Па доволно би било само да го погледнеш текстот кој е напишан пред твојов. Од необразован народ што друго да очекуваш ? Во 21 век да веруваш во вакви бесмислици е многу жално.
Зошто психологот наплаќал еј не требало да наплаќа, чим наплаќал не верувале во психолог И ова не бев го прочитала. Е сега веќе сум сигурна оти ни нема спас.
Хммм па како... Паѓа на испит, по скали, од балкон, се разведува, не може да се омажи/ожени, нема дечко/девојка... МОРА НЕКОЈ ДА МИ ПРАВИ ЦРНИ МАГИИ, ПРОКОЛНАТ/А СУМ!!! На 99% ова им се причините за да веруваат дека Ленче јатрвата, буца со игли кукла со нивниот лик.
Како зошто наплаќа? Затоа што тоа му е професија. Легална, за која учел со години! За разлика од нелегалните дрндања на измамниците и измамничките на кои им давате пари!
Можеби не е свесна во кој век живее. Да се потценува труд на некој кој се утепал од учење, а да се величаат тетки или баби често со едвај осмолетка, е глупаво.
Не е баш така. Психолог со завршени четри годишни студии , лиценциран е соодветен и подобен да пружи психолошка помош и поддршка.
Има теми за психолози и психијатри. Читај. Има разни искуства. Ама, не е во ред да се потценуваат оние кои навистина се трудат да им помогнат на пациентите.
0vdeka sum nekolko godini po ovoj sajt megjutoa na nekolko mesta idev od tuka sto mi kazaa Ali tie epten nemaat veze od zivot a ne od gledanje
Potpolno ve razbiram. Ljubomorata i zavidlivosta se najgilemoto zlo. Lugjeto i srekni i imoshni a seushte ti ljubomorat bez nikakva prichina, i da imash pomalku od niv. Starite bi rekle, takva ni e zvezdata. Jas sum medicinsko lice, studirav medicina, vo isto vreme mnogu sum chitala za energija negativna, uroci shto bi se reklo narodno. Veruvam potpolno, bidejki mnogu neshta ne se medicinski dokazani, a se okolu nas e energija i frekfencija. Imam i jas dolga prikazna, vo poveke tomovi, no samo bi sakala da kazam ovde na kratko. DA, postojat zlobni i zavidlivi lugje, DA , sakaat da unishtuvaat tugji zivoti bez prichina, a toa go chinat samo bidejki se nesrekni, bez razlika shto imaat i kolku imaat.
Друго е да забае нели, да те попрска со света вода, да ти даде камче за под перница, ланче за против уроци. А оние психолозине со цени, ќе те седнат, па разговори, па самоанализи, бла бла бла со денови, месеци. Волшебник те средува за 5 минути бре, одиш и сето зло исчезнува, плус оставаш 100че.
Ќе те "среди" за 5 минути, па после некое време коа ќе ја видиш комшиката Мара оти купиле џип, а ти се возиш во фиат пунто.... ајде пак поново на нова бајачка, оти нели, Мара ти има напраено нешто за да неможиш да си купиш џип....
Да е само стотче. Овде се имаат фалено дека давале од 500 денари нагоре. Истите пари што можеле да ги дадат на државно или приватно стручно лице.
Мене ме интерисира како знаат дали бајачката погодува или не? Или они веќе си имат нацртано во главата за која личност се работи, па одат до бајачката само да им потврди. Ако не ја каже бајачката таа личност, тогаш е превара.
Шала на страна, често мислам дека тие споредби со други се најголемиот проблем за душевната болка на овие особи. Оваа се омажи, јас сама, мора да е магија. Детево нема среќа во љубовта, мора да е магија. Оние куќа направија, добра кола, семејство, ние се мачиме, мора да е магија. Сопствените ,,неуспеси" ги препишуваат на некаква виша сила која е направена од нивен близок комшија/роднина/пријател. Мајка ми е доста суеверна и се има влечено по овакви (за среќа успеав колку-толку да ѝ сменам мислење). Мислеше дека не ми оди со факултетот, а јас пишав ликвидна (квадрат) поради тоа што ме мрзеше да одам летоска да полагам на жештината, две испитни сесии (јуни и август) лежев дома под клима, свилен газ. Ама ете, според неа, магии ми правеа. Мајндсет е тоа.