Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Гатање, баење

Дискусија во '„Другата“ наука' започната од kiki-riki, 21 ноември 2009.

  1. bubamara12345

    bubamara12345 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2014
    Пораки:
    413
    Допаѓања:
    610
    Вие што се повикувате на Библијата и што се прашувате дали некој ја прочитал.
    Ако сте ја прочитале Библијата тоа не значи дека сте најголеми верници на планетва што постојат. Ако некој е лош, злобен човек не Библија да прочита, не Куран, ни ништо не му помага да биде верник и исправен човек. Можеш да прочиташ милиони книги со верска содржина и на крајот да си истиот злобен човек, олош. Не е никакво мерило Библијата за тоа дали некој е верник или не. Ако беше така поповите треба да се најголеми верници и најбезгрешни луѓе. А што се тие во ова време? Први измамници, крадци, луѓе со секакви мисли и афери. Што останало за другите луѓе? Кога најпрво Цркавата не мисли за нејзините чеда, тогаш лесно е да обвиниш некого дека е ваков или таков.
    Сите муслимани почнувајќи од најмала возраст до најстара, значи со штаки под рака во петок се оставаат и одат на молитва. Редови и реки од луѓе одат по улици по завршувањето на петочната молитва. Колку наши христијани одат во Цркава на литургија. Треба да се чукне малку главата и да се сфатат некои работи. Цркавата треба малку да превземе некои работи, а не само да краде од народот.
    Ова кажува само дека Цркавта оставила преголем простор за ваквите бајачи и лажни божји лица. Ништо друго.
     
    На makedonkamak, Antebellum, Lotus-14 и 2 други им се допаѓа ова.
  2. elisabeta

    elisabeta Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2012
    Пораки:
    1.888
    Допаѓања:
    7.539
    Никој не рече дека сме ние најголеми верници на планетава .Билбијата не е мерило за тоа дали си верник или не, да тоа е точно ,ама ако не ја разбираш библијата ,и што мешаш попови и цркви со ова ?Повекето не знаат што е тоа црква .Црква претставува заедница од луѓе кои исповедаат (веруваат во) ист Бог. Црква сте самите вие и вербата ваша ,ама тоа неможи секој да го свати па оди бара некој друг да му ги реши проблемите.И да не бидам оф топик овде завршувам со разговорот.
     
    На aerodrom му/ѝ се допаѓа ова.
  3. matilda258

    matilda258 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 август 2014
    Пораки:
    628
    Допаѓања:
    584
    Пол:
    Женски
    Луѓе ај вратете се на темата ... испомешавте се ... кој верува нека повели нека каже свое искуство кој не чао пријатно, овде има луѓе кои навистина имаат проблеми и муки и бараат излез и помош престанете со тој кој верува кој не
     
    На Antebellum и bubamara12345 им се допаѓа ова.
  4. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.656
    Допаѓања:
    22.404
    Пол:
    Женски
    Еднаш мноогу одамна во едно виртуелно царство, наречено Фемина, една тема се отвори вака.

    Самата тема била осмислена за да се зборува од неколку аспекти (потенцирани со задебелени букви).

    Може ние да си кажеме зошто веруваме или не веруваме, да ги поучиме другите според нашето поимање на работите, инаку темата ќе гласеше „Гатање и баење (искуства и поддршка)“ со поинаков воведен пост.

    Да мислиме дека сме во ситуација да ги осудуваме другите затоа што ја имаме/читаме Библијата, нашето Свето Писмо е погрешно. Ние не сме судии, туку еден ден ќе бидеме пред Судот како и секој грешник. Никому не сме му ја вкусиле маката (ма колку и да е слична со нашата) за да знаеме како би се однесувале во негова кожа, со негови сили и чувства.

    Исто така, вие што сте за гатачите и бајачите, не е убаво да плукате по нашата црква и свештени лица. Грешни сме луѓето, сите, низ целата земјина топка, некој повеќе, некој помалку. Со тоа што свештениците, не само за своите грешки, би одговарале и за своите погрешни поучувања, затоа што се луѓе избрани од Бога и нивното бреме е потешко.

    А вие коишто сте упорно против и се расправате, бесцелно е. Мислам, поповите биле крадци, битно гатачиве и бајачиве не биле. Што повеќе да се каже ... не сме во состојба да судиме, пак ќе речам, ниту пак да убедуваме некого во нешто. Господ, па ни` дал слободна воља, тогаш што ни` преостанува нам?!

    Накратко и двете страни да ја смират топката и по можност да се отвори тема со наслов каков што пишав погоре (Гатачи и бајачи - искуства и поддршка) за да може да се дискутира на раат.

    Хипстер еднаш убаво рече, ако отидеш на психолог, ќе те направат ненормален, во еден друг муабет вон форумов пак слушнав коментар дека ако некој рече дека се приклонил повеќе кон верата го прават назаден, битно да се оди по местава е тренди. И така. Менталитет е, не се менува преку ноќ.
     
    На Mama25, A-j-a, elisabeta и 2 други им се допаѓа ова.
  5. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.272
    Простете што се мешам...
    За да ви стане малку појасно, од срце ве замолувам прочитајте ги овие редови, па потоа сами проценете. Девојките кои ве советуваат да не одите по бајачи се потполно во право од аспект на верата во Бог. Само Бог знае кој е верник, а за човек да биде верник... има и има уште многу да прави, да учи и твори за својата вера. Не дека знаеме нешто, ама ете од она што сме научиле, она што е малку дадено од Бог :) .



    За крај анализирајте го постот на Абеја. Ќе цитирам:
    Крстот е забранет, замислете. Па ако таа е од Бог испратена, дали ќе забрани молитва (во случајот молитвата на Абеја) или пак крстот?


    Пример:
    На еден монах еден ден му се јавува видение. Му се појавува Св. Илија на огнена кочија и му вика да се качи во неа, бидејќи живее богоугоден живот, па Бог го испратил да го однесе во рајот.
    Отецот, како што и секогаш си се прексрстувал за почеток на секоја работа, при одење на пат или слично. Во истиот момент не останало ни трага ни глас од она што го видел.
    Размислете?
    Кој го посетил и зошто исчезнал од крстот?!

    И еден совет ако не ми верувате.
    Секако одите по бајачи, кога следен пат ќе отидете, во себе кажувајте си ја Оче наш или Богородице Дево, или Исусовата молитва, прекрстете се пред нив или во текот на баењето. Ве молам известе не дали ќе ви кажат нешто?! ;)
     
    На Mama25, senza.parole, Orthophill и 4 други им се допаѓа ова.
  6. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.092
    Допаѓања:
    135.069
    Фала што ме следиш на сите теми. Јас не викам да одиш, нит ти направив муабет. Оди си слободно, додека имаш конци за кинење.
    Ти ме цитираше и ти имаш проблем со мене.
    Јас сум свесна дека грешам и се трудам да не го правам тоа. Слушам кога ке ме поучи некој. Да не одиме надвор од темата, со среќа кај следните бајачки. Очигледно повеќе ги сакаш нив отколку Бог.
     
  7. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.087
    Допаѓања:
    12.830
    Што толку се запна Бог, па Бог. И самите бајачки праќаат луѓе да отвараат цркви. Еве мене кога бев ученик ми кажаа да оставам книга во црква да ми отстои. Не е дека нема лажговци, ама има и луѓе кои помагаат. И што се запна да се исмеваш?
     
    На bubamara12345 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.656
    Допаѓања:
    22.404
    Пол:
    Женски
    ^ Се надевам нема да ми се налутиш што за прашањево и јас ќе си дадам мислење. Зошто ли? Затоа што оној (нека е подалеку од сите нас) е подготвен да прикаже секаков лик и однесување за да се здобие со доверба. Од една страна се вика „градете цркви“, а од друга страна, во многу случаи не си смеел во нивно присуство молитва да кажеш или да се прекрстиш... арно вика Серафима, обидете се следниот пат. Ако не ви се пререче, безбедни сте и не сте се излажале дека личноста помага.

    А инаку за оваа тема и јас сум против исмејувачкиот тон. Зошто? Затоа што доколку тие мислења се со добра намера, да се одвратат луѓето од таквите места, иронија и потсмев не помагаат. Не помагаат кај луѓе залажани со ветувања и слатки зборови. Логично. А доколку е онака за чисто да се изнасмееме на нечие однесување, зборува многу за нас и за покритието на она што го зборуваме и тврдиме за нас.
     
  9. bubamara12345

    bubamara12345 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2014
    Пораки:
    413
    Допаѓања:
    610
    Мислиш дека немам попаметна работа отколку тебе да те следам на Фемина. Туку на кој и да е тема ти истото го правиш. Мислиш само твоето е исправно, а не на некој друг.
    Јас НЕ спомнав никаде бајачки, ни дека следам и одам некаде. Тука малку нешто си се збунила.
    Ако ти не одиш, некој друг може има потреба да оди. Немаш право никого да етикетираш како неверник или не знама што. Кој како ќе одлучи така ќе прави, немам тебе да те праша.
    Како погоди, алал да ти е. Изгледа ти си некоја со натприродна сила за предвидување.
     
  10. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.692
    Допаѓања:
    134.924
    Колку што паметам, а сум била еднаш или двапати како помала да ми баат од страв или сум се помочувала во сон |( :D имаше многу икони и крстови во собата. Ако биле од ѓаолот испратени немаше да ги има зар не? :devil:

    Не верувам, и за мене е исто бесмислена опсесивна верба во гатачки и бајачки исто како во Бог.
    Разбирам во очај да ти треба нешто што ќе те наполни со позитива, утеха, па да отидеш еднаш или двапати колку да ти се смири душа. Исто гледам и на верба во Бог и одење во црква, умерена верба која кога нема што друго, таа ќе е тука за утеха. Ако тоа му е потребно на човек во одредени периоди а не знае за друго, во ред.
    Но кога се убедувате вака дека едните се ѓаволи а другите ангели, извинете, ама подеднакво нереално (да не употребам друг збор) ми делувате.
     
  11. aerodrom

    aerodrom Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 декември 2010
    Пораки:
    116
    Допаѓања:
    87
    Баењето и гатањето се строго забранети од Бог и тоа е пишано! Ако одите на Гатање и баење исто како да сте отишле во некоја секта, кај сатанист кој е слуга на Гаволот.
    Навидум ке ви биде помогнато, ке мислите дека има нешто добро во тоа, но покасно ке зажалите и ке ви биде уште полошо.
     
    На makedonkamak, Orthophill, ubeden и 2 други им се допаѓа ова.
  12. mal.ecka

    mal.ecka Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 декември 2010
    Пораки:
    9.402
    Допаѓања:
    126.779
    Бев на баење поради здравствени причини пред 8 години.Имаше икони,светено масло и ми правеше крвчина со маслото :^) Од тогаш не сум била се трудам да мислам позитино и да верувам дека дека сум совршено здрава.Не можам да речам дека не сум подобро,имаше огромно подобрување на моето здравје.Во тие моменти кога бев под 0 неможем да размислувам што е повеќе паметно затоа несакам да ми се суди.
     
    На GirlLove и natemila им се допаѓа ова.
  13. ubeden

    ubeden Нов член

    Се зачлени на:
    28 август 2014
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    3
    koj bog? Ako na nekoj psihicki mu pomaga gatanje i baenje bog ne zabranil
    bog ne e covek so bela brada koj see strav...nemas percepcija za bog!
     
  14. 41319

    41319 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2012
    Пораки:
    115
    Допаѓања:
    173
    Пол:
    Женски
    wtf :D
     
    На Goce35 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.656
    Допаѓања:
    22.404
    Пол:
    Женски
    А кој рече дека Бог е човек со бела брада кој сее страв? Во која света книга тоа го пишува? Голем грев е воопшто да си го замислуваме Бог како изгледа. Во Библијата и Куранот јасно си пишува дека одење по вакви места е грев, но секој со својата судбина.

    Ако е за психичка помош, си постојат стручни лица, коишто цел живот учеле за тоа кон каква состојба како да пристапат и да помогнат на човека.

    Пак ќе речам, во туѓа кожа не можеме да бидеме и да се молиме да не не` натера патот на вакви места, затоа што најчесто маката тера по тој пат.
     
    На elisabeta и H.VAGA им се допаѓа ова.
  16. DigY

    DigY Популарен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2011
    Пораки:
    3.479
    Допаѓања:
    6.483
    Meне уште не ми е јасно една работа.Зошто уопште ја посетуваат оваа тема тие што не веруваат. доаѓат да се испукаат да си олеснат или што? не веруваш=не пишувај=не замарај. кој верува нека си размени мислење и точка.
     
    На Goce35, peperutka 16, Lotus-14 и 6 други им се допаѓа ова.
  17. 41319

    41319 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2012
    Пораки:
    115
    Допаѓања:
    173
    Пол:
    Женски
    Како да ти кажам вака, ама ако не се лажам форумите се за разменување мислења меџу СИТЕ, без разлика дали верува или не верува, дали се согласува или не се согласува. То е и поентата, да видиш и размениш различни мислења, дури и некој да ти се смешни и безврска. Не зборувам само за ова тема, туку општо за сите. Ај појди во тема за некоја храна и речи му на тие шо не ја бендисува воопшто да не ода во таа тема оти по логикава нели шо бара да ода ако не ја бендисува, па шо има да кажа шо мисла тие, така? Глупости.
     
  18. DigY

    DigY Популарен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2011
    Пораки:
    3.479
    Допаѓања:
    6.483
    Едно е разменување мислење друго е препуцавање ко да немате ни 4то одд не па средно.-Е тоа се глупости драга моја.
     
  19. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.383
    Допаѓања:
    17.588
    Пол:
    Женски
    Е шо има да ода ја во темана за храна па после да се здебелам и шо после, треба да им реча на другине заш ставале слики в инстаграм, они че да ми се криви? Па ја не можа у фаца да ги опулам после а да му речам на тие дека ми се криви, ма има да не ода таму ја, еднаш имам бидено одено и си реков оф мори Абејке не ој тамо, они са расипани, ставет само месо на тоа сликите, која со печурчина, која со сосче, марулче, па после ирена диета, ма и карла дел понте диета не помага мор сестро.

    Туку, шо ни беше муабето мор чупе?

    Ово да остане меџу нама, овде сите са маџепсани, сакаш веруј, сакаш не.
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  20. DigY

    DigY Популарен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2011
    Пораки:
    3.479
    Допаѓања:
    6.483
    Ако ојш у храна утре да ојш црква да отклучиш јер ке се здебелиш!