ако знае некој од вас број за заказување кај дуле од велес,нека ми го пише.може и во лична порака да ми го прати.
Мајка ми беше кај него и веруваш ли дека се и погодил ? .Кажувал и по име, и датуми кажувал ,кој е роден тогаш и се погодил .Ај ако нема дарба човекот од кај знае дека сум родена на 3 Септември? Ке го побарам бројот ако го чува сеуште.А инаку тешко е за закажување и пари зима колку му дадеш. Ке ти пишам ако го најдам! И јас мислев дека нема врска тоа ,глупости биле ова она али после ова почнав да верувам.А инаку тој Милан и Сабина немаат врска.Цело време едни исти работи на сите луѓе им зборуваат .А и тие што се јавуваат кај нив стварно неможам да сватам нели гледаат дека немаат врска ?!
i jас имAм слушано дека погодувал помагал затоа.ми треба за една блиска особа моја.ама веке го најдов ми го пиша една форумџика.
Не верувам во гатање ама баш ич, гатачине појма си немаат, според мене на сите им повторуваат едно исто и од повеќе работи што ќе ти кажат едно ќе се погоди а останатото е се до психа, сите знаат дека ако си отишол на гатање имаш некоја мака не си отишол на арно па измислуваат и го лажат народов а се за пари. Имам неколку пати отидено на гатачки ама ништо не ми допрело до свест, одам заради љубопитност и ништо друго и се што ќе ми кажат од едно уво влегува од друго излегува
zdravo moze li da mi pises kontakt od taa zena imam malo dete koe e bolno i mi treba pomos FALA MNOGU
Јас во Велес бев пред 3-4 месеци кај една баба и ми гледаше едно 2 саата.Ми погоди,колку што може од кафе ама ми препорача еден друг од Велес да одам кај него изгледа овој е вие што го зборувате.Тино.Со мајка ми знам пред 3-4 години бевме на саем во Скопје и имаше еден со биоенергија што работи(изгледа овој Тино)и мајка ми вика ај да ми побае малце .Жената мислам неможеше се поврати 1 недела,многу и беше лошо,пошто она има и мигрена па можете да замислите.Со биоенергијата не треба да се игра,јас мислам.Едно е кафе,карти а сосем друго е енергија.
За тој Дуле од сигурни извори знам дека погодува се,време на раѓање,карактер,и баш ме интересира така некој да ми каже за иднината или за луѓето околу мене,ама па ми е страв да не нешто лошо каже А кажете ми тој Дуле баш во Велес е или негде во околина?
И јас знам за Дуле од Велес.. Многу познавам што отишле и сите се вратиле изненадени од тоа дека се им погодил, се им кажал. Пробував да закажам кај него, ама тешко се добива затоа што се закажува само на претпоследниот/последниот ден од месецот односно на 30 ти Никако не успеав (постојано е зафатено кога вртам тој ден), а многу сакам да идам Знам дека кога гледал бил свртен со грб и не те гледал во очи, затоа и на слика гледал.. Другарка што била ми кажуваше дека, додека чекала ред надвор, некоја жена зборела како у стил она не верувала во него, ама ете дошла да види кои глупости ќе и ги истреска, ама кога влегла тој одма и рекол што влагаш кај мене кога нема да веруваш во тоа што ќе ти го кажам, ајде со која нога си влегла со таа да искочиш.. и женава запрепастена од кај знае он што како, му рекла па незнам со која влегов а овој одма со лева влезе ајде сега пријатно А како што напоменав човекот е со грб свртен и ништо не гледал.. Извините може малце сум оф топик со ова ама морам да признаам дека ме зачуди.. Истава другарка пред да отиде многу пати сакаше да оди кај него, пред тоа цело време мајка и идела и кога се јавила еднаш да закаже за другарка ми, ништо не спомнала, тој одма и рекол: Сега за сега ќерка ти нема потреба да доаѓа кај мене И така девојки, јас си се изнакажав, си се изнапишував, ако некогаш имам среќа да појдам кај него, ќе пишам искуство
не верувам во гатење, баење... имам слушано од блиску луѓе како демек после баењето се главата им поминува, стануваат повесели, подобри и слични работи,.. според мене се е поврзано со психата.. јас на пример никогаш се немам напиено апче за глава или стомак, според мене лек за тоа е јадење на благо и секогаш колку и да ме боли главата или стомакот јадам чоколадо и ми поминува.. тоа ми е во психата и со тоа се лечам.. исто така еднаш на тв гледав еден човек кој кажа дека повекето болести потекнуваат некако од психата, од стравот да не ти се случи нешто.. и дека ако на болен човек му дадеш чаша вода и му кажеш дека од тоа ке му помине, тој навистина ке се почувствува подобро...
