Гатање, баење

Дискусија во '„Другата“ наука' започната од kiki-riki, 21 ноември 2009.

  1. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.767
    Допаѓања:
    23.743
    Пол:
    Женски
    Шо да речам, родители за ќотек. Како бре? Си го праќаш детето кај некој помошник на оној или пак, во најбезболен случај кај некој лажго. Велам најдобар, затоа што парите како-така, може да се повратат, но духовното кога ќе го загрозиш, е тоа е многу тешко да се врати во претходната состојба. Тие луѓе се сите извори и преносители на негативна енергија.
    Ви кажував дека не сум одела за себе, туку дека и` правев друштво на една другарка. Ама толку лошо се почувствував, тоа е страшно. И другарка ми пак, будала и` даваше лични работи и и` стануваше се` потешко (дали автосугестија, дали оваа намерно и` правеше чирибу-чириба за да и` оди почесто, не знам).
    Не е истото исполнувачко и ослободувачко чувство како кога ќе појдеш в црква. Ни оддалеку. Дури ни болниците не ме потсетуваат толку на мрачни работи (каде што лежат луѓе со помала или поголема мака) како што беше тоа место.

    Не велам не, можеби има и такви кои знаат да ти помогнат. Ја кажував погоре дали тука или во другата тема случката. Човекот нити ја допрел, нити да речеш искористил ситуација, само од врата и` рекол да донесе една одлука во животот (промена) и тогаш ќе и` тргне на арно. Ниту биле од ист град, ниту се познавале да речеш. А тие оџи што ги спомна битерсвит погоре, требало да го изгубат чинот веднаш, бидејќи ја користат религиозната одежда за да навлекуваат луѓе во секташколики и сквернавечки ритуали.

    Ни исмевам, ни ништо... од овие работи работата може да излезе далеку од смеење. Но ќе речам, не дај Боже да немам ум и спас од друго чаре во животот.
     
    На stylishh, Hipster и manja666 им се допаѓа ова.
  2. manja666

    manja666 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    1.144
    Допаѓања:
    17.999
    Еве и јас сум една од оние кои имаат идено на бајачка под притисок од родителите. Иако не ги поддржувам што ме натераа, неможам ни да ги осудам. Тие во тој момент мислеле дека нема друго решение па решија да пробаат со таа последна опција. Баш како што пиша Теси, атмосферата кај таа жена беше многу полоша од болница со многу луѓе, тоа речиси и да не е депримирачко место во споредба со куглите на маса, низа пиперки и ножеви со кои ќе ми бае за да ми помине.
    Ало брее ? Со кој памет дозволувате да ви го прават ова?
    Ај што ми ја исцрпе енергијата, ми стана уште полошо, за да на крај ми рече дека сум немала искрени луѓе околу мене, сите ми посакувале лошо, да сум се пазела од другарките затоа што ми правеле турски магии.
    Тогаш и моите се освестија кај ме донеле, си излеговме и после тоа ги терав да се заколнат дека никогаш повеќе нема да ме водат на такви места.
    Како треба мене да ми биде подобро со тоа што баш она ми пренесува лоша енергија а не тие другарки со кои секој ден седам? Кај гатачките се е теорија на заговор, кој и да отиде без исклучок, на сите некој нешто им прави, сите останати ги мразат, и оние што им веруваат се убедени во тоа секако. Затоа што на некој начин им годи тоа што ќе го чујат, дека сите им љубоморат и најбитно од се, си наоѓаат виновници за личниот неуспех.

    Не ми е јасно, ама навистина не ми иде во глава, како проблем со психа може да ми реши така што неколкупати ќе ме допре со тие ножеви? Морбидно и бизарно до крај.
    А за овие други случаи како примерот што го спомна Битерсвит, што друго да се каже освен додека има овци ќе се стрижат.
    Заостанати сме со векови наназад. И објаснете ми вие како во по развиените земји луѓето немаат вакви проблеми кои што ги решаваат бајачи? Само кај нас се овие глупости, предрасуди и суеверија. Детето не се изнесува 40 дена, уроци, турски магии, бајачка за да ти иде на факултет. |(
    Освестете се луѓе!
     
