Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Гатање, баење

Дискусија во '„Другата“ наука' започната од kiki-riki, 21 ноември 2009.

  1. elisabeta

    elisabeta Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2012
    Пораки:
    1.888
    Допаѓања:
    7.539
    :D :D :D па јас не сакам ни да ми гледа мене прогледано ми е одаамна :D не се замарам јас со гледачи
     
  2. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.561
    Значи и тоа е кажано преку 1000 пати
    Секој 30ти во месецот се закажува кај Душко.
    Октомри 30ти
    Ноември 30ти
    Декември 30ти
    Јануари 30ти
    Февруари 28ми
    Март 30ти
    Април 30ти
    Мај 30ти
    Јуни 30ти
    Јули 30ти
    Август 30ти
    Септември 30ти


    Се почнува да се врти на тел од 9 часот наутро до некаде 17 часот после пладне. Кој има среќа ке добие, кој не ке врти наеден 30ти и така.
     
    На Antebellum и Lotus-14 им се допаѓа ова.
  3. macka25

    macka25 Нов член

    Се зачлени на:
    27 август 2014
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    0
    za marina popadikata od karpos
     
  4. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.561
    Марина кажува глупости и те опишува тебе. Ти си многу добра, ти си мила, ти и ваква ти си такваа. Овабезно на сите има кажува дека мајка им требала да има + уште едно дете.
    За џабе да давате 500 денари.
     
  5. macka25

    macka25 Нов член

    Се зачлени на:
    27 август 2014
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    0
    koj se smee i ke mu se navee hahahaaaaaaaaaaa moz i takvite kako tebe najveke odat a tuka se pravat kako da ne veruvat
     
  6. elisabeta

    elisabeta Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2012
    Пораки:
    1.888
    Допаѓања:
    7.539
    Да се смеам ама со мислењето на Убеден кое го редактира по незнам кој пат ,а и да не верувам и не одам тоа е право на секој дали ке оди јас лично не.Зошто ти е мој број јас не сум гледач :D
     
    На matilda258 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. ubeden

    ubeden Нов член

    Се зачлени на:
    28 август 2014
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    3
    mene marina mi pogodi datum za edno patuvanje. 21 noemvri go pogodi i se desi toa patuvanje.

     
  8. ubeden

    ubeden Нов член

    Се зачлени на:
    28 август 2014
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    3
    bil li nekoj kaj kleopatra?
     
  9. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.091
    Допаѓања:
    135.062
    500 денари баење и гатање?

    За само 400 денари кај мене е гатање. Можам да ви погодам скоро се, 25% точност за боја на очи, 30% точност за боја на коса, 50 % за пол...100% погодуам писменост.

    Испратете ми бањарка, бајам само на бањарки. Бањарките се неповратни, ги дарувам во црква, неиспеана од поп.

    Ако сакате да ви растурам магии, дечко ми е оџа, заедно се победуваме. После баењето од него веднаш ке осетите болка у кичма, ама тоа е само дека делува магијата. Видеото ви го праќаме веднаш на веб линк xxx.

    Гледам и на нес кафе и капучино, понекогаш и на мохито, во тек сум со модата.

    Закажување секој 31 во месецот, кој ке закаже на 31 април, јуни, септември и ноември, гратис предвидувам пол на дете со 50% точност!
     
    На WORRIED.BT, Waka-waka и Daleron им се допаѓа ова.
  10. Lotus-14

    Lotus-14 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2014
    Пораки:
    372
    Допаѓања:
    664
    Пол:
    Женски
    Слушај сега и убаво читај.
    Човек кој имал мака пробал ама баш се, недај боже живот да те натера да тропнеш на овие врати и да се надеваш дека ќе биде подобро. А ако малце повеќе прочиташ и во религија и во медицина постојат необјасливи работи, нели? Премногу е безобразно да ругаш на форумов. Твое право си е дали веруваш или не, ама остај и другите да си го кажат своето мислење. :^)
     
