постои сигурен начин или начин да провериш дека постапуваш добро/правилно кога се бавиш со овие работи. темата е за бајачи и гатачи, а ние не сме ни едно ни друго.- јас сум бивши гатач а ти си гатач и тоа отворено си стои на твојот инстаграм профил И претпоставувам тука завршува муабетот. Зборовите мои немаат полза бидејќи ти си мислиш дека -можеби ти тоа што си го практикувала нема врска со моето. Не те познавам но ти посакувам се најдобро и се надевам искуството ќе те исправи на правилниот пат.
Ајде ќе видиме моето искуство каде ќе ме однесе, ако јас заборавам те молам потсети ме за неколку години. Ти не звучиш дека наметнуваш, ти наметнуваш. Те молам елаборирај како. Како тоа што ти си го практикувала ти донело лошо? Зошто она во кое веруваш денес е подобро од она во кое си верувала вчера? Ако во случај твојата религија налага дека овие две работи се лоши, тогаш те молам не го користи тој аргумет затоа што тоа не важи за сите. Не ми е јасно, како гледањето на мојата натална карта ќе ми донесе лошо . Која е логиката? Вака може до сабаје да се препукнуваме кој е во право, а кој не. Објасни што е лошото во астрологијата и таротот па сите да знаеме .
За тебе не и тоа е океј. Но, има луѓе веруваат во тоа. Не знам што е толку тешко да се прифати дека секој има свое мислење и верување. Јас лично не одам на бајачи ама не ми смета што други одат.
Не ти се смеам на тебе туку се насмеав на хипокризијата во однос на коментарите црква/бајачка(твојот го цитирав затоа што беше последен, така се погоди).И двете се темелат врз верба во натприродно, па затоа ми е смешно кога членки што се религиозни им викаат на овие што идат по гатачки дека е 21 век и им се чудат. Навистина ме интересира, која е таа точка која што те натерала да се свртиш од бившата спиритуалност кон сегашното христијанство и си сфатила дека едното е погрешно а другото право? Немам никакви лоши намери, ама приметив дека постојано го нагласуваш тоа и навистина ме заинтересира за што се работи.Секако ако не ти е пријатно не мора да објаснуваш.
Ете јас се наметнувам така да што и да кажам ќе биде одбиено... Жал ми е што така испаѓа.... Астрологијата и таротот се врати кон себеуништување и кон уништување на туѓи животи... Доколку некои луѓе ја имаат способноста да го прочитаат минатот и други работи, таа способност ја платиле со нивната душа, ум, мирен сон, и ред други работи. Прочепкај ја книгата што ја споделив (таму бувкално се имаш мнг убаво објасно, не би можела да сумирам се во еден пост) сето ова го пишувам со длабока загриженост. Не се борам за да бидам во право, комплетно гајле ми е, туку за да не западнеш во работи кои јас бев заглавена. Само заради тоа го пишувам ова и само ради ова велам-не не ме разбираш... Самата спомна, демнологија, универзум и ред други работи..Бараш правците на места кои не нудат одговори. Зар не веруваш дека овие работи отвараат врати кон сили кои на крајот од денот ќе те измачуваат. ќе ти го загорчат животот, ќе ти уништат фамилија, здравје и што уште не? И зар не мислиш дека ред гатачи уништиле мнг бројни туѓи животи? Очигледно не мислиш така и не ти е јасно како може сето ова да има такви катастофални последици, сакаш да си веруваш во некои работи и сакаш слобода и простор да ти дадат луѓето да бидеш своја....Океј е, го разбирам ова повеќе отколку што мислиш и те оставам комплетно, извини ако звучев better than thou, сето ова е пишано од загриженост ништо повеќе ... Јас знам face to face да правам муабети на и оваа тема, не ми смета да го споделам моето искуство за таротот и што све ми се случи, здравје и книга би напишала кога би имала време... Ете отворена сум за муабет доклку сакаш да ги објаснам моето искуство ама на кратко зошто астрологија и тарото не се океј- Во Евангелијата додека бил на Земјата, Исус комуницирал со духовни суштества. Пишува дека еден „нечист дух“ му рекол на Исус- Знам точно кој си ти. Картко кажано тарот картите и сите други new age ствари се само врата за да навлезат зли духови во тебе и да те измачуваат, да те одалечат од Бог, од вистинската ти и да уништат туѓи животи. Кога читаш карти, кога фантазираш за универзумот и кога ТИ си даваш дозвола да зборуваш за туѓите животи само навлагаш во темни води и повеќе не си под заштита на Бога. Во библијата јасно е кажано-„Кај тебе нека не се најде... некој што гата, ни некој што се занимава со магија, ни некој што пророкува според предзнаци, ни маѓепсник, ни некој што фрла уроци, ни некој што повикува духови, ни некој што ја претскажува иднината, ни некој што ги прашува мртвите. Зашто, секој што прави такво нешто му е одвратен на Јехова“ Види колку остро го осудил ова а сега сите сакаме да веруваме во било што и да бидеме прифатени... Го осудил бидејќи сака да ве заштити, зачува и исправи... Уште еднаш извини за тонот, секогаш сум отворена за муабет и да нагласам има мнг за зборење што не би собрало во еден пост....Ве молам информирајте се убаво и ви посакувам секое добро
Што правиш кога ќе наидеш на многу лоша натална карта? Даваш ли лек? Ако нема лек и се е детерминирано, која е ползата од астрологијата и таротот? Ако пак имаш лек, можеш ли да објасниш накратко ?