    На tessie и Hipster им се допаѓа ова.
  3. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.423
    Пол:
    Женски
    Амн со тоа исмевање више боже мој мили стe гледале ли вие некогаш пародија, сте читале ли вие некогаш басни бре луѓе? Животот е критика на некој или секој начин, а тоа што ние сме се зафркавале за некои бизарни работи простете ни ама некогаш не може човек да се возджи од нешто што е апла воочливо дека е глупаво и смешно, смешно луѓе, трагикомедија.


    И да се разбереме не секоја мака е права мака, некогаш самите во главата си ставате некои бизарни маки кои не постојат и ваквите ве разубедуваат дека сте на мака зашто свекрвата не ве сака, пример. Тоа не е мака за бајачка. За болест не знам, јас лично не би, но очигледно многу би се нафатиле, не е а осуда очигледно не можам да бидам толку строга со оној кој барем една пробал и видел како е, барем знае како во иднина. Таква сум малку строга за некои работи и делува дрско, но само е добронамерно, не знам како не сфативте до сега. Кривицата ми е што сум строга со погрешни луѓе, и што се трудам за погрешни луѓе до кои моите остри зборови нема да допрат ни да се замислат дали тоа е така, затоа што егото ги прави безгрешни и никогаш не сакаат да чујат остра но реална критика од некои други, па макар и непознати. Едно е да споделиш мислења и искуство, друго е слепо да веруваш и да се разбацуавте овде со фалби, броеви и не знам какви позитивни искутва од што бре луѓе од бајачка, често за работи кои се смешни(како тоа со матката и со живите за кои ви доставија милион разумнни факти ама вие не само што не ги читате туку и напаѓате, како да сакаат девојките лошо да ви сторат а не добро). Но игнорантноста е ваш губиток не мој/наш.
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.620
    Допаѓања:
    40.111
    Пол:
    Женски
    Hipster извини вака ама со остри зборови и дрскост и тоа што викаш дека си строга до никого нема да допреш. Да и јас сум против ова и јас не верувам во овие работи и сеа што треба да наречам некого глупав или прост? Или да бидам дрска за да ме разберат? Не тоа ќе разгневи некого, како што би ме разгневило мене некој да ме нарече глупава или проста заради некое мое мислење. Мислам дека со аргументи, примери и убав збор на луѓето им се отвараат очите, затоа што тогаш ќе бидат спремни да го прифатат советот или мислењето.
     
    На Glasna му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.423
    Пол:
    Женски
    Нареков некого глупав или прост сега? М?
    ЕГА, вие сте само големи игнорантни ега, толку имам да ви кажам, кој не само што не сакате да дискутирате, не знаете и дома дигате носови. Ако нешто е глупаво, е глупаво и таквите од посотот да битер со оџата и сексот на гробишта се глупави, извинете ама нема друг збор со кој тие ќе се окаратеризираат. Ако не го напишам не значи дека нема да го помислам и не само јас, многумина го помислиле кога го прочитале.
    Вистината боли ама е вистина.

    И се кажаа тука многу убави зборови и аргументи, едноставо е џабе, дури и испаднавме глупави ние што сакаме да ви докажеме нешто, се гледа на крај.
    Не би рекла дека со суровоста не се постигнува ништо, напротив, ама на луѓе кои сакаат да ја слушнат вистината, на луѓе кои не сакаат-си наоѓаат причини да се навредуваат, превртуваат зборови и факти, во своја корист и во своја одбрана, затоа што едноставно немаат ништо друго освен тоа.

    Не знам какви сте во реланиот живот, мене лично ќе ми беше најголемо лицемериеда ви кажев, океј идете на бајачки верувајте во што сакате. Сите си имаме по некоја тема на која сме со силен став, разговараме на повисок тон,посурово. Грубо делува јасно ми е, ама нема тука нешто што некого длабоко ќе повреди и тоа не се навреди или безобраности, вистината е луѓе.
     