    На pepey, brm1, detektivka и 6 други им се допаѓа ова.
  11. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.087
    Допаѓања:
    12.830
    И јас ова мислев на Чка да и го пишам. Не е убаво, сепак има луѓе со проблеми и ако не друго бараат утеха. Еве пример мајка ми кога бев дете кај роднина во исти двор пиеше кафе и рацете и се фатија, дланките така што прстите не можеше да ги исправи и се тресеше. Ја однесоа во Брза помош, и удриле инекција и насмеана се врати како ништо да не било. Инаку кафето што го иеше мојата роднина, не го купуваше таа туку мајка и секогаш и го носеше коа доаѓаше.
     
  12. dragan4eDR

    dragan4eDR Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2010
    Пораки:
    977
    Допаѓања:
    213
    Пол:
    Женски
    може некој да ми каже каде има гатачка во скопје а да не е многу скапо негде околу 100 денари отприлика фала однапред
     
  13. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.091
    Допаѓања:
    135.062
    Ау леле леле. Читам убаво јас. Читам дека Боже ти е со мала буква. Доволно е да прочитам такво нешто. За слушање, тивка си ми нешто, не се дослушува до тука. :D

    Сум имала маки, кои не треба никој да ги доживее. Сум одела по гробишта и сум вриштела по Бог. Ама не станав неверник.
    Премногу е безобразно да не го почитуваш Бог, туку некоја бајачка. АКо некој треба да помогне тоа е Бог.

    И ке ви се потсмевам оти верувате во жени кои гледаат на кафе, место да бидете трезвени. Маката се ќе те натера, ама ако треба од Бог да се откажеш, тогаш ... Ваш грев е, не мој.

    За болдот - не забранив никој да си каже мислење. Кажете си, јас ке ви се чудам на паметот. Вие ме нападнавте мене, не јас вас :D
     
    На WORRIED.BT, Orthophill, Viktorijaaa5 и 4 други им се допаѓа ова.
  14. Lotus-14

    Lotus-14 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2014
    Пораки:
    372
    Допаѓања:
    664
    Пол:
    Женски
    А па извини вака која си ти некој божји пратеник за да знаеш што е грев што не е ? 3от бошји пророк да не си ? Не те напаѓам туку ако се чудиш на паметот што пишуваш овде значи тука некаде си и ти кога веќе се спушташ на ниво.
     
  15. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.383
    Допаѓања:
    17.588
    Пол:
    Женски
    Не знам за каков божји пророк мислиш, или пратеник? ;)
    Секој има право да си каже свое мислење.
    Еве на пример, не гледам турски серии, ама некој ден има да се изназезам во некоја тема за турска серија, да не ме спречиш ти или некој друг?

    Сите имаме маки во животот, не верувам дека некој немал или нема и маката ќе те натера и да ја направиш најголемата глупост.

