Ke zveruvas koga togas,ima i drugi takvi sto ne veruvale ne si samo ti, i jas bev taa sto ne veruvav ama zaveruvav taka i ti, zatoa sto kolku sto ide lugeto se mnogu ljubomorni a ovie raboti se stvaraat od ljubomora pomegu lugeto, ako ti napravi nekoj magija ti garantiram ke odis na gledacka ili bajacka ili kako sakas narecija zatoa sto DOKTOR ne leci od magija badijala ke primas lekovi ova ti go kazuvam od licno iskustvo
Дури и на факултет, по предметот медицинска етика сретнав-болест од црна магија. Значи постоело такво нешто многу одамна и ќе постои. Верувам во тоа. НО ! Дека постои некој тука во Мк за да ви помогне-чисто сумњам. Пошто тие што знаат да разбијат-не се толку лесни за наоѓање,а некои не ни работат, освен за пријатели. Се друго е лага, превара.
зошто да не работат,ако знаат да растурат или да најдат нешто што има кај некој во домот не се гледаат роди или пријатели,еве јас лично кажувам дека мен ми помогна човекот од кочани,пред 2 недели дојде кај мене и се пронајде,од мојот кревет извади коса од мене замотана,од вториот спрат од оџакот извади 2 прстени замотани во стопена свеќа,од кровот на куќата мртовечка коска и заклучено катанче,и како да не верувам???????
Ауу не ми се верува... како може бе да постојат такви луѓе.. абе тие не се нормални, ке ми подметнуват чуда низ куќата... само ГОСПОД нека не чува од такви работи... ц ц ц
Не учев. Само беше спомнато како подточка, бидејќи мене ми беше потребна општа медицинска етика бидејќи сум радиолог.
А-ха, да сега забележав, во првиот пост имаш напишано: сретнав болест од ЦМ. Сори. Баш ме интересираше како е објаснето од медицински аспект?
Нема објаснување. И по кодекс на етика не смеат да спомнат пред фамилијата такво нешто па дури и ако се сомневаат.
Само да ви кажам,за гасење олово имам чуено и знам дека е против уплав. Ама живата е штетна хемиска супстанца и не верувам дека со жива гасат палат и што ти ја знам. Пареата од живаата е штетна за нервниот систем.
Сосема случајно отворив во темава и гледам дека вчера сте цитирале мој одговор од пред два месеци. Не зборувавме за топење жива, туку за вадење жива. Врати се назад на таа страница и прочитај, тоа било многу распространето и многу пари земале за овој третман. Напишав и искуство на пријателка на мајка ми од пред 10-15 години. Ова е целиот разговор од пред некој месец: Еве читај оттука: drugata-nauka/gatanje-baenje-t79/700.html#p1764891 Инаку неодамна слушнав и како можеби тој „третман“ на „вадење“ жива се проширил. До неодамна, кај побогатите жени на овие територии било модерно и фенси да имаат бела кожа, ако сега е модерно да имаме добар тен, тогаш никој не сакал да биде исончан како работниците кои работат по полето. И затоа дури и тие кои имале природно потемен тен купувале помади, креми и масти за обелување, белеење на кожата, тоа било особено распространето кај Албанките. Тие креми содржат жива во својот состав. И тоа не во некои мали микронски количини, туку всушност тоа е активната состојка и целата крема е практично некое соединение на жива. Таа жива се впива преку кожата и оди директно во крвотокот. Тоа не значело дека ќе направи проблем, особено ако е некое стабилно соединение како што се хлоридите, ама така живата ќе си опстојува во организмот. Кај некои жени кои секојдневно употребувале такви креми биле наоѓани дури и по неколку грама жива. Тоа се прочуло помеѓу народот и жените почнале да се плашат, и секој прблем, особено неплодноста, се припишувал дека е резултат на живата и дека таа треба да се извади. Во тие времиња мажите никогаш не признавале дека проблемот може да е кај нив, туку причината за секоја неплодност се барала кај жената и таа била обвинувана. Навистина постојат медицински терапии за вадење на тешки метали од организмот, тие се викаат хелациона терапија и самата по себе е доста опасна и не е 100% сигурна. А и неплодноста или кој било друг проблем можеби и воопшто не бил резултат на кремот со жива. И тогаш на сцена настапиле овие бајачи кои се прокламирале како вадачи на жива и дека со тоа ќе ги решат сите проблеми. Се друго е историја. Постепено се заборавило како воопшто дошле до идеја да вадат жива. А тие и воопшто немаат никаков резон и воопшто да можат така магично да вадат жива, туку се служат со разни трикови да ги убедат лекоумните и тие кои имаат проблеми.
Поздрав до сите Феминки. Ако може да ми дадете број од Марина од Карпош или Вики од Чаир во порака. Ви благодарам однапред