    На tessie и bittersweet им се допаѓа ова.
  6. andrijance90

    andrijance90 Активен член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2013
    Пораки:
    84
    Допаѓања:
    8
    јас не знам што се расправате ,кој верува верува кој не , не :^) ако не верувате во ред е не мора тука на оние што веруваат да им ги "отварате очите" . Веруваат од некоја причина, верувам и јас, ми помогнале многу пати некои женички кои ни пари бараат ни нешто друго, ти велат направи ова во црква, однеси дар таму и тоа е тоа, што мислите вие дека ни даваат билки, води, не знам какви се не работи :?:
    Сум одела зашто сум имала мака, али не мака љубовна, или сум се скарала со другарката, со дечко ми па ај бај ми |( туку здравствен проблем сум имала и ми помогнале. Искрено од тогаш поминаа години и не сум отишла никаде, се надевам нема ни да имам потреба да идам :!:
     
  7. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.620
    Допаѓања:
    40.111
    Пол:
    Женски
    Да глупави сте, да ви земаат пари да ви спасат брак, па кој бајачка, оф мори мајко.


    За ова зборев и како што реков јас не верувам во ова, јас не го бранам мислењето на девојкиве, така да не ме мешај меѓу нив молим те. Мене муабетот ми е дека си многу дрска, што се гледа и по мислењето што си го напишала. Јас ги прочитав постовите не приметив дека вас некој ве нарекол глупави, баш обратното е како што копирав погоре.
    Што се однесува до МОЕТО его, твоето мислење мене не ме допира зошто не се пронаоѓам, затоа што јас се изјаснив и погоре, но ти за да ја докажеш својата поента употребуваш секакви начини.
    П.С за мислењето на незнам која членка за оџата и гробиштата не сум слушнала досега, а како што гледам и никој друг освен неа :rofl:
     
    На Glasna му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.423
    Пол:
    Женски
    Какви начини? Зборови и начини не се исто, земав ве истепав, исплукав или нешто?
    Што сум напишала цитирам глупави сте што дозволуваате да ви ги земаат парите и да имате односи со оџа на ГРОБИШТА?
    Како ќе го окаректеризираш ти тоа?

    Има глупави луѓе и глупави постапки, прави ми сега ти мене колку сакаш the bad guy или што и да е, од некои работи не се бега, ако некоја постапка е глупава е глупава, ја помислие многу, јас сум ја напишала океј бе мисли си за мене што сакаш, само сум искрена, не лицемерна.

    Ти си имаш некое мислење имај си го, но ако ти си фина и нежна не значи дека така треба и другите да се, не сме сите исти, некои се погруби некои помеки различен стил имаме на изразување.

    И озбилно прочитајте што е басна, или и Браќата Грим и Езоп и Лафонтен се никакви како мене што се исмеваат со човечките особини преку животните. Или јас требаше да ве окарактеризирам како животинки и преку метафори и комапарации да се пронајде некој?

    Реков дека е поинтлес да пишувам поише не знам зашто продолжуваме пак понатака, затоа што мислите дека се мешам, солам памет, навредувам дури а самите не сте свесни какви небилози пишувате и се правдате, само се правдате.


    И тука се гледа вашата игнорантност, ако вие не сте чуле не значи дека не постои, смеј се ти толку сакаш емошанал, прави се многу фина и мила само затоа што си мекичка со зборовите, ама тоа не те прави подобар човек од мене, зашто гледам на тоа атакуваш ;)
    При очи се правите слепи, отоворете читајте, а не тука како баби да ми браните некој бизарни ставови како одење на бајачка, науката напредува толку многу и има такви прекрасни статии научни за да одам на бајачки и да солам памет на форуми како не треба да се коментира вака онака, си го кажа својот став, зашто сега се мешаш у нашиот, уште бетер си ми него дотичните кои ги фалат и препорачуваат овие на форумов.
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.620
    Допаѓања:
    40.111
    Пол:
    Женски
    Што сум напишала цитирам глупави сте што дозволуваате да ви ги земаат парите и да имате односи со оџа на ГРОБИШТА?
    Абе девојко што зборуваш? Ти читаш што пишуваш? Тоа не беше наменето за оџата извини.
    И зошто веќе 2 пат спомнуваш прочитајте па прочитајте, не сме неписмени девојко сме прочитале.
    И да нежна сум не навредувам луѓе како што не сакам да ме навредат. А ти навредуваш и несакаш никој жив да ти одговори. Сакаш сите да се сложуваат со тебе. Да јас се сложувам со тебе што се однесува со тоа дека ОВА НЕ Е ВИСТИНА, ама не и ЗБОРОВИТЕ (пошто викаш не одговарало начини) кои ги упатуваш до девојкиве.
    А инаку да, непотребно е повеќе коментирање, темава е наменета за други коментари.
     