    И јас два пати паднав во искушение, првиот пат од чиста љубопитност отидов кај некоја жена во Огњанци ама отидов со други двајца. Им пребаја на нив што им пребаја, црташе на земја некои геометриски фигури, демек оној овој магија им направил а некои птици надвор се собираа, летаа, збрлавеја и одма филм си направив дека сето ова е ѓаволска работа, јас си ја стискав бројаницата со прекрстени раце и нозе на инат на бајачката која ми рече да не прекрстувам нозе (демек ако има било каков крст нема да и успее гатањето).
    Кога дојде ред на мене, не знам што правев во моментот, ги блокирав мислите, бев со ладен и отсутен поглед и на ниедно прашање не и дадов конкретен одговор-сум пиела кафе некогаш кај некој од страната на маж ми (кој е многу против вакви работи дури и не ми дозволуваше да одам кај вакви лажги) и ми ставиле нешто во кафето (е нормално бе, кафе и шеќер ми ставиле, што е чудна), некоја жена ми ставила и сега ми нагодува каква била млада, слаба, црна, е добро бе жено на планетава има милиони со тој опис, јас само аха ок, па блуза ми земала некоја жена блиска, ваква таква боја со цвет. Јас имав само една од опишаната (кога дојдов се пребарав и си ја најдов блузата во шкаф, она на мене ќе ми продава турски серии :rofl: ), два пати ми рече-ти не веруваш во ова, јас не бееее и збунета фацка и правев, демек лоша проценка има за мене.
    При крај на бајачката ја одмота солта која на почеток ја замота во нешто заедно со конче од моја облека (а јас па отидов со една кратка сукњичка на плажа што си ја носам и конче ни за лек, мора да го одрабам малку 8) ) и ми вика ааа еве магии ти правел некој, многу ти е направено, види каква е солта потемнета, јас ја гледам и викам ма каква потемна бре иста си е, не нееее темна е нели гледаш. Можеби имам диоптер еден ама добро гледав. И да сум спиела врз солта и имаше некој текст што треба да го кажам пред спиење :rofl:
    А пред мене на тие што им баеше им ја покажа нивната сол да видат дека била потемна и овие ааа дааа па и мене ми ја покажа-јас и викам мене ми е иста па дури и девојката се подналути зашто сум била таква, демек безобразна во ништо не верувам. И на крај по стапките на претходните двајца и јас да оставам некоја паричка, будала 50 денари извадив и ми вика не ги ставај на под, не смеело на земја на масата да сум ги ставела. Сега кога ќе ми текне, женава можеби имала проблеми со кичмата па не може да се наведне да ги земје од подот. :lol:

    Вториот пат кога паднав во искушение беше неодамна, кога слушнав за некој манастир св.Илија во Огњанци (пак истото место) демек имало некој човек што помагал на брачни парови за забременување и за болести, лечел демек, се поврзувал со светецот.
    За ова пишував во тема за бременост, па нема да се повторувам, ама еден совет до сите кои имаат идеја да го посетат тоа место никако да не одат, тоа е измама. Во селото има црква св.Илија, која беше затворена кога отидовме. Тоа си беше нормално, свето место и се чудев како читав дека во среда и недела се одело а ете затворена. И не знам што ме натера да одам до крај на патот, после црквата и здогледав едно чудно место, одн.патеката и портата ја видов со крст на нејзе а никаде не пишуваше што е. Имаше работници некои прашав црквата св.Илија дали ја отвараат, тие ми рекоа дали ми требала црквата или манасторот, зашто тоа кај што отидов било манастир. Манастирот беше убаво изграден, однадвор личеше на црква што не би рекла и за внатре, а чувството откако ќе влезеш преку портата- чудно вознемирувачко. Не можев да најдам ништо што ќе ми асоцираше на Божја куќа.
    Погледот на бајачката за која пишував и погледот на овој измамников од манасторот беа идентични, кога ќе ги погледнеш имаа некоја тежина во погледот што не им ги приметуваш очите, туку само гледаш темнина во нив од која ти лазат морници, те фаќа страв и чувствуваш одбивност.
    Пак ќе кажам, дека постои некое зло, ѓаволска работа или не знам како да ја наречам, што се маскира со божји згради за да привлече вакви некои како што се изглупирав јас и никогаш повеќе не отидов.

    А доаѓаа луѓе, едни беа со дете и правеа некои ритуали, баш ритуали.
    Внатре во зградата-манастирот имаше редено шишиња зејтин за да наполнат две-три продавници (значи доаѓале луѓе кои имаат мака, на сите им се кажува зејтин да донесат)
    Од тие 20 парови на пример, 10 можеби ќе добијат дете во меѓувреме додека одат таму (но тоа не е сигурно дека тој измамник им помогнал, туку затоа што тие не верувам дека седат со скрстени раце туку прават и испитувања и имаат обиди за забременување) и се шират муабетот дека тој им помогнал.
    Во тоа не можам да поверувам и нема.

