Паре нису проблем, паре немамо. Ми остана во сеќавање еден видовит на телевизија некоја го гледав воочи нова година 2018/2019 во некоја емисија може и српска беше, не знам. На крај го праша водителот дали во новата година ќе им биде на луѓето полесно на економски план малку дали ќе пркнат. Човекот малку како воздржан беше и рече да не звучам песимистички ама не гледам дека ќе се подобрат работите, туку дека ќе дојдат уште потешки времиња во наредните години со поголема сиромаштија. Да си штедат со време луѓето. Си реков тогаш за ова не треба да си видовит. И ми текнува на човеков одвреме навреме, кога се случуваат once in a lifetime historic events.
Како не биле видовити, туку се добро информирани и тоа што читаат или го научиле најчесто го прикажуваат како нивно откритие. Нарцисоиди на најистакнато ниво. Така со една ''видовита'' дискутирав на тема што таа велеше е нејзино искуство, дека таа тоа го смислила и и покажувам извори од каде влечела инспирација и заклучоци кога се налути. Па си велам што и кажувам па јас, остај нека си залажува народ. Секаков народ има, се лажат и им веруваат и додека има побарувачка ќе има и понуда. Јас лично во ништо од ова не верувам, гатања, беаења, магии...ветер во магла е сето тоа.
Се чудам каков муабет водите. Ако не верувате во такви работи зошто отварате и коментирате? Или како викаат тие што не веруваат највеќе одат.
Milo mi e sto e taka..sto ti pomognala..jas go spodeluvam samo moeto iskustvo..nemozam da zboram vo imeto na site, nitu da tvrdam..se bi dala da bese vistina deka ke se smiram so nego do pocetokot na godinata ama ne ispadna taka ,ispadna sosem sprotivnoto..uste nemozam da se sovzemam..uste poloso e koa nekoj vi dava nadez a ke ispadne obratnoto..
Зошто никој не кажува за некој што стварно знае да гледа и да помага?? Ви е срам јавно на форумов да не ве дознаат дека сте биле на гатачка?
Затоа што не постои таков, ти текнало да помислиш и на оваа можност? Повеќето гатачи и баачи само вешто манипулираат со луѓето. Помагаат за се што ќе им кажеш дека ти треба да ти се среди, а всушност само опипуваат пулс што те мачи, за што си се обратила кај нив, за да знаат како да те врткаат, да ти подметнуваат ветер во магла. Твое е во што ќе веруваш, ама убаво си пишала за сето ова пристапување со резерва.
За 100 денари не е проблем некој и да ме излаже разбираш Ако на некој му е до 100 ден 2 саати да ме лаже искрено и од грев би им ја дала стотката
Не не те разбирам. Не сакам никој да ме лаже ниту за 100 ден. ниту за 100 евра. Ај да одиме вака по твојава логика, сите да остваат по 100 ден. од одење полно со лажење, кое ретко кое трае 2 саата, знаеш кој чист ќар е тоа за наводните гатачи и бајачки кои испаѓа од лажење луѓе во мака тријат раце? И не е до ќарот, туку не е фер со лажење да се домкнат до некоја заработка. Сепак која како сака така нека прави, јас ден. не би им дала на ваквиве, а и не би затоа што не верувам во ништо од тоа.
Еден да отиде и да биде излажан ќе се расчуе и ќе им пропадне бизнисот, оној што знае нема да бара повеќе од 100 ден Мене не ми вршат никаква работа 100 ден макар и да ме излажеле
Ама ако, слободно давај си ги, пишав јас погоре која како сака така нека прави. Си пишала ќе им пропадне бизнисот, малку смешничко ми дојде кога прочитав во иста реченица за гатање или баење како дејност и бизнис. Ама кога укапирав колку лековерни личности има во право си баш е чист бизнис, ама воглавно нелегален, пример пријавуваат заработка и плаќаат данок на државата некои од нив?
Temata ne e da davas nepotrebni soveti.Ako imas nekoe iskustvo spodeli go ako ne veruvas odmini ja stranata.Nikoj ne te prasa za sovet , ako ne veruvas toa e tvoj stav i sto baras togas ovde? Ama izgleda vie sto ne "veruvate" najveke se zamarate so ovie raboti
Ти слободно така сфаќај си ја темава, јас ја сфаќам дека е место каде што може да пишам во што верувам и да продискутирам со други членки на оваа тема. Дали се непотребни или потребни моите совети, што пред се не се совети, туку размислувања не си ти меродавна да одлучуваш, памет соли на др. место. Лол, еве нема мирно да спијам од замарање за вакви нелегални работи
Има измамници меѓу нив и затоа реков бизнис Ако не веруваш тоа е твое право, нема да те убедувам како што ти убедуваш да не веруваме Ако знае некој или некое искуство нека сподели
Напротив, мн.погрешно си ме разбрала. Јас не убедувам никого што да прави, пишав слободно може да си верува секоја во што сака и на што сака да си ги троши сопствените финансии. Јас за мене пишав дека не верувам и зошто и толку на темава.