Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Гатање, баење

Дискусија во '„Другата“ наука' започната од kiki-riki, 21 ноември 2009.

  1. biology

    biology Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 септември 2013
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    0
    Здраво. Дали некоја од вас има број од жената од Шутка што гледа, мислам дека на последна 19-ка седи, ако има нека му пише во лп.
     
  2. Valentina.Vaki

    Valentina.Vaki Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2013
    Пораки:
    351
    Допаѓања:
    579
    Пол:
    Женски

    нишо посебно,освен една работа шо многу добро ми ја предвиде и ми се исполни исто ко што рече она.....
     
  3. miss5

    miss5 Активен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2013
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    1
    Слушнав за некоја жена што гледала на нешто во Хром/Влае не знаеа да ми дадат точно име, дали Светлана или Лена. Некој знае повеќе да ми каже за неа ?
     
  4. butterflysk

    butterflysk Популарен член

    Се зачлени на:
    24 мај 2013
    Пораки:
    1.940
    Допаѓања:
    3.903
    знае ли некој нешто за Виолета од Куманово живеела на влезот во куманово, многу помагала и погодувала, бројче да не има некој случајно не можам да најдам :(
     
  5. dushiche

    dushiche Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2013
    Пораки:
    826
    Допаѓања:
    602
    Во баење верувам, има луѓе што навистина можат да помогнат како за жива, од страв, за брадавици ( такви работи што излегуваат на кожата) и други работи. Но не верувам дека може некој да ти ја предвиди иднината, и што фајде ако ти знаеш се. Тоа се глупости, од такви работи само полошо може да биде, да се надеваш на нешто и подоцна да се разочараш.
     
  6. malecka2014

    malecka2014 Нов член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2014
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Moze brojce od zenata vo poraka?
     
  7. capricorn.m.gi

    capricorn.m.gi Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    50
    Допаѓања:
    7
    Imalo nekoj chovek od Kumanovo shto bae i ja vadi zivata od teloto...
    da ne znaete sluchajno kaj tochno se naogja i ako moze i broj da mi dadete
    Fala unapred..
     
  8. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.090
    Допаѓања:
    135.012
    ВТОРА КНИГА ЦАРЕВИ
    Глава 21

    1 На Манасиј му беа дваесет години кога се зацари. Царуваше педесет и пет години во Ерусалим. Неговата мајка се викаше Евси-Ва.
    2 Правеше што е зло во очите на Господа, поведувајќи се по гнасностите на народите што Господ ги протера пред Израелевите синови.
    3 Ги обнови високите места што неговиот татко Езекија ги обори, му подигна жртвеник на Ваал, направи ашери како што беше направил Ахав, израелскиот цар; и почна да и се клања на сета небеска војска и да и служи.
    4 Подигна жртвеници и во Господовиот Дом, за кои Господ беше рекол: „Моето Име ќе престојува во Ерусалим.”
    5 изгради жртвеници на сета небеска војска во двете преддворја на Господовиот Дом.
    6 И своите синови ги помина низ оган. Вражаше, гаташе, создаде бајачи и привидувачи; направи премногу зло во Господовите очи, и го разгневи

    Извадокот е од Библијата. Го разгневил Бог поради тоа што создал бајачи.

    Кои луѓе може да претрпат демонско влијание преку разни магии?

    Тоа се најчесто луѓето кои се сметаат за православни христијани, кои се крстени во Светата Православна Црква, но не ја знаат и не ја живеат православната вера, или луѓе во чии семејства имало традиција да се оди кај бајачи и гатачи, или оние, кај кои има многу гревови, односно, кои со својот грешен небогоугоден живот, му ја отвораат вратата на ѓаволот.