    Не знам што да мислам за манастиров, не сакам да погрешам, не можам да го оцрнувам, можеби местото е свето но паднало во злобни раце, којзнае.

    Не е проблемот кој во каков Господ верува и со кое име го нарекува, дури не е проблем и дали некој е можеби атеист, не мора секој да е религиозен и голем верник па да оди во црква. Сакам да кажам дека не треба да се верува на секакви измамници, на кои единствена цел им е да ти ја исцицаат енергијата полнејќи те со зло и да ти го испразнат џебот.
     
    На Orthophill, elisabeta и Daydream им се допаѓа ова.
  16. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.413
    Пол:
    Женски
    Да се разбереме, не велам дека не сум била кај некојси баби од некоја си причина.
    Сакам да ги прашам нешто оние што се залудени по гатачи , бајачи.
    Зошто сите тие ждригаат, потпрднуваат, се прозеваат, паѓаат во некој транс како епилепсија да имаат бог да чува, а кога гледаат во парите очите небаре им се 5 банки и уште ти вели, колку пари си дал по лекари, а кај мене само толку. :?:
    Или можеби јас сум грешка, едноставно некои сакаат да помогнат (оти Бог им рекол), а не да печалат.
     
  17. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.091
    Допаѓања:
    135.062
    Не треба да си божји пратеник за да ја имаш прочитано Библијата. Таму убаво пишува дека не треба да се верував во твоите гатачки. Таму се напишани сите гревови кои се.
    На твое ниво за да се спуштам, треба да одам и јас по бајачки, а толку ниско у животов...тешко.
    Прво Бог, после се друго.
     
    На elisabeta му/ѝ се допаѓа ова.
  18. bubamara12345

    bubamara12345 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2014
    Пораки:
    413
    Допаѓања:
    610
    На некого мислиш му е гајле дали одиш ти по бајчки и гатачки :D :D Секој за себе и крај на приказната. Кој што сака нека верува и нека прaви. Ако мисли дека треба чарето да си го бара по гатачи и разно разни чуда, нека си оди. Што сега овде попуваш и ги потценуваш тие што одат по такви работи. Од убавина не се оди по тие работи, тоа да ти е јасно.
    Темата е таква каква што е, не можеш да убедиш никого да не оди или да оди.
    Секој е одговорен за сопствените постапки, не е твое да кажуваш кој и што да прави. ]:)
    Ти овде се направи најголем верник и најпобожна, другиве грешници и неверници. Малку осет имај, истово го правиш на сите теми. Како не ти е мака веќе.
     
    На ocicka2014, makedonkamak, tessie и 2 други им се допаѓа ова.
  19. elisabeta

    elisabeta Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2012
    Пораки:
    1.888
    Допаѓања:
    7.539
    Му дадов очи ама не гледаат -не за бадијала во библијата пишува ,а кави верници сте вие што се против библијата ?Дали имате една страница прочитано ?Каде пишува да се оди по бајачки и гледачки?Дали воопшто знаете што пишува за нив во библијата?И затоа да не се чудите зошто светот е дојден до овој степен ,а бидете сигурни дека во тоа вие што верувате сигурно не е Бог .Само се чудам побрзо ке поверуваат во бајачка отколку во Бог .Ваша работа ама после одењето на бајачка немој да кукате дека не ви помогнала дека пак исто се одвиваат работите .
     
    На Orthophill му/ѝ се допаѓа ова.
  20. natemila

    natemila Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.533
    Допаѓања:
    8.444
    Пол:
    Женски
    Јас верувам во господ повеке од се. Но маката некогаш ке го натера човекот да отиде на бајачка, лично јас никога не сум отишла некоја да ми гледа. Но за да ми забае од уплав и од страв да сум била, но тоа незначи дека сум го подгазила господ и дека не верувам во него. Исто така и детето како помало од уроци сум го носела. Но тоа не значи дека сум грешница.
     
    На makedonkamak, Glasna, mal.ecka и 3 други им се допаѓа ова.