Прочитав еднаш имаше за еден така и демек така ги "лечел", знаеш на што мислам. Затоа подалеку од такви. Каква потреба има да дојде дома и сами да бидете? Мореее, јас би му собрала некои па да види друг пат дали ќе му текне. На маката на луѓето користат некои и печалат.
Со една како справа , малечка магнет чинам дека има во неа. Првин ја лоцира (поминува со справата низ телото) потоа го масира местото, ја доближува справата, и излегува живата . Првин капка вода капе, потоа излегува и ја става на масичка за да ја видите .
И мене тоа ме грижи. Мене ми гарантираше дека на тој конкурс ќе бидам примена, напротив бев одбиена. Дека со бившиот дечко ќе се земеме, напротив. Тој е одамна оженет , си има оформено семејство . За иднина и други се жалеа додека чекавме ред. Иднината не му е баш јака страна .
Да ама и за минатото да ви каже некои работи многу значи. Ќе ви ги отвори очите од кого да се пазите . А дека некој има толкава способност да предвиди иднина, баш и не верувам. Баба Ванѓа велат промашувала прогнози, не па Дуле и други .
Верувам дека постојат жени што прават маѓии,имавме дома во фамилијата таква. Најдовме писмо под спална со пепел внатре. Ама не ми е јасно како тоа влијае на нас самите кога ние цврсто веруваме во бога..
Влијае и тоа како . И црквата е немоќна да ги разбие. Зависи за кое поле од животот е направена: брак, потомство, работа, здравје и сл. Само едно ми е мистерија, каде ли одат да ги прават ?
Знам. Секој ден си го поставувам тоа прашање, каде живеам, во кој свет сум и со какви луѓе сум опкружен. Темава ми е причина за миграција, меѓу се останато.
Za migracija e najlesno a temava e za gledaci j problemi a mozam da ti kazam po Evropa na zapad site sedat u kafana i zosto i tamu e isto aamo tamu se pazat kolku mozat
Inaku znam sto e opst Doktor sum po profesija hemija imav 10ka znam izgled i site fizicki i hemiski karakteristiki... No ete nekoi raboti cudni ni se medicinski posebno se e ok no sepak, ne e... Koga mi ja izvadija zivata ko nova bev i tie problemi gi nemam odtogas... Sea imam sosem dr problemi zatoa baram covek/zena provereni...
Во секоја манџа бибер! Штом не верувате , што воопшто сте на темава? Нема пост да не реплицира со подбив и потсмев .
Иднината никој не ти ја креира, туку ти самата. Верувам дека маката човек на сè ќе го натера, ама некогаш стварно не сте ми јасни.
И вие не сте ми јасни , што си земате за право да делите ум а не ме ни познавате. Да ја креирав сама, немаше да бидам сама , со работа по договори ме влечат како да сум вчера излезена од клупа , немаше да ја изгубам мајка ми. И ако продолжи ова вака, јас само ќе и се придружам. Ваков живот налед . Нема човек без проблеми , но не може на ниту едно поле во животот да не ви оди. И да, буквално како некој да ми го управува животот, немам објаснување, забележав во низа ситуации.