Најискрено и со најдобри намери ви го кажувам ова. Не сакам да исмеам некого зошто знам, мака си е мака се ќе се проба, но ваквите луѓе заработуваат од вашата мака така што ве лажат. Оценка на факс или средно повисока ќе добиете само доколку учите, ни Петко ни Станко не можат да ви ги направат повисоки, не се надевајте. Само вера во Господ и во СЕБЕ за трудот уложен со учење. Да они ќе речат еве амајлија или незнам што сеа 10-ка ќе добиеш- исход гледаш одма паѓаш, па нормално не си учела. Што се однесува до здрјавје, бркајте ЛЕКАРИ, за поголеми здравствени проблеми одете и во странство, поарно така потрошете ги парите отколку на овие луѓе да им го полните џебот безврска. Да понекогаш се случуваат работи каде што ви се чини дека ви помогнале но тоа или е случајност, самата ситуација по себе се подобрила. Вакви работи никој не може да направи немојте да се лажете.
Па за Душица не знам, ама знам дека Милка работи секој работен ден и секоја втора сабота. А да свртиш кај Сунчица за секој случај? Можеби Душица го има сменето мобилниот број? Спојлер
^ Доста па и ти се зафркаваш со децава, не гледаш дека си имаат мака. Јас земав да ја пролистам темава и да ви кажам се изнасмеав. Него, гледам многу сте навлезени во овие глупости, па да ве прашам како оџите исправуваат превртена матка. Ти ја фаќа и ја врти? Не сфаќам, сериозно.
И? Мислиш дека си нешто интересна? Гледам дека си немала мака па затоа се потсмеваш, се надевам нема ни да ја имаш па да немаш потреба да затропаш по овие врати, од арно никој не иде секој има мака и бара решение за неа,кога современата медицина нема тогаш ќе си го бараме лекот и под дрво и под камен , и воопшто не ме тангираат ваквите плитки коментарчиња чиниш дадени од дете а не од возрасна жена :geek:
Неможам да не верувам... ме болеше глава недела дена по цели денови, бев како поспана постојано, и мачно ми беше како да ќе повратам во секој момент, неможев очи да отворам што се вика. Појдов кај една маалска бајачка, ми баеше жената од урок три дена по ред, ми помина се! Се отрув со апчиња за глава, не ми помогнаа, откако појдов кај женава се опраив.
Сакаш да кажеш дека нема ниедна Милка во Кавадарци? Или дека нема Сунчица? А ти како ќе докажеш дека има Душица? Ако јас се потсмевам за Милка и Сунчица, тогаш зошто јас да не се сомневам дека ти се потсмеваш за Душица? Срекичка, кај сретна такво нешто, сум го пропуштила тоа, матка да се превртувало бе а сум слушнала дека и на папок нешто му правеле, демек вовлечен бил па му го ваделе или нешто слично. Изместен зглоб не би дала да ми прави некој таков а не па кога би се работело за внатрешни органи.
^ Абе убаво рече Хипстер ги драпаат таму оџи, бајачи, гатачи, а овие пак одат. Верата тоа не им го дозволувала.... абе ајде.
а па најсмешно е тоа што некој тука соли памет а пред некоја година пишувал сосема друго drugata-nauka/dali-veruvate-vo-magii-t290/40.html
Една година е долг период. Не смее некој да смени мислење? Не само што смее, туку некогаш е и препорачливо.
што ако го сменила кога и она во одреден период верувала и барала чаре за маката по вакви работи како ке и беше нејзе да и се смеел некој тогаш во тој период кога верувала и имала мака??? Значи и самата кажала дека таа мака и била од магии и и поминала со помош на некој бајач најверојатно, а сега нас тука не прават будали и ни се исмеваат, браво бе, да се смееш на туѓа мака, се гледа какви луѓе се
Кога станува збор за баење, гатање, црни магии итн мене ми паѓа на памет еден случај од кој и ден денес се смејам и кој всушност ја опишува совршено онаа група на луѓе кои веруваат во вакви глупости. Не ми текнува точно што како беше работата ама имаше оџа кој носеше девојки млади на гробиштата во Бутел и таму имале односи врз гробови, наводно така им ја вадел живата и црната магија И сега какво мислење да имам за тие жени/девојки кои биле толку внесени во овие глупости што дозволиле некој кретен да ги е*ава врз нечив гроб, демек така ќе се спасат од црни магии Сквернавале (мислам дека така е зборот ) нечив гроб со своите гадости и после не биле простакуши неписмени, е ај некој нека каже по соодветен збор или нека ми објасни која е таа мака што ќе те натера да те е*ава некој на гроб во сред ноќ???????? Како беше тоа, жена - долга коса, краток ум.
