Сакам да прашам дали некој знае жена што бае од страв во околина на Куманово. Во последно време чувствувам некој страв и нагло се сецнувам на моменти при движења на луѓе одеднаш, тропкања , некои звуци.... дури на некои тропкања на детето мое од 3 години. Чувствувам нешто како да секој момент нешто ќе се случи, желудникот ми отиде како да нешто се движи внатре неможам да јадам , губам килажа.... нема никаква причина да биде така ни јас не разбирам зошто, премногу стрес, нервоза, страв или којзнае за што е...
Ќе одиш кај Дуле во Велес Дуле гледачо ќе муј кажеш што проблем имаш и за што одиш и ќе го прашаш дали е за на доктор или за на бајач кај да бараш лек можеби имаш нагазено нешто сторените некој што го фрлил на раскрсница или да ти има некој направено сторение а можеби е дојдено од домашни проблеми да е за на доктор за на психијатар ако е за на психијатар барај доктор во Скопје по приватните болници пошто тешко да се најде доктор на државните болници
Депресијата е сериозна состојба и за тоа ти треба стручна помош. Психолози и психијатри трошат години за да се едуцираат и да помагаат на луѓе со вакви состојби. Каква Суада, каков Суад, не си играјте играчки со менталното здравје. Ако скршиш рака одиш на лекар, не на бајачка, така? Епа исто и за депресија се оди на лекар.
Таму е дозволено за жени само 2 вечери да спијат ,во Рајчица спијат жените, женски манастир е, од еден ден сигурно нема да има ефект,брзо бев во Рајчица онака на еден ден , имаше повозрасна жена што си имаше мака, ја прашав дали разговарала со некој отец ми кажа не ,таму се лекуваат тие со пороци ,женава немаше пороци си имаше психички проблеми и треба да разговара со некој отец а не да мие садови,кога отидов да побарам вода она миеше,чистеше ,сигурно така ќе и помогнат аха .
Nemozes taka direkno da odis treba prvo da zakazes na Telefon vrtam jas ama nedostapno e se zatoa mislev da ne smenil broj porano SE so zakazuvanje bese
И јас вртев се недостапно е, иако не верував во вакви работи, ама се нешто лошо ни се случува, пред неколку месеци најдов крв под шољата откако се вратив од Скопје, и не обрнав внимание баш, ама сега кога ќе размислам од тогаш се нешто лошо ни се случува, и кој може да биде освен тие што имаат клуч. Имам тетка од Велес и ми даде број од Дуле ама недостапен е. Ти на кој број вртеше пиши ми во ЛП.
Dobra e ke ti kaze otprilika koj e i ti kazuva od koi vodi da pies ima mnogu sveti vodi vo seloto glda i drzi crkva na Sveta Petka industrisla zona kumanovo a zivee vo reza ovce
На телефон неможе да се добијат на последниот ден во месецот се закажува јас некни звонев да закажам телефоните му беја исклучени значи мора да се појди да се закажи
абе види вака и ова тие како медицинска терапија надрид лекари пошто во некогашните векови минати немало медицина доктори прво оделе да му гата па после на бајач ако е болес во прашање па така некој бајачи баеле од уплав некој од заушки од разни болести и сторенија човечки секој си иммал некоја дијагноза и секој имал некоја басма што лечел или света вода или ги испраќале по манастирите пример да одспија па со света вода некој со треви со чајој и така натаму значи секој неје за кај секој што ќе му текне за кај што ќе слушни и после нему помогнал и неје задоволен јас колку. Што сум запознат со ова тема и од искуство што знам но има и многу што не се вистински од бог надарени за ова проблематика што лажат што има тарифа што наплајќат што работа за пари и што можат да се подпадне под влијание за да има профит пазете каде одите и што барате оти се знае еден погрешен чекор ќе ве чини многу скапо исто како погрешна дијагноза погрешна терапија внимавајте !
баш убаво интересно дувај зелено ама да не се суши мозокот да не сецстанува зависник инда не се оди на нешто појако на бело или крем
Здраво, дали некој има контакт од Каролина од Ѓорче Петров? Би ми значело ако некој ми го пише во ЛП. Поздрав и фала.