Јас имам идено кај Душица во Кавадарци. Гужва е многу, се чека и првиот пат два саати покасно влегов, вториот пат веднаш зошто касневме и ми имаше поминато ред и прашав вика влези веднаш, а третиот исто покасно 1-2 мислам беше. Жената без да и кажам погоди зошто сум таму, има некое знаење што знам тој што ми закажа кај неа сигурно и нема кажано зошто, а и да има таа нема да се сеќава за секој. Закажува демек до 3 пати, ама кај мене после 3 пат дојди тогаш и се откажав. Во тетратка само запишува име и датум, а не знае по кој пат си дојдена и закажува до бескрај. Тоа дали помага зависи каков случај е, некогаш и самата вика вие самите треба да си помогнете, јас сум овде само да отворам пат до тоа што сакате.
I jas sakam da odam tamu ako pojdesh da kazesh kako si pominala gleda od tia sto procitav na forumiv vo pon, sreda i petokni suknja da nosish i da ne e praznik
Гледа дали некој ти има фрлено магија рачуна според датум име и презиме дали ќе излезе парен или непарен број и доколку е парен ти кажува дека си чист и ќе ти рече јас не сум гледарец, не гледам шо било, само можам да направам да ти биде тоа шо ќе посакаш поради тоа што немаш џинови, кажи шо проблем имаш шо да средиме (проблем со маж, дечко, свекор, свекрва) , а доколку е непарен значи имаш џин тогаш ќе ти рече донеси бела чинија за супа (скроз бела), катанец (како шо ќе го купиш така без да го чепкаш) крв од црн петел и нзм шо друго. Ииии кога ќе појдеш втор пат ќе ти каже што да фрлиш на раскрсница, што во гробишта. И третиот пат ти прави маѓија каква сакаш. Мои комшии беа исто и јас, но од како ми рече крв од црн петел ме преплаши иии не ни појдов втор пат. Но едниот комшија одеше 3 пати нооо да напоменам пак е истиот не гледам некоја разлика кај човеков.. Затоа не би препорачала оџа!! Или доколку некој ви пише тука и ви препорачува некој оџа во приватна порака, знајте дека тој самиот ви пишал!
Имав познаник Албанец кој што е оџа иии за магија викаше џин, поради тоа магиите си ги завикав џинови. А и што е битно дали ги викам џини или џинови? Тоа што сакав да го споделам со членката го споделив, не сме на форумов некој да не описменува.
Видов дека сте биле кај мајка Стоја, ве замолам доколку сакате да го споделите и вашето искуство. Ме интересира дали осеќате подобрување некое? И дали ви рече да преспиете неколку дена таму и да платите по 600 денари од вечер, дали ви побара јагне или некоја тарифа голема како донација за манастирот што го гради
Не е таа крива, вие сте криви што идете кај такви преваранти. А за што и е јагнето, ќе го жртвува за вас или да наполни фрижидер.
Јагнињата што и ги носат ги чува, мислам дека печат само за празник. Инаку потполно сте во право… Но ете маката ќе те натера да појдеш. Мене ми ја имаа испофалено ептен па поради тоа и отидов, затоа споделив искуство да не се излажат и некои други да одат да им помогне жената. Местото е преубаво нема мрежа, нема интернет, прекрасна природа, зеленило, рај за душата и очите. Убаво е човек кој што има можност да појде во манастирот да се помоли за тоа што го мачи и да се заблагодари за тоа што го има, нормално и да си остави колку што може и милува.
Сите манастири и цркви што се настрана од град бучава е мирно со паркови тишина затоа што не се на ферферкна улица, не од што имаат некаква моќ