Кога сме веќе кај тоа, истото прашање го имам и јас за овие со "дарба". Која им е потесна специјалност? Да решаваат брачни проблеми? Да бидат стројници? Да разбиваат или прават магии? Или евентуално се финансиски и бизнис советници за како да процвета бизнисот? Изгледа само тие се стручни за "се"...
Јас од тоа шо го имав видено кај Милан Тарот буквално дарбата и специјалноста му беше за се ова, така да изгледа за се ги бива
Маика Блгариа. Известен бил. Да не е потомок на лела Ванга лека и прс ? Ха, ха не ми се верува. Овој на еден подкаст на Боки 13 пари на заем му бараше 300€ , затоа што е много известен врач в Блгариа а и в чужбина
Типично. Додека се ова ни изнаброја, досега ќе кажеше каде отприлика во Тетово - сигурно се сеќаваш каде си била. Нејсе, која е поентата на твојот пост штом несакаш да споделиш, тука сме да си помагаме со броеви нели
Ја имала хипнотизиранo со таа нејзина енергија, да забораила на своето име, не пак името на жената да го памти. Не знаеш ти изгледа каква натприродна моќ имаат овие лица.
А во кое школо Славчо од Свирипичино специјализирал за брачни проблеми? Не знам зашто викате да не се мешаме кога во нормален свет, сите овие треба дебело да го јадат
Каква формула? Инаку беше, се разбира дека беше, па ја фалеа членките овде, помагала, животи спасувала, е до толку ја бивало
Тука прочитав на форумов, па ја најдов книгата на Мина Данаиловска. Не ми се верува дека женава е жена на Драган Даниловски. Книгата е морничава. Морници ме полазија, скоро цела ноќ не спиев, а не ја читав цела, само делови, скокав нешто затоа што е морничава. Откако ја прочитав книгата, мислам дека полицијата треба да ги приведува бајачите, гатачите. Мислам дека можат да одговараат за измама, надрилекарство...
Ќе треба нов затвор да направат, у секој град и село има по неколку волшебници. А и кој би ги привел, кој би повел постапка, народецов е суеверен, луѓе со високо образование одат кај Менка од Кучково за уроци и магии, нема шанси да уапсиш некој(а) кој(а) тврди дека збори со Богородица, ради страв од некаква божја (виша) сила.
Јас против волшебници ништо немам. Мада, да ги имаше толку волшебници, многу волшебства ќе имаше по државата, ама гледам слабо таа работа.
Не сум купувала ништо. Свештеникот на форумот ја постирал, синоќа отворил линк и читав. Еве го линкот. Читај па пиши мислење. Ова е страшно за мене. Денеска раскажував на една блиска жена што сум читала, ме прекина, не сакаше да го слуша муабетот. https://pokajanie.mk/wp-content/uploads/2018/07/Od-umot-do-srtseto-M.-Danilovska-Mina.pdf Надрилекарство е казниво по закон во Македонија, ама секако тука законите не се спроведуваат. Во селото на мајка ми, имаше еден скопски бајач, му се видело во долот црква требало да гради, па одеа луѓе, на лебови им баеше, му даваа некои и лира, а лирата да чинела и по 150 евра. И народов нема памет. Значи секое одење по бајачи ти прави ненормална штета. Луѓето кај нас немаат поим од вера, практично се сметаат за православни, а се неверници, демонизирани итн. Еднаш во црква имам видено флаерчиња, каде пишуваше дека одењето по гатачи е забрането. Само еднаш. И поповите треба почесто да зборуваат за ова, иако и досега зборуваат, ама кој ги слуша.
Како се вика книгата? Каде може да се купи ? Да, навистина гатала на карти мислам дека . И доста работи погодувала. Сега истата таа, е строго против тоа.