    Извадокот е од Премин Портал, повелете линк http://preminportal.com.mk/content/view/9829/65/

    За сите проблеми во духовниот живот, пак, треба да се советуваме со нашиот свештеник, а не да посетуваме бајачи и гледачи, бидејќи тоа е голем грев, со кој си нанесуваме огромна духовна штета, а создаваме и можност за душевно заболување.
    Ова е од МПЦ, официјалниот сајт, линк повелете. http://www.mpc.org.mk/Kalendar/ispoved.asp

    Сеуште сакате да одите да ви бајат и гледаат на кафе? Да ви ги земат парите за да ви кажат дека имате магија?
    Православните христијани треба да се размислат што си прават, нормално ако се верници и им значи верата и Бог. Секое одење кај бајач е оддалечување од Бог и правење грев. Инаку, ми имаат кажано дека Дуле гледачот од Велес, бил и затвор оти лажел во гатањето.
    Кај муслиманите не знам како е.
     
    На sweet-star и tessie им се допаѓа ова.
  9. dushiche

    dushiche Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2013
    Пораки:
    826
    Допаѓања:
    602
    Оџа е, и во некое албанско село е. Друго незнам.
     
  10. mhmrj

    mhmrj Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2014
    Пораки:
    35
    Допаѓања:
    10
    Ајде да ми каже некој, дали знае некој што гледа на кафе во Охрид :)
     
  11. bubamara12345

    bubamara12345 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2014
    Пораки:
    413
    Допаѓања:
    610
    дали некој има некои искуство со илија ос ѓорче петров, тој со икони работел, мајками слушнала за него и сака да иде, пошо сме од скопје сака да иде кај него, илија мислам дека се викал, ако грешам поправете ме. ако има некој нека ми пише ве молам.
     
  12. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.090
    Допаѓања:
    135.012
    баш ме интересира од сите тука што се интересираат за бајачи и гледачи отишле во црква за Велигден и Божик, Бадник, и колку од нив се прокламираат како христијански верници?
     
  13. Westlife

    Westlife Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2011
    Пораки:
    642
    Допаѓања:
    617
    Некои си нашле чаре,лек со тоа недај боже и тебе некогаш да ти притреба. :)

    Еве пример и мајка ми,таа вели некогаш верувам некогаш не. Значи многу луѓе за својата мака,за својата болест се упатуваат кај луге кои имаат некоја способност-моќ за нешто.
    Еве Ска лично јас баам иако сум девојче им помагам на луѓето(нормално ако е до тоа).Колку бебиња се имаат смирено од мене, другарка си ја маваше главата во ѕид од болка и и помогна моето баење а не е прв пат да и помогнам.Вечерта во 12 одев кај нејзе да и помогнам.Многу години по ред и помага тоа. А и за верник,да,сум верник,верувам во Господ тој е дел од мене и одам во црква и сметам дека Господ ми дал таква способност да им помагам на луѓето и што е до мене би им помогнала. Со ова не сакав да се фалам и слично туку кажав пример дека верувам во тоа и сум сведок на тоа.
    Затоа пак ќе речам вели си да не стигнеш до тоа..
     
  14. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.654
    Допаѓања:
    22.365
    Пол:
    Женски
    Цка и јас одам во црква, и не одам на вакви места, па не чувствувам потреба да ги осудувам и да ги прозивам за нивната религиозност затоа што и јас и сите ние за нашата вера учиме секој ден и ќе учиме до крајот на животот. Секако, од мерак ретко кој отишол. Камо сите да имаа доволно сила да одолеат на искушението. Мене ми е жал што некому му било толку тешко што бил приморан да оди за сопствениот живот баш кај џелатот, но како христијански верници, како што велиш и самата може само да се помолиме за спас на неговата душа, а суди еден.
     
    На bubamara12345, hermosa и Westlife им се допаѓа ова.
  15. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.090
    Допаѓања:
    135.012
    Во право си, не е мое да судам, Бог суди, но наше е, оние кои знаеме, треба да поучиме. Не ги осуддувам, но ми дојде чудно што покрај цитирањата од Библијата и слични извадоци, следниот коментар беше прашање за гледачка некоја. Ми е жал што не разбираат.
    И мене баба ми ме носела ко мала за уроци, демек глава ме болела, комшиката ме урочила. Кога сфати, откако отецот и кажа, што направила постеше и за казна не се причестуваше за да се избави и себе, и мене од нејзиниот грев.
    Не е чудно да грешиш кога не знаеш, но кога знаеш у упорно грешиш, е чудно.

