Ќе одговорам во нејзино име со една поговорка (мислам германска): Мудриот учи од грешките на другите, паметниот од своите, а глупавиот ни од своите ни од туѓите.
danielka0507 ти ова од искуство м? па ако е така дај кажи кај си била,колку пари те ошуриле,каде се' си била,па да им биде поука на тие што имаат мака,да не веруваат слепо во нив и залудно да не си ги трошат времето,парите и трудот барајќи ги и да паѓаат во се поголема бездна. Хахахаха...имам пишано и претходно, кој сака нека види...И јас сум имала од сегашна гледна точка смешни љубовни проблеми и сум одела со другарки на гледање кафе, кај некои гледачки, еден Мумин Арап ни гледаше постојано, знам ми рече ти никад нема да се омажиш..хахаха.... ..Не сум имала ништо сериозно...Не дај боже...Можда некад и јас ќе трчам, кој знае...Во секој случај мислам дека се преваранти и те тонат до дно за пари... Но баба ми отиде кај сите могучи гледачи , бајачи и гатачи во земјава....Незнам колку пари потроши, можда една кола...Ако имаше помош во нив, сега тетка ми ќе беше среќно мажена со топ кариера... За жал, ништо од тоа..ни работа, ни брак...Така да пак ќе кажам, таму нема спас...Баба ми е стара жена и не сака да поверува во моите зборови, но тука има млади жени а и девојки кои би требало да поверуваат... Поголемо искуство од тоа на баба ми, нема...
Како е кога сите врати ти се затворени се наоѓаш во безизлезна ситуација?Секако дека ќе прифатиш било каква помош.Од каде знаеш ти дека не е пробано со стручно лице?Ако не друго барем луѓето се надеваат.Зошто да им ја скратиме надешта?Можеби не си дошла во таква ситуација и не знаеш како е,но некој секој ден се соочува со пекол,секако дека ќе побаа помош и од бајачки и гледачки и што уште не.Ако не веруваш ок е тоа е твое право ама не им попречувај на другите да веруваат.Некој гледа голема надеж во тоа.Ако не ти се допаѓа темава не мораш дда коментираш и да омаловажуваш други.На крај тема се вика ГАТАЊЕ БАЕЊЕ,ако не веруваш не коментирај.А сите вие кои сте коментирале и сте на вредувале свесни ли сте вие дека повредувате некого?Или самоп да се најдеме во муабет,па ќе омаловажуваме други?Во животот не сте почувствувале таква мака па затоа сега ви е смешно.Немам намера да се расправам со никого затоа оладете и веќе не коментирајте доколку ви е смешно смејте се јас немам ништо против ниту можам на некого дА му забранам.Но не коментирајте
А, зошто не и одговориш човечки, Христинче, мислам дека е залудно да одите по гатачки, не верувајте во тоа, само ќе ве лажат, бла, бла... Туку ти си подбиваш со неа...??? (И уште и уште....) А, тебе убаво ќе ти беше ти додека трчаше по гатачки некој да те исмејува ??? Ама гледам на сите теми, ти не знаеш со арно да напишеш, само вреѓаш и немаш грам култура од поимот речник.
Здраво на сите. Ви пишувам за да ви кажам дека ако се сака со голема љубов и верба во Бога се може да се победи дури и најтешкото зло.
Можам само да кажам дека само и верувам на Маре од Петровец (ми има премногу помогнато додека сум била мала). Секој кој има некаква мака нека отиде кај нејзе, бидејќи сигурна сум дека ќе му помогне.
Уф уф...ама ме навреди...па ете погоре и пишав дека нема чаре од тоа...Види па коментирај после тоа... А за тебе па секој кој мисли спротивно од тебе, не чини...Со сите си закарана...
Дури бев на факс на една колешка татко и и чичкои одеа кај еден човек, оџа беше изгледа, да му гледа на чичкото оти не бил женет. И одеа неколку пати и полно народ било, па таа колешката вика ај татко ми нека му рече на овој и ние да одиме да видиме што ќе ни каже. И отидовме неколку колешки и се изгазивме од смеа надвор, ние по 19 години и еден ни вика вие за мажење ли сте дојдени, ај ќе ви помогне човекот Влегувавме една по една и после кога си тргнавме почнавме да си раскажуваме и излезе оти на сите исто ни кажал Ама нема веза битна беше забавата и тоа што весело си го поминавме денот.
