Гатањето и баењето е чиста манипулација со лугето. Верувањето во лугето кои ви бајат за одредена работа е всушнос насочување на вашата енергија да вие сами си помогнете. Гатачите или бајачите се всушност добри психолози кои само ја насочуваат вашата енергија во позитивен правец и всушност сами си помагате, а им помагате и ним што ве дерат со земање пари, буквално за ништо. Тие се такви психолози што знаат со ситни под прашања да ги извлечат главните работи што ве мачат и потоа само добро да ги спакуваат.
Има ли некој искуство со Каролина од Ѓорче? Гледала на кафе и доста погодувала. Доколку имате број или искуство споделете
Тоа е тоа што и јас го зборував, дека ако не учиш никој нема да може да ти помогне, но може да те излаже и да ти земе купишта пари. Но што се однесува на некои здравствени проблеми, можат да помогнат. Но тоа се исклучиво ретки луѓе, и претежно се стари. А сите овие модерниве се само манипулатори.
Здраво ај некој ако бил кај илија во козле нека ми пише во лп и на некој ако му кажал дека има жива исто нека ми пише во лп
Од човек кој си има мака лесно се прават пари – од наивен народ пак, уште полесно. Апел кон сите идни, модерни жени и мајки, не носете ги децата по бајачки, не трауматизирајте им го детството, не збунувајте ги. Ако ги воспитувате во духот на религијата, научете ги кога ќе им е тешко, не да ја бараат бајачката, туку да си појдат во црква и да си запалат свеќа, или пак што и да налага вашата религија. Ако не сте религиозни, научете ги да го најдат мирот во нешто друго. Не може да живееме во ова модерно време, да одиме напред ако во главите сме сè уште заглавени во некое сосема друго време и им се покоруваме на разни пагански обичаи. Не, нема да си го вратиш бившиот со помош на магија – седни и учи и размислувај за иднината. Очигледно имаш премногу слободно време.
Темава не е за религија, туку е за гатачи и бајачи! Секој има право да си одлучува за себе и нема потреба некој некого да го учи што треба да направи. Секој нека си го живее животот како сака, тоа го пишува во Куранот и во Библијата. Не се мешајте во туѓ живот, никој не ви дал такво право. Не очекувам да го прифатите мојот избор, оти и онака ние не се познаваме, па затоа и немате право да ме просветлувате што треба и како треба да направам. Јас не сум ниту христијанка, ниту муслиманка, затоа престанете со подучувањата што пишува во вашите свети книги, од кои знаете само извадоци. Ви ги гледам поповите и оџиве „многу“ ви се побожни, ама нив никој не им кажува ништо. Народната вели: каков попот/оџата таков народот! До моментот кога јас давам пари, јас одлучувам што да правам во мојот живот!
Бил некој кај Фросина- Штип? (на тарот гледала ,ме интересира искуства со неа,дали погодува и слично)
Јас пишав, тие што се чувствуваат како христијани. А ти бидејќи не си, не треба да се загрижуваш. Не одиш за Велигден да запалиш свеќа, ниту да делиш лепче со париче, претпоставувам, па ваквите работи нормално дека не ти се познати. Јас пишав за оние кои се верници, за да знаат дека е неправилно. А ти слободно оди по бајачки и гатачки, да ти претскажат нешто, како што кажа, твои пари, твоја глава Ако не се мешаме во твојот живот, немој ни ти да се мешеш во нашиот и да ни кажеш дали треба да прекинеме.
Без оглед дали и во што верувам кажавте дека не треба да се оди по овие работи, ги прочитавме вашите аргументи, не си кажала ништо ново, сега префрлете се на теми кои ве интересираат и оставете ги другите кои имаат различно мислење од вашето да си пишуваат и прашуваат на темава. Сте ги прчитале правилата на форумов? Општи правила на дискусија: Спојлер Форумот „Фемина“ е заедница на почит и толеранција. Бидете учтиви кон останатите членови. Запомнете дека другите веројатно нема секогаш да ги споделуваат вашите гледишта. Не толерираме агресивно однесување, препукување, омраза, провоцирање и ВИКАЊЕ. Можеби вие сметате дека вашиот стил на дискусија е возбудлив, но ако останатите сметаат дека е несоодветен – мислењата ќе ви бидат избришани. Дозволете им на другите слободно да го искажат своето мислење и не се обидувајте да доминирате во дискусиите. Ако постојано реплицирате, се инаетите, жестоко ги убедувате останатите членови дека не се во право, ако секогаш сте онаа којашто мора да го има последниот збор, сфатете дека ваквото однесување е непријатно и непожелно. Бидете учтиви и помагајте им на новите членови да се снајдат, наместо да ги напаѓате. Секој започнува од некаде! Не влегувајте во улога на модератор. Доколку наидете на мислење што ги прекршува правилата, пријавете го преку копчето „Пријави го ова мислење“ (малото розово копче со извичник, веднаш до копчето „Цитирај“). Не се обидувајте да ги разрешувате проблемите и да ги „опоменувате“ корисниците. Истото важи и за неправилно отворените и дуплите теми. Едноставно пријавете и нашите модератори ќе проценат дали и какви мерки треба да се преземат. Сите мислења треба да бидат конструктивни и да одговараат на темите во коишто се публикувани. Забрането е пишувањето на бесмислени мислења со цел зголемување на вашиот вкупен број на мислења.