    Факт е дека некои мислат дека бајачката им помогнала, а не апчето, не воздух кога излегле надвор, не дека само си поминало, или дека Бог решил да им помине.
    Не разбирам како е да веруваш во смртник, наместо во Бог.
    Но се е до домашното воспитание и вербата во Бога, од душа, не за мода.

    Вестлајф, ти треба доктор да станеш, не бајач.
     
  16. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.654
    Допаѓања:
    22.365
    Пол:
    Женски
    Ми дојде малку строго твојот пост па затоа коментирав. Пишан јазик некогаш и погрешно се разбираме. :) Треба да се поучуваме, но со љубов, како што тоа го прави Исус и да не се гневиме над туѓата непослушност, туку да жалиме за неа, затоа што навистина е за жалење.

    Само пријателско поучување полно со љубов ќе помогне, можеби многу од луѓето кои се нафаќаат на вакви работи не ги ни разбираат зборовите од Библијата, па цитатите од неа не би биле доволни.

    Мили мои, Господ не` гледа сите нас, се радува на нашата среќа и тагува над нашата мака. Не ја отфрлајте Неговата рака. Можеби поспоро се протега до нас, но кога доаѓа носи само светлина. Силна верба е потребна. Некогаш самите не сме свесни колку ни` е мала вербата во Него па затоа не може лесно да допре до нас (ова од лично искуство). Верувајте му (ако веќе ви е изборот да бидете верници, јас не наметнувам ништо) безрезервно.

    Бидете благословени на овој убав ден и таков нека ви биде секој нареден.
     
    На bubamara12345 и Cka им се допаѓа ова.
  17. LaraSolare

    LaraSolare Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2013
    Пораки:
    865
    Допаѓања:
    6.618
    Пол:
    Женски
    Па не значи дека сите овде сме религиозни . Да кажеме јас сум традиционален верник ( тоа во превод значи одржувам традиција на фамилијата , тие се христијани па на некој начин и јас ) Но , не верувам претерано и не сум религиозна , верувам дека ако јас правам добро и имам добра намера ќе ми се врати со добро и сметам дека кој сака да биде добар човек може и без религии и богови . Но во врска со бајачкиве да кажам збор два . Како мала бидејки рано сум прозборела и два јазика сум зборела бидејки еден ми е од мајка ми научен друг од татко ми , сите се чуделе а јас таква зборлива ем малечка и лесно ме урочувале . Еднаш кога сме имале гости после тоа ме легнала мајка ми . Со отворени очи сум бладала , а не сум била при свест де ме викале де ми ставале прсти дали гледам пред мене , ништо само неповрзано сум зборела со отворени очи сум се тресела преметкувала од една страна на друга, Во маало имавме една баба Ката која веќе не е меѓу живите ама и ден денес сум и благодарна за се што сторила за мене . Мајка ми не можела да дочека и в зори 5 часот некаде ме однела , и таа само и рекла уште на влегување де бре што не го донесе детето порано вчера сте имале гостин ви го урочил , ми пребајала и мама вика како таму да остана тоа бладање и се тоа пропратно , жива здрава сум излегла од таму за 10тина минутки . Така да има многу кои лажат ама има и многу кои имаат дар едноставно да помагаат на другите . Она не бараше пари колку и оставиш толку и најчесто тие се оние кои се вистински спремни да помогнат . Исто тоа што го викаат за шилци ли како беше кога малечко бебе има грчеви во стомакот и кога си ги трие ноџињата . Месец дена така , ме однела мајка ми и знам нешто татко ми требал да направи некои гранчиња да исече ма 30 дела ли сега не се сеќавам и таа и рекла на мама кога ке направи таткото тоа и тоа ќе дојдете ке ги наредиме ќе го соблечеме детето и ако се направил како што треба она одма ќе се измочка на нив и кога ќе си заминете нема веќе проблеми да имате . Така и биднало , мама ми раскажува , она не и се верувало само што ме соблекла сум се измочкала и од тогаш никаков проблем сме немале .
     
