Изгубено време и пари. На сите исто :"Ќе видиш, ќе ме памтиш, Господ е голем". За да ти стане се по бетер. На маица гледа , ти дава вода да попрскаш, мој совет ти е не.
Каква Дидара, таа беше од Драчево и е почината , а три чисти немала од гледање. Кај Душица од Кавадарци немам искуство, ама многу ја фалат , така што сами проценете.
Почитувани пријатели таа игра на гледање баеење растурање е чисто психолошка , животот е борба абсолутно нема таков човек на светот што може да креира нешто за вас и вашата иднина може само да ја наметне неговата сопствена визија доколку вие немате ваша.Оваа тема ја истражувам долг период и ја анализирам од сите можни аспекти сум зборувал со премногу луѓе кој одат , но и со луѓе кој ги работат тие работи .Заклучокот е дека се работи за чиста психологија ,каква штета и да ви е нанесена колку повеќе внимание обрнувате на штетата таа станува поголема крајниот резултат кај луѓе што одат по овие работи е целосна зависност од гатачи и слаба психа односно психа со наметанато влијание од човек кој тие го сметаат за многу моќен.За мене сосема погрешно доволно е малку да се поработи на психата и се ке биде подобро и ке се смени .
Ја па ви се чудам на сите вас што сте запнале да ги убедувате дека нема ништо од тоа овие што веруваат у гатања,баења,магии. Остајте ги,не играјте к@р со нив . Секој со своја мака,свој ум ,свои убедувања и уверувања нека си тера.
Никој никого не убедува, имам право да искажам став на темата Како ви е интересно некој да ви претскажува иднина еве и точно да е, кај е возбудата у непредвиливоста на животот ако знаеш што ќе се деси?
На бајачи од дете не верувам имам лошо искуство. Баба ми еднаш ме носеше, затоа што се исплашив од куче (ме бркаше куче, вината си беше моја зошто ме бркаше ама се исплашив), морало на бајач да одам од страв поради тоа. Што е најтрагично јас повеќе таму се исплашив отколку од кучето, затоа што, не се сеќавам баш на се, ама знам дека мораше да стојам до врата и со брашно да фрла во мене и многу по страшно беше од кучето што ме бркаше. Така да ако децата ви се исплашат од нешто носете ги на психолог/психијатар (или како и да се вика психолог за деца) не на бајачки!
Дали некој познава во околината на Велес/ Кавадарци некој Јорде што работи со луѓе и што што наводно лечел епилепсија?