Антебелум, На оваа тема сите дискутираат од различен аспект. Побожните од аспект на религија, другите од аспект на наука. Јас би рекла дека ти си таа која шири нетолеранција и непочит на форумов кон религиозните луѓе. Тие имаат право да дискутираат затоа што нивната вера има нешто што да каже за ваквите работи. Ни` ги навредуваш поповите и оџите, па дали е тоа таа почит за која ти зборуваш дека треба да ја има на форумов цитирајќи делови од правилата на дискусија? Напротив, ти си таа што чита само извадоци... од Правилникот на форумот, кога и тој не ти е јасен, нема ич ни да те терам да се обидеш да ги разбереш Светите книги и да го разглобуваш нашето познавање од тоа што го пишува во истите. Како што јас немам право да коментирам што мислам за тоа што ти не веруваш во Бог, а веруваш во некоја баба дека ќе ти го опраи животот со едно ху-баба-ху или свртен филџан, наместо да се посоветуваш еве не со религиозно пошо си атеист, туку со друго стручно лице кое би ти помогнало да пребродиш одредени етапи и епизоди од животот, така и ти немаш право да говориш за духовноста на нашите свештени лица или на некој на темата, како и за нашите верувања што всушност претставува одењето кај такви луѓе. И Хипстер не даде извадоци од Библијата, па кажа аргументирано, без толкав мрч и хејт зошто е против тие работи и не осети потреба нас побожните да не` испонапаѓа. Земајте пример од такви паметни и здраворазумни жени како се дискутира. Аман веќе од оние атеисти (секоја чест на исклучоците, шуќур има атеисти кои не се замараат со побожноста на другите) кои повеќе проповедаат ПРОТИВ религијата отколку свештените лица ЗА неа. Kaко може толку време, мисли и зборови да трошите за нешто во што не верувате....
Темата не е единствено да си разменувате бројчиња од бајачки, или да кажете колку ви ја предвиделе иднината гледачите. ОПШТА е, па оттука, можеме од различни аспекти да дадеме став во врска со темата. Единствено модератор може да не опомени, не ТИ за начинот на кој пишуваме и темата, а уште помалку па некој може некако да избрка. Ако ти сметаат мислењата на верниците, прерипај не, не си давај овластувања кои ги немаш, за да не бркаш од темата. Еве една интересна работа, јас не верувам во бајачки, ти веруваш. Исто и гледачи. Имаме спротивставени ставови, и можеме да дискутираме за тоа, а да не си викаме ИШ од темава. јас мислам дека Бог не ги дозволува, дека лажат и земаат кеш, ти мислиш дека Бог не постои и гледачките се топ. Е ај сеа, да те избркам јас тебе?
jas sum bila kaj zane i za mene ona e edinstvena, ako navistina veruvas vo molitvata i bog togas odis na vistinskoto mesto.
Незнам зошто се карате, кој во што сака нека си верува. Секој си има право на избор, право на свое мислење. А кога веќе спомнувате религија, таа заборанува и многу други нешта освен гатањето па сите ние ги правиме. Никој не е безгрешен на светов.
Верувам дефинитивно дека постојат луѓе со дарба од бога да помогнат... Одев кај една жена порано но сакам повторно да одам при самото влегување ако ме боли глава или пр сум имала ноќта грч на нога веднаш ме прашуваше и воопшто за многу работе знаеше без да и кажам и да немаше тарифа оставаш ти колку сакаш пари и ако сакаш....
Не да каснам, ама ај пак да си кажам јас. Шинка е од Муртино. И мене ми беше раката пукната бев кај неа ми ја правеше, пукаше и мојата рака ама никаква промена. Веројатно од годините. А на татко ми му има направено рамо, половини итн. ама мене не ми направи.