    На bubamara12345 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. dushiche

    dushiche Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2013
    Пораки:
    826
    Допаѓања:
    602
    Колку и да сме верници,некогаш медицината нема да ни помогне или пак верата.

    Еве и еден прост пример. Речиси секој пролет ми излегува ечименка( наротски кажано) мало топче под окото кое пече, боли, гнои едноставно не се поднесува а и не изгледа убаво. Ми викаа дома да одам кај некоја баба да ми бае, јас со свој памет отидов на лекар, лекарот ми вели на очно, отидов, чекав добри 2 саати, за да ми кажат дека мора да се отстрани хирушки.Книшката во рака и си дојдов дома и со мајка ми кај една баба,ми пребаја и дадов малку пари, отидов дома и утредента ништо немаше.

    А да останев во болница и да дозволам хирушки да се отстрани, кој знае како ќе беше и што ќе беше. Сепак око беше во прашање.
     
  19. Anabelle.Amorette

    Anabelle.Amorette Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2013
    Пораки:
    3.075
    Допаѓања:
    44.180
    Пол:
    Женски
    И јас сум била на баење,од уплав како се вели не знам,но не нешто,како да кажам,голема работа. Ако имам некој проблем би отишла,бидејќи како што тргнало денес со медицинава,се понеписмени доктори има,барем овде,секоја чест на тие што си ја вршат одлично работата.
     
    На Antebellum му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.090
    Допаѓања:
    135.012
    Неверојатните но вистински приказни за спасение во манастирот во Извор, каде „лековитиот“ ги мачкал луѓето со крв. Или тој што силувал за да го излекува. Кога има овци ќе стрижам, вака пред судот изјавил еден од многуте надри лекари, јасновидци, кои најлесен начин за заработувачка нашле во гатањето, баењето.

    Петар Печков

    Објавено: вторник, 31 јули 2012 1167

    Неверојатните но вистински приказни за спасение во манастирот во Извор, каде „лековитиот“ ги мачкал луѓето со крв. Или тој што силувал за да го излекува. Кога има овци ќе стрижам, вака пред судот изјавил еден од многуте надри лекари, јасновидци, кои најлесен начин за заработувачка нашле во гатањето, баењето. Од друга страна во очајната желба за излез од за нив безизлезната состојба, луѓето чаре бараат секаде, па ти во магиските, надри лекарства. За измама се користи и Библијата и Куранот, лицата се претставуваат како дервиш а користат и црква каде ги вршат нивните обреди. Нивната вешто скорена лага не познава граници ни во верата, ниту по полот. Се бара слабоста на лицето кое има потреба од помош и така се земаат пари, не во денари туку илјадници евра. Стручњаците за ова објаснување наоѓаат во економскиот момент и желбата са спас.

    Во состојба на општествена криза, историски е докажано, дека човекот кога не може да се снајде во рамките на општеството и системот, тогаш помош бара во нешто натприродно. Се бараат лица кои според нечии кажувања помогнале, или се успешни, иако тоа не е докажано. Најчесто помошта се бара откако поединецот ќе се разочара во институциите на системот. Невработеноста, здравјето. За жал имама многу јасновидци, повеќето неуспешни, помалку успешни, таму каде се поклопила случајноста да се најде лек или душевен мир. Тоа веќе преминува во бизнис, со визит карти, услугите ги закажуваат телефонски, имаат шаблони са одредени болести, за мажачка, немање деца, среќа. Ако не најдат спас кај еден одат кај друг. Исто како што е кај лекарите, кога се бара второ мислење од друг стручњак – вели Весна Дончевска дипломиран социолог. Таа посочува дека лесно се манипулира со луѓето кои тврдат дека се верници, иако истражувањата покажале дека голем број луѓе во Македонија декларирани како верници, не ги занеле верските празници, обичаите, и тие се лесни за обработка од измамниците .Тие пак на маката на овие лцие градата платаи, возат скапи коли, имаат богатство.