Повеќе точки се... Како да кажам, бев најнормална девојка но никогаш не бев заинтересирана за христијанство и Исус ми беше само така наречен гуру...Прочепкај по форумов има неколку мои постови каде раскажувам одприлика што како се случи, или уште подобро прочитај ја погоре книгата што ја споделив ми се поклопува приказната моја со нејзината едно 60 посто.... На кратко - поради мојата гревовна природа (која тогаш не ја согледував таква, значи немав увид до кој степен какви гревови правев) ми беа дадени на рака сите световни задоволства (до максимален степен) но ја изгубив мојата душа, после ја изгубив мојата работа, моето семејство, мојот споруг и на крај моето здравје... Откако Бог ме спаси од ситуација каде што само чудо можеше да ме спаси (да буквално чудо) ми требаше долго време да го согледам неговото присуство во мојот живот.... Како што пишав погоре има мнг за зборење, би напишала и кратка книга или незз би отворила тема каде се ќе раскажам тука само да најдам време и убаво да го склопам текстот
Не само за мене, туку за целиот физички свет. Исто како да ми речеш дедо мраз не постои за тебе, но луѓе веруваат и за нив тој си постои.
Пак се вративме на моето. Ти на некој начин ме осудуваш мене само затоа што моето верување не се совпаѓа со твојата вера. Зошто упорно го спомнуваш Христијанството? Можеби сум израсната муслиманка. Едно треба да сфатите дека патот до Бога не е само по вашата религија и никогаш нема да биде. Астрологијата и тарот картите не се new age, баш напротив многу се стари, знаеш и сама. Плус астрологија и тарот немаат никаква врска со патот до Бога ама баш никава бидејќи ниту едното ниту другото не е поврзано со ниту една религија. Јас не уништувам ничиви животи. Ниту пак имам таква намера. И не, тарот картите и астрологијата не отвараат портали и други илузии. Ако видам каде се наоѓа месечината сега и во кој знак е сигурно нема некоја трета димензија да отворам. Ако читам за други богови и натприодни сили не значи дека се поклонувам на нив и дека чилам во соба со нив. Денес ме направи уништувач на животи зошто читам натални карти и тарот, утре што ќе ме направиш? Ѓаволот во човечко тело? Јас ако гледам нечива карта го правам тоа со најдобра намера, а не да му го уништам животот на некого. Не сум од таквите, извини. Види и јас можам да верувам дека ако читам религиска книга ќе отвори лоши врати за мене. Па не верувам во тоа, баш напротив ја почитувам сечија вера и мислење. И зошто секогаш одговорот мора да е во вашето верување? Зошто секогаш спасот мора да е во Црква? Не ве разбирам луѓе навистина не ве разбирам. Верувате во Библија. Библијата е книга стара 2000+ години, во цела нејзина историја е преведувана и препишувана одново и одново. Многу работи се вадени и додавани во текот на годините. Значи на крајот од денот пак се сведува на едно исто, ти веруваш во едно, јас во друго. И двете на некој начин немаме доказ за она во кое веруваме, и двете имаме различни искуства за исти работи. И сега кој е во право? Ако си била спиритуалист значи не си правела ништо лошо ниту си отварала нови димензии. Спиритуалноста е само уште еден начин на ноаѓање мир, исто како и секоја религија. А за лоши работи, проблеми и карма во животот се враќа од правење лошо на друг. Тоа лошо може да биде од правење сопка, до забодување нож во грб па се до фрлање клетви. А со гледање во натална карта и што му пишува во планетите ништо лошо не се прави. Викаш си ја изгубила душата. Моето верување кажува дека се губи душа ако правиш нешто со лоша намера. И сега кој е во право? Јас се' правам со добра намера, а ти? Верувам дека Бог те спасил, мило ми е навистина. Само се сомневам дека грев ти било тоа што знаеш што си во хороскоп ама ајде, ако вервуваш во тоа океј. Благодарам на твојата загриженост ама искрено не ми треба. ********************************************** Не, не давам лек затоа што не сум доктор. Се' уште не сум налетала на лоша натална карта, но ако некогаш налетам ќе кажам така како што е. Наталната карта ги покажува сите планети и нивната позиција кога си се родил/а. Секоја планета, куќа и секој знак имаат свои карактеристики. Ползата на астрологијата е да добиеме некој совет/водилка во животот. На пример, каков карактер имам и што можам да направам за да станам подобар човек. Еве јас сум Скоприја и на пример сите викаат ние сме биле љубоморни и опсесивни. Ако е точно ќе пробам да не бидам таква, да не ги давам другите со мојата љубомора. Можеш да видиш која професија би била најдобра за тебе, каков пристап да имаш. Па какви партнери сакаш итн. Еве ова е мојот пристап на астрологијата. Тарот картите се исто така алатка за совет и водилка. Секоја карта има свое знаечење и кога ќе поставиш прашање, зависно од картата што ќе се падне, го добиваш твојот одговор. ****************************** Јас сфаќам дека гледањето на моменталната ситуација или минатото/иднината се забранети во некои религии. Но, верувањата што одговараат за вас, не одговараат за мене и други како мене. Затоа, ако се користи се' со најдобра намера нема потреба од страв дека може да се случи нешто лошо. Можеби некој има сосема друг пристап кон астрологија и тарот и во ред е, нема строги правила во тоа.
Не реков дека намерно правиш лоши работи или му мислиш на некој лошо туку баш овој пат што е искривен е поплочен со добри намери.. толку сакав да објаснам, самата ме одби се повлекувам и ти посакувам се најдобро. Муабетот го продолжувам во приватни пораки за заинтересираните читатели