    На Glasna му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.423
    Пол:
    Женски
    Нешто кажа сега или јас слабо не ти сфатив една реченица?
    ПА не читаш бре жено, девојко пардон, не читаш, и се исмеваш со смајлито на крај за паѓање од смеење. Зашто се смееше за случајот или дека некој тука лаже, само она го чула тоа, не ти ја сфатив реченица и целиот последен пост.
    Контрадикторна си и повеќе од мене.

    Адвокат на никој не гледам дека му треба, не мора ти да рипаш да браниш други за некои непостоечки навреди, си имаат уста ќе си вратат. Секој да одговараше кога ќе беше лично повикан поубаво ќе беше.

    П.С и ти во некоја тема за религија си пишла прост народ а мене тука ми солиш памет.
    Немој барем биди искрена во некои работи, а лицемерие најмногу ме нервира во ситуацијава.
    Биди ми жива и здрава и сфатете го како сакате, али нависитна беше смешен случајот со оџата и сексуалниот чин на гробишта, оџата кој лечел од неплодност со вртење на матката на некоја жена и како сакаш наречи го, мене ми е неверојатно дека некој ќе поверува во тоа и ќе се нафати. Само јас го кажувам грубо ти украсено со епитетчиња фини, исоходот е ист на крај.

    П.П.С не само што не сака, туку не ни очекувам од никој да се согласува сто посто со мене, апсолутно тоа е мој став и исказ, само ти си таа кокретно во ситуацијава што од не знам која причина се најде на местото на одбраната, и саката си идеш со офф-топик со мојот тон или нашите исмевање или не знам што, па и тоа е некој став на крајот на краиштата бре, кажи го НЕКУЛТЕРЕН знам дека сакаш да го кажаш ама став е и тоа е тоа. А самите повеќе си наоѓате навредени него што некој тука атакува на екого кокретно да навредува, од која причина само вие си знаете, или навитина вистината толку многу ве боли, не знам.
     
  11. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.620
    Допаѓања:
    40.111
    Пол:
    Женски
    Јас не сум контрадикторна незнам од кај виде тоа. А да сум пишала прост народ, но не со цел да ги исмевам и вреѓам туку затоа што беше навредена мојата вера. Ако ти не ги разбираш постовите, незнам ако не да пробам да ти цртам?
    Работата е што неколку девојки како тебе на форумов се сметаат очигледно над другите, па со такви кометари реагирате.
    Ме знаеш- НЕ!
    Не сум лицемерна пред се, не сум ни била! Немој молим те со такви муабети!
    Искрена сум барем во оваа работа се изјаснив и ПО ПРАШАЊЕ НА ТЕМАВА и по прашање на начинот на кој се обраќаш.
    Незнам како неможеш да сфатиш и разбереш што јас на тебе се обидувам да ти кажам, јас пишувам едно гледам си вратила нешто сосема друго.
     
    На Glasna му/ѝ се допаѓа ова.
  12. peggybllu

    peggybllu Активен член

    Се зачлени на:
    11 септември 2013
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    0

    dali moze da mi go dades brojot od viktorija malce kasnam ali sepak se nadevam deka go imas seuste fala ti
     
  13. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Јас не ги обвинувам родителите од другарката.
    Зошто?
    Затоа што имаа поголем проблем, кој 2-3 години не можеа да го решат. Пробаа се...
    И мајката потикната од други жени, не виде друго чаре освен да ја упати кај таа гатачка (не кај кој годе, туку кај гатачка која е да речам докажана низ многу години).
    Жената ниту ја чепна, ниту ја присили, ни ништо неа (а, ниту мене).
    Си беше фина, културна, си кажа убаво, и толку.
    Цената беше, колку ќе оставиш толку, сакаш 100ден., сакаш 1000ден., твое право.
    И и помогна на другарка ми што е најбитно !!!