    Штипјанецот Сабедин Шабановски ( 44 год) кој се претставувал како бајач и гатач доби десет месеци затвор затоа што измамил двајца велешани, за 14 илјади евра, но и обврска да ги врати. Тој им ги земал парите а не им помогнал за маките што ги имале две лица од велешкото село Оморани. Гатачот Шабановски систематски ги лажел братучедите половина година. Тој во повеќе наврати ги довел во заблуда со лажно прикажување дека со баење лекува и растура магии со што тоа ги навел да му дадат пари во висина од 14 илјади евра, за да им помогне да се стабилизира семејната состојба. Ветувал дека ќе ги разреши недоразбирањата, кои тие ги имале со нивните сопруги, на едниот да му се врати жената, додека другиот да добие дете. Обвинетиот им се претставил како Дервишот Ќаип од Штип, дека има моќ да помага при разни животни проблеми, отишол и кај нив дома правејќи обредни ритуали со употреба на шербет, корнејќи дрва од прагот на куќата и читајќи упатства од Светата книга, Куранот која ја носел со себе. Од оштетениот при нивните средби за да му се врати сопругата, нему и на тригодишниот син, барал да му носат маици во која ставал пари во износ кој тој ги кажувал а кој наводно се појавувале во Куранот, кога Шабановски ќе ги отворел. Во другиот случај раскажувал дека со гатање и баење ќе ја растури магијата поради која брачниот пар немаат дете и дал колан во кој требало да ги стават парите, а кој што требало да го носи оштетената 40 дена. По враќањето на маиците и коланот, кои стоеле некое време во теќе каде се одвивало баењето, Шабановски предупредувал истите да не ги отвораат, зашто ќе им се случи нешто лошо и да почекаат магијата да го постигне потребниот ефект. Бидејќи братучедите од Оморани, позајмиле пари, дошло време тие да се вратат, а се плашеле да ги отворат маиците и коланот од некаква магија и клетва, отишле кај некој оџа во Прилеп. Тој ги отворил во нивно присуство и тогаш виделе дека во нив нема пари, туку имало некакви картони, хартии, стари неважечки македонски бонови, неважечки српски денари, женски чорапи. Полицијата обвинетиот го пронашла во Штип, каде било констатирано дека не се вика Ќаип, не е Дервиш, туку Сабедин Шабановски, за кој трагаат измамените братучеди од Оморани. Тој во своја одбрана бидејќи целта му била да дојде до пари, без ронка грижа пред судот изјавил „кога има овци ќе стрижам“. Мамат и православни и муслимани, повикувајќи се на Библијата и Куранот, се користат и црквите и Џамиите а крајна цел се парите на верниците и страдалнците.

    Колку што можеме во рамките на нашите можности, преку печатење на духовна литература со теолошка содржина да ја подигнеме свеста на верниците и граѓаните. Го осудуваме гатањето, баењето, и сите други форми на јасновидци, луѓе кои се служат со сурогати кои не ги одобруваме. Имаме силен притисок од овие лица но и од верниците кои ги посетуваат. Се обидуваме големата болка што страдалниците ја имаат, не им биде можност за печалење на вакви надри лица, кои се сатанизирани, вистински Ѓаволи. Тој е моќен но не може никого да излечи – вели Владиката Агатангел Митрополит на Повардарската Епархија, во чии цркви се случува да се користат за пагански обреди.

