Значи сешто има по нашава држава, Верувам дека и има вистина во оваа. Има многу такви гатачи кои единствено што знаат е да извадат памет на луѓето и да им земат пари. Но стојам до тоа дека има и такви што навистина знаат да помогнат на некој одреден начин, или кажуваат каде треба да се оди, дали е за лекар или не. Тетка ми кога се разболе, а несакаше да оди по лекари и дојде во Куманово кај еден човек, тој јасно и кажа дека треба да си оди по лекари. И така и бидна, одкако почна редовно да си оди на лекар и се да прави како што и се кажува состојбата и се подобри. А човекот да беше измамник ќе и земаше пари и ќе ја лажеше.
Господ секогаш помага доколку веруваме во Него. Не доаѓа помошта инстант како што доаѓа од некои бајачи кои наводно помогнале, но духовниот терет на сметка на физичкото олеснување што се носи од одење по такви места е неминовен, тежок и долго време не го напушта човека. Споредбава е груба, но се надевам дека ќе биде појасно. 1) Со шверцување можеш набрзинка да си ги решиш финансиските проблеми, нели? За една вечер шо се вели. 2) Со напорна работа, пак, можеби ќе се потребни месеци, па и години и знак прашалник е дали некогаш ќе собереш исто толку пари колку пример тој шверцер шо собрал за единствена зделка. Но, доколку го одбереме 1), олеснувањето е физичко и материјално а некогаш и краткотрајно. Додека пак последиците кои нашиот дух ќе ги претрпи, може да траат цел живот. Секој има право на избор. Не мора да одите кон Бога, но не одете и право кај нечестивиот.
Делумно си во право за се што кажа. Но ај кажи ти што би направила ти да си била на мое место. Дали ти би отишла кај некоја жена и за кратко време и малку пари ќе решиш се, или пак ке се малтретираш по лекари и ќе дозволиш за толку банална работа хирушки зафат. Или доколку постојано пропаѓаш а сите лекарски наоди ти се во ред. Нема да побараш утеха и спас и таму?? И ти кажат имаш жива?? Што ќе правиш??? Само ќе се молиш и ќе очекуваш чудо?? Иако други ќе ти посочат дека има човек кој навистина ја проаоѓа во телото и ја вади?? Нема да веруваш и ќе чекаш чудо?? Мислам дека за овој пример чудо нема да има. Спојлер имав роднина која чудото го доживеа одкако и ја извадија живата ЈАс како што и кажав, ако мислам дека може таква личност да ми помогне секако таму би се обратила. А не зборувам за гледање на кафе,предвидување на иднина,поправање на семејни состојби и слично.За такви работи не верувам дека некој многу ќе ти помогне, само може за џабе парите и времето да си ги трошиш.
Душиче, очигледно не сфаќаш која е духовната тежина на она што го правиш така што, нема што да ти се мешам во ставот и да се обидувам да го сменам. Јас не верувам дека се` завршува со земниот свет и ќе се молам да не дојдам до тоа дереџе да паѓам во такви искушенија.
Имаше една приказна, каде патот кој водеше кон пеколот беше поплочен, рамен и убав, а патот кон рајот трнлив. Ова баш е пример дека патот кон пеколот е убав, но крајната дестинација е пекол. Трпението и молитвата лечат. Не брзиот лек од некоја приучена жена. БТВ баба ми умре од приучена жена, без никој да знае, вујна ми ја однела кај некоја во Куманово, која и рекла да пие вода некоја, а да ги фрли лековите (баба ми пиеше лекови за шеќер и притисок). По два дена умре на 60 години. Сакав да ја тужиме жената, но ќе требаше и вујна ми да лежи затвор, па вујко ми не даде. А со редовни апчиња, уште ке се радуваше на внуците. Но, лекумието ја умре, и стварно ми е жал оти лесно беше убедена, бидејќи беше неписмена и неука жена. Докторот учел 12 години за да и ги даде апчињата, она и поверува на некоја неверница и си отиде
мајками бае, тоа "песната" или како и да се вика за уроци една и за уплав една и ги има кажано бабаи значи прабабами. и само мајками од сите го знае тоа. Бае и помага многу меѓутоа не го праи тоа на поширока маса, не сака да ја знаат и така. Бае само дома и ептен ептен на најблиските во некои случаи и не сака пари ниту пак им земала пари на некого. Кај други луѓе не сум идела аи не сакам да идам, ептен во ретки случаи мама ми бае дома и стварно ми помага, одма ми олеснува