    За оџата со гробовите, прв пат читав погоре, се чудев навистина, ама и не верувам дека е можно. Сенекој ќе кажи нешто, ќе додаде на приказната... Не е се за верување...
     
  14. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.767
    Допаѓања:
    23.743
    Пол:
    Женски
    „Тишина! Каков е овој аос?“ :D Нема потреба од вакви расправии, ни некому можеш да му ставиш памет во глава со инка, ниту пак да му смениш стил на изразување.
     
    На okcenzi и Hipster им се допаѓа ова.
  15. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.767
    Допаѓања:
    23.743
    Пол:
    Женски
    Знаат шо да речат и како да влијаат со помош на нашиот менталитет. Самокритичност минус 500 и повеќе ни` е логично и повеќе сакаме да слушнеме „ма ти си фин/а, добар/а, супер си, само магии ти праат, ти љубоморат шо си толку кул човече. Ич нема потреба да работиш на себе, само дај ми ги мене парите, јас ќе ги средам, мамето нивно.“ :D
     
    На Hipster и A-j-a им се допаѓа ова.
  16. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.423
    Пол:
    Женски
    Има само еден глуп тука моментално, јас!
    Глупа што ви објаснувам и се обидувам да ви разбистрам некои поими иаку гледам дека џабе зборам, второ губам време на ваква тема, наместо да читам и дискутирам за некој филм/серија и книга. Отупавев со муабетиве низ темата, отупавев.

    Времето и енергијата што го трошев докажувајќи се за гатачки, ќе си ја дочита книгата или ќе истрачав некој километар, сама сум си крива признавам не знам ни јас на какви теми дискуирам и зашто го правам тоа.

    Се надевам дека законите кои ги гонат ваквите изманици ќе бидат поблаги од моите зборови само тоа се надевам ништо поише.
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  17. elle77

    elle77 Активен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2012
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    0
    може ли број во инбокс .. итно ми треба :([/quot

    koja e taa zena? pogoduva? te molam broj
     
  18. nesumjas

    nesumjas Активен член

    Се зачлени на:
    14 септември 2013
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    1
    Ако не верувајте- немојте да одите. Имам отидено и кај Вики во Чаир,, и кај Марина кај Електро. Вики е искусен бизнисмен, ќе ве матка со месеци, со години.... колку што ќе си дозволите. на секои 9 дена одите да ви прави света вода и казува со тоа да оставите паричка :) Сум отишла од мака, и тоа неколку пати, исто и другарка мми и брзо сфативме дека она не помага, ама успешно ги дорасипува работите. За се вика ќе го средам јас тоа, и да го „средува“ на полошо.
    Марина само предвидува, и тоа предвидува многу добро, погодува и датуми и саати дури, но тоа не ми значеше многу затоа што работите се остварија 100 %, ама јас не можев да ги сменам. Ако некој мисли дека сака да си знае што ќе му се случи нека оди кај Марина, ама ако имате мака- едноставно не помага да се реши.
     
  19. Antebellum

    Antebellum Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2012
    Пораки:
    3.100
    Допаѓања:
    9.410
    Пол:
    Женски
    Има некоја феминка што е задоволна од Вики од Чаир? Дали некоја била кај Каролина од Ѓорче?
     
  20. Smaragdna

    Smaragdna Активен член

    Се зачлени на:
    4 јули 2013
    Пораки:
    111
    Допаѓања:
    20
    Дали може број од Марина?Каде поточно се наоѓа,колку се плаќа и некој ако може да каже уште некакво искуство.Благодарам ! :)

    Пс.исто дали некој знае нешто за сребра од драчево?ми имаат кажано дека не гледа,него само го проверува телото и кажува дали си болен или имаш проблем со некој дел од него