Ретардосот Дуле од Велес функционира на овој принцип: - Имаш некоја блиска особа со црна коса, на ,,В", она ти прави магии. Простакушава размислува, ѝ текнува на Вале, она е со црна коса, на свекрвата од сестра, е па снаа ѝ, ја фаќа за врат, ја праат големата, се испокаруваат цели фамилии, а овој со парите во џебот и цеди следни жртви. Клиентела со iq50 лесно се манипулира. Ако веќе толку е видовит нека каже кој му го изврши атентатот на Киро Глигоров, се чудам како уште не можат да откријат, ваљда не им текнало на Дуле од Велес.
Па добро , многу значи во оваа криза да поделат патни трошоци . Во право е за тоа . Таа кола не оди на вода. Па да каснеш нешто додека чекаш ред, на Дуле да му оставиш макар 50 ден .
На закажано ако појдете, нема што да чекате . Се заокружувате на списокот и чекате да ви дојде ред . Барем одите на сигурно. А вака на не закажано , ризик е.
Оваа твојава свеква многу нашетана да ти била, па и со придружба плус и придружбава му доаѓа многу нашетана. Шега на страна, ниту Дуле, Славе, Славица, Трајанка или како и да ви се викаат видовитите тука. не ве ни зачитав, ќе ви збаат или погледнат што ве очекува, ако самите не си засукате тоа ракавите и (ќе) си го трасирате по патот кој чекорите и така си градите иднина за себеси. Никој ниту ќе збаи, загледа и смени нешто, се е лично да вас самите. Останете ми поздравени, си споделив мислење за феномениве гатања, баења и толку од ваквиве теми за мене лично. Толку ми значат и придонесуваат колку само да пишам што мислам за нив.
@VSkopje само да те известам дека од Јануар коа си се зачленила, од 350 мислења, 200 само у темава ти се...
Не реков така. За минатото и сегашноста како со мене да живеел . За иднина што кажа не се оствари, но јас не ги извршив задачите што ми ги даде . Во едната црква бев, во другата немам возило . Можеби затоа не се остварило
И сите 200 се халоспеви за Дуле. Човек да помисли дека е самиот Дуле или негов пијар. Ако ја пофалам Летка од Брвеница, ликов ќе ми реплицира дека не чини, ќе ме упати кај Дуле. Сакам да помогнам на некој да не биде измамен и да го поштедам од ситуација да не се испокара со најблиски. Ако тој некој има капацитет. Инаку ств не знам што правам во темава, доста слободно време имам периодов.