Jas imam odeno 4-5 pati kaj dule i se mi pogodi covekot znae se site po ime gi kazuva tie sto te mrazat i sto ti pravat i kazuva kaj ima zakomano kaj ima napraveno covekot tocno ti go opisuva mestoto kade zivees i kukata kako da bil kaj nas i se sto mi kazal da baram se imam najdeno
Jas prvo bev kaj tetka Mare zenata znae se znaci rabotite sto mi gi kaza ona istite raboti mi gi kaza i Dule ovie dvajca bi vi gi preporacala kako najdobri koi pomagaat i ne baraat pari kolku ke im ostavis tolku Mare ne mi gi kaza iminjata samo mi gi posoci kako bliski rodnini a dule mi gi posoci bliski rodnini no on mi gi kaza iminjata i mi gi opisa kakva kosa po boja imaat sto toa mene me zaprepasti
Побарај наназад во мислењата околу примерот со живата,мислам дека имаше една феминка која повеќе кажуваше околу тоа. Прашај постари, прашај и лекар ако сакаш, па најди друг лек за неа, многу би биле среќни. За неа нема друг лек, освен човек кој ја вади, а лекар неможе и да види дека ја има. Го зборувам онаа што го знам, не зборувам на памет. Не сакам да правам приказни околу тоа како некој на некому се му погодил на кафе или карти, тоа се глупости, воопшто не ми е бидно да зам што ќе ми се случува во иднината, ниту пак кој ме мрази а кој ме сака. Тоа никој и немора да ми го каже самата си знам. Глупаво е да се оди кај некој човек кој гледа поради финанскиска криза или пак поради пропаднат брак или врска. За мене е глупост, уште не познавам некој од видел добро од тоа. За живата знам многу повеќе, од многу блиски луѓе кои маки виделе со неа, и знам дека ни лекар ни ништо не помага, само човек кој ја наоѓа и ја вади, не ти вади памет кој ти ја направил бељата и слично.
Душиче, побарај во мислењата на expert (мислам) што всушност претставува тоа “вадење на жива“, дека тоа не е ништо повеќе од трик, како оние магионичарите што ги изведуваат на ТВ. Има и видео прикажано за тоа. Еве во едно од мислењата на експерт и има таков клип. drugata-nauka/gatanje-baenje-t79/710.html#p1765040 Извини, се надевам не ме сфаќаш погрешно или навредливо. Пак ќе речам, одлуката си е твоја, но чувствувам должност да ги видиш сите агли на овие информации па да си донесеш свој заклучок (дали ќе си го утврдиш веќе постоечкото или ќе си го смениш мислењето, зависи) затоа што овие работи не се играчка.
Не те сваќам погрешно и воопшто не ме навредуваш, навистина ги ценам твоите мислења. Јас не верувам во се и сешто, си имам кажано дека не верувам и не одам кај секоја баба за секој проблем. Финансиските проблеми некој гатач или семејните нема да ми ги реши. За такви работи цврсто стојам дека нема да отидам. На кафе од шала, комшика или тетка што ќе ми гледа па се на шала сваќам во тие работи многу не се занесувам. Со имам одено со другарка поради брадавици кои и сметаа и човекот и пребаја таа му даде 50 денари и навистина и поминаа, исто како и на мене за ечименката. За живата немам видено како се вади, но на близок роднина му вадеа бидејќи после сите доктори спасот таму го најде. Можеби има лага во сето тоа, но како после тоа вадење ти дојде колку добро, целосно да се опоравиш а предходно да си речиси на смртна постела?
Eдниот дел е оној со измамата во овие работи (измамата се состои во постапката, ти гледаш едно дејство, а тоа всушност е нешто сосема друго), а другиот со нешто многу пострашно. Затоа некогаш и помагаат, се постигнува посакуваниот ефект. Но цената која ја плаќаме е прескапа, иако не го чувствуваме џебот олеснет.
За гатањево, се е чиста психологија и шаблон, било кај да отидеш истото ќе ти го кажат убава си, паметна , имаш црна особа во животот ама некоја х особа се меша меѓу вас, комшиката ти има направено магија, кога ќе дојдеш дома да ја запалиш таа и таа кошула. Глупости, дојди кај мене и јас ќе го кажам ова, и ќе ти клапнам 200-300 денари (па и повеќе). Ја оди кажи ми добитни бројки на Лото ако си видовита. И за баењево сум скептик, ко мала сум плачела многу на 300 бајачи ме носеле и им текнало на лекар да ме однесат им кажала докторкава детево не е ухрането ко што треба а не баба ми ме урочил некој.