Не ме спомињајте мене у темава, аман за аман, одма ќе ве проклонат, магии ќе ви направат и чуда, лоша среќа носам јас Гледате одма ви буричкаат по мислење и се палумуди тука. Сме си се изјасните и пред некоја недела не само јас и уште неколку членки, дека ни во не знам каква мака не би отишла на бајачка. Или да вие мислите само вас ви се дешаваат неубави работи, нас бајно ни е. Сум била болна со 40 температура, мислеа дека готова сум, стварно ви кажувам не ми даваа инекции на лекар државно си ги платив приватно во приватна ординација а не бев на бајачка да ми бае да оздравам Мислам дебилно ми е да верувам дека некоја Перса ќе ми излечи рак на матка, или неплодност. За тоа проблеми у брак со свекрви снаи па не знам ккао да се искажам зза да не ве наредам дека се глупави што верувате у такви работи. Да глупави сте, да ви земаат пари да ви спасат брак, па кој бајачка, оф мори мајко. И така моето име е тука забрането, демонско ќе почна да ме бркаат со лук како да сум олицетворение на ѓаволот, остајте ме мене, за вас зборам иде Дунав колку можеш да се спасиш
Аууу Батерфлај каков удар под појасот беше ова, ме фати сега . Како па ти погоди дека сум била на бајач, може и ти имаш некои натприродни моќи, да дојдам кај тебе нареден пат ако имам мака? А може и да те препорачам, имам една другарка таа ме убедуваше дека ми правеле магии, а јас дете стварно си мислев.
Добро луѓе искрено ова не е место за исмевање, ако веруваат во тоа веруваат. Не треба да се исмеваат. На крај краева они од мерак не идат на такви места туку од мака. Ни на нив не им се даваат пари нели, ама имаат надеж дека тоа ќе им помогне. Јас можам да ги разберам и иако не верувам во тоа ни на крај памет не ми е да ги исмевам. На луѓе со мака уште јас или вие ли им требате со исмевања?
добро се извади нема што дете на 22 години толку ке да си имала кога си го пишувала тоа, како така тогаш си верувала а сега ни се смееш тука како ти помина заборавеноста ке ни кажеш? јас прв пат слушам за тие глупости односи на гробишта со оџа?? од каде ова жити се , за некоја особа да се согласи на тоа треба да нема ни трошка памет т.е да и фали нешто не измислувајте глупости, ако имам мака а докторите ми креваат раце што да правам да седам дома? Ако појдам кај некоја жена и оставам 50 денари лошо сум направила? Ако ми помогне, ок, ако не здравје никому ништо , јас важно не сум седела со скрстени раце сум барала чаре затоа нема потреба од исмевање, кој како сака така нека прави
Да бе глупости дека апла не ви одговара фактот кој го пиша битер одма се глупости, го праат тоа и многу други побизарни работи. И да затоа се исмеваме според вас, иаку не е исмевање но океј така сфатете го, зашто правите бизарни работи и слушате глупави луѓе кои само ви ја искористуваат маката и слабоста и го празнат џебот. И не само што сте биле, океј тоа на секој му се случуваат грешки, туку тука ги браните со сите сили као они помагаат и свети се, уште малку и ќе ги направите задолжителни, да ги легализираме ако не. Јас не би се лутела некој да ме исшамара убаво ако напраам глупост да одам на оџа заради неплодност или матката да ми ја сврти или не знам што прават и како "помагаат" тие. Имаше некој многу убаво напишано дека порано одела и верувала во такви работи зашто си имала мака и сватила дека тие и ја црпат енергијата и едноставно те истоштуваат таквите негативни мисли кои тие уште повеќе ги набиваат. Оној те мрази, оној магија ти направил ти стаив она у кафето, она у храната, пароноја луѓе мене би ме стенало, некој така да ми зборува така и агресивно да ме бомбардира со такви "сознанија" па уште и пари да му давам за да ми ги тргне, мрш бре таму лешинари наоѓаат на народ да печалат на него, срамота и нелегално е!!! Да драги мои ако не сте знаеле, не е легално да посетуваш бајачка, не се институција тие легализирана и призната за да одите кај нив и да фрлате грди пари. За мене не е изговор имам мака и мора, не, ништо не се морa, само едно и се знае кое. За се друго има повеќе алернативи и решенија, кое за мене ни под разно не е бајачка. Мислам нон сенс ми е некоја смдла да ми кажува за мојот живот како што која не само што не ме познава туку ме гледа со доларчиња во очите и да и одговара да ви раскажува приказни како сите ве мрзат, што поише луѓе поише пари ќе ви собере, како иде една магија по личност.
