zdravo neveruvam vo magii ama vaka esostojbata so mene se plasam deka ke umram ne sakam da sum sama osekam nemir vo stomak gusenje tresenje na teloto trpnjenje na teloto i mi ripa stomak i imam negativni misli asum bila po bajaci gataci i site razno kazuvaat dali moeto se raboti za magija ili nesto grugo e ve molam za odgovor ve cekam
Драга не се работи за магија не се плаши значи не се работи за ништо вонземско, јас само би ти препорачала да се префрлис на темата Анксиозност( прочитај таму што како се пишува можеби ке се пронајдеш) поздрав се надевам дека малку ти помогнав
Кој сака да иде кај Марина нека ми пише Лп да му дадам број јас лично имам отидено кај нејзе ради разонода
te molam pisi mi vo licna poraka koja e zenava kaj e kolku pari bara se sto znaes mi treba hitno imam golema maka. ti blagodaram
јас бев кај тој од черкезе со татко ми (кој инаку многу не верува) да ми вади жива. ја вади од кај вратот и татко ми беше до мене и гледаше како ја извади живата. и баш викаше некој друг да ми кажуваше немаше да верувам ама со свои очи видов. луѓе кој нема мака не верува ама тој што има мака и не знае кај да ја бара ке верува во се,дај боже никој да не види мака во животот и да не треба да верува во овие работи ама за жал злобни луѓе постојат.
Бев кај една жена што гаташе на карти, глупости ми изнакажа.. сум била несреќна многу во животот така сум била родена, ѓаволот работел позади мене.. се наопаку ми одело и никогаш сум немала да бидам среќна, и ми рече да сум и однесела некоја амајлија да ми напрај магија за среќа.. ма немој да ме јебеш бре
Сум била на бајачка кога бев помала. Баба ми ме однесе кај една во соседството а не се сеќавам која беше причината што ме однесе, но таа жена повеќе ме исплаши отколку што ме смири, искрено. Почна да ми фрла таму сол нешто да пее ли што ли праеше и јас незнам ептен бев исплашена почнав да плачам и баба ми сакаше да ме смири па таа кога почна да се дере да не ми се приближува, да се тргне, ауу страшно. Никогаш повторно не би отишла на бајачка. На гатачка не сум била, а нема ни да одам. Ќе ми изнакаже глупости и ја од земја ќе се трескам зашо вака зашо онака Што ми било пишано ќе ми дојде
Глупости не сум била,а нема ни да одам ..Божем ке ти кажат што ке ти се случело.Оди на психијатар или на доктор таму ке ти кажат.
Во книгата Повторени Закони исто така читаме за строго предупредување од Господа против вршењето и занимавањето со било кој вид на волшебство и магесништво, кое во суштина претставува сојуз со демоните, и Бог ги протерува тие народи од нивната земја и ги определува за пропаст, а таа земја ја дава на Израилот кој Му е верен. "Кога ќе влезеш во земјата, која Господ, твојот Бог, ти ја дава, да не свикнеш да правиш гнасотии, какви што вршеле тие народи; да не се најде пред тебе човек што го тера синот свој или ќерката своја преку оган, заради очистување, или да претскажува, да гата, или како маѓепсник, чародеец, ни гледач на утробата, ниту, пак, што гледа по знаци, ни таков што повикува мртви; зашто, секој, што го прави тоа, е гнасен пред Господа, и токму поради тие гнасотии Господ, твојот Бог, ги изгонува од пред тебе. Биди непорочен пред Господа, твојот Бог; зашто тие народи, што ти ги наследуваш, ги слушаат гатачите и претскажувачите, а тоа Господ, твојот Бог, не ти го дал. Господ, твојот Бог, ќе ти дигне пророк од браќата твои, како мене - Него слушајте Го." (Повтор. Закони 18, 9-15).
Zdravo na site. sakam da ve prasam dali nekoj mozebi slusnal za Lence od kapistec i dali bil, ako ima nekoj kontakt od nea ve molam pisete mi pozzzz
здраво на сите....ви посакувам убав ден и убав живот исполнет со радост и срека...ви посакувам никогаш да немате потреба ниту од гатање баење и слично....ви посакувам молитвата да ви биде секојдневие кажувајки ја секогаш кога имате убави и лоши моменти....почеток на денот и крај на него....колку пати ја кажувате молитвата...дали ви е полесно некој друг да го прави тоа наместо вас дали сте љубопитни или сакате да ги тестирате љугето што работат со тоа.....дали слепо верувате во тоа што е напишано или во тоа што ке ви го предвидат и направат....кога сме кај библијата дали знаете дека ако сте вистински верници бог вели не осудувај....што правоте вие осудувате ли....кога одите во црква попот со босиликот и молитвата ја осветува водата го прави крстот низ водата и ги кажува волшебните зборови...дали тоа е баење ...дали и он е грешен или он има право а другите не....или он служи на господа и посветен е на тоа....па ке ви раскажам една сторија си бил еден поп дошол да осветува вода за слава во едно семејство кои пак како и повекето во денешницата се справуваа едвај со сиромаштијата....домакинот кој не по своја волја остана без работа пошто се затвори фирмата и сите во домот невработени во потрага безуспешно по работа кои поминувааа и по два месеци без струја,благодарение на евн од неплатени сметки долгови и долгови.....ама ништо не е така страшно кога си ја имаш верата со себе и во себе...и попот го заврши ритуалот и нормално следи плакање....некогаш било кој како може и колку може сега е 350. и кога домакините кажаа дека немаат ..попот во наредните години не дојде во нивнит дом...и да се вратиме на бајачите гледачите...дали вие сте сигурни дека тој сто бае не ја кажува молитвата...кој од вас ги видел демоните или светиите... што знаете вие за тоа? мислите дека поповите знаат, како најкомпетентни личности? јас само ке кажам се додека сме на земјава сите сме грешници, затоа не осудувајте и не оправдувајте нешто за кое што не знаете. За крај би кажала, Нострадамус пред се бил доктор, астролог, научник, хемичар итн. па и видовњак, бајач , гатач како сакате кажете. Јас би рекла парапсихолог, ги предвиде многу работи што се случија и што топрво ке се случат, со цел да го предупреди светот, луѓето, да го сменат ставот на погрешното размислување и погрешното живеење и да ги опомени дека ке се појават многу лажни видовњаци, гатачи, бајачи и многу малку од нив ке останат доследни во работата што мора да ја работат. Не ги барајте кои се вистинските, Бог едноставно ке ве испрати таму кај што треба и доколку треба. Некој треба да ја прочисти душата од гревовите и осудувањето па да поминува повеке време вцо црквата со молитвеникот и молитвата, некој треба лекот да си го најде во светите води, а некој треба да го најде патот по кој што треба да оди токму кај тие таканаречени бајачи. Јас се извинувам нa сите доколку ве изиритирав, навредив, не ми беше тоа целта. Поздрав
Е девојкии ај кажете некоја гледачка во Скопје , шо гледа на кафе, рака ... било шо ама да погодува а не лажги и опашки..
еј здраво, погодува ли? и јас имам слушнато за неа ама исто така и имам слушнато дека ништо посебно не е. ај прати ми број те молам