Која е поентата на оџи што се занимаваат со вакви работи? Нели магии,гатачи и баења се забранети и во ислам и во христијанство? Како може оџи т.е свештени лица да се занимаваат со ова? Однапред да кажам дека во животов имам неколку луѓе што не ме сакаат од одредени причини и сакаат да ме видат несреќна. Во магии не верувам, но знам дека има луѓе кои би се дрзнале да одат кај луѓе кои би можеле да ми наштетат на некаков начин. Од неколку места ми е укажано дека ми е "врзувано "т.е правена ми е магија кај оџа од Тетово. Ај да ми речеа правено ти е кај тој и тојод таков и таков човек, ама кај оџа? Има некој слично искуство? Не сум религиозна, но не ги осудувам луѓето што маката ги натерала да бараат чаре во овие работи, само оџава ме вади од такт.
Оџите се највеќе прават црни магии, дури и кога растураат ја пренесуваат на некој невин што ќе помине врз растурената магија т.е секогаш завршива на пат или сл и некој невин го јаде...
Каква врска има ова? Има и такви кои можат да ти ја уништат и среќата. Не сакам да плашам некои, ама таков е животот. Суров е.
Јас сум за јавно да се погубуваат магионичари или затворски казни како што имало закон во минатото. Не можам да поверувам дека некој се бави со ова. Човечката глупост нема крај.
Не! Поентата ми беше дека и да постојат маџии гатачки чаткачи и било што, не можат ништо да направат доколку човек си има среќа и тоа од господ му е дадено, така да без паника
Здраво, јас сум нова на форумов. Сакам да ве прашам дали некој бил кај Нада што живее кај сити мол и да сподели искуство. Ви благодарам
Денес бев во манастирот св. Петка во село Габреш Кумановско, убаво место, убаво направено, имаше доста луѓе...
преубаво е местото и манастирот и се, секоја чест Но јас сум разочарана од мајка Стоја, многу негативно искуство и мислење имам… Секој треба да однесе колку што има и колку му се можностите, ама да биде од срце тоа однесено нели тоа е битно… а не ќе појдеш со мака и ќе ти рече за да се поправи тоа донеси јагне, дојди преспиј тука ден, два или три (а за спиењето си плаќаш, мислам 600ден од човек беше) и на крајот за мака некоја друга што ја имаш ќе ти каже суми колку требало да донираш за изградбата на манастирот (кога беше), па нели манастир е манастир да ти рече донирај било каде во било кој, ама не морало во тој и морало 400-500 е… за да помине.