Уште пред да ја прочитам книгата од Марфи, знаев дека потсвеста има многу голема улога во секојдневното функционирање. Се обидувам што може повеќе да ги исфрлам негативните мисли... И успевам тоа многу често во победување на главоболката, поспаноста ...
се насмеав на темава отидов денес на гатач што многу го фалеа..и многу луѓе чекаа на ред..... но не сакам да верувам, затоа што судбината е една, дека постојат некои чудни работи да, но еден е бога.
Јас сум од Велес, и точно е тоа што го зборувате за Дуле-гледачот(тука сите го знаат), има многу помогнато на моја блиска личност. Но токму затоа кај него се оди со резервации, и многу тешко се добива... Оди и биди упорна само ако имаш стварно некој здраствен проблем или нешто слично, а онака за гатање па што знам, човекот е стварно зафатен, навистина има дарба.
Можеби има вистина во тоа гатање, ама мене искрено страв ми е да ми гледаат, онака другарка да ми гледа на кафе да идам на гатачи страв ми е да не ми кажат нешто лошо. Инаку како мала ме имаат носено на бајачка, мислалм од уроци да ми бае или незнам што, ама не се сеќавам на ништо...
мајка ми го има. ќе ти го пишам во лп да ја прашам само... бтв мајка ми ми има кажано дека промашувал иднина и само крајот на месецот се закажува кај него
ве молам за помош.....некако шубе ке ми остани бев на гатач па ми даде неколку работи да направ две запишав точно, ама едната не...ми рече три вечери (СМИЛ,ШЕКЕР и БОСИЉОК) ама не разбрав што треба да напрам три вечери со овие ....ако некој има слушнато за вакво нешто ке ве молам да ми писисте ептен шубе ке ми остани, а исто така и ми рече да се мијам со крстена вода..иначе не бев со некоја послебна цел чсто онака сакав да одам малце непорен период помивам
Охоооо сите ги имам вртено . Средно кога бегавме од часови, начесто прва смена немаше кај да талкаме рано рано па почнавме една шема да ги вртиме градските гатачки и кафе гледачки. Си купвавме 100г турско и на звонче . Се изнаслушав глупости од типот на црни магии имам дома, дечкото умрен бил по мене, пази се од вода итн. Имаше една постара циганка гледаше на затворен филџан и си збораше со некој зад неа. Ден денес памтам дека се што и кажа на другарка ми се случи, мене неќеше да ми гледа сум имала појака енергија од неа, не можела да ми гледа. Кога дојдов ск еден ден се зазборавме со колешките за истово гатачки бајачки, па со цел памет забегавме кај некоја си на Дижонска мислам дека беше или таму некаде - биоенергетичарка. Кажа нешто општи работи па дури и ни закажа датум кога пак да одиме и да сме носеле катанец затворен за да ни ги отворела среќите. Нормално не појдовме. Бајачка сум била еднаш како мала одвај се сеќавам моите ме однесоја, плачев секоја вечер во сон до кај 4 год. Памтам кај шо ми бладваше нешто над мене, ама по тоа пак продолжив да плачам. Престанав од ко ме однесоја в црква, поп да ме пеј или така нешто не се сеќавам добро. Не вервам во такви работи бајачки, гатачки како што кажав чисто од глупост сме оделе со другарките да тепаме време. Мојата идна професија не ми дозволува да вервам во вакви работи сепак поќе поштовам и верувам во наука. Од друга страна пак еве една случка од мојата фамилија, моја прва братучетка имаше леукемија па како секој човек со мака сегде се одеше. Една вечер мајка ми сонваше дека била во некое село (не ми текнува на името) и на почетокот на селото имало бунар. Некоја жена во црно седела покрај бунарот и мајка ми ја прашала како се вика селото, и оваа и рекла како не знајш вака се вика селото те чекаме дојдена си за кај оџата да го прашаш за внука ти. Селото постои, исто има бунар на почеток и има оџа. Одеја стрико ми неколку пати, праеја некој глупости што му велеше тој и по 2 месеци и до ден денес братучетка ми е потполно здрава.
Не знам дали ова во оваа тема да го напишам, бидејќи го немам добро пролистано форумов...По природа сум многу ситничар и обрнувам огромно внимание и на најситните детаљи. Дома знам што имам од прво до последно нешто...Знам све што имам и кај ми стои. Пред 3 дена на трпезариската маса кај што ручаме, насабајле најдов едно мало, минијатурно клуче(клуч) Ама многу мал, како оние за заклучување на дневник ако пишувате...Како прво последнава недела не се сеќавам дека некој има дојдено кај нас дома, па и да дошол некој на таа маса никогаш гости не седат, никогаш...А тврдам 100% дека прв пат во животов го гледам тој клуч минијатурен..Такво нешто кај мене дома немало никогаш..Донесен е од надвор..Ама од кого? Кога? За што е ставен тука? Може ли некој да ми помогне да одговорам на прашањава...