Во право си Hipster, се согласувам со тебе... Јас верувам во медицината а не бајачки и гатачки... Само едно не можам да го разберам, многупати сум чула од постарите за баење од уроци, сум била многу слатко детенце и често ме урочувале и сум плачела, ме носат кај бајачка, мумла таа нешто и толку од плачењето а пари се оставаат колку сакаш ти... И во мојата околина многу луѓе веруваат во тоа... Инаку има една смешна случка, за оние кои гатаат, некој човек прашал за баба му, што како ќе и се случи и оваа гатачката си зборела, болна е ама ќе оздрави, ќе има пари, и после сето тоа овој и рекол дека сето тоа е фино, ама баба му умрела пред 2 години...
Кој измислува глупости? Зошто секогаш кога нешто не ви оди во прилог, тогаш обвинувате дека се измислуваат глупости? Си има докази за случајот, јас лично немам време да копам по архивите на весниците, тие што имаат нека повелат и нека докажат дека измислувам глупости. Ово е жива вистина, се случило пред 10-тина години во Скопје, дечко ја следел девојка му, имал што да види, таа се е*ава на гроб со некаков си оџа кој наводно на тој начин и растурал црни магии, го пукаше тој оџата и беше осуден на 7-8 години затвор. Во текот на судењето излегло на виделина дека наводниот оџа носел многу девојки/жени на гробиштата и со секс им растурал црни магии, вадел жива итн. Не сум сигурна ама мислам дека имаше нешто врска сопственикот на едо тв со случајот.
Батерфлај ај не биди досадна, никој овде не рекол дека ти си проста туку дека не верува во гатачи и бајачи. И јас пред некое време имам пишувано дека лично отидов кај бајачка или гатачка била нема врска, ама од љубопитност не дека имав мака па да ми ја "реши" и се покајав за одвоеното време, не можев долго време да си простам. Не можам да го барам постот ама еве кога си расположена за буричкање по минатото, најди го. Не расправаме овде дали постои магија или не, постојат многу работи кои не можеме да си ги докажеме. Ама во вакви луѓе, едноставно не верувам. И престани да се лутиш без потреба како некој овде да ти ставил нож под грло и да ти рече престани да веруваш. Верувај во што сакаш, само овде луѓето ја прикажуваат и црната страна од гатањето и нормално треба и таа да се прифати. Не верувам дека оџа може да извади жива од човечко тело, ниту дека чкрапља ќе извади од уста на некој, уште помалку дека ќе исправа превртена матка.
И јас бев (па и сеуште сум) против одење по гатачки, зошто иднината е променлива, а таму можеш многу работи да си ги врзиш в крпче и да ти се поремети животот (во очекувањата кои ти ги кажале). НО...!!! Кога човек има мака, знае секаде да појди, и каде треба и каде не треба, и тоа НЕ Е за исмејување. Зошто утре вас може да ви се случи. Друга работа е што постојат многу лажливци, кои за пари ќе ве лажат, па поради нив страдаат некои гатачи кои навистина имаат некоја моќ, дарба... Е, сега што ми се случи мене... Ме замоли една другарка да ја однесам со колата до едно селце кај некоја гатачка која и ја препорачале и се погодувала. Јас малку со наведната глава бев во селото, стварно не сакам такви работи, ама и излегов во пресрет Спојлер (и таа лично не сакаше на гатачка, ама од дома и ја тераа поради определени проблеми) . Не пречека жената во дворот и почна нешто да си кажува за мене. Во мене така наеднаш се пробуди желба за да видам што ќе кажи (а, никако не планирав да ми гата!!!), и таа кога накажа работи...значи се, ама баш се погоди, што е и како е... И ми кажа определени работи што ќе се случат, и во момент кога изгледаше 0% дека тоа може да се случи, навистина се случи пресврт (Така за неколку работи)... Е, сега останува уште една работа да се случи која ја кажа, а наголемо одат работите да се оствари... Значи сепак има луѓе кои имаат дарба и можат да ви помогнат. Само да не се затрчува човек секаде и редовно...!!!