Па за ислам не знам, ама МПЦ (и сите всушност христијански цркви, сите деноминации) се против гатање, баење, магии, тарот итн. Нема баш логика некој да се декларира како христијанин и да барата со другово.
Еве ја ко најлош човек на светот ти давам солуција. Седни почни да го учиш ова имаш десет лекции за почеток околу 16 часа се ова е првата натаму ќе ги најдеш другите на каналот, фати му ред научи да црташ па стави 100 евра на форекс, ако ти фати кликерот ќе престанат да ти требаат бајачките. А да и немам намера да ти реплицирам повеќе, посветив многу од моето време и нерви за тебе а времето е најскапо нешто шо може да му го дадеме на некој. Убав ден
Морам да прифатам, се што е од тебе. Ти како со два факса , најначитан од сите на форумов, нема нешто што не знаеш .
ova ne mi e po faks, ne moras, mora samo da se umre. Ne leci kompleksi so mene sakas prifati predlog sakas ne tvoe si e.
Уште ли верувате дека убавите девојки не си фаќале дечко заради направена магија? Луѓе, 21 век сме, девојките не ни сакаат веќе дечко да си фатат Големата работа, дечко да си фатиш
Па не знам кој си лечеше пред два месеца , се дрзна да навредуваш, понижувања, потсмеваш членки на темата гатање. Како да ти го заборавам тоа кога пиша дека твоите пари никогаш нема да ги постигнам. Заборави или што ? И нели рече дека немаш намера да ми реплицираш?
И тоа е сосема во ред. Многу добро разбирам што значи човек сам кога не сака да е сам. Лично за себе зборувам. Не е дека не сакам некој во животов да го живеам со него, не сакам (моментално) никому да се посветам. Сите можат да најдат партнер. Амаааа обично кога сакаме да ги промениме луѓето, не ни успева. Да речеме сака да е некој со мене, ама за озбилно. Јас не сакам. Може на 40 бајачки да оди, нема да ме премисли де. Не сме мали деца па да очекуваме Трпе што не сака да се жени наеднаш да посака, оти јас сум наумила дека сакам да се мажам. Само пример ми е ова. Ни убавина, ни пари, ни ништо нема врска со наоѓање партнер. Има врска со желбата и отвореноста. Затоа мојот совет беше овде, на сите кои тоа им е целта нели, да тргнат од себе, не е до магија, самите од некоја причина ги одбиваат потенцијалните партнери. За секое тенџере постои капаче.
Не е точно. Ги интересира само ќеш и добар провод. Па јас не патам од тоа. Ако не му се допаѓам, вољно. Сите сами сме се родиле, сами можеме да функционирање.
Може ли да ги оставите луѓето на раат да си бараат гатачи и бајачи бидејќи е нивно право и вашите мислења за религија да си ги пишувате во соодветните теми?
Па не е точно. Колкумина си останаа неженети/немажени? Тоа е само утеха реченици од типот за секоја птица има гранка, секое лонче капаче и сл.
Не знам колку останале, јас намерно сум немажена, не е случајност, а и во моја околина намерно не се во брак тие што не се во брак. Тие што имаа желба, до сега и се омажија и се разведоа и пак се омажија. Не е нешто за умирачка работава па да се тешиме, кој сака брак може да најде партнер, не е невозможно. Лично не сакам, а од мое искуство мажите што сум ги запознала на овие години обично сакаат и целат, што е и причина зошто не се впуштам во "сериозна врска" повторно. Инаку за контекст, 30+ сум.
Кој не сака брак и потомство? Кој е тогаш смисолот на животот? Нема девојка што не сака да се види невеста, и да се оствари како мајка.
Еве јас, сега ти кажав. Бог да чува значи. Кој сака може да се оствари, треба да работи на тоа да си најде соодветен партнер, нема да и' најде бајачката. Тоа е муабетот. И до толку да "нема" маж, мајка секоја може да биде. Баш така. 3 миленичиња до душа.