Здраво дали може да ми препорачате некоја жена во скопје да е или околината што гледа на кафе,на тарот или слично.Значи немам некој проблем само сакам да отидам да видам што ке ми каже во врска со дечкото и слично.Ве молам препорачајте ми некоја добра,благодарам
Има една жена во ѓорче гледа на кафе сигурно има некој пишано за неа. Бевме еднаш со другарка кај неа некои ствари ми ги погоди озбилно, значи со букви некој на таа некој на оваа буква ова она, али пола ствари беа така нешто општо што на кој и да го кажеш нема да му утнеш...
Јас имам пишувано за живата, може и некој друг има, не знам. Тоа не се никакви измислици и трикови, туку навистина постои. Кој сака, нека верува, кој не сака и не мора. Оти само јас знам низ што минував цели 4 месеци, а можеби и со години сум ја имала, но тие 4 месеци беа неподносливи. Уште каде не отидов. Ми ја снимаа главата во Скопје на магнетна резонанца и тоа на приватно си платив оти не можев со месеци да чекам во Државна болница. Ми го снимаа срцето, сто пати ми земаа крв и брисови од нос и уста, ми испитуваа во Ск циркулација и гледаа на ехо крвни садови на раце и нозе оти ми трпнеа и не си ги чувствував, тироидна жлезда и што ли уште не. И што од сето тоа? Никаде ништо ниту најдоа ниту видоа на снимки оти тоа чудо не се гледа на ништо. Според резултати здрава, а јас умирав. Колку само од предавања испуштив, ваму оди, од тој доктор на овој. Не се издржуваше. А зошто? Оти на некој нездрав мозок му текнало да ме труе. и на крај отидов кај човекот што вади во Куманово оти немаше излез иако не верував и јас во тоа тогаш, туку мајка ми ме одведе. Ми ја извади од врат и ми ја покажа. Јас останав стаписана, не знаев што да правам, не ни прашав од кој е. Ништо не побара човекот, колку му оставив, толку. После тоа ништо не се случуваше. Како нова бев. Верувам во Бог, но тоа не можеше да ми јаизвади, ниту медицината, туку луѓе кои имаат дарба од Бог да помогнат на другите. Ова е мое искуство. Знам дека многу нема да веруваат, но секакви работи има и безобразни луѓе кои сакаат да ти наштетат.
Јас голем скептик сум на оваа тема, а имав пред мене личен пример на некој што гледаше. Колку беше вистина колку не не знам, само знам дека се уште народ и народ оди на гледање таму. Денес баш една другарка ми рече ај да одиме кај некоја бајачка да не управи малку во животот
јас го имав истото искуство...бев буквално на послетела легната...главата не можев да ја кренам...примав тромадол инекции а никој не знаеше да ми каже што ми е...на снимањата се ок...ми кажаа дека имам жива...не верував..некое време поминав јас се полошо се осеќав....со татко ми отидовме кај оџата во Куманово (да не се лажеме..човекот што вади жива е оџа) и ја извади ми ја покажа..а додека ја вадеше го викна татко ми да гледа...човек што не верува во овие работи поверува кога виде со свои очи...биквално после тоа бев нова...има злобни луѓе колку и да не верува човек маката на се ќе го натера...
Тоа се трудев и јас да го кажам дека и покрај сите неверувања, на моја блиска личност и извадија жива и после тоа се опорави скроз. А вака не се знаеше што ќе донесе денот а што ноќта. Кај истиот оџа во куманово. Несакав да верувам ама ете морав. Но никако не оправдувам тоа од типот, ај да одиме кај некоја гатачка да не оправи. И таа ќе ти каже се ќе положиш на факултет. Стварно ли мислите дека ако не се потрудите ќе положите?? Тие таквите жени се вистински измамници.
тие може според мене да те подржат на некој начин поточно да те наведат да веруваш и да имаш позитивна енергија да учиш и да положиш...ама алоооооооо не може книга да не пипнеш и исптот да ти биде положен зашто гатачката рекла дека ќе направи да положиш...мислам тоа е невозможно...меѓутоа има луѓе што помагаат при здравствени проблеми и слично ..мислам некогаш лекот е 5 пари што викаат старите...