    Скопјанецот Данаил Дамјановски ( 61 год) доби казна од 30 глоби од по 10 евра, или вкупно 300 евра за самовластие. Ако не ги плати ќе оди месец дена во затвор. Тој три пати, секоја сабота по ред на почетокот од минатата година имал повеќе сеанси во манастирот ,,Св. Атанасиј,, во велешкото село Извор. Точно во 11 часот започнувала неговата работа, која се граничи со бизарноста. Вршел пагански активности и обреди со баење, ги мачкал луѓе кои доаѓале кај него барајќи спас, со крв од заклани животни. Така лекувал за разни телесни и душевни болести за што наплатувал иако подоцна ,,пациентите,,немале никакво подобрување. Ова тој го работел иако имал забрана од МПЦ Повардарска епархија да го користи храмот за ваквите нехристијански обреди.

    И сексуални услуги за спас Во блиско велешко село, сега општина во правец кон Штип, имало надрилекар кој „лекува“ и со сексуални третмани. Настанот го потврдија и во велешката Болница и полиција. Станува збор за случај за младо момче кое побарала спас бидејќи врската со девојката лошо им одела. Тогаш бајачот, без ни малку срам му посочил ,,Одбери сперма твоја во мене, сперма моја во тебе,, на што младичот бесно излегол од собата. Но набргу се вратил, откако се препнал на куќниот праг. Тоа за него била порака да се согласи и помислил дека можеби ќе има спас. Дури имал и секс со гатачот. Откако увидел што сторил, отишол во велешката болница каде побарал белешка дека е силуван што ја и добил. Интересен е моментот кога дошол во болница да пријави силување а бил со девојката. Докторот и покажал да легне, на што дечкото одговорил „Јас сум силуван!“ .Потоа заминал до велешката полиција, но бидејќи селото е под надлежност на штипската полиција и обвинителство, бил препратен таму. Тука завршува велешкиот дел приказната, како таа продолжила во Штип не е познато, но е извесно дека гатачот во меѓувреме почина.

    Надлежните премолчуваат а гатач во 2002-та најави апокалипса во Велес При почетокот на јули 2002-та Дневник ја објави информацијата дека познатиот локален јасновидец, гатач, гледач ,,Дуле,, утна земјотрес поради кој претходно велешани немаа сон. Предвидувањето беа дека во ноќта меѓу 29-ти и 20-ти јуни 2002- та, помеѓу сабота и недела катастрофален земјотрес ќе го срамни Велес со земја и оти ќе има илјадници мртви. Тоа не се оствари не се случи, а стравот завладеа кај велешани претходно цела седмица. Скептиците што тогаш наседнаа на лошото предвидување заминаa со семејствата на викенд во околината на градот. Гласините за катастрофата тогаш како ехо од ден на ден се зголемувашe, што придонесе велешани да бидат во паничен страв. Во сите тие муабети, претскажувач на настанот беше познатиот велешки гледач "Дуле". Барајќи информација од гатачот, него го немаше дома бидејќи како и повеќето велешани, случајно заминал на продолжен викенд, но затоа неговиот татко тогаш вака го објасни случајот. - Народот од влакно направи камила. Тој во разговор со пријатели рекол нешто, но тоа нема врска со ова што се раскажува. Се создаде една непријатна атмосфера, за која тој не е виновен - рече Тимчо, таткото на Дуле. Сепак многу велешани на сето тоа гледаат како на солена шега. - Ова што ни се случи треба да служи за памет, повеќе да не наседнуваме на секакви предвидувања. Психозата беше таква што ја речиси доживеавме "Војна на световите", од Орсон Велс - вели Милан Николов, еден од тие што останаа со ладни глави по претскажувањето на апокалипсата. Ниту полицијата ниту јавното обвинителство летото 2002-та не преземаа никакви чекори тогаш овој настан, без преседан во градот да биде истражен а авторот гонет и казнет. Авторот на текстот пак беше пријателски советуван да не крева паника, иако таа не беше дигната од текстот кој дојде по големата фама за уште пострашниот земјотрес што се случи во јавноста.


    Се извинувам за огромниот текст, мислев дека ке ви биде интересно нешто од ова
     
    На expert му/ѝ се допаѓа ова.