Во денешно време на секој чекор има по некој бајач-бајачка. Не дека од нешто појма си имаат, туку целта им е од човечката мака и несреќа да си ќарат некоја паричка плус. Да не си се измачуваат да работата како и секој нормален човек, полесно е да земеш да измислуваш приказни. Лесно се манипулира со луѓе што имаат некоја мака и проблем. Тие се пред се осетлива категорија и лесно можеш да ги натераш на се, само да им се извлече некој материјална корист. Денес сите се експерти за гледање на кафе, тарот, преку слики, облека и не знам уште што. Една иста приказна на сите луѓе-имаш закопано јајце под трендафилот, крф ти е истурена пред порти, некоја жена во црно ова -она ти прави, децата заклучени ти се....Чудесии триста. За на Тв несакам ни да коментирам. Мој совет е да не верувате во се што ке слушнете. Мајка ми еден период така ја гледаше Анѓела Слободина на некоја тв беше, и ги лечеше луѓето од тешки болести, финансиски кризи, решаваше брачни проблеми и што ли уште не, не можам се да допамтам. Толку луѓето и веруваа на женава, толку јавувања и гостувања во странство имаше тоа напросто да се чуди човек. Ги избавуваше луѓето од маките со удирање на масата со едно камен во круг. Така имаше еден концепт жената кој допираше до сите оние кои се осетливи на некоја тема т.е имаат некој проблем. Не помина некој период и дотичната госпожа што лечеше секакви болести, таа самата се разболе од тешка болест и едноставно ја снема. Ако беше семоќна колку се прикажуваше зошто самата се разболе и не може да се излекува. Не е убаво да се поигрува со човечки судбини, не се знае утрото што ке донесе. Потоа една друга талентка на тв Пинк им решаваше финансиски проблеми на следниов начин: На банкнота напишано цифри и кој ке се јави утредента во 9 часот сабајле веќе ке ја има посакуваната цифра од избраната банкнота???????????????????? На вакви глупости дете може само да поверува, нормален човек никако. А цената на еден повик за Македонија беше над 50 ден + ДДВ. Чуда. Ретки се луѓето кои имаат некоја посебна дарба за вакви работи. И на кој може да им се верува, се другото е гола вода.
Значи девојкии, постојат многу бајачки гатачи и што ли уште не. Не верувам во оние кои ја предвидуваат иднината, никако, само можам да ви кажам од искуство во фамилијата дека верувам во оние што баат од исплашеност, од т.н. црни магии .... Не ви посакувам на никој до такви работи да стигне ама кој искусил и му помогнале, Си знае.. Поозз имајте убав викенд
Сакаме со дечко ми да идеме да ни гледаат на кафе или на било што се чуствуваме како урочени да сме и како некој нон стоп да ни прави да се караме. и не стега многу кај срцето и двајцата кога се караме.. не дека се караме за којзнае што но сепак се р'чкаме без причина. Дечко ми губи надеж ми кажува дека дури и сака да се убие и слично и мн ми е жал и само плачеме сигурноо некој лошо ни мисли и некој стои зад ова. дајте ми совет некој кај да идеме,кај кого? и пишете ми бројче во лична порака, итно ми е !!
Здраво, дали некој може да ми каже дека имам добиено дали може да одам кај Оливера од Дедебалци и што друго треба да носам? Ве молам итно ми е сакам утре да одам!!!!!
Не се озбилни мајтап играат со туѓа мака. Не сваќаат дека некој кога губи надеж утеха бара насекаде, душата и на ѓаволот ќе ја даде само да се спаси себи или блискиот. Колку и да сме 21 век лекар не помага за се, дури и ако помага не помага секој, некој не разбира а некој не те мари, па што ако учел толку време? Така и со овие луѓе некои лажат за пари, други не разбираат, а некои едноставно неможат да ти помогнат, ама има и такви од кои некој некогаш видел добро. А кога имаш мака битно е да ти помине, а не е битно од кај дошло доброто.
Бабами дури беше жива баеше од уплав,уроци од заушки од жлезди, и кога и да одев кај неа цело време идеа некои луѓе. Ај за оноа уроци и уплав да не верувам дали поминало или не, ама ете од заушки или жлездите кога ќе побаеше на некој или до утрето или за два дена исчезнуваа. Тоа ете многу ми беше интересно, а за тие работи луѓе ги праќаат да лежат по болници. Како и да е јас мислам дека нешто сепак постои, во баењето и гледањето, само лошо е што сите се курдисаа надрилекари да стануваат во последно време. Па не знаеш кој лаже кој не, си тераат